дома блог страница 1422

Македонска гордост: Иџе освои прво место и постави нов рекорд во Бузет, Хрватска

Македонскиот автомобилист, Игор Стефановски Иџе уште еднаш потврди дека е сериозен квалитет во класата каде што се натпреварува.

Во Европскиот ридско планински шампионат тој сезонава и официјално го освои вицешампионското место, а истото е потврдено со денешната победа во Хрватска на патеката во Бузет.

Со вкупно време од двете трки од 5:13,189 часа, Стефановски ја остави конкуренцијата зад себе, а посебно Антонино Миљуоло кој е победник во севкупниот пласман.

Сепак, ова и е огромен успех за нашиот автомобилист, кој со 166 бода единаесет помалку од Миљуоло го завршува актуелниот шампионат.

Македонија со ослабен состав ќе им се спротистави на Бугарија и Грузија

Македонската фудбалска репрезентација денеска ги започнува подготовките за двата последни два натпревара од групата 3 во Лига на нации против Грузија (Тбилиси, 23 септември) и Бугарија (Скопје, 26 септември).

Поради повреда веќе е познато дека Дарко Чурлинов нема да биде во составот на селекцијата за двете пресметки, но дополнителни проблеми за селекторот Благоја Милевски се новите две откажувања поради повреда. Капитенот Стефан Ристовски (повреда на тетивата) и напаѓачот Ваљон Етеми (повреда на бутниот мускул), исто така нема да можат да се стават на располагање.

Подоцна во текот на денот ќе бидат соопштени имињата на фудбалерите кои ќе добијат дополнителен повик во репрезентацијата.

„Црвено-жолтите“ попладне (17:30 часот) на тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе го имаат првиот тренинг од подготовките.

Светот денеска ќе се збогува со кpaлицата: Во Велика Британија нема да работи ништо, погpeбот ќе се следи во кината и парковите на големи монитори

Две илјади гости, меѓу кои и неколку стотици претседатели, поглавари и монарси, денеска ќе присуствуваат на државниот погреб на кралицата Елизабета Втора во Вестминстерската опатија во Лондон.

Таа ќе биде погребана вечер во капелата Свети Џорџ до замокот Виндзор.

Државниот погреб на кралицата Елизабета, еден од најголемите логистички предизвици во британската историја, ќе се одржи во Вестминстерската опатија, а меѓу 2.000 гости ќе бидат и јапонскиот цар Нарухито, францускиот претседател Емануел Макрон, американскиот претседател Џо Бајден.

Погребот ќе го обезбедуваат повеќе од 10.000 полицајци од цела Велика Британија, бидејќи се очекува рекорден број луѓе да ја следат погребната поворка. Велика Британија денеска речиси ќе застане. Продавниците, канцелариите, рестораните ќе бидат затворени. Збогувањето ќе може да се гледа во стотина кина и во паркови на големи монитори.

Попладне, ковчегот на кралицата Елизабета Втора ќе биде однесена во замокот Виндзор каде ќе биде погребана вечер во кругот на најтесното семејство.

Ковчегот на кралицата, кој моментално е изложен во лондонската палата Вестминстер, утрово ќе биде пренесен во Вестминстерската опатија каде ќе се одржи државен погреб. Поворката започнува во 11:35 часот по средноевропско време. Ковчегот ќе биде поставен на лафет кој ќе го влечат офицери на морнарицата, што е традиција од погребот на кралицата Викторија во 1901 година.

Поворката зад ковчегот ќе ја предводи кралот Чарлс Трети. и членовите на британското кралско семејство, и ќе стигне до портите на Вестминстерската опатија за 17 минути. Пред лафетот ќе одат 200 гајдаџии и тапанари на Кралското воено воздухопловство.

Иако богослужбата на свештеникот Дејвид Хојл ќе започне на пладне по средноевропско време, опатијата ќе биде отворена три часа порано за да се сместат 2.000-те гости. Покрај државници, политичари и монарси, на погребот ќе присуствуваат и 200 луѓе на кои кралицата им оддаде почест во јуни годинава, пред сè здравствени работници ангажирани во пандемијата на Ковид-19.

Проповедта ќе ја одржи надбискупот од Кентербери, Џастин Велби, по што во црквата и целото Обединето Кралство ќе има двоминутно молчење. Државниот погреб ќе заврши околу 13:00 часот со интонирање на националната химна, последен поздрав со труба и проштална песна од кралскиот гајдаџија.

Странските државници потоа ќе присуствуваат на прием организиран од шефот на дипломатијата Џејмс Клеверли, во седиштето на Англиканската црква веднаш до опатијата. Поворката со ковчегот, пак, ќе тргне од Лондон до Хајд Парк, придружувана од ѕвоната на Биг Бен, а потоа ковчегот со погребна кола ќе биде однесен до Виндзор, на југоисток, триесетина километри од главниот град.

Од 16:00 часот по средноевропско време ќе почне нова поворка предводена од членовите на кралската коњаница, која ќе помине петкилометарска „Долга прошетка“ на пат кон замокот Виндзор. Кралското семејство ќе се приклучи на поворката кон капелата Свети Џорџ.

На верската служба ќе има 800 луѓе, меѓу кои и членови на персоналот на кралицата. Во 20 часот и 30 минути, кралицата ќе биде погребана, во кругот на најтесното семејство, во меморијалната капелата на нејзиниот татко Џорџ Пети.

Прилепските џудисти од ЏК “Сеишин” се вратија со 7 медали од силен меѓународен турнир во Косово (Фото)

На 18.09.2022 се одржа Меѓународен Турнир во Џудо за кадети-ки и сениори-ки во Пеќ Косово, во организација на локалниот Џудо клуб “Кано”.

На турнирот учество зедоа клубови од 5 држави и тоа од: Косово, Црна Гора, Албанија, Турција и Македонија.

Единствен претставник од Македонија беше ЏК Сеишин Прилеп, кој настапи со 7 натпреварувачи, при што освоени се и 7 медали (2 златни, 3 сребрени и 2 бронзени медали).

Резултати поединечно:

Кадетки: 1. Теа Настоска кат.-44 кг – 1-во место; 2. Теона Настоска кат.-44 кг. – 2-ро место; 3. Елеонора Илиоска -48 кг. – 2-ро место

Кадети: 4. Јован Стојаноски кат. -55 кг. – 3=то место; 5. Михаил Стојаноски кат. -60 кг. – 1-во место, 6. Михаил Димоски кат. -66 кг. – 3-то место

Сениорки: 7. Теодора Димеска кат. -52 кг. – 2-ро место.

Екипата на ЏК “Сеишин” ја предводеа тренерите Дејан Мицкоски и Мартин Ристески, кои се задоволни со освоените резултати и најавуваат учество на вакви турнири почесто, со цел акумулирање на поголемо искуство кај прилепските натпреварувачи.

Викенд во Прилеп: Две жени нападнати на две различни локации, 19-годишник натепан од три лица во викендица

Извадоци од полицискиот билтен со дневни настани

-На 17.09.2022 околу 13.30 чaсот на ул.„Прилепски бранители“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.К.(42) од Прилеп затоа што претходно на автобуска постојка на улицата физички ја нападнал Н.Ј.(37) од Прилеп. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

-На 17.09.2022 во 08.40 часот во ОВР Прилеп, М.Т.(19) од Прилеп пријавил дека околу 03.00 часот во викенд куќа во Прилеп бил физички нападнат од Д.Р., Л.Т. и Т.К., сите од Прилеп.

-На 17.09.2022 во 18.20 часот во ОВР Прилеп, В.Б.(40) од Прилеп пријавила дека во 18.00 часот во парк на ул.„Стеван Апостолоски“ во Прилеп била физички нападната од Д.Р. од Прилеп, со кого се познавала од порано.

Од МВР велат дека се работи на расчистување на сите три случаи.

Teшка cooбpaќajка на патот Ресен-Битола: Се cyдpиле 3 возила, тешко повpeдена жена од Прилеп

На 17.09.2022 во 14.45 часот во ОВР Ресен било пријавено дека на магистралниот пат Ресен-Битола, на влезот за с.Сопотско, ресенско, се cлyчила cooбpaќajна нecpeќа помеѓу патничко моторно возило „цитроен“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Ж.Н.(46) од Ресен, патничко моторно возило „цитроен“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.П.(66) од Прилеп и патничко моторно возило „фиат“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Г.Т.(48) од с.Сопотско.

Во нecpeќата со тешки телecни повpeди се здобила сопатничката од возилото „цитроен“ со прилепски регистарски ознаки, Л.П.(64) од Прилеп, констатирани во Клиничката болница во Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Ресен.

IQ UP нов образовен концепт и прва македонска едукативна франшиза за деца: Еве зошто родителите чекаат во ред за упис на своите деца (Фото/Видео)

IQ UP! (www.iqup.mk) е прва македонска едукативна франшиза за деца од 5 до 12 години. Компанијата IQ UP! е дел од групацијата на веќе докажаниот едукативен бренд за деца „Светот на Биби“. Првата македонска едукативна франшиза е создадена со многу љубов, посветеност и долгогодишна работа, во чиј развој беше вклучен голем тим од домашни и странски експерти од областа на едукацијата, педагогијата и методологијата.

Се работи за нов иновативен образовен концепт, во кој се употребуваат современи пристапи, техники и методи за воведување на децата во магичниот свет на науката, технологијата, математиката, инженерството и уметноста.

Целта на овој вид едукација е стекнување на функционално знаење и умствени вештини за целосен интелектуален развој на учениците.

На IQ UP! Часовите, преку напредни методи, техники и пристапи на едуцирање и стимулирање, се создава позитивна атмосфера, исполнета со многу забава и едукативни игри каде што учениците се чувствуваат самоуверено, сигурно и развиваат самодоверба да го реализираат својот потенцијал, да ги пронајдат своите таленти, страсти и интереси и да бидат свои, но и да ги почитуваат другите идеи, ставови и карактери.

Со IQ UP се буди генијалноста во секое дете и детето се подготвува за предизвиците на 21 век. Креаторите на овој вид иновативен образовен систем се убедени дека секое дете може да научи се’, но дека секое дете има различни потреби и различен стил на учење.

Што сѐ случува на еден час?

Часот започнува со интерактивна приказна на однапред избрана тема, која омилените ликови на нашите деца, Биби, Боби и Оливер, ја разработуваат на едноставен и забавен начин.

Откако приказната ќе заврши, следува најзабавниот дел – директно вклучување на децата во тематиката што се разработува на тој час. Следува истражување, експериментирање, анализирање, изработка на реални проекти, интерактивни игри и активности, мозочни вежби и логички задачи преку кои децата стекнуваат функционално и применето знаење, и развиваат умствени вештини.

Во последниот дел од часот ги воведуваме учениците во основите на програмирање. Учениците преку програмирање наученото го претвораат во дигитални проекти, каде што преку посебни алатки за програмирање, приспособени на возраста на децата, се развиваат дигитални анимации, игри или апликации поврзани со темата што ја учеле.

Со какви вештини се здобиваат децата?

-решавање проблеми – решавањето на проблеми е процес во кој нашите ученици постојано се инволвирани преку работа на реални проекти, каде што развиваат способност да идентификуваат одреден проблем или предизвик и да креираат соодветни решенија;

-будење на креативноста – во процесите на решавање проблеми или изработка на проекти, ги поттикнуваме учениците да ја користат својата имагинација и иновативност. Започнуваме од нула, завршуваме со нешто вистински опипливо;
се осврнуваме на критичното размислување – проблемот го разгледуваме и го осознаваме од повеќе страни;

-учиме преку директно инволвирање во процесот – активното учество на децата во учењето им овозможува длабоко осознавање на проблематиката;

-ги охрабруваме грешките – на нашите часови грешките не се причина за откажување од решението, туку поттик да се обидеме уште еднаш и уште еднаш, сѐ додека не дојдеме до саканото решение. Го славиме искуството многу повеќе, отколку крајниот резултат и решение;

-учиме да комуницираме – учиме правилно да комуницираме со останатите и да ги споделуваме своите идеи. Но и да ги сослушуваме и почитуваме идеите и ставовите на другите. На часовите водиме конструктивни дискусии за темите кои ги изучуваме;

-поттикнуваме тимска работа – преку учење во мали групи, децата уште од најрана возраст учат заеднички да им пристапат на проблемите, да соработуваат и се поддржуваат;

и многу повеќе!

Повеќе информации за IQ Up! уникатниот образовен концепт, дознајте на www.iqup.mk

Искористете ја можноста за бесплатен пробен час на овој ЛИНК

Или контактирајте не во IQ UP! училишниот центар најблиску до вас: IQ UP! Aeродром– 070 223 573, IQ UP! Карпош– 078 887 889, IQ UP! Велес – 075 380 443, IQ UP! Прилеп – 071 308 446, IQ UP! Охрид – 078 249 507, IQ UP! Кавадарци– 075 448 873, IQ UP! Кичево– 071 777 939, IQ UP! Штип – 075 427 605, IQ UP! Радовиш – 070 226 489.

Италијанските бизнисмени ги искинaa сметките за cтpyja: “Не плаќаме, ЕУ е одговорна за оваа огромна катacтpoфа” (Видео)

Претприемачите од регионот Венето во Италија ги кинат сметките за енергија:

„Не плаќаме! Венето е срцето на италијанската индустрија што чука. Марио Драги, Урсула фон дер Лајен и ЕУ се одговорни за оваа огромна економска катастрофа. Ќе биде многу жешка есен во Европа и пошироко.

Уaпceн дилep на мapиxyaна од Битола

На 18.09.2022 полициcки cлyжбеници од Полициcката cтаница Битола и кpиминалиcтичката полициja при СВР Битола извpшиja пpeтpec во дом во Битола и патничко моторно возило во coпcтвеност на В. Р. (38) од Битола.

При пpeтpecoт е пpoнajдена и одземена мapиxyaна, дробилки и други предмети со траги од мapиxyaна.

Лицето е лишено од cлобода и по документирање на cлyчajoт ќе следува кpивична пpиjaва – информираат од СВР Битола.

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски дезертирал од војска 2001-ва година, прикажувајќи се за трајно неспособен (Видео)

Денеска откриваме нов скандал за премиерот – дезертер од Армијата на Република Македонија, изјави на прес-конференција Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

-Според информациите кои стигнаа до нас, премиерот Ковачевски свесно го избегнал служењето на воениот рок и тоа токму во периодот на воениот конфликт во 2001 година, односно не одговорил на повикот на својата татковина кога за тоа бил побаран и кога и’ бил најпотребен. Како и сите граѓани на Република Македонија кои во тој период служеа во редовите на АРМ, така и сегашниот нелегитимен премиер морал да се јави во војничките редови. Но повторувам, според информациите со кои располагаме, дезертерот Ковачевски СВЕСНО го избегнал служењето на воениот рок во АРМ. Причината поради која дезертирал е дека е цитирам трајно неспособен. Ковачевски кој сега е премиер и ги ужива сите благодети на слободата и на демократијата, којашто ја има бидејќи луѓе загинале за таа слобода и демократија, додека тој бегал од војска, не се јавил на отслужување на воен рок и не се пријавил во 2001 година, иако бил повикан. Ковачевски е човек дезертер, кој не заслужува да ја води државата. Го повикуваме дезертерот Ковачевски во рок од 24 часа да каже дали навистина избегал и дали е трајно неспособен, или лажел пред институциите и лекарите? Да излезе и да каже, во спротивно ќе објавиме се што имаме. Доколку е навистина трајно неспособен, тогаш мора веднаш да се повлече од премиерската позиција. Доколку дезертерот Ковачевски бил трајно неспособен да отслужува војска и да ја брани државата, тогаш како е способен да биде премиер? Дали на чело на владата имаме трајно неспособна личност и дали тоа е причината поради која Македонија е понижувана. Одговорност мора да има како за дезертерот Ковачевски, така и за целата СДС, коишто наместија трајно неспособна личност на чело на Владата, истакна Ковачки.

Дали Ковачевски е поставен за премиер, токму затоа што е трајно неспособен? Праша Ковачки.