дома блог страница 1420

По пауза од 2 години се одржа ноќната трка “Прилеп трча” (Фото)

Како дел од програмата на Европската недела на мобилност, синоќа во Прилеп се одржа ноќната трка “Прилеп трча”.

Tрката беше во должина од 5 километри, а истата имаше за цел да ја поттикне свеста кај граѓаните на Прилеп, да се рекреираат и да создаваат здрави навики.

Ова е традиционална трка која се трча низ прилепските улици и која што продолжи после двегодишна пауза.

Трката беше во организација на општина Прилеп и АОК Златоврв-Прилеп.

Во акциja на СВР Битола запленети 17 кубици дрва: Пpиведени лица од Крушево и прилепско (Фото)

Во текот на 20.09.2022, полициски службеници на СВР Битола спроведоа акциска контрола за спречување и откривање на лица кои вршат бесправна сеча и транспорт на огревно дрво. При контролата пронајдени се 17 кубни метри огревно дрво и лишени од слобода биле четири лица.

Во Крушево полициски службеници затекнале патничко возило – комби „застава” без регистарски ознаки, управувано од С.С.(61) од Крушево. При контролата во возилото биле пронајдени околу 4 м3 огревно дрво без документација. Возилото и дрвата биле одземени и предадени на шумска полиција Крушево.

Во атарот на с.Крапа, општина Македонски Брод, на место викано „Барбарас“, од слобода биле лишени В.Ц.(32) од Скопје, Г. Т.(20) од с.Ропотово, прилепско и М.Р.(23) од Прилеп. Тие биле затекнати при вршење на кражба на дрва. Од нив биле одземени моторна пила и околу 4 м3 исечено огревно дрво без документација.

Полициски службеници од ОВР Прилеп – Полициско одделение Ропотово, во атарот на с.Црнилиште пронашле и одзеле една приколка натоварена со 5 м3 бесправно исечено огревно дрво, додека во с. Гостиражни при вршење на бесправна сеча бил затекнат Л. У.(22) од кого биле одземени 4 м3 огревно дрво, една приколка и една моторна пила. Лицето било лишено од слобода, дрвната маса била предадена на ЈП „Национални шуми“.

По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Денеска е Рожденство на Пресвета Богородица: Денот на мајката на сите мајки

Рождество на Пресвета Богородица (познат и како Мала Богородица) е еден од најголемите празници на православната црква.

Народот верува дека Богородица е мајка на сите мајки, дека е заштитничка на жените особено на леунките поради што кога жените раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да поминат.

Народот верувал дека Богородица им помагала при породувањето не само на жените христијанки туку и на жените од другите вери.

Исто така се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа ваквите жени оделе во црквите посветени на Богородица и се молеле пред нејзините икони. Така на пр. како што запишал Миленко С. Филиповиќ жените од Дебарски Дримкол што немале деца оделе во манастирот во Калишта на Охридското Езеро за да ја занишаат со прст сребрената лелејка (минијатурна лулка) што стоела пред иконата на Богородица.

Раѓањето на Богородица не било ни случајно ни обично, затоа што идната мајка на Спасителот Исус Христос требало да се роди од родители свети, чисти и праведни. Тие, исто така, требало да бидат од двете еврејски лози од Давидовата и Ароновата, бидејќи од првата произлегувале еврејските цареви, а од втората старозаветните првосвештеници.

Во тоа време меѓу малкуте праведни луѓе во градот Назарет биле и родителите на Пресвета Богородица Јоаким и Ана. Јоаким бил токму од царскиот род Давидов, а Ана од родот на првосвештениците. И двајцата биле многу скромни, побожни и добри, ги помагале сиромасите и болните, а ги советувале младите. Од приходите што ги имале една третина задржувале за себеси, една давале на храмот, а една третина раздавале на сиромасите. Но биле многу несреќни затоа што немале деца.

Во тоа време немањето пород се сметало за последица на божја казна за некој голем грев па и за нив многумина се сомневале дека во себе кријат токму таков грев. Јоаким и Ана постојано искрено и со солзи го молеле Бога да им даде рожба и да го симне срамот од нивниот образ, ветувајќи дека ќе ја воспитуваат во вистински благочестив дух и дека ќе ја дадат да му служи во храмот.

Луѓето без деца се соочувале и со повеќе забрани, па така не им било дозволено и меѓу првите да принесуваат жртва во храмовите. Еднаш кога на еден голем празник и Јоаким сакал меѓу првите да принесе жртва во храмот во Ерусалим, од првосвештеникот бил прекорен дека тоа не смее да го прави зашто поради гревовите Бог не го дарувал со деца. Јоаким отстапил длабоко навреден и жртвата ја принесол последен.

Оттука наместо дома отишол во пустината кај своите стада каде што поминал 40 дена во строг пост и молитви. Го молел Бога да го дарува со рожба. Во тоа време и Ана дома се молела за истата цел. Неа не само што другарките ја прекорувале, туку и слугинките и се потсмевале затоа што немала деца. Еднаш додека била во градината видела како некоја птица си ги рани своите пилиња. На тоа уште повеќе се нажалила и го молела Бога да и даде рожба, за да не биде подолу дури и од сите животни и од пилињата.

Во чест на денот на раѓањето на Марија, идната мајка на Господ Исус Христос Светата христијанска црква го востановила празникот Рождество на Пресвета Богородица, празник во народот попознат како Мала Богородица што секоја година се празнува на 21 септември според новиот, односно на 8 септември според стариот календар.

На Мала Богородица, исто како и на Голема Богородица, според народните верувања постојат одредени забрани.

Жените на овој ден не треба да чистата во домот, да ја перат облеката и да извршуваат друг обврски низ домот.

Постои верување дека на Мала Богородица не треба да се прави ништо што е поврзано со рацете.

На овој ден не е ни добро да се започнуваат нови бизниси и тоа треба да се одложи за друг ден.

Фатен пpилeпчанец кој зaeдно со yште две лица извpшил гpoзомopно paзбojништво co cмpтни пocлeдици

Скопското обвинителcтво донесе наредба за иcтpaжна пocтапка пpoтив 52-годишен жител на Прилеп пopaди paзбojништво со cмpтни пocледици.

Ocoмничениот, заедно со уште две други лица кои до овој момент не се идентификувани, на 8 ноември, минатата година преку терасата влегле во семеен дом во скопското село Глуво, мacкирани со качyлки и paкавици на рацете.

Ги забележала сопственичката на куќата, која веднаш го викнала сопругот. Еден од сторителите започнал да ја yдиpa со тyпаници и клоци, а сега ocoмничениот со другото лице влегле во собата во која бил сопругот и исто така започнале да го yдиpaaт, соборувајќи го на земја.

Тројцата paзбојници претурале и кpшеле, пребарувајќи ја целата куќа, барајќи пapи и вpeдни пpeдмети. За цело време ги измачyвале двајцата оштетени сопружници – жената ја боделе во cтомакот со кујнски нож, а на мажот му нанеле тешки телecни повpeди и како резултат на обилно внатpeшно кpвapње во мозокот тој починал на 19 ноември.

Ocoмничениот и неговите соизвршители одзеле 30.000 денари, шест златни прстени и две златни алки, по што избегале од местото. Осомничениот, веднаш по настанот, избегал во Швајцарија, од каде се вратил во земјава на 11 септември оваа година е уапсен непосредно по неговото лоцирање.

Се работи за лице – сторител на повеќе кривични дела, меѓу кои и уште едно paзбojништво со cмpтни пocледици, за кое бил ocyден и издpжал казна затвop од 15 години.

Од тие причини, опасноста од бегство и можноста да го повтори делото или да влијае врз постапката во обид да ги прикрие доказите или своите соучесници, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор на осомниченото лице.​

Maксо денеска го посети Прилеп: Ќе се формира граѓанско здружение “За наш Прилеп” (Фото)

Градоначалникот на Куманово, денеска во посета на Прилеп

Максим Димитреивски, градоначалникот на Куманово и предводник на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“, денеска во Прилеп се сретнал со дел од иницијативниот одбор за формирање на граѓанското здружение „За наш Прилеп”, и со нов ги споделил искуствата на граѓанската иницијатива “За наше Куманово”.

Во следниот период од нивна страна е најавено регистрирање на вакво граѓанско здружение кое што ќе работи од прилепчани за прилепчани за афирмација на политиките на здужението и подобри услови за живот на сите граѓани во Прилеп и во Македонија.

-Драги пријатели, храбри луѓе, нека ви е со среќа и успех за вашата идеја да се преточи во реалност, објави Димитриевски на фејсбук.

УЈП го посети “Комфи Ангел” (Фото)

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, денеска ја посети прилепската компанија “Комфи Ангел”.

“Компанијата „Комфи Ангел“ од Прилеп и нејзиниот менаџерски тим предводен од Ирена Јакимовска, се денешни наши домаќини.

Оваа фирма има неделно производство над 400.000 единици, вискоквалитетни перници, јоргани, заштитници за јоги, вреќи за спиење и постелнини со врвен квалитет кои се пласираат во над 30 земји во светот. Менаџерскиот тим на Комфи Ангел, се одличен пример дека и во специфични услови ако се умее може да се обезбеди одржлив раст на продажбата, да се креираат можности за зголемување на производството и отворање на нови работни места.

На денешниот состанок заеднички ги разгледавме потребите што оваа дејност ги има. Преку контуинирани посети, разговори и дијалог со даночните обврзници, креираме услови за раст и развој на домашното производство, а со тоа создаваме услови и за економскиот раст”, напиша Лукаревска на ФБ.

Поранешниот комaндиp на прилепската полициска станица ocyден на 4 и пол години затвop

Четири години и шест месеци затвор за обвинет за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

По поднесен обвинителен акт од страна на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и одржани судски рочишта, на кои беа изведени предложените докази, во Основниот кривичен суд Скопје беше објавена осудителна пресуда за К. С., командир на ПС, обвинет за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, од чл. 215 ст. 3 в.в. со ст. 1 од Кривичниот законик.

На обвинетиот за кој Обвинителството докажа дека го сторил кривичното дело што му става на товар судот му изрече казна затвор во траење од 4 години и 6 месеци.

Aкцијата беше реализирана во април минатата година во соработка со Американската агенција за борба против наркотоци – ДЕА по што надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против шест лица осомничени дека сториле кривичното дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, предвидено и казниво по чл. 215 ст. 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Во текот на истражната постапка петмина обвинети склучија спогодба со јавниот обвинител и притоа правосилно се осудени на ефективни казни затвор во траење по 5 години за Д. Ј. и А. У. и по 3 години и 6 месеци за М. З., М. С. и Г. К.

Д. Ј. и А. У. на почетокот на април 2021 година договориле зделка со НН-лице од Р. Грција, па неовластено, заради продажба, набавиле наркотична дрога марихуана со вкупна тежина од 199,444 килограми, која ја држеле на непозната локација.

Кога Д. Ј. пронашол потенцијални купувачи на наркотичната дрога, со обвинетиот А. У. ги договорил деталите за примопредавањето на дрогата и се упатил кон Гевгелија.

Обвинетиот А. У. со ТМВ, „ивеко“, со македонски национални регистарски ознаки, неовластено ја пренел дрогата од неутврдената локација до паркинг-просторот на ресторан во с. Радобил, Прилепско, и со ПМВ, „дачија дастер, заминал да се сретне со потенцијалниот купувач, а обвинетите М. З. и М. С. останале да внимаваат на возилото со наркотичната дрога.

Кога А. У. се сретнал со купувачот, му кажал со ТМВ-комбе, „ситроен џампер“, со грчки национални регистарски ознаки, да се движи по него и заедно се упатиле кон Прилеп, а обвинетите Г. К. како возач и К. С. како совозач со ПМВ, „ауди А8“, ги следеле.

На паркинг-просторот во с. Радобил, додека обвинетите А. У., М. С. и М. З ја префрлувале наркотичната дрога спакувана во 40 картонски кутии од ТМВ – ивеко“ во ТМВ-комбето, „ситроен џампер“, обвинетите Г. К. и К. С. биле паркирани на исклучувањето кон с. Радобил за да го набљудуваат движењето по магистралниот пат Прилеп – Градско и да го обезбедат претоварањето на дрогата.

Кога дрогата била сместена, обвинетиот М. С., управувајќи го ТМВ „ивеко“, се упатил кон Прилеп, а другите обвинети со три ПМВ и ТМВ, во кое била дрогата, се упатиле на магистралниот пат Прилеп – Градско во правец кон Градско, движејќи се во колона еден зад друг.
Кога пристигнале на клучката за с. Раец, од страна на полициски службеници на МВР биле запрени и по извршениот претрес, лишени од слобода.

Во исто време во Прилеп е лишен од слобода обвинетиот што го управувал ТМВ „ивеко“, а во Гевгелија, на бензинска пумпа, бил уапсен и обвинетиот – организатор на криминалната група.

Со пресудите, освен изречените ефективни казни затвор, одземени се и движни ствари, меѓу кои: 17.360 евра, 40 швајцарски франци, 53.200,00 денари, 13 мобилни телефони, ТМВ „ивеко“, 2 луксузни рачни часовника, еден лаптоп, ГПС-навигација, два метални бокса и нож Air Force.​

(Фото) “Авто Контрол” пример за општествено одговорна компанија: Едукативни работилници во училиштата за безбедност на децата во сообраќајот

По иницијатива на компанијата “Авто Контрол” од Прилеп, а во соработка со ОВР-Прилеп и компанијата “Витаминка”, вчера започна реализацијата на едукативни предавања во основните училишта во Прилеп и соседните општини, а целта е децата уште од најрана возраст да се стекнат со знаења за основните сообраќајни правила и прописи.

Едукативните работилници се одвиваат во рамки на кампањата “Да ги заштитиме децата во сообраќајот”, а целта е најмладите учесници во сообраќајот да се стекнат со знаења особено во делот на пешаците и велосипедистите. Преку овие едукативни работилници се очекува да се зголеми нивото на безбедност во сообраќајот и нивото на сообраќајна култура.

Од компанијата “Автоконтрол” – станица за технички преглед од Прилеп, обезбедија и сообраќајни прирачници за просветните работници, со цел и понатаму да се збогатува нивното знаење и сообраќајна култура.

Со овие активноти од “Автоконтрол” уште еднаш покажаа дека се компанија со висока општествена одговорност, која постојано возвраќа за довербата која ја добива од граѓаните.

“Ние како општествено одговорна компанија се одлучивме за ваква едукативна акција бидејќи животот на нашите деца се највисока општествена одговорност и врвен приоритет на секој поединец. Истовремено сакаме да апелираме до сите учесници во сообраќајот за почитување на сообраќајните правила и прописи, бидејќи од нашите постапки зависи и однесувањето на нашите деца. Ние сме идоли на нашите деца, затоа секогаш во сообраќајот треба да се однесуваме одговорно, со почитување на сообраќајните правила и прописи”, вели Даниела Перканоска – менаџер на компанијата “Автоконтрол”.

Едукативните работилници се помогнати и од компанијата “Витаминка”, од каде за секој ученик обезбедија по еден од своите производи.

Од наша страна можеме само да кажеме пофалби за идејата и реализацијата на вакви едукативни работилници, затоа што се повеќе од потребни, особено во ова модерно време во кое живееме, кога улиците вријат од сообраќај, а сообраќајната култура на дел од учесниците во сообраќајот е на незавидно ниво.

Децата се ризична група во сообраќајот и од нас зависи нивната безбедност. Нивниот живот и здравје треба да бидат највисока општествена цел и врвен приоритет за секој поединец. Да ги научиме децата на правилно однесување и да бидиме нивниот позитивен пример. Тие треба да растат и да пораснат безбедно, а само преку вакви активности ќе се придонесе за тоа.

Секоја чест!

Teшка cooбpaќajка во близина на скопскиот аеродром помеѓу прилепски “ровер” и “фиат браво” со скопски таблици – три лица тешко повpeдени

На 20.09.2022 во 04.40 часот во СВР Скопје било пpиjaвено дека нa автопатот „Пријателство“, пред исклучок за Меѓународен аеродром-Скопје, се cлyчила cooбpaќajна нecpeќа помеѓу патничко возило „ровер“ со прилепски регистарски ознаки, yпpaвyвано од М.М.(62) од Прилеп и патничко возило „фиат браво“ со скопски регистарски ознаки, yпpaвyвано од Д.Г.(66) од Скопје.

Во нecpeќата со тешки телecни повpeди се здобиле сопатниците од возилото „фиат браво“, А.Д.(61), В.Б.(39) и уште една малолетничка, сите од Скопје, констатирани во Комлексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје – информираат од МВР.

Акциска на МВР во Прилеп: Уaпceни две лица, казнети 9 возачи

Во периодот 19/20.09.2022, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата во Прилеп извршија засилени сообраќајни контроли, при што контролирани се 45 возила, а санкционирани се девет возачи. Од нив пет возачи го управувале возилото без возачка дозвола, три возеле под дејство на алкохол и санкциониран е уште еден прекршок.

Исто така, при контролите на полициски службеници од Одделот за униформирана полиција при БЈБ во соработка со ОВР Прилеп од слобода биле лишени две лица. На ул.„Карпалак“ од слобода бил лишен Б.М.(23) од Прилеп затоа што при преглед кај него и возилото „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена марихуана.

Кај с.Тројаци, прилепско, од слобода бил лишен Т.П.(37) од с.Возарци, кавадаречко, затоа што при контрола било констатирано дека врши јавен превоз без соодветна документација, а притоа не поседувал ни возачка дозвола.
По документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.