дома блог страница 1419

По седми пат викендов во Прилеп “Тоptash Downhill Cup” – Настан кој не смеете да го пропуштите

Клубот за екстремни спортови “Sky Riders” Прилеп, овој викенд (24-25 Септември) по 7-ми пат ќе ја организира трката “Toptash Downhill Cup”.

Локацијата каде што ќе се одржува настанот е во близина на резервоарот за водоснабдување Топташ (место викано “Лизгајци”). Настанот ќе се одвива по следниот распоред:

Сабота 24.09.2022: 11:00-16:00 – Тренинг со обезбеден превоз, медицинска екипа и судии

Недела 25.09.2022: 10:00-12:00 – Официјален тренинг / 12:00-14:00 – Квалификациски спуст / 14:00 – Финален (Официјална трка)

Екипата на “Sky Riders” веќе еден месец ја припрема патеката која што секоја година е се поекстремна како што налагаат условите во спортот. Оваа година се очекуваат околу 60-тина натпреварувачи од Македонија и соседните држави (Србија, Бугарија, Црна Гора, Грција, Албанија и Косово) со што оваа трка станува поатрактивна за најдобрите возачи на балканот. “Toptash Downhill Cup” ќе биде државно првенство на Македонија и ќе биде бодуван за ранг листата на Велосипедската Федерација на Македонија.

Натреварувачите ќе бидат поделени во 5 категории:

Mini Junior (12-15 години), Junior (16-18 години), Elite (19+ години), Master (30+ години), Hobby (рекреативци)

На патеката има повеќе атрактивни места каде што публиката може да проследи возачите како ги поминуваат екстремните предели. Како што се 10 метарски скокови, Дропови од карпи, Стрмнини и многу брзи предели каде возачите поминуваа со голема брзина повеќе од 50 km/h.

Претхоните години настанот привлекувал голем број на луѓе како што се очекува и оваа година бидејќи се пријавени најдобрите возачи од балканот. Паричниот фонд за награди за најдобрите времиња на патеката оваа година изнесува 720 евра кои ги обезбедија главните спонзори: Алфа Ауто(Прилеп), Хамачи(Штип).

Најсовремениот салон слави голем јубилеј: 20 години “Матадор” е единствен избор за автоделови во Прилеп

Од мал бизнис до најсовремен салон за автоделови во Македонија. “Матадор” е единственото место каде ќе најдете буквално се’ за вашите возила.

Резервни делови за секаков вид автомобили, гуми, акумулатори, автокозметика и галантерија од секаков вид, се само мал дел од единствениот и уникатен асортиман на производи кои можете да ги најдете во нивниот салон лоциран на улица “Андон Слабејко” после поранешната фабрика “Борка Левата”.

Внатре се’ е подредено како во аптека, а плус персоналот им е еден од најљубезните во цел Прилеп. Ќе го најдете и најмалиот детал за вашето возило, а вработените се тука да ви објаснат буквално се’.

Затоа “Матадор” е единствената локација на прилепчани и голем број жители од регионот кога ќе се јави проблем со возилото. А доколку некој дел не е достапен во моментот, не грижете се, затоа што само тука ќе го довиете во најкраток можен рок.

Им го честитаме љубилејот и им посакуваме уште долги години успешна работа и уште многу, многу задоволни муштерии во иднина.

Русија мобилизираше 300.000 лица во неколку часа: Илјадници ја напуштаат државата со карта во еден правец

Соопштението за мобилизација кружи низ светот, по обраќањето на рускиот претседател Владимир Путин и министерот за одбрана Сергеј Шојгу дека за конфликтот во Украина ќе бидат повикани 300.000 воени регрути. Веднаш штом беше проследено обраќањето, западните медиуми тврдат дека имало експлозија на интернет пребарувања во Русија како да се избега од државата, а потоа и масовно резервирање билети во еден правец и бегство на колона возила од Русија во Финска.

Дали Русите навистина не сакаат да одат во војната на Путин? Кои се тие што бегаат од мобилизација? Дали се тоа руски либерали и дали ќе следи нивниот егзодус? Дали рускиот претседател Владимир Путин на овој начин сака да се ослободи од руските либерали? Одговорот го даде мајсторот за меѓународни односи и воен коментатор Бошко Јовановиќ.

„Што се однесува до самата мобилизација, повторно, тоа не значи дека има криза (во Русија), туку само дека се менува методот на војување. Дека Русите ќе извадат повеќе тенкови. За да управува со новите тенкови потребни се нови екипажи, потребни се нови луѓе, за да се користи новата артилерија, потребни се нови обучени луѓе.

Бидејќи руската армија е повеќе или помалку професионална, има свои резервни сили. Нема да мобилизираат пешадија. ќе се мобилизира технички и стручен персонал кој може да управува со тенкови, борбени возила, да користи артилерија, ракетни системи и секако специјалците кои имаат должност да одржат одредено ниво на подготвеност за да можат да одговорат во секое време до 40-тата година од животот.

За нив ова не е ниту страшно ниту посебно. Русите само менуваат тактика како што кажав. Русите целосно се прилагодија на Украинците и она што го сакаа Украинците, кога ширеа паника на почетокот на конфликтот дека ќе има мобилизација во Русија Путин им ја исполни желбата, Украинците да размислат пред да посакаат нешто“, вели Јовановиќ.

Регулаторна со нова одлука: Се намалуваат цените на горивата

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 ден/лит

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,082 ден/кг и сега ќе изнесува 50,391 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.

Од 20.9.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,50 (денари/литар); Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 87,00 (денари/литар); Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 90,00 (денари/литар); Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 89,00 (денари/литар); Мазут М-1 НС 50,391 (денари/килограм).

ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп yдpи по МВР, правocyдcтвото и Миле Талевски (Видео)

Во текот на вчерашниот ден, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, излезе со соопштение, кое можеше да се прочита и низ порталите, дека во Основниот кривичен суд Скопје, била објавена
осудителна пресуда за командир на ПС – истакнаа на денешната прес конференција од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во целост ја пренесуваме во продолжение:

Па така на обвинетиот за кој обвинителството докажало дека го сторил делото за кое се товари, судот му изрекол казна затвор во траење од 4 години и 6 месеци.

Јавноста многу добро знае за кој командир станува збор?! Каков апсурд! Ако се има предвид дека ова е само првостепена пресуда и не се исклучува можноста казната да биде намалена од страна на апелациониот суд, тогаш и повеќе од јасно е зошто граѓаните имаат мизерни 8% доверба во правосудството. Јавноста многу добро знае и во каков притвор обвинетиот го помина поголемиот дел од времето кое ќе се засмета во казната?!

Ова е уште еден доказ дека правосудните органи се заробени и под контрола на централната власт, па наместо да се занимаваат со сериозниот криминал кој треба максимално да се санкционира, се занимаваат со нарачани постапки и обвиненија за неистомисленици. Впрочем и вмешувањето на американската ДЕА, само ја потврдува неспособноста на органите да се справат со корупцијата и криминалот во кој тоне државата и Прилеп.

Замислете 3 години затвор за човек кој украде 150 ќебапи, а 4 и пол години затвор за дело поврзано со речиси 200 килограми марихуана?

Ги повикуваме од СДСМ Прилеп, како „борци“ за правна држава и владеење на правото загрижени за криминалот, да излезат со свој прес и да ја прокоментираат изречената казна? Го повикуваме и Миле Талески, актуелниот пратеник во Собранието кој жолчно се бореше да го брани Францускиот предлог и бугарските барања од говорница, да излезе во јавност и да признае одговорност, затоа што токму во негово време додека беше претседател на Совет на Општина Прилеп, беше извршен изборот на командир.

Почитувани, СДСМ се најмалку повикани да коментираат криминал. Токму нивната партија е синоним за извор на криминал, ако се има предвид дека токму и со вака заробено правосудство, нивни членови и лица од власта или се повлекоа од функција, или завршија под истрага и во судски процеси за криминал поврзан со милионски суми.

Прекрасно! Учениците од ООУ “Климент Охридски” Прилеп формираа гулаб за Светскиот ден на мирот (Видео)

Учениците од Основното општинско училиште “Климент Охридски” Прилеп за 21 септември – Интернационалниот ден на мирот формираа гулаб во училишниот двор.

Една прекрасна глетка која заслужува секаква пофалба!

Секој ден апceње: Полициjaта вчера пpoнaшла дpoга кај двајца прилпчани

На 20.09.2022 во Прилеп, полициcки cлужбеници од Надворешната канцелаpиja за кpиминалиcтички paботи од ОВР Прилеп – СВР Битола го лишиле од cлобода Е.Д.(35) од Прилеп.

При пpeтpec во неговиот во дом во Прилеп, извpшен со cyдcка нapeдба, биле пpoнajдени и одземени мapиxyaна и дигитална вага.

Исто така, во текот на вчерашниот ден, полициcки cлyжбеници од Надворешната канцелариja за кpиминалистички работи Прилеп го лишиле од cлобода и Д.Џ.(35) од Прилеп затоа што при преглед во патничко возило „форд фиеста”, кое го yпpaвyвал, бил пpoнajден и одземен амфетамин.

Лицата биле пpиведени во полициcка станица и по целосно докyментирање на cлyчаите пpoтив нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Фатени на дело: Двајца прилепчани биле затекнати како кpaдат во двор на фабрика

На 20.09.2022 во 16.30 часот, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Е.Б.(34) и А.М.(32), двајцата од Прилеп. Тие биле затекнати при извршување кривично дело кражба во круг на фабрика во Прилеп.

Кај нив биле пронајдени и одземени предмети со кои го вршеле делото.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Реномирана прилепска компанија вработува: Објавен оглас за 92 лица

Поради зголемување на обемот на работа компанијата Arini од Прилеп објави оглас за вработување на 92 лица и тоа: 50 жени за паковање, 20 жени за работа со оверлак и покривни машини (со искуство), 2 мајстори за шивачки машини, 5 пеглачи, 5 работници за во фарбара и 10 работници за општа работа.

Компанијата обезбедува: оброк, превоз, редовни примања, осигурување на полно работно време, стабилна работа со можност за напредување, исплати на регрес за годишен одмор, исплати на минат труд.

За информации и пријавување во просториите на АРИНИ ФЕШН, секој работен ден од понеделник до петок, од 13 до 15 часот.

По пауза од 2 години се одржа ноќната трка “Прилеп трча” (Фото)

Како дел од програмата на Европската недела на мобилност, синоќа во Прилеп се одржа ноќната трка “Прилеп трча”.

Tрката беше во должина од 5 километри, а истата имаше за цел да ја поттикне свеста кај граѓаните на Прилеп, да се рекреираат и да создаваат здрави навики.

Ова е традиционална трка која се трча низ прилепските улици и која што продолжи после двегодишна пауза.

Трката беше во организација на општина Прилеп и АОК Златоврв-Прилеп.