дома блог страница 1418

Џабе ги вадевте зимските јакни: Викендов повторно 30 степени

Во следните денови утрата ќе бидат студени, а од сабота дневната температура ќе биде во значителен пораст. На некои места температурите ќе достигнат и 30 степени. Утре ќе има услови за слаб локален дожд.

Како што информира УХМР, од вторник ќе има дестабилизирање на времето со локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни проследени со грмежи. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Во следните денови минималната температура ќе се движи од минус еден до 12 степени, а максималната од 17 до 27 степени

Кампања за македонските вина: Вкуси Вранец, Темјаника, Смедеревка и Станушина

Македонската земја е плодна, а македонското сонце носи само бериќет и убавина. Нашите вина, по квалитет, можат да се носат со најквалитетните сорти од Франција, Австралија и Америка. Вранец, Темјаника, Смедеревка, Станушина, тоа се макеодонски вина кои се добродојдени на секоја трпеза и во секоја прилика.

Затоа, логично е да се рашири зборот за убавото, да се пренесе нашироко. Тоа порачува кампањата за промоција во рамки на Отворен Балкан за македонските винат Вранец, Темјаника, Смедеревка и Станушина. На пазарот од 12 милиони луѓе, нашите вина ќе добијат достојно претставување и ќе се постават на новите пазари. Во моментов преку социјалните мрежи се промовираат најдобрите македонски вина и сорти.

Станува збор за освојување на пазарот на вина во Србија, како и за отворање на пазарот во Албанија, каде по туристичкиот бум во последниве години се појавува потреба за високо квалитетни сортни вина, која може да се задоволи со извоз на нашите, висококвалитетни вина.

Главно внимание ќе се посвети на спомнатите сорти вино: Македонскиот ВРАНЕЦ
е препознатлив по силната црвена боја и по интензивниот но хармоничен вкус. Сувото бело вино на ТЕМЈАНИКАТА е мускатно и се карактеризира со цветни ароми и мириси на темјанушка, роза и мандарина, СМЕДЕРЕВКА која е една од најстарите сорти на бело грозје на Балканот, вино со нежен мирис и лесен хармоничен вкус, како и СТАНУШИНАТА која има
интензивна арома на овошје и високо ниво на киселост, а може да достигне алкохолност до 12 проценти алкохол.

Вистински македонски вински бисери кои заслужуваат промоција кај нашите пријатели од Отворен Балкан.

По 22-ри пат ЅВЕЗДИЧКИТЕ од целиот свет ќе го распеат Прилеп

Дечиња, родители, баби и дедовци!!!

На 8 и 9 октомври ЅВЕЗДИЧКИТЕ од целиот свет повторно ќе блеснат на сцената во Центарот за култура “Марко Цепенков” во Прилеп.

Фестивалот се одржува цели 22 години, а низ годините на “Ѕвездички” настапија учесници од Аргентина до Кина.

Влезници ќе можат да се купат од билетарница на Центарот за култура “Марко Цепенков”, еднa недела пред почетокот на фестивалот по цена од 200 денари.

На сцената ќе настапат изведувачи од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Чешка, Шведска и Словенија и секако голем број македонски млади изведувачи.

Бидете дел од најголемиот, најубавиот и највеселиот фестивал “Ѕвездички”

Над 500 натпревари, над 100 погодоци и 122 натпревари во дресот на Македонија – Пандев објави крај на кариерата!

Најдобриот македонски фудбалер, великанот Горан Пандев официјално објави крај на својата богата фудбалска кариера.

Тој во интервју за „Газета дело Спорт“ ја објави оваа информација, која тој ја најави уште по завршувањето на ЕП 2020 каде со Македонија настапи за првпат на едно такво натпреварување.

„После 20 години…Мојот син веќе има 13 години и во целиот живот почесто го гледав само во паузата меѓу двете сезони. Сега е време во кое треба да уживам со семејството. За првпат цело лето не размислував за фудбал и кога ќе се случи тоа помалку размислувате за фудбал и малку тренирате“, истакна Пандев.

Зад името на Пандев ќе останат над 500 натпревари во италијанската елита и повеќе од 100 гола и сигурно дека остави белег во италијанскиот фудбал. За Македонија настапи на 122 натпревари и постигна 38 гола.

Статистика пресмета: Пpoceчната плата скокнала на 31.812 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2022 година, во однос на јули 2021 година, изнесува 111.5

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (17.8 %), Стручни, научни и технички дејности (17.5 %) и Уметност, забава и рекреација (16.3 %).

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (4.3 %), Рударство и вадење на камен (3.9 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3.9 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јули 2022 година, изнесува 31 812 денари.

Петмина професори од Економскиот факултет во Прилеп на листата на најдобро рангирани научници на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола

Дека големите достигнувања не се случајност, туку се резултат на континуирана и самопрегорна работа и посветеност, многу вложен труд и време, но и на силна мотивираност и истрајност на патот кон успехот, докажува примерот на пет професори од Економскиот факултет во Прилеп, кои на најновото рангирање на AD Scientific Index (Alper-Doger Scientific Index) за 2022 година се најдоа на листата на 41 најдобро рангирани научници, во конкуренција на сите припадници на академскиот кадар од сите факултети при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола.

Проф. д-р Оливера Костоска, редовен професор на Економскиот факултет – Прилеп, се наоѓа на 6. место на листата на најдобри научници на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Во областа Економија и Економетрија таа е рангирана на 1. место во рамките на УКЛО – Битола (5. место во Република Северна Македонија), а во областа Меѓународна трговија таа се наоѓа на 1. место, како во рамките на УКЛО – Битола, така и во Република Северна Македонија. Истражувањата на Проф. Костоска се насочени во доменот на меѓународната трговија и инвестициите, продуктивноста, иновациите и Европските интеграции.

Проф. д-р Илија Христоски, вонреден професор на Економскиот факултет – Прилеп, се наоѓа на 14. место на листата на најдобри научници на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Во областа Економија и Економетрија тој е рангиран на 2. место во рамките на УКЛО – Битола (10. место во Република Северна Македонија), а во областа Економија се наоѓа на 1. место во рамките на УКЛО – Битола (8. место во Република Северна Македонија). Своите истражувања Проф. Христоски ги реализира, главно, во областите е-трговија, бази на податоци, информациски системи и мрежи (хардвер и софтвер), финансиска економетрија, моделирање и симулации, анализа на перформанси, Петри мрежи и системска динамика.

Проф. д-р Коста Сотироски, редовен професор на Економскиот факултет – Прилеп, се наоѓа 24. место на листата на најдобри научници на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Во областа Економија и Економетрија тој е рангиран на 4. место во рамките на УКЛО – Битола (14. место во Република Северна Македонија), а во областа Економија се наоѓа на 3. место во рамките на УКЛО – Битола (10. место во Република Северна Македонија). Во фокусот на истражувањата на Проф. Сотироски се наоѓаат економската статистика, деловната информатика, менаџмент информациските системи, системите за поддршка на одлучувањето и економетријата.

Проф. д-р Димитар Николоски, редовен професор на Економскиот факултет – Прилеп, се наоѓа 26. место на листата на најдобри научници на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Во областа Економија и Економетрија тој е рангиран на 5. место во рамките на УКЛО – Битола (15. место во Република Северна Македонија), а во областа Економија се наоѓа на 4. место во рамките на УКЛО – Битола (11. место во Република Северна Македонија). Проф. Николоски твори во областите економија на труд, економетрија, статистичко заклучување и економија.

Проф. д-р Каролина Илиеска, редовен професор на Економскиот факултет – Прилеп, се наоѓа 34. место на листата на најдобри научници на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Во областите Бизнис и Менаџмент / Маркетинг таа е рангирана на 1. место во рамките на УКЛО – Битола. Во Република Северна Македонија, таа е рангирана на 14. место во областа Бизнис и Менаџмент, но и на 5. место во областа Маркетинг. Проф. Илиеска твори, главно, во областа на маркетингот.

AD Scientific Index (Alper-Doger Scientific Index), за разлика од другите глобални системи кои ги евалуираат списанијата и универзитетите во светот, претставува систем за анализа и рангирање заснован врз научните перформанси и додадената вредност на научната продуктивност на индивидуалните научници. Оттука, индексот е базиран врз принципот на вклучување исклучиво на заслужниот научен кадар. Дополнително, системот обезбедува рангирање на институциите врз основа на карактеристиките на универзитетскиот кадар кој се занимава со научноистражувачка работа.

Овој нов индекс врши рангирање преку користење на единствен параметар – број на „вреднувани и продуктивни научници“ кои се ангажирани на определен универзитет. Овој параметар е калкулиран врз основа на вкупните вредности на H-индексот и i10-индексот заедно со бројот на цитирања, како и вредностите на H-индексот и i10-индексот од последните 5 години, заедно со бројот на стекнати цитирања во последните 5 години. Всушност, AD Scientific Index претставува прва и единствена студија која ги прикажува вкупните и коефициентите на продуктивност на научниците за последните 5 години врз основа на резултатите од h-индексот и i10-индексот и цитирањата прикажани на Google Scholar.

Притоа, индексот прикажува рангирање на индивидуалните научници во различни подрачја и полиња (земјоделство и рибарство; уметност, дизајн и архитектура; бизнис и менаџмент; економија и економетрија; образование; инженерство и технологија; историја; филозофија; теологија; право и правни студии; медицински науки; природни науки; општествени науки и друго), 256 научни области, 19.000 институции, 216 земји, 10 региони (Африка, Азија, Европа, Северна Америка, Океанија, Арапската Лига, EECA, BRICS, Латинска Америка и COMESA) и, генерално, во светот. Покрај тоа што ги изведува функциите на индексирање и рангирање, овој индекс нуди можност за правење на ефикасна академска анализа, односно детално испитување и откривање на погрешни и неетички профили, плагијати, фалсификување, дисторзија, дуплирање, фабрикување, саламизација, и неколку манифестации на академски мобинг. Ваквите анализи се исклучително корисни за откривање на среднорочните и долгорочните резултати од политиките кои ги имплементираат институциите, вклучувајќи ги и оние за негување на научната работна средина, вработување и задржување на академскиот кадар, како и политиката на плати и соодветни стимулации.

Успехот на петте професори од Економскиот факултет во Прилеп е дотолку поголем и позначаен ако се има предвид дека тој не се однесува само на она што е постигнато, туку многу повеќе на инспирацијата што тој ќе ја поттикне, бидејќи она ќе бидеме утре потекнува од она што сме денес.

Тројца лути ривали на едно место: Победа, Пелистер и Тиквеш во недела ќе ги одмерат силите на турнирот “Вуко Каров”

Паузата во домашниот шампионат поради репрезентативните обврски согласно УЕФА календарот, ФК Победа ќе ја искористи за учество на традиционалниот оваа година по 22-ри пат организиран меморијален турнир “Вуко Каров и Тиквешките легенди”, кој ќе се одржи во недела (25 септември) со почеток од 13 часот на Градскиот стадион во Кавадарци.

На турнирот покрај нашиот клуб, кој го брани пехарот од минатогодишното изание, и домаќинот и организатор ФК Тиквеш ќе учествува и битолски Пелистер.

Турнирот традиционално и оваа година ќе се игра по италијански систем секој против секого по едно полувреме.

Во првиот меч од 13,45 часот ќе играат Тиквеш и Победа, во вториот Тиквеш и Пелистер и во третиот Победа и Пелистер, по што ќе следи еремонијата на прогласување на победниците, и доделувањето на поединечните награди за најдобар играч и најдобар голман

“Некој на глава, некој на нозе, кога се игра оро нема правила”: Прилепчани го поминаа весело вчерашниот празник во Штавица (Видео)

На Мала Богородица во прилепско највесело секоја година е Штавица, каде голем број верници секоја година ја посетуваат селската црква.

Вчера на празникот верниците ги забавуваше естрадниот пејач Спасен Силјаноски, а дека било навистина весело доказ се видеата кои Силјаноски ги објави на својот ФБ профил.

– Некој на нозе некој на глава, кога се игра оро нема правила – напиша Пејачот

По седми пат викендов во Прилеп “Тоptash Downhill Cup” – Настан кој не смеете да го пропуштите

Клубот за екстремни спортови “Sky Riders” Прилеп, овој викенд (24-25 Септември) по 7-ми пат ќе ја организира трката “Toptash Downhill Cup”.

Локацијата каде што ќе се одржува настанот е во близина на резервоарот за водоснабдување Топташ (место викано “Лизгајци”). Настанот ќе се одвива по следниот распоред:

Сабота 24.09.2022: 11:00-16:00 – Тренинг со обезбеден превоз, медицинска екипа и судии

Недела 25.09.2022: 10:00-12:00 – Официјален тренинг / 12:00-14:00 – Квалификациски спуст / 14:00 – Финален (Официјална трка)

Екипата на “Sky Riders” веќе еден месец ја припрема патеката која што секоја година е се поекстремна како што налагаат условите во спортот. Оваа година се очекуваат околу 60-тина натпреварувачи од Македонија и соседните држави (Србија, Бугарија, Црна Гора, Грција, Албанија и Косово) со што оваа трка станува поатрактивна за најдобрите возачи на балканот. “Toptash Downhill Cup” ќе биде државно првенство на Македонија и ќе биде бодуван за ранг листата на Велосипедската Федерација на Македонија.

Натреварувачите ќе бидат поделени во 5 категории:

Mini Junior (12-15 години), Junior (16-18 години), Elite (19+ години), Master (30+ години), Hobby (рекреативци)

На патеката има повеќе атрактивни места каде што публиката може да проследи возачите како ги поминуваат екстремните предели. Како што се 10 метарски скокови, Дропови од карпи, Стрмнини и многу брзи предели каде возачите поминуваа со голема брзина повеќе од 50 km/h.

Претхоните години настанот привлекувал голем број на луѓе како што се очекува и оваа година бидејќи се пријавени најдобрите возачи од балканот. Паричниот фонд за награди за најдобрите времиња на патеката оваа година изнесува 720 евра кои ги обезбедија главните спонзори: Алфа Ауто(Прилеп), Хамачи(Штип).

Најсовремениот салон слави голем јубилеј: 20 години “Матадор” е единствен избор за автоделови во Прилеп

Од мал бизнис до најсовремен салон за автоделови во Македонија. “Матадор” е единственото место каде ќе најдете буквално се’ за вашите возила.

Резервни делови за секаков вид автомобили, гуми, акумулатори, автокозметика и галантерија од секаков вид, се само мал дел од единствениот и уникатен асортиман на производи кои можете да ги најдете во нивниот салон лоциран на улица “Андон Слабејко” после поранешната фабрика “Борка Левата”.

Внатре се’ е подредено како во аптека, а плус персоналот им е еден од најљубезните во цел Прилеп. Ќе го најдете и најмалиот детал за вашето возило, а вработените се тука да ви објаснат буквално се’.

Затоа “Матадор” е единствената локација на прилепчани и голем број жители од регионот кога ќе се јави проблем со возилото. А доколку некој дел не е достапен во моментот, не грижете се, затоа што само тука ќе го довиете во најкраток можен рок.

Им го честитаме љубилејот и им посакуваме уште долги години успешна работа и уште многу, многу задоволни муштерии во иднина.