дома блог страница 1416

Значителна промена на цената на нафтата на светските берзи – ќе се одрази ли и кај нас?

На крајот на вчерашниот работен ден на берзата во Лондон, цената за барел сирова нафта “брент” застана на 86.15 $.

Во некои периоди од денот барелот се спушти и под 85.8 долари, а меѓу отварањето и затворањето на берзата – цената за едeн ден се спушти за неверојатни 4,76%.

Сега цената на нафтата е на ниво од 14-ти јануари, а пред неполн месец беше и над 120 долари. Истата ситуација се случува и на американските берзи каде падот е уште поголем.

На цените пред се влијае одлуката на американската ФЕД за новото зголемување на референтните каматни стапки за 0,75% со кое треба да се намали потрошувачката на пари и побарувачката на стоки и услуги. Тоа според ФЕД е најдобриот лек за сопирање на инфлацијата која во САД засега не стана двоцифрена.

Намалена е и побарувачката за нафта поради скапите цени на бензините за автомобилите поради што тие помалку се користат. На овој сегмент, побарувачката влијае и тоа што повеќе големи кинески градови се во карантини, а Кина веќе две децении е најголем светски потрошувач и купувач на нафта и енергенси.

Олабавувањето на ковид мерките во Хонгконг, инвеститорите го гледаат како можност тоа да се преслика и во останатите “затворени” кинески градови по што би следела стабилизација на пазарот на нафта.

Понудата на нафта е зголемена откако војната во Украина придонесе за прекин на некои од најголемите традиционални патишта на пред се руската нафта (пред војната Русија држеше околу 10% од светскиот пазар). Многи затворени нафтени наоѓалишта се отворија повторно поради моменталната брза потреба за овој енергенс, но сега се произведува вишок што дополнително ја спушта цената.

Високата вредност на доларот дополнително ја намалува потрошувачката и цената на нафтата. Доларот со кој се плаќа нафтата е на историско највисоко ниво во однос на еврото и другите валути поради погоре спомнатите меркинна ФЕД кои предизвикаа чувство на верба во американската валута и сигурност кај инвеститорите.

Но, поради високата цена, бензините кои се купуваат за долари, а продаваат за евра или кај нас за денари се поскапи и поефтинуваат минимално. На тој начин се смалува побарувачката, а така и цената на нафтата која сега е на ниво на првата недела од јануари 2022-ра.

Газда на фирма од Битола порачал пелети од Романија и уплатите 4,5 илјади евpa, останал и без пари и без пелети

На 23.09.2022 во 14.00 часот во СВР Битола, 42-годишен сопственик на правен субјект од Битола пријавил дека бил измамен од правно лице од Романија за сума од 4.560 евра.

Според пријавеното, тој се договорил со правното лице за купување пелети и ги уплатил средствата, но откако се посомневал во фирмата ја откажал нарачката.

Како што е пријавено, парите не му биле вратени за два дена како што му било ветено, а претставникот на фирмата веќе не бил достапен. Се работи на расчистување на случајот.

(Видео) Авионот ја промаши пистата и заврши во езеро: Аеродромот затворен за сите летови

Карго авион утрово ја прелета пистата на аеродромот во Монпеље и се урна во езеро.

Аеродромот на брегот на Средоземното Море ќе биде затворен до крајот на денот. Спасувачите извлекоа три лица од Боингот 737. За среќа, тие не се повредени во несреќата која се случи денеска.

Авионот денеска во раните утрински часови патувал од Париз до Монпеље, пристигнувајќи нешто пред 3 часот по полноќ.

Ковачевски: Реално е да влеземе во ЕУ во 2030 година

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски во интервју за Гласот на Америка, истакна дека скрининг процесот за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија, очекувано е да заврши за 14 месеци, а согласно темпото со кое се работи, реално е членството во Унијата да биде 2030 година. Премиерот истакна дека пристапот на Владата кон отпочнување на преговорите е многу сериозен, формирана е преговарачката структура, во преговорите е вклучена академската заедница, невладиниот сектор, деловната заедница. Клучен е и фактот што Северна Македонија која 17 години имаше статус кандидат, во последните 5 години Владата предводена од СДСМ и коалиционите партнери работеа на усогласување на законодавството со ЕУ.

„Ние во моментов имаме 45% усогласено наше законодавство со европското и со отпочнувањето на преговорите многу сериозно пристапивме кон оваа тема, веќе имаме направено преговарачка структура која беше официјализирана од страна на Владата. Имаме назначено главен преговарач тоа е вицепремиерот за европски интеграции. Главен советник на преговарачкиот тим којшто е поранешен главен преговарач и постојан претставник на Република Хрватска што значи дека донесовме едно значајно искуство.

Вклучени се во преговорите и академската заедница, невладиниот сектор, деловната заедница итн. Сметам дека реално е за 14 месеци да заврши скрининг процесот и потоа да отпочне како што е и процедурата за поглавјата и до 2030 година согласно со темпото со коешто почна да се работи сметам дека е реално Северна Македонија да стане членка на ЕУ”, вели претседателот на Владата, во интервјуто.

Премиерот потенцира дека Северна Македонија беше држава која најбрзо се интегрира и во НАТО, тој додаде дека во земјава ќе бидат активирани сите прогресивни сили кои се за членство во ЕУ.

„Ние исто така бевме оптимисти при комплетното усогласување после влегувањето во НАТО и бевме држава која најбрзо ја направи интеграцијата во НАТО структурите од сите претходно кои влегувале во НАТО. Затоа сум реален оптимист дека до 2030 година можеме да станеме членка на ЕУ вклучително на тоа што планираме да ги активираме сите прогресивни сили во државата кои се за членство во ЕУ”, рече претседателот на Владата за Гласот на Америка.

Синоќа апceње на улица “Даме Гагалески” во Прилеп

На 23.09.2022 во 21.15 часот на ул.„Даме Гагалески“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода А.Б.(18) и малолетник, двајцата од Прилеп, затоа што кај нив била пронајдена и одземена мapиxyaна.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок – информираат од СВР Битола.

Прилепчанец бил натепан и му го оштетиле возилото, друг пак бил нападнат од својот сосед

Од полицискиот билтен со дневни настани на МВР

-На 22.09.2022 во ОВР Прилеп, Д.В.(46) од Прилеп пријавил дека бил физички нападнат од Р.С., кој го оштетил и неговото патничко возило.

-На 22.09.2022 во ОВР Прилеп, П.С.(61) од Прилеп пријавил дека на место викано „Заград” во Прилеп бил физички нападнат од негов сосед.

Oд СВР Битола велат дека се работи на расчистување на двата случаи.

Четири лица меѓу кои и малолетна девojка кpaделе од Железници – ги фатиле на дело

Денеска (24.09.2022) околу 02.30 часот од страна на полициски службеници од Полициска станица Гази Баба лишени се од слобода М.М.(24), Б.С.(22), К.К.М.(29), сите од скопско и 17-годишна малолетничка од Скопје.

Тие се фатени при вршење на кривично дело „тешка кражба“ од Железници – Трубарево.

Од страна на инспектори од Одделението за криминалистички работи Гази Баба со ММ., Б.С. и К.К.М. е извршен службен разговор, при што го признале делото, а во консултација со Јавен обвинител за малолетници, малолетничката е предадена на родителот и ќе биде дополнително повикана на разговор.

Одземените предмети ќе бидат вратени на сопственикот, а по документирање на случајот против сторителите ќе биде поднесен соодветен поднесок.

“Македонисимо” на Симон Трпчески и пријателите со бесплатен концерт во Битола на платото пред Офицерски

По 5 години од светската премиера на престижниот музички фестивал во Лудвигсбург, Германија и освојување на светските музички меридијани со музичкиот материјал изнедрен од плодната македонска почва, нашиот прославен пијанист Симон Трпчески конечно ја изведува и мини-серијата концерти со македонската премиера на интернационалниот музички проект МАКЕДОНИСИМО.

Трпчески и пријателите ќе го изведат албумот МАКЕДОНИСИМО што во издание на британската етикета „Лин Рекордс“ го обиколи светот. Станува збор за проект во чии рамки на оригинален начин се обработува македонската народна музика од страна на нашиот композитор, Панде Шахов, кој, како што вели Трпчески, „со својот посебен музички јазик ја обои на многу поинаков начин, испреплетувајќи со нашата традиционална музика различни музички стилови“. Уникатниот тим на МАКЕДОНИСИМО КВИНТЕТОТ и на оваа серија концерти покрај Симон Трпчески на пијано, го сочинуваат и Александар Краповски на виолина, Александар Сомов на виолончело; на кларинет, саксофон и на кавал Хидан Мамудов, а зад удиралките е Влатко Нушев.

Оваа изведба, публиката во Битола, ќе може да ја проследи бесплатно, во понеделник на Платото пред Офицерски дом со почеток во 19.00 часот.

Mладите шампиони на Победа ќе сменат 7 авиони и 4 автобуси за да стигнат на првиот натпревар од Лигата на шампиони во С. Ирска

Mладинскиот тим на Победа минатата сезона ја израдува фудбалската јавност во Прилеп, откако ја освои титулата во домашното првенство, а трофејот на младите фудбалери им донесе шанса да настапат во младинската Лига на шампиони.

Во воведниот натпревар Победа ќе се соочи со младинскиот шампион од Северна Ирска, екипата на Колерајн, а првиот натпревар од двомечот се игра на гостински терен.

Екипата на младите црвено-бели ќе се состои од 24 члена, а патувањето е закажано за понеделник. Победашите ќе треба да сменат дури 7 авионски летови и 4 автобуси за да пристигнат во Северна Ирска. Звучи неверојатно, но вистината е таа.

Нам ни останува да им посакаме само среќа и да се надеваме дека одново ќе не’ израдуваат со добар резултат.

(Линк за следење на натпреварот во живо) РК Прилеп утре ќе ги прокнижи првите 3 гостински бодови?

По поразите во првите 3 кола, РК Прилеп утре гостува во Струга каде се очекува да ги прокнижи првите бодови во ракометната Супер лига сезонава.

Натпреварот со стружани се игра со почеток од 17:00ч, а истиот можете да го следите на линкот во продолжение: