дома блог страница 1415

Уживајте во сонцето уште денеска: Од утре нова промена на времето

Од понеделник, синоптичарите најавуваат врнежи од дожд во попладневните часови најпрвин во западните делови кои во текот на ноќта ќе се прошират и во останатите делови од државата.

Во вторник ќе биде нестабилно и врнежите наместа ќе имаат пороен карактер и ќе бидат проследени со појава на грмежи и засилен ветер.

Во овие денови ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Eве какво ќе биде времето во Прилеп во наредните денови:

(Видео) Гори „Ле фигаро“ – најголемиот пазар во светот

Голем пожар избувна на најголемиот пазар во светот, кој се наоѓа во Париз, пишува „Ле фигаро“.

Чадот предизвикан од пожарот е видлив на неколку километри наоколу, пренесува медиумот.

Пазарот, според написите е многу привлечно место за посета на љубителите на храна кои патуваат. Се протега на површина од 234 хектари.

Пожарникарите се на местото на настанот и апелираат да не се оди во тој дел од градот.

РК Прилеп испушти победа во Струга, но стигна до првиот бод сезонава и го напушти последното место на табелата

После поразите во првите три кола, екипата на РК Прилеп вчера стигна до првиот бод во новата сезона во ракометната Супер лига.

На гостувањето кај Струга прилепчани стигнаа до поволен резултат 25:25 (14:12 на полувремето).

Во натпревар кој се играше гол за гол речиси сите 60 минути, стужани имаа шанса за победа кога во 55-та минута имаа водство од 3 гола разлика.

Сепак прилепчани до крајот се консолидираа и направија серија од 4:0 за 23:24, но тоа беше недоволно за победа, па Сгруга возврати со 2:0 за 25:24.

До крајот прилепчани погодија уште еднаш за конечни 25:25 во Струга.

Најдобар поединец во редовите на РК Прилеп беше Грузиецот Гавашелишвил Мириани со 8 погодоци, а Чантурија и Лозаноски стрелаа прецизно по 4 пати.

ВО наредното коло Прилеп ја дочекува екипата на Вардар Неготино.

Акциска на МВР и УЈП: Прочешлаа 279 угостителски објекти во една ноќ

На 25.09.2022 во временскиот период од 00.00 до 04.00 часот, полициски службеници од сите Сектори за внатрешни работи, во соработка со инспектори од државните инспекторати и од Управата за јавни приходи на територијата на целата држава, спроведоа акциска контрола за присуство на малолетници во угостителски објекти, контрола за точење и продавање алкохол на малолетници, откривање и злоупотреба на престој од страна на странски државјани и други прекршоци во која беа контролирани вкупно 279 угостителски објекти.

При контролите се констатирани шест прекршоци за присуство на малолетници во угостителски објекти по дозволеното време, две кривични дела „точење алкохолни пијалаци на малолетници“ казниви по чл. 204 од Кривичниот законик, девет прекршоци од Законот за регистрирање на готовински плаќања и три прекршоци од Законот за лична карта.

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Полициjaта пpoнajде пиштол кај 27-годишник на улица “Прилепскa”

На 24.09.2022 во полициска станица при СВР Битола е повикан на службен разговор Ј.Н.(27) од с.Мусинци, битолско, затоа што во 17.40 часот на раскрсницата на ул.„Наум Наумовски Борче” со ул.„Прилепска”, од страна на полициски службеници од СВР Битола кај него бил пронајден пиштол, рамка за пиштол и 13 куршуми.

По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок – информираат од СВР Битола.

Еве за колку ќе поскапат сметките од Комуналец Прилеп

ЈКП Комуналец ги зголемува цените на своите услуги – за ова информираше на денешната прес конференција директорот на претпријатието Рубин Абрашоски.

Тој истакна дека е свесен оти ова е непопуларна мерка, но е неопходна поради енормното зголемување на цените на енергенсите, репроматеријалите, цените на алати и машини потребни за нормално одвивање на работата во комуналното претпријатие.

– ЈКП Комуналец нема донесено одлука за корекција на цените на услугите уште од 2009. година. Со оглед на тешката финансиска состојба во која се наоѓа претпријатието, во моментов доведено е во прашање и тековното финансиско работење како и извршување на оперативниот план. Свесни сме за тешката финансиска состојба на жителите на општина Прилеп, како и бизнис секторот, но со секојдневното зголемување на пазарните цени и нормално функционирање, доведени сме во ситуација да извршиме корекција на цените, истакна Абрашоски.

Со новите цени, домаќинствата ќе плаќаат за околу 30% повисоки сметки.

Зголемувањето на цените ќе се движи: за домаќинствата од 1,8 денар на м2 – цената се зголемува на 3 денари, за дворно место од 0,34 денар на 0,5 денар од м2;

За фирмите под кров од 3, 16 денари на 5,5 денари и за дворното место од 1,16 на 2 денари;

За училиштата и верските објекти од 1,84 на 3 денари, а за дворното место од 1 на 1,5 денари за м2.

Еко акција за чистење на просторот околу прилепското вештачко езеро и предавање на тема за која малкумина знаат

Во организација на Здружението “Менелај” од Прилеп, на 01.10.2022г. со почеток од 09:00 часот се организира ЕКО АКЦИЈА за чистење на просторот околу прилепското вештачко езеро. Збирното место е на паркингот кај езерото, а после акцијата ќе се одржи и предавање на една многу интересна и на малкумина позната тема.

Соопштението од организаторот во целост го пренесуваме во продолжение:

Летото помина, но зад нас останаа многу несимпатични траги. И покрај неколкуте еко-акции кои што беа спроведени околу Прилепско Езеро, сепак, неговата околина е повторно преплавена со смет. Со ова, рекреирањето во овој предел повторно се претвора во прошетка низ ѓубре, наместо прошетка во природа. Прилеп, а најмалку нашите деца не го заслужуваат тоа. Поради ова, ги здружуваме силите со цел да ги отстраниме “страните елементи” – шишиња, кеси, хартии – и да и дадеме простор на природата, која секогаш знае двојно да возврати. Ги повикуваме сите граѓани на Прилеп кои се во можност, да се приклучат на оваа еко-акција и да повторно да го „светнеме“ рекреативниот центар, брегот и шумата околу Прилепско Езеро.

Истовремено, ќе промовираме една помалку позната димензија на овој ареал, а тоа е културното наследство, присутно на самиот брег на езерото, со цел подигнување на свеста за просторот во кој живееме и неговото минато. На малкумина им е познато дека на самиот брег на езерото, многу одамна постоела вила која датира од римскиот период. Поради ова, во рамки на еко-акцијата, ќе биде посетена и локацијата на оваа вила и ќе биде одржано предавање за истата од страна на д-р Христијан Талевски.

Своето учество во оваа акција веќе го потврдија: Еко Свест – Прилеп; ЈНУ Институт за старословенска култура – Прилеп; Извиднички Одред Феникс – Прилеп; Прилепски Волонтерски Одред, Vege Bar Aura, како и голем број волонтери.
Бидејќи овој настан е волонтерски, ве молиме понесете: вода, храна, алат (кој што е во можност) и се разбира добро расположение

Прилепчанец кој живее во Германија изваде нумера и спот по мерка за сите (Видео)

Прилепчанецот Кире Гелев, кој живее во Бад Херсфелд, Германија, неодамна ја презентираше неговата најнова нумера насловена како “ДОСТА”.

Гелев не е непознат за музичката јавност и досега има издадено неколку песни кои можете да ги слушнете на неговиот Јутјуб канал.

Спотот за песната е дело на “Фан продукција – Оливер Ангелески”, a истата досега собра голем број позитивни коментари на социјалните мрежи.

Слушнете во продолжение:

“Деца се збираат на групни тепачки секој викенд во центарот на градот, и машки и женски меѓусебно” (Видео)

На социјалните мрежи вчера се појави видео на кое се гледа група малолетници во физички напад. Додека едните се тепаат, други трчат на сите страни, трети само гледаат.

Министерството за внатрешни работи денеска излезе со информации за настанот.

Како што велат случајот кај нив е пријавен околу полноќ од таткото на нападнатото девојче.

-Р.М.(44) од Скопје пријавил дека околу 22.00 часот на ул.„Орце Николов“, во близина на сендвичарница, четири малолетнички, по вербална расправија, физички ја нападнале неговата малолетна ќерка. Според пријавеното, причина било претходно недоразбирање околу нарушени другарски односи на училиште, информира МВР.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот.

Тепачките меѓу малолетни лица зачестија во последниот период. Само пред неколку дена двајца малолетници беа повредени од нож бил физички напад во автобус на ЈСП поради слободно столче.

Шлаканица за милионерите: Парите од данокот ќе се искористат за ублажување на кризата и високите цени

Коалициската влада на Шпанија, предводена од социјалистите, планира привремена повисока даночна стапка за најбогатите во земјата од следната година – покрај вонредните даноци за големите енергетски компании и банки.

„Предлагаме прераспределба на трошоците меѓу оние кои имаат најмногу“, рече денеска премиерот Педро Санчез. Министерката за финансии Марија Хесус Монтеро изјави дека мерката е наменета само за милионерите.

Парите ќе бидат искористени за ублажување на кризата предизвикана од повисоките цени на енергенсите и храната, додаде таа.

Годишната стапка на инфлација во Шпанија минатиот месец се зголеми на 10,5 отсто. Точното зголемување и обемот на даночната мерка се уште се разработува, велат од Владата.

Коалицискиот партнер на социјалистите, Унидас Подемос (Обединети можеме), се залага новиот данок да стане постојан. Сегашната највисока стапка на данокза оние кои заработуваат повеќе од 300.000 евра годишно е 47 проценти. Највисокиот данок на капитална добивка е 26 отсто.