дома блог страница 1414

Утре се празнува Крстовден: Еве што според народните верувања треба, а што не треба да правите на овој ден

Утре се празнува Крстовден (Воздвижение на Чесниот Крст).

На овој ден се празнуваат два настани поврзани со Чесниот Крст: прво, пронаоѓањето на Чесниот Крст на Голгота, и второ, враќањето на Чесниот Крст од Персија во Ерусалим. Обиколувајќи ја Светата Земја Св. царица Елена намисли да го побара Чесниот Крст на Христос. Некој старец Евреин, по име Јуда, единствен знаеше за местото каде што се наоѓаше Крстот, па принуден од царицата изјави дека Крстот е закопан под храмот на Венера, којшто на Голгота го подигна царот Адријан. Царицата нареди и го разурнаа оној идолски храм, па копајќи во длабочина најдоа три крста. Додека царицата беше во недоумение како да го распознае Христовиот Крст, покрај местото поминуваше поворка со мртовец. Тогаш патријархот Макариј рече да ги полагаат крстовите редум врз мртовецот. А кога го ставија врз него третиот крст, покојникот оживе. По тоа познаа дека е тоа вистинскиот Христов крст, чесен и животворен. Потоа го положија врз една болна жена и жената оздраве. Тогаш патријархот го крена крстот за да го види сиот народ, а народот со солзи пееше: „Господи помилуј!“ Царицата Елена направи ковчег од сребро и го положи во него Чесниот Крст. Подоцна, кога царот Хозрој го зазеде Ерусалим, многумина ги одведе во ропство, а Крстот Господов го однесе во Персија. Во Персија Крстот лежеше четиринаесет години. Во 628 година грчкиот цар Ираклиј го победи Хозрој и со слава го поврати Крстот во Ерусалим. Влегувајќи во градот царот Ираклиј го носеше Крстот на своите плеќи. Но одеднаш застана и не можеше да зачекори ни чекор. Патријархот Захариј виде ангел којшто му попречуваше на царот во раскошни облеки да оди под Крстот, по оној пат по којшто Господ одеше бос и понижен. Тоа видение патријархот му го објави на царот. Тогаш царот се слече, па босоног и во бедна облека го зеде Крстот, го изнесе на Голгота и го положи во храмот на Воскресението, на радост и за утеха на целиот христијански свет.

Тропар- Спаси ги, Господи, луѓето Твои, и благослови го наследството Твое, победи на благоверниот народ наш над непријателите давајќи му, и со Крстот Твој заштити го Твоето жителство.

Кондак- Ти, Кој доброволно на Крстот се искачи, на Твојот нов народ што го носи Твоето име, дарувај му ги Твоите добрини; дај му сила на Твојот народ набожен, давајќи му победа над непријателите, имајќи го за помош Твоето оружје на мирот, непобедливата победа.

Во народните верувања, на денот кој се нарекува Крстовден, се смета дека сите молитви ќе се остварат.

Според народните верувања од Крстовден почнува есента. Се вели дека денот и ноќта се крстосуваат, а температурата почнува да се намалува.

Од Крстовден почнува гроздоберот, а првото откинато грозје мора да се однесе во црквата, за да се освети. Почнува и сеидбата на зимските житни култури.

На Крстовден највозрасните жени во домот е потребно да испечат специјален обреден леб, украсен со голем крст на средината. Лебот се раздава, кога целото семејство е на масата и се вели Крстец крст да боли мене, крст да не боли. Се смета дека со овие зборови луѓето се штитат од болки во грбот за време на работа.

На Крстовден се почитува и строг пост – не треба да се јаде ништо црвено како пиперки, домати, ’родокви, црвени јаболка и друго. На трпезата освен обреден леб задолжително треба да присуствува печена тиква и грозје. Во народните верувања се вели дека сите молитви ќе бидат слушнати на овој ден.

Се проценува дека во ноќта спроти Крстовден, Господ слегува на земјата и ја исполнува секоја посакана желба.

Младите шампиони на Победа ја започнаа својата шампионска епопеја: Утрово тргнаа на пат до Северна Ирска (Фото)

Mладинскиот тим на Победа минатата сезона ја израдува фудбалската јавност во Прилеп, откако ја освои титулата во домашното првенство, а трофејот на младите фудбалери им донесе шанса да настапат во младинската Лига на шампиони.

Во воведниот натпревар Победа ќе се соочи со младинскиот шампион од Северна Ирска, екипата на Колерајн, а првиот натпревар од двомечот се игра на гостински терен.

Mладите црвено-бели утрово ја започнаа својата епопеја до островската земја. Победашите ќе треба да сменат дури 7 авионски летови и 4 автобуси за да пристигнат во Северна Ирска. Звучи неверојатно, но вистината е таа.

Патувањето ќе трае цели 24 часа, а натпреварот со Колерајн се игра во среда.

Да им посакаме среќа и да очекуваме позитивен резултат!

Нафтата падна на рекордно ниво на берзите, кај нас од полноќ пocкапyва – бензините поевтинуваат

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за денар, а за половина денар ЕУРОСУПЕР БС-95, додека ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) поскапуваат за денар од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 84 денари, а 86 денари на ЕУРОСУПЕР БС – 98. Литар дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 91 денар, а по 87,5 денари Екстра лесното 1 (ЕЛ-1)

Се намалува и цената на Мазутот М-1 НС за 0,623 денари за килограм и ќе изнесува 49,768 денари.

Со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,14 проценти во однос на одлуката од 21. месецов.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,158 проценти, кај дизелот зголемување за 0,928 проценти, кај екстра лесното масло зголемување за 0,834 проценти, а кај мазутот намалувањето е за 2,998 проценти.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,762 проценти.

За неколку минути изгopeло се’: Познатиот македонски водител остана без својата кафана (Фото)

Во неделата рано утрото до темел изгоре ресторанот Камин Кама пред мостот во населбата Даме Груев, попозната како Геге, објавија на Фејсбук страната на Ѓорче Петров.

„Доцна вечерта избувнал пожар во ресторанот Камин Кама во населбата Ѓорче Петров, уште попознат како центарот за забава на македонската фолк естрада, пишуваат тие.

И покрај брзата интервенција на пожарникарите, сепак огнените јазици се ширеле со многу голема брзина и го зафатиле целиот објект.

Засега не се шпекулира за причината на пожарот ниту за висината на финансиската штета се додека не се направи проценка на истата.

Според првичните проценки штетата е огромна, што е евидентно и на самото место каде објект речиси и нема.

Сопственикот на ресторанот, познатиот естраден уметник, Трајче Толевски, познат како Трајче Мајка во шок и неверување од немилиот настан, изјави дека најважно од се е што немало жртви, ниту пак повредени.

Тој вели дека пожарот се ширел со неверојатна брзина, а му било јавено од страна на соседите кои пак пријавиле во пожарната служба за што е особено благодарен.

Сепак, немилиот настан не успеа да го уништи позитивниот дух на Трајче и нашиот разговор го заврши си пораката: лошото да остане овде, Камин Кама ќе ја обновиме, а најважно е сите ние да сме живи и здрави.”

Еве зошто вашите деца немаат учебници како во секоја нормална држава (Видео)

Во Министерството за образование и наука се е сведено на импровизации што скапо се плаќаат. Јавноста добро е запознаена дека наместо нови учебници, се изготвија привремени материјали за учење и верувале или не истите тие привремени материјали чинат 32.581.158 денари или 530.000€. Овие експерименти во МОН се со следниов тек, ова денеска преку прес-конференција го истакна Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

-Половина милион евра се плаќаат таканаречени скрипти, кои ќе служат еднократно. Се покрива неспособноста на власта навреме да се обезбедат учебници, и се создава простор за профит на поединци. Да тргнеме со ред, како почнува сагата од половина милион евра.

1. Министерството за образование и наука објавува конкурс преку педагошка служба. Согласно концепцијата за дигитализација, за прво и четврто одделение беа предвидени дигитални учебници кои не успеаја да ги дигитализираат, па ги повлекоа. Согласно податоците со кои располагаме ги повикале истите автори годинава, кои се јавиле на конкурс и истите тие книги, што требаше да бидат дигитални, ги поделиле во делови и така ги направиле привремените материјали за учење за прво и четврто одделение.

2. За второ и петто одделение ги повикале истите автори, тука додале неколку нови и тие по наставните програми подготвувале учебници. Од овие учебници кои пак најверојатно уште се преведуваат и не се финални, сепак од нив биле искористени делови за да се подготват привремените материјали за да имаат барем нешто спремно за први септември, вели Митева.

Таа додава дека ова буквално значи дека децата ќе учат од материјали, кои власта успеала да ги скрпи пред самиот почеток на учебната година, затоа што со години ништо не превземаат. И наместо нови учебници имаме компилација на привремени материјали од минатогодишните учебници и дел од новите која Министерството за образование и наука ја платило 530.000€.

-Додека наставниците, учениците и родителите се обидуваат да се справат со тоталниот колапс, експериментите што се целосна алтернатива на учебникот чинат илјадници евра. Тука се поставуваат три сосема логични прашања за кои Министерството за образование и наука е должно да одговори. Прво, кој ги одобрил овие материјали да бидат составен дел од образовниот процес на ученикот и второ, кој и зошто ја определил оваа енормно висока цена за привремени материјали за учење од кои дел се збир од учебен материјал од минатата година? И трето и најважно, кој профитира од дупло печатење кога можеле да се испечатат учебници наместо привремени материјали? Дали два пати се плаќа за иста работа и дали за ова некој зема голема провизија? Ова е уште еден огромен скандал во образовниот систем каде криминалната власт на СДСМ заработува, додека се случува тотален распад на системот и на институциите. Јавноста очекува одговори – кој профитираше 530.000€ за привремени материјали за учење?, прашува Митева.

Денеска нова одлука за цените на гopивата

Регулаторната комисија за енергетика утре ќе одлучува за новите цени на нафтените деривати.

Според последната одлука која ја донесе РКЕ, цената на дизелот се намали за 2 денари, а на екстра лесното масло за домаќинство за 2,50 денари.

Цените на бензините и мазутот останаа непроменети.

Ова се актуелните цени на горивата:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 87,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 90,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 86,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 50,391 (денари/килограм)

Италија ја доби најдесната влада пocле Втора светска вojна, а ќе ја предводи првата жена премиер

Лидерката на крајната десница Џорџа Мелони е победник на изборите во Италија, покажуваат изборните анкети, така што е на пат да стане првата жена премиер во земјата, јавува „Би-Би-Си“.

Доколку бидат потврдени изборните резултати, Мелони ќе ја формира најдесничарската влада во Италија од Втората светска војна.

Излезната анкета на „РАИ“ предвидува дека таа ќе освои меѓу 22 и 26 отсто од гласовите, пред нејзиниот најблизок ривал Енрико Лета од левиот центар. Неколку останати изборни анкети и даваат предност на десничарската коалиција од 41 до 45 проценти од гласовите.

Партиите од коалицијата на левиот центар ќе заостанат далеку зад десницата, со некаде меѓу 25,5 до 29,5 проценти.

Излезноста на вчерашните избори беше мала, некаде до 64,7 отсто до затворањето на избирачките места, соопшти италијанското Министерство за внатрешни работи. Особено мал интерес за изборите е забележан во јужните региони, вклучително и Сицилија.

Sky Riders организираа уште еден успешен Toptash Downhil во Прилеп: Трката во иднина ќе биде Државно бодувано првенство (Фото галерија)

Клубот за екстремни спортови “Sky Riders” Прилеп, викендoв по 7-ми пат ја организираше трката “Toptash Downhill Cup”.

Трката се одвиваше два дена. Со саботата се одржа тренинг со обезбеден превоз, медицинска екипа и судии, а во неделата после официјалниот тренинг и квалификациски спуст, следуваше официјалната трка.

Годинава на трката учествуваа околу 60-тина натпреварувачи од Македонија и соседните држави (Србија, Бугарија, Црна Гора, Грција, Албанија и Косово), со што оваа трка станува поатрактивна за најдобрите возачи на балканот.

Најавите се дека “Toptash Downhill Cup” ќе биде државно првенство на Македонија и ќе биде бодувана за ранг листата на Велосипедската Федерација на Македонија.

(Фото) Cooбpaќajна незгода помеѓу автомобил и велосипед се слyчи вечерва кај бензиската пумпа “Црна Река” во Прилеп

Вечерва околу 19:30ч. кај бензиската пумпа “Црна Река” во Прилеп се слyчила cooбpaќajна нeзгода во која учествувал
автомобил марка “фиат пунто” и велоспиедист.

Засега не е познато со какви последици поминал возачот на велосипедoт.

Полицијата на лице место работи на откривање на точните причини за настанатата нeзгода.

Максим ја ситни СДСМ – Црно им се пишува и во Прилеп?

Граѓанското движење што ќе земе учество на следните парламентарни избори, ќе понуди нови реално остварливи политики со нов кадровски потенцијал на ниво на државата во сите градови и општини, вели во изјава за „Фокус“ кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.

-Ќе има место за сите што сакаат да дадат свој придонес во нивната реализација, но првенствено луѓе од теорија и пракса, без претходни опашки во политичкото и во општественото дејствување. Еден од нашите приоритети ќе биде бескомпромисна борба со корупцијата, повисок економски раст и алтернативи за енергетска независност на државата – вели Димитриевски.

Целиот текст овде.

Изминатата недела Димитриевски беше и во посета на Прилеп, каде се најави формирање на Здружение “За Наш Прилеп” по примерот на “За наше Куманово”. Според чаршиските муабети во градот под Марковите Кули, голем број членови на СДСМ активно пристапуваат во новата политичка структура, а наскоро ќе биде познат и тимот кој ќе го предводи новото Здружение во Прилеп.