Октетот Прилеп на 29 септември 2022 / четврток / од 19.30 часот, во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ ќе одржи годишен концерт на кој се претстави со дел од својот репертоар на убава староградска музика.
Гостин на концертот ќе биде е Сефедин Бајрамов, а влезот е слободен.
Октетот Прилеп работи во рамките на ЦК „Марко Цепенков“ и со години ја негува староградската песна. Досега има издадено неколку албуми.
На 26.09.2022 во Битола, полициcки cлyжбеници од Одделението за кpиминалиcтичка полициja при СВР Битола го лишиле од cлобода В.М.(26) од Битола.
Пpи пpeтpec во неговиот дом, извpшен со cyдcка нapeдба, биле пpoнajдени и одземени 14 пакyвања xepoин, повеќе различни видови таблетки, дигитална вага и други предмети со остатоци од непозната материја и пapи во различни апоени.
Тој бил пpиведен во полициcка станица и по целосно докyментирање и pacчиcтyвање на случајот пpoтив него ќе биде поднесена соодветна пpиjaва – информираат од СВР Битола.
Боксерскиот клуб “АC” од Прилеп се зацврсти на водечкото место во Младинската бокс лига, откако во третото коло прилепчани забележаа 3 од 3 победи.
Третото коло од младинска и прва лига во бокс на Македонија што се одржа на 25.09.2022 во Арена “Борис Трајковски” во Скопје.
-БК “АС” ПРИЛЕП учествуваше на третото коло од младинска и прва лига во бокс на Македонија со осум пријавени боксери, од кои борби имаа само три боксери. Од три борби освоивме три победи. Го зацврстивме првото место во младинската лига во бокс на Македонија.
Следи државното првенство во бокс на Македонија на 08 и 09 октомври во Скопје. Пријавивме 10 боксери и очекуваме добри резултати .
Втората половина на октомври ќе го организираме четвртото коло во бокс во Прилеп.
Оваа година напорно работиме да го освоиме првото место на младинската бокс лига и да освоиме златни медали на државното првенство. Нашиот тим е задоволен од работата на нашите боксери со макотрпните тренинзи и се надеваме оваа година Прилеп да биде прогласен за боксерски град – истакна тренерот на БК “АС” Прилеп, Дарко Чатлески.
Боксерите кои издвоија победи се: Марко Петрески победи со 3:0, Демир Демиров победи со 3:0 и Емануел Абдуловски победи со ТКО 2 рунда
Боксерите кои беа без борба и испаднаа со ждрепка: Теодор Тошески, Максим Стојановски, Стефан Иваноски, Николче Соколоски и Матеј Чатлески
Тренери и секунданти во ќошот беа: Дарко Чатлески и Игор Поцев.
На 26.09.2022 во 19.00 часот во Полициската станица Битола било пријавено дека на патот Битола-Прилеп се cлyчила cooбpaќajна нecpeќа во која учествувале запрежно возило yпpaвyвано од 15 – годишник од Битола, патничко возило „опел астра“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.Ј.(50) од Битола и товарно возило „цитроен“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.Р.(60) од с.Беровци, прилепско.
Во нecpeќата малолетникот кој го управувал запрежното возило и неговиот малолетен сопатник се здобиле со тешки телecни повpeди, додека другиот малолетен сопатник се здобил со телecни повpeди, констатирани во Клиничката болница Битола.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.
На 26.09.2022 во 20.55 часот на регионалниот пат Македонски Брод-Прилеп, на излезот од с.Ропотово, полициски службеници од СВР Битола-Полициско одделение Ропотово го лишиле од слобода Н.Н.(38) од Прилеп.
Тој бил затекнат како управува трактор, кој во 09.40 часот во с.Мусинци, општина Могила, го одзел од Љ.М.(51) од с.Мусинци. Тракторот му бил одземен и вратен на сопственикот, а тој бил задржан во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Физиотерапевтот Жикица Петрески потсети на еден многу значаен датум во историјата на Прилеп, а тоа е повторното поставување на крстот на врвот од Саат кулата.
Како датум за враќање на светиот крст бил избран денешниот празник Крстовден, а настанот се случил пред 30 години благодарение на донацијата на Петрески и повеќе фирми и граѓани до тогашното Собрание на општина Прилеп.
Вработените во “Прилепско поле”, вчера излегоа на пpoтecт и си ги побараа своите 3 неисплатени плати. Според нив, незаинтересираноста на раководството во АД Водостопанство ја прелеало чашата на незадоволство, но и покрај тешката состојба во која се наоѓаат тие сепак успешно ја завршиле сезоната за наводнување и не ги оставиле земјоделците во тешка состојба.
-Денес излеговме на едночасовен протест за да го искажеме нашето незадоволство од незаинтересираноста на одборот на директори на АД „Водостопанство“ за обезбедување плати за вработените. Не се исплатени три плати, а еве и четвртата веќе е одработена. Од Владата имаме добиено решение за обезбедување средства за исплата, но сѐ уште не е реализирано. Во ова кризно време вработените се без пари и без лекарско осигурување. Исто така, го истакнуваме и незадоволството од работата на Сојузот на синдикати како матичен синдикат, бидејќи до денес немаат преземено никаква активност со цел да се изврши притисок на надредените. Во знак на незадоволство сите вработените потпишавме истапница, рече Toни Елмазоски, вработен на одржување во „Прилепско поле“
Горанчо Каранфилоски, вработен во „Прилепско поле“ во името на колегите ја истакнува крајно незавидната ситуација во која се сите, особено во ова тешко, кризно време.
-Немаме пари, банките не притискаат за кредитите, децата тргнаа на училиште, немаме да преживееме. крајно тешко е во ова кризно време. не знам колку полошо од ова може да биде, вели Каранфилоски.
„Прилепско поле“ е една од 14-те подружници на „Водостопанство“. Според раководството на подружницата, им е речено дека Владата го прифатила барањето за подобрување на ликвидноста на претпријатието, поминал и финансискиот план, ама услов било „Водостопанство“ да обезбеди една плата.
Министерството за надворешни работи упатува јавна реакција и осуда за вчерашниот израз на говорот на омраза што можеше да забележи во текот на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Северна Македонија и Бугарија.
-Спортските настани претставуваат највисокиот израз на принципите на фер однос, меѓусебна почит и натпревар во спортски дух. Злоупотребата на овие настани за ширење на омраза и нетрпеливост претставуваат суштинска спротивност на нивната основна замисла, се вели во соопштението на Министерството.
Посочуваат дека Северна Македонија и Бугарија и во иднина ќе продолжат активно да работат на унапредување на меѓусебните односи, како земји сојузнички во НАТО, идни партнери во Европската Унија, и пред сѐ, добри соседи.
Лошиот почеток на фудбалската репрезентација на Македонија на вечерашниот меч со Бугарија се чини беше пресуден за поразот од 0:1 од Бугарија во Скопје.
Уште во 15-тата минута младиот македонски одбранбен фудбалер од Прилеп, Тодор Тодороски, направи опасен старт по што доби директен црвен картон.
Тодороски тргна во високо крената копачка кон коленото на противничкиот играч, по што имаше и контакт. Судијата без многу размислување му го покажа патот кон соблекувалната.
Македонија ослабена не успеа да ја затресе противничката мрежа, а Бугарите при една контра во второто полувреме стигна и до погодок.
Нашата репрезентација Лигата на нации ја завршува на третото место на табелата, а Бугарите завршија пред нас на второто место.
Прилепчани му замеруваат на селектрот Милевски за тоа што не го повика Илија Несторовски во редовите на репрезентацијата, кој со неговиот Удинезе моментално е на врвот од Сериа А.
Македонската репрезентација вечерва на арената “Тодор Проески” ја дочекува Бугарија, во рамките од последното коло од Лигата на нации.
Арената е обоена во црвено-жолта боја, а македонската фаланга грмеше за време на интонирањето на државната химна.
Натпреварот за цела македонија е повеќе од фудбалски меч, особено во овие моменти кога Македонија и нејзината историја се негирани од страна на бугарската држава.