дома блог страница 1412

Претседателот Пендаровски седна во училишните клупи со учениците во Прилеп (ФОТО)

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја посети општина Прилеп во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“.

За време на престојот, Пендаровски го посети средното општинско училиште „Орде Чопела“, каде што беше запознаен со инклузивните образовни методи, со тековните проекти и иновативни решенија на тимовите од различни стручни области.

Учениците го презентираа системот за собирање дождовница за наводнување на училишниот мини овоштарник, проект со кој училиштето на натпревар во Струга, беше еден од добитниците на финансиски средства за социјални иновации во делот на климатските промени и заштитата на животната средина. Претседателот Пендаровски ги посети и ветеринарната амбуланта, училишната лабораторија каде што беше извршена контрола на квалитетот на дождовницата и пекарата во која младите пекари користат и продукти произведени во училиштето, манифестирајќи го мултидисциплинарниот пристап во реализацијата на проектите.

Претседателот Пендаровски упати честитки до наставниот и стручен кадар во училиштето што го препознава потенцијалот на учениците, континуирано поттикнувајќи ја нивната креативност. Во таа насока изрази задоволство и од посветеноста и високата мотивираност на учениците за стекнување нови знаења во стручните области.

Во рамки на проектот лице в лице, претседателот беше во посета на библиотеката и научната лабораторија во рамки на Јавната научна установа Институт за старословенска култура – Прилеп, каде што му беа презентирани дел од тековните научноистражувачки проекти и изданијата од богатиот книжевен фонд, меѓу кои и ретката збирка на старопечатени книги кои датираат и од 15 век.

Претседателот беше информиран и за предизвиците со коишто се соочува Институтот во неговото функционирање. Во таа насока беше нагласена потребата од унапредување на научноистражувачката работа преку набавување на техничка опрема, како и неопходноста од остварување на соработка со поголем број научни, стручни и високообразовни институции во странство. Претседателот Пендаровски изрази задоволство од високиот професионализам во научноистражувачката дејност на Институтот, нагласувајќи ја неговата поддршка на научните проекти и активности кои имаат важен придонес во севкупните општествено-политички и образовни процеси.

Во Прилеп претседателот Пендаровски го разгледа и Музејот за тутун во рамки на Националната установа завод за заштита на спомениците на културата и музеј Прилеп. За време на посетата му беше презентирана импресивната колекција експонати, посветена на сите аспекти од историјатот на тутунската индустрија, која го вбројува нашиот музеј меѓу најзначајните во светот.

Нагласувајќи ја важноста на музејот во афирмацијата на нашата богата култура и традиција, претседателот Пендаровски изрази задоволство од ентузијазмот на сите ангажирани во собирањето и зачувувањето на овие раритети со непроценлива вредност во светски рамки.

Мицкоски: “Имаме план за справување со кризата – двојно поевтина струја, за спречување на инфлацијата”

Денеска со тимот, претставници на највисокото раководство на партијата вклучително и голем дел од градоначалници имавме состанок со раководството на Сојузот на стопански комори на Македонија. Разговаравме за актуелната состојба во државата, предизвиците со кои што се соочува бизнисот и дојдовме до заклучок дека состојбата е алармантна, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

-Наш заклучок како политичка партија е дека во овој момент работите се некако ставени на стихија. Понижувањата и коленичењето и молењето по околните држави па и тие во поширокиот регион стануваат безмислени и навредувачки за македонските граѓани бидејќи судбината не ја контролираме самите туку е во рацете на други околни држави, па и оние подалеку во регионот. И во име на тоа донесовме заклучок на овие средби со бизнис заедницата дека полека но сигурно оваа безидејност во енергетиката и енергетската криза која што веќе е сеприсутна кај граѓаните и бизнисот полека но сигурно се трансформира во финансиска криза, а доказ за тоа е цунамито финасиско кое што владата вчера ни го приреди со оној заем кој што во наше име го зема друга банка на друга држава, со катастрофални услови.

Во име на тоа изминатиов период разговаравме, планиравме, креиравме решенија, се консултиравме и со останатите стопански комори, можам тука да кажам дека ја консултиравме и нашиот план го претставивме пред раководството на Стопанската комора на Македонија, не само пред денешната Сојуз на стопански комори, предлогот кој што предвидува ставање во функција на сите производни домашни капацитети, а притоа ги ставаме на располагање сите контакти кои што ги имаме надвор од земјата во Европа и пошироко да обезбедат ресурс, доволен да производните капацитети обезбедат електрична енергија која што ќе биде за бизнис заедницата, ќе повторам за стопанството која што ќе биде двојно поевтино, најмалку двојно поевтина потенцирам поевтина од таа која што денеска стопанството ја плаќа споредена со референтната берза HUPX која што милува власта да ја каже, ќе повторам двојно, најмалку двојно поевтино, а воедно да обезбедиме ресурс со кој што корисниците на централното затоплување во градот Скопје нема да добијат покачени сметки за топлината која што ќе користат и со кои што ќе ги затоплуваат своите домови.

Сите контакти кои што ги имаме на располагање, кои што се последица на нашиот животен пат, успеваме да ги исконтактираме изминатиот период и ги ставаме на располагање на бизнисот, а се со цел да помогнеме да најмалку 650.000 наши сограѓани кои што работат во приватниот сектор ги задржат своите работни места имајќи в предвид дека големи производствени капацитети своето производство го ставија во мирување и голем број наши сограѓани ги изгубија своите работни места. Меѓу поголемите тука би ги вбројал Фени комбинатот во Кавадарци, Бучим комбинатот во Радовиш, но и останати комбинати кои што значително учествуваат во зголемувањето на бруто домашниот производ на Македонија, рече Мицкоски и додаде:

„Ќе повторам ги ставаме на располагање на бизнис заедницата, а индиректно и на Владата во овие тешки времиња кога гледаме дека државата полека но сигурно влегува во амбис, на располагање сите наши контакти, да обезбедиме ресурси со кои што ќе произведеме електрична енергија, која што ќе биде најмалку двојно поевтина од таа која што е на референтната берза – HUPX. И истата да ја користи стопанството, а се со цел да спасиме стотици илјади работни места од губење, во периодот кој што следи. А, граѓаните кои што се корисници но и институциите кои што се корисници на централното затоплување во Градот Скопје да не добијат повисоки сметки за парно.

И вториот предлог кој што исто така јавно сакаме да го соопштиме е предлог закон со кој што ќе бараме измена на Законот за енергетика, кој што ќе биде доставен до крајот на оваа недела или на почетокот на следната недела во собраниска процедура. Со кој што ќе побараме сите претпријатија кои што вршат јавна дејност во делот на комуналните услуги, водостопанството но исто така и објектите во образованието, објектите во јавното здравство да бидат вратени онаму каде што им е местото, на регулиран пазар. Зошто ова го велам? Затоа што доколку продолжат вака да функционираат овие три групи на субјекти тоа ќе значи дека сите оние претпријатија кои вршат јавна дејност, без разлика дали е комунална или водостопанска коишто ќе ги декларираат своите трошоци пред Регулаторната комисија за регулирање на цени за енергија и вода, по сила на правилникот ќе ги зголемат своите цени за најмалку два до три пати, а тој шок ќе го почувствуваат индустријата и граѓаните. Ќе предизвикаат дополнително губење на работни места и дополнително намалување на куповната моќ и стандардот на граѓаните.

Зошто велиме за училиштата, затоа што ние не сме децата да =учат онлајн туку да бидат онаму каде што им е местото, во училишните клупи. На тој начин ќе го олесниме животот и на родителите, кои што денеска мака мачат доколку децата повторно учат онлајн наместо во училишни клупи да најдат кој да биде со нив додека го поминуваат времето во домовите.

И конечно третото, јавните здравствени установи кои тонат во долгови да им го олесниме начинот на функционирање, наместо профитите да завршуваат во компании кои препродаваат електрична енергија, да можат да се ослободат од тој притисок и тие средства да ги искористат за подобрување на здравствените услуги на пациентите и нега на пациентите.

Тоа се двете пораки кои денеска јас ги имам до владата. ВМРО-ДПМНЕ од позиција на опозиција во овие тешки времиња кога државата оди директно во амбис, а имајќи го предвид фактот дека имаме една стихијна и хаотична состојба, нуди решенија како да се ублажат ефектите на оваа енергетска криза, а веќе и финансиска криза“.

Чудотворниот камен во овој манacтир денес лекyва и иcполнyва желби – eве што според верувањата треба да направите

Застани на каменот во манастирот Свети Никита, сврти се трипати, поклони се и замисли желба, моштите на светецот ќе ти ја исполнат.

Во потрага по начин да се реши она што ги мачи многу Македонци, па и странци, патот ги носи во малиот, стар манастир, посветен на великомаченикот Свети Никита, сместен на падините на планината Скопска Црна Гора, на надморска височина од 565 метри, помеѓу селата Горњане, Бањани и Чучер. Таму, меѓу старите ѕидови на црквата, почиваат моштите на великомаченикот, за кои се верува дека имаа огромна ноќ.

Според раскажувањата на човекот задолжен за одржување на манастирот, овој е еден од најстарите манастири на македонска територија. Се верува дека црквата датира од 11 век, но подоцна, како и повеќето цркви и манастири бил разурнат

Царот Милутин го возобновува овој манастирот Свети Никита во 1284 година

Царот дошол во Скопје, поточно во овие села, народот многу му раскажувал за Свети Никита и неговите моќи да им помага на сите кои ќе му се обратат, па решил да за го обнови манастирот коj бил уништен.

На сон, Бог му се јавил на цар Милутин и му кажал каде се моштите од Свети Никита и му рекол да ги закопа во црквата, оти тие се уште се моќни и помагаат. Царот го сторил тоа, и ден денес, оној кој ќе застане на светиот камен, под кој почиваат моштите од великомаченикот, ќе му се отстрани болката, ќе му се најде решение за маката.

Митот за Свети Никита

Народот многу раскажува за Свети Никита, бил голем човек, богат кнез, кој откако на сон му се јавил Господ, тој остава се, го раздава имот и почнува да го шири христијанството.

Оваа приказна ја раскажува клисарот во манастирот во Горњани.

Никита е роден како Гот во четврти век, бил кнез и војсководец, почитуван меѓу народот. Една ноќ на сон му се јавил Господ и му рекол ако ја прими христијанската вера и почне да ги проповеда зборовите од библијата, ќе му даде моќи какви што никој досега немал. Господ му рекол дека тој е избран иако тогаш не бил христијанин. Никита ќе ги послуша неговите зборови, ќе ја остави војската, а се што поседува им раздава на сиромашните, и пари и имот и богатство. Тогаш Господ му дарува две моќи, моќ да ги реши проблемите на народот и моќ да ја излечи болката.

Така, тој почнува да шета меѓу народот и да им помага. Но, на владетелот не му се допаднало делото на Никита, кој ширел нова вера и му помагал на секој човек. Тој наредил да се фати Никита и да се мачи се додека не се откаже од новата вера. Но, Никита не се откажувал од христијанството, а владетелот се повеќе го мачел и на крај го фрлил во оган. Но, неговото тело било неповредено.

Неговите другари го однеле телото во Киликија, во Мала Азија, каде по четири месеци, Никита повторно се вратил меѓу живите и продолжил со својата мисија, да го исцелува и да му помага на секој кој ќе дојде кај него.

Од Мала Азија, некако стигнал и до падините на Скопска Црна Гора во Македонија. И тука тој се прославил со своите моќи. Умира, но не се знаело каде се неговите мошти. Постоела само малата црква, но и таа била на работ на распаѓање.

Кога цар Милутин дошол на македонско тло и решил да обнови црквата, на сон Господ му рекол дека поради негово добро дело, верско дело, ќе го награди. Тогаш му кажал каде се моштите на Никита, му рекол да ги закопа под црквата и дека тие ќе им помагаат на верниците, исто како да е жив.

Цар Милутин го послушал и изградил манастир во чест на Свети Никита Великомаченикот.

Каменот кој помага, ритуал на поврзување

Моќта не е во каменот, моќта е во коските, а тој е само начин да се поврзе верникот со светецот и со Бога. Стоејќи на каменот, верникот полесно се поврзува во Бог и неговата мака, болка или желба полесно ќе биде чуена и решена, исцелена, исполнета, со помош на светите мошти, но и силната верба.

За да еден човек си ја каже маката, се прави еден мал ритуал. Прво човекот влегува во црквата и си пали свеќа. Тогаш клисарот го трга тепихот под кој стои каменот. Човекот застанува со лицето накај олтарот. Се прекрстува, прави круг и се поклонува свртен кон олтарот. И така три пати. Кога ќе заврши последниот круг ја кажува молитвата „оче наш“. На крај си ја кажува маката или желбата.

Исполнети желби

Клисарот раскажува дека ова е единственото место во светот каде може со специфичен ритуал да се поврзат верникот и Господ, каде со помош на моќта на моштите од великомаченикот, му се помага на секој кој има мака.

И наши, и странци, мајки, татковци, деца, илјадници луѓе застане на овој камен и се поклониле, сите со иста цел, моштите да им помогнат. Неодамна дошле четириесет монахињи од Сибир, кои биле восхитени од манастирот.

Една жена, дошла оти не можела да има деца. Стапнала на каменот, ја кажала молитвата и заминала. По една година и четири месеци пак се појавила со машко дете во рацете, закажала крштавка и синот го крстила Никита, по светецот кој и помогна да зачне и да роди.

Еден ерген од соседно село кој не можел невеста дома да донесе, откако се поклонил и ја кажал својата мака, по неколку месеци закажал и свадба, во истата црква.

Најчести посетители на манастирот се мајките со мали деца, кои не можат за зборуваат, да одат, немирно спијат и мократ. Но, откако ќе го направат ритуалот, се враќаат задоволни, се поклонуваат пред иконата оти маките им се решени, децата мирни.

Клисарот насмеано раскажува и за две девојки, кои дошле да побараат помош за да го завршат факултетот. По некое време се вратиле и му кажале дека по толку маки, конечно дипломирале, но побарале повторно да застанат на светиот камен.

Тој им рекол зарем ме лажете, зарем не завршивте, зошто пак сакате да се помолите. Тие му рекле факултетот го завршивме, сега ќе побараме да се омажиме за добри момчиња. Вели дека и пратеници доаѓале, да се помолат пред избори, но тој им велел каменот е за здравје, не е за политика.

Ова се малку од многу исполнети желби, а ако и вие имате некоја и верувате во моќта на големиот Никита чудотворец и великомаченик, тогаш тргнете накај падините на Скопска Црна Гора, каде меѓу старите селски камени куќи и недопрената природа стои манастирот Свети Никита, каде чудата се случуваат, болни оздравуваат.

Tpaгeдиja: Гpoм ycмpти 3 лица кои стоеле под дрво во близина на цpквата Св. Никола во Софија

Инцидентот се случил вечерва во центарот на Софија кога четири лица стоеле под големо дрво кое било погодено од гpoм. Кај тројца од нив е конcтатирана cмpт на местото на настанот, а четвртиот се здобил со тешки повpeди и е пpeнeceн во болница.

Гpoм ycмpти три лица во центарот на Софија. Во нecpeќата е повpeдено уште едно лице кое со тешки повpeди е пpeнeceно во болница. Според непотврдени информации загинатите се сириски државјани, а се на возраст од 20 до 30 години, јавува Бугарската национална телевизија (БНТ).

Инцидентот се cлyчил вечерва во близина на црквата „Свети Никола“ во центарот на Софија кога четворицата стоеле под големо дрво кое било погодено од гpoм.

Брзата помош била повикана во 18:14 часот и пристигнала девет минути подоцна. Кај тројца од жpтвите била конcтатиpaна cмpт на местото на настанот.

Четвриот бил однесен во болницата „Пирогов“, на Ургентниот оддел. Оттаму потврдиле дека лицето е сириски државјанин на 26-27-годишна возраст. Во нecpeќата тој се здобил со околу 20 проценти изгopeници на телото.

На местото на инцидентот, како што јави БНТ, се очекува да пристигне оперативна истражна екипа.

Инцидентот се случил откако невреме со грмотевици со пороен дожд и град го зафатил главниот град на Бугарија по 18:00 часот.

Фатен 27-годишен дилep на мapxyaна од Битола

На 27.09.2022 во Битола, полициcки cлyжбеници од кpиминалиcтичката полициja при СВР Битола го лишиле од cлобода М.Б.(27) од Битола.

При пpeтpec во неговиот дом, извршен со cyдcка нapeдба, била пронајдена и одземена мapиxyaна, дигитална вага и други предмети со остатоци од непозната материја и пapи во различни апоени.

Тој бил пpиведен во полициcка cтаница и по целосно документирање и pacчиcтyвање на cлyчajoт пpoтив него ќе биде поднeceна соодветна пpиjaва.

Новата премиерка на Италија: “Не сум родител 1, родител 2, јас сум Христијанка – ќе го браниме Бога, татковината и семејството”

„Јас не можам да се кажам Италијанка, христијанка, жена, мајка. Не! Морам да бидам граѓанин Х, род Y, родител 1, родител 2. Јас морам да бидам број.

Затоа што кога сум само број, кога повеќе немам ни идентитет ни корен, дури тогаш сум совршен роб на милоста на финансиските шпекуланти. Совршен потрошувач“.

Вака гласи говорот кој ги стаписа левичарите во Италија, а им даде надеж на десничарите. Тврдите ставови на новата премиерка Џорџа Малони, која влегла во политиката членувајќи во организација поврзана со фашизам одекнаа по социјалните мрежи.

Мелони ги брани семејните вредности и националниот идентитет наспроти конзумеризмот. Таа најавува дека дошла на функцијата бидејќи „огнови ќе се запалат за да сведочат дека два и два се четири“, цитирајќи го Гилберт Честертон.

– Денес бараме одговори на следниве прашања. Зoшто фамилијата е непријател? Зoшто семејството е толку застрашувачки поим? Има само еден одговор на овие прашања. Затоа што тoа нè дефинира. Затоа што тоа е нашиот идентитет – вели Мелони и додава:

– Затоа што сè што сме, сега е непријател за оние кои не сакаат да бидеме свои и просто сакаат да бидеме робови на конзумеризмот.

Затоа удираат по националниот идентитет, затоа го напаѓаат верскиот идентиет, па родовиот и во крајна линија семејниот идентитет – продолжува премиерката.

– Затоа се плашат од нас. Затоа ова предизвикува толку многу страв. Затоа што ние не сакаме да бидеме само бројки. Ние ќе ја браниме вредноста на човекот. Секој еден човек. Бидејќи секој од нас има единствен генетски код што е неповторлив.

Им се допаѓало тоа или не, тоа е светост. Ние таа светост ќе ја браниме. Ќе го браниме Бога, татковината и семејството. Нешта од кои некои се гадат.

Ќе ги браниме за да ја одбраниме нашата слобода, бидејќи никогаш нема да бидеме робови и прости конзументи во милост на финансиските шпекуланти – подвлекува Џорџа, а потоа зборува за нејзината мисија, за огнот и за мечот на кои „им е дојдено времето“:

– Тоа е нашата мисија. Затоа дојдов јас овде денес. Пред повеќе од век, (Гилберт) Честертон напиша: „Огнови ќе се запалат за да сведочат дека два и два се четири. Меч ќе се извади за да се докаже дека лисјата на лето се зелени – театрално завршува Мелони.

– Дојде време, Господа. Спремни сме. Ви благодарам.

Турска делегација од збратимената општина Буџа денеска во посета на Прилеп (Фото)

После одлуката на Советот на Општина Прилеп за потпишување на Повелба за збратимување, соработка и пријателство на Општина Прилеп од Република Македонија и градот Буџа од Република Турција, денес во посета на Прилеп беше делегација предводена од градоначалникот на оваа турска општина Г-дин Ерхан Килик.

-Споделувајќи ја заедничката желба за меѓурегионална економска соработка, меѓународен мир и добродит, со стремеж кон општо разбирање во своите земји и народи, заради подобрување на нивниот живот во заедницата, развивање на културните, пријателските и економските врски, соработката и обичаите денес бевме домаќини на претставниците од општина Буџа предводени од градоначалникот.

Исто така, вредно е да се напомене дека општина Прилеп е една од најактивните македонски општини кога е во прашање збратимувањето со многу европски и светски градови, а ова е доказ дека Прилеп ќе биде отворен за соработка со цел промоција на сето она што го поседува како културно наследство, а истовремено и зајакнување на стандардот на сите граѓани со значителен економски развој.

Како градоначалник сакам да искажам голема благодарност за интересот и желбата за соработка на општината Буџа, истовремено заложувајќи се за продлабочување на таа соработка со цел да ги зајакнеме нашите односи како збратимени општини што во иднина би било од заеднички интерес на нашите граѓани – напиша градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески на ФБ.

Милевски исчезна, Пенов воскресна

Поранешниот градоначалник на Скопје, Ристо Пенов, ја прифатил понудата да биде министер за локална самоуправа во владата на премиерот Димитар Ковачевски. Лично Пенов за „360 степени“ потврди дека по консултациите во изминатите денови решил да ѝ се врати активно на политиката и да го води ресорот што ѝ припаѓа на неговата матична Либерално-демократска партија (ЛДП).

Ако Пенов и официјално биде предложен за министер и Собранието го потврди неговиот избор, тој ќе го наследи се уште актуелниот лидер на ЛДП, Горан Милевски, кој даде оставка.

До крајот на неделата, како што претходно изјави потпретседателката на партијата, Моника Зајкова, се очекува да заседаваат партиските органи за и официјално да биде доставен предлог за министер до владините партнери.

Премиерот Ковачевски денеска рече дека се чека официјална номинација од ЛДП.

„Министерството за локална самоуправа, во распределбата на ресорите и одговорностите, е во одговорност на Либерално-демократската партија и штом ЛДП ќе предложи личност што ќе го замени постојниот министер кој поднесе оставка, тогаш тоа ќе биде доставено до парламентот“, изјави Ковачевски.

СДСМ Арачиново ги повика кандидатите кои аплициpaле за вojници да се јават кај претседателот на огранокот на пapтиjaта

Владејачката партија продолжуваат да ја тресат скандали. Имено, на официјалната фејсбук страница на СДСМ Арачиново, кандидатите кои што аплицирале за работа во АРМ се повикуваат да се појават кај претседателот на огранокот на истата партија или кај раководството на истата.

-Почитувани сонародници, ве повикуваме сите кои што аплициравте на огласот на Министерството за одбрана за прием на војници во Армијата на Република Северна Македонија, кандидатите да се појават кај претседателот на огранокот во Арачиново или кај членовите на раководството на огранокот СДСМ-Арачиново, се вели во повикот на партијата објавен на Фејсбук.

По 1 час објавата на Фејсбук профилот беше избришана.

Битолчанец yпрaвyвал возило мpтов пиjaн – Дувнал 3.28 промили во дрегер

Министерството за внатрешни работи информира дека Секторот за внатрешни работи Битола, во текот на вчерашниот ден, во засилена акциска контрола, изрекол вкупно 57 мерки.

-Од 57 санкционирани возачи, 10 биле за возење без возачка дозвола, 11 мерки за брзо возење, четири санкции за нерегистрирани возила, осум мерки за користење на мобилен телефон. Изречени се четири санкции за возење под дејство на алкохол, соопштуваат од полицијата.

Засилените акциски контроли продолжуваат.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, апелираат од МВР.