дома блог страница 1411

АНКЕТА: Победа на ВМРО-ДПМНЕ на следните избори, Мицкоски со највисок рејтинг меѓу политичарите

Победа на ВМРО-ДПМНЕ на следните избори покажуваат резултатите од најновата анкета на ИПСОС спроведена за потребите на опозициската партија.

Својот глас на следните избори за ВМРО-ДПМНЕ би го дале 19 проценти од анкетираните, додека 9 проценти би гласале за СДСМ.

Левица на анкетата има 5 проценти од гласовите. За ДУИ би гласале 6 отсто од анкетираните, додека два за Алијанса и по еден процент за Алтернатива, БЕСА и ДПА.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски има највисок рејтинг меѓу политичарите според резултатите од анкетата.

Прашани да ја оценат работата на политичарите со оценка од 1 до 10, најголем дел од анкетираните висока оценка дале за Мицкоски.

Неговата работа е оценета со 7, додека премиерот Димитар Ковачевски од граѓаните добил оцена 4. Со тројка е оценета работата на Димитар Апасиев и Али Ахмети.

Анкетата била спроведена од 2 до 21 септември на 1025 испитаници.

Бајден повторно ја оплecка: Се обраќаше и побара почината конгpeсменка – “Џеки каде си, каде е Џеки?” (Видео)

Претседателот на САД, Џо Бајден повторно привлече внимание при негово обраќање кога побара почината конгресменка на една прес-конференција.

Бајден ја бараше Џеки Валорски, конгресменка од Индијана која почина во сообраќајна несреќа во август.

Бајден им се заблагодари на организаторите, по што праша: Џеки, тука ли си? Каде е Џеки?

Овој политички гаф на американскиот претседател предизвика бурни реакции од политичарите во САД, кои се изненадени од неговиот потег.

Пет погодоци и два пресврти: Победа загуби на првиот натпревар во младинската Лига на шампиони

Фото/Мaurice Bradley

Младите шампиони на Победа синоќа одиграа одличен натпревар на гостувањето кај Колерајн во Северна Ирска, но загубија со 3:2.

Натпреварот го отворија домашните фудбалери со погодок уште во 5-та минута, а победашите возвратија со два погодоци на Тодороски во 42-та и 45-та минута од натпреварот.

На полувреме се замина со водство на Победа, но во второто полувреме следуваше нов пресврт. Најпрво во 52-та минута прецизен беше Стинсон, а веќе во 59-та за нов пресврт погоди Вотон.

Сепак, ова е активен резултат и одлична можност за победашите на реваншот кој идната недела се игра во Скопје.

Доколку Победа го помине првото коло, во второто коло ќе игра со Славија Прага или Генк.

Важно соопштение до прилепчани: На 5-ти октомври забрането движење на овој регион

Во рамките на планските активности на Министерството за одбрана, во среда 5-ти октомври 2022 година, во периодот од 10:00 часот до 14:00 часот, на гарнизонското стрелиште „Леково“ – Прилеп, ќе се изведуваат боеви гаѓања од пешадиско вооружување.

Од тие причини, се известуваат граѓаните во наведениот датум и време и во наведениот реон, да не изведуваат дополнителни активности, за да не дојде до несакани последици.

Оти не ја крстивте “српска”, а не “северна”? “Србија ќе ни продаде гас по три-четири пати пониски цени од берзанските”, вели Бектеши

Ако се потпише договор со Србија, ќе набавиме гас по најмалку три до четири пати пониски цени од берзанските, рече вечерва министерот за економија Крешник Бектеши.

Во гостувањето на Топ Тема, Бектеши објасни дека земјава преговара со „Србија гас“, а не со „Газпром“. Договорот за снабдување со природен гас го има српската страна и како тоа технички ќе се спроведе е нивна работа. Работа на нашата држава е да овозможи законски и технички услови, соодветни прописи и регулативи.

Според министерот, сега не се зборува за количини и за обезбедување суровини, туку за цена, за тоа колку ќе ги чини граѓаните снабдувањето со природен гас.

-Преговорите се водат и се при крај, доставивме понуда, експертските тимови работат за да се изнајде решение – ние да и излеземе на Србија во пресрет за струјата, а тие нам за природниот гас. Ако има договор, во што сум убеден зашто е работено повеќе од еден месец и јас секојдневно комуницирам со нивното Министерство за енергетика, цените ќе бидат многу пониски од цената на берзата, три до четири пати минимум ќе бидат пониски од берзанските. Во замена за тоа, ние Србија по попристојни цени ќе ја снабдуваме со електрична енергија, истакна Бектеши.

Тој рече дека не треба да го чита договорот меѓу Србија и „Газпром“

-Преговараме со „Србија гас“, а не со „Газпром“. Не ни треба да го прочитам договорот меѓу Србија и „Газпром“, а и тоа е деловна тајна. Наша обврска како држава е да го обезбедиме и технички и капацитетно барањето на Србија за електрична енергија, а обврска на српската Влада е како да ја снабдува Северна Македонија со природен гас, подвлече министерот.

Бектеши рече и дека парно ќе има, нема да биде на мазут, туку на гас и ќе биде евтино. Земјава ќе ја одбере најприфатливата понуда од актуелните четири – пет.

Paма: Pycите кои не сакaaт да вojyвaaт се добpeдojдени во Албаниja

Премиерот Еди Рама изјави дека руските граѓани кои бегаат од мобилизација се добредојдени во Албанија. – Русите кои ја напуштаат земјата затоа што не сакаат да војуваат, се добредојдени во нашата земја, рече Рама.

Тој го повтори ставот на Албанија дека стои на страната на Украина и не го признава референдумот организиран од Русија во некои нејзини области. Тој деновиве и во обраќањето на Генералното собрание на ОН го кажа овој став додавајќи дека ” во некои делови на окупираната територија на Украина под закана со оружје се одржува референдум фарса”.

– Тешко е да се замисли дека некој овде може тивко да го прифати ова срамно непочитување на законите, правилата, нормите, практиките што ги регулираат односите меѓу државите во 21 век. Овие акции се против меѓународното право и многу повеќе.

Тие не само што не ја одразуваат слободната волја на народот на Украина, туку нудат мизерен спектакл на исклучување од сè што нè зближува под покривот на Обединетите нации, додаде Рама. Посочи дека неговата земја ги осудува овие ” фабрикувани дејствија во Москва” и оти неговата земја ” не признава ниту една од овие незаконитости”.

Во наредните 9 месеци сообраќајот на патот Велес-Градско ќе се одвива согласно одобрен времен режим

Поради изведување градежни работи од вчера е затворен за сообраќај регионалниот пат Велес – Градскo. Во наредните девет месеци ќе се одвива согласно одобрениот времен режим на сообраќај.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

НОЌ ЗА ИСТОРИЈА! Младинците на Победа вечерва го играат првиот натпревар од младинската Лига на шампиони

Вечерва од 20.30 часот по македонско време, младинците на Победа го играат историскиот премиерен натпревар во Младинската лига на шампиони. Како прваци на Македонија за противник го имаат првакот на С.Ирска Колерајн.

Младинците на ФК Победа вечерва го одржаа планираниот тренинг под рефлектори на теренот со вештачка трева на стадионот на Koлерајн

Во ведра и оптимистичка атмосфра фудбалерите ги одаботија последните задачи од страна на Стручниот штаб и подготвени го дочекуваат вечерашниот историски премиерен меч во Младинската лига на шампиони.

Во прилог на младите прилепчани е и фактот што во новата сезона на младинската лига на Северна Ирска за играчи до 18 години, екипата на Колерајн има одиграно 3 натпревари, во кои претрпел 3 порази, и е на претпоследното место на табелата: 01.09.202 Dungannon Swifts U18 3 – 1 Coleraine U18, 15.09.2022 Linfield Rangers 3 – 0 Coleraine U18, 23.09.2022 Coleraine U18 1 – 2 Larne Youth

Момци срце на терен! Направете не’ горди!

Maкедонски плати, цени повисоки од европските: Погледнете колку пари чини литар млеко во Германија (Фото)

Како е можно во Македонија млекото кое го произведуваме и ние да биде значително поскапо од она кое се произведува во Германија. Тоа е прашањето кое не можете, а да не си го поставите кога ќе ги видите сликите кои доаѓаат од германските супермаркети каде млеко може да се најде за околу 66 денари по литар.

Во Македонија млекото ретко каде се продава под 75 денари, а има продавници кои го продаваат и поскапо.
Гледајќи ги овие слики не е тешко да се заклучи дека Европа и не е во толку голема криза, имајќи предвид дека имаат плати по 3 до 4 пати повисоки од нашите а основните прехрамбени производи им се дури и поевтини од оние во Македонија.

Слична цена млекото има и во Грција. Викендов литар млеко во грчки Лидл се продаваше за 1,09 евра. Соочени со ваквите цени граѓаните почнаа да наоѓаат алтернатива во набавки директно од производителите на храна кои ги нудат своите производи по цени кои се неколку пати пониски од оние кои ги има во продавниците.

Извор: press24.mk

РК Прилеп донесе уште еден Грузиец во своите редови

РК Прилеп донесе уште еден грузиски ракометар во своите редови.

Станува збор за Уча Гамзардија, инаку репрезентативец на Грузија, кој својот деби настап во дресот на Прилеп го имаше викендов на гостувањето во Струга.

Уча постигна 2 погодоци против стружани, а игра на позиција лево крило. Грузиецот има 32 години, а во редовите на Прилеп ќе игра со уште двајца свои сонародници, тренерот и играч Реваз Чантурија и Гавашелишвил Мириани.

Минатата година боите на Прилеп ги бранеше и Рустамов Казеин, кој сезонава настапува во редовите на РК Охрид.