дома блог страница 1405

Во униформа правеше склекови на улица во Скопје: Полициски слyжбеник го освои Интернетот (Видео)

Кога ќе те фати криза за вежбање, па среде работно време на улица во Скопје ќе си правиш склекови.

Млад полицаец од Скопје е за пофалба, очигледно го фатило криза за правење на склекови, па си вежбаше среде улица.

За среќа, некој успеал да го овековечи моментот со камера, па тоа видео деновиве стана вирално на социјалните мрежи. И додека на некои им делува само смешно и интересно, најголемиот дел од коментарите за младиот полицаец се: „Ова е за поздрав. Дај боже барем половина од полицајците да се како овој“.

Mицкоски пред средбата со Ковачевски: Наша цел е да помогнеме на граѓаните и на Македонија, не е време за политички поени (Видео)

Самиот факт што денеска само 500-тини семејства се разбудија со топли радијатори е доволен доказ дека работата не е сјајна, би рекол е катастрофална работата. Цениме дека како ВМРО-ДПМНЕ во овие тешки моменти треба да се помогне. Тоа го правиме веќе две недели разговаравме и со коморите, разговаравме и со бизнисот, нормално секојдневно комуницираме со граѓаните. Побаравме и официјално средба, истакна денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред официјалната средба со премиерот Димитар Ковачевски.

-Конечно не знам дали беше од суета или од други причини, вчера добивме потврден одговор од страна на Ковачевски дека ќе најде време да не прими да ги слушне нашите предлози, нашиот концепт кој не се однесува само за оваа есен и зима туку и за следната година. Така што цениме дека во овие тешки моменти потребно е да помогнеме на граѓаните и на Македонија и тоа е момент кога треба да покажеме државност, а не да собираме политички поени, порача Мицкоски.

На средбата, покрај Мицкоски, присуствува и економскиот тим на партијата кој, според претходните најави од ВМРО-ДПМНЕ, ќе го презентира нивниот план за надминување на последиците од кризата.

Заборавила 35.000 денари на банкомат, но налетал чесен човек кој и’ ги вратил

Пред неколку дена во една фејсбук група беше објавена молба од жена која заборавила 35.000 денари на банкомат.

Во статусот беше повикан човекот кој ги пронашол парите да ги врати парите, а подоцна се случило токму тоа.

„Парите се вратени од господинот што ги нашол, Господ здравје да му даде“, пишува во текстот меѓу другото.

Инвестмент монитор: Како Македонија ги надминува своите можности кога станува збор за привлекување странски директни инвестиции

Македонија има импресивни резултати според Индексот на перформанси на странски директни инвестиции (СДИ) за 2022 година на Инвестмент монитор, глобална мрежа од комерцијални веб страници, која има над 55 милиони корисници од светот на индустријата, раководни лица, лидери, креатори на мислења и инфлуенсери.

Индексот го споредува бруто домашниот производ во однос на странските директни инвестиции и податокот до кој се стигнало е спектакуларен за Македонија, која со оценка од 11,5 добила 11 пати повеќе со оглед на влезните гринфилд странски директни инвестиции (СДИ), во споредба со она што може да се очекува имајќи го предвид нејзиното ниво на БДП.

Во резултатите од индексот, Германија, се посочува, е водечка земја извор за СДИ во Северна Македонија во 2021 година, инвестирајќи во четири проекти. Три од четирите проекти за СДИ направени од компании со седиште во Германија беа во автомобилскиот сектор, додека четвртата беше инвестиција за обновливи извори на енергија.
Во однос на типовите на проекти, речиси 90 отсто од инвестициите на Македонија потекнуваат од нови проекти за СДИ, додека останатите 10 проценти се од инвестиции за проширување. Околу 79 отсто од СДИ во Македонија во 2021 година беа нови проекти, што покажува дека земјата е значително над глобалниот просек кога станува збор за привлекување гринфилд СДИ.

На прашањето како Македонија ја зголеми својата привлечност за странските инвеститори, авторот на текстот посочува дека земјата стана членка на НАТО од март 2020 година, што претставува атмосфера на стабилност што може да ја зголеми привлечноста на една земја до странските инвеститори. Полска, Унгарија и Чешка беа сведоци на значителни зголемувања на странските инвестиции по пристапувањето во НАТО, корисна последица на која Северна Македонија несомнено ќе се обиде да се угледа.

Внатрешните странски директни инвестиции во Македонија забележаа мал пад во 2020 година, при што бројот на проекти се намали од шест во 2019 година на четири, што во голема мера се припишува на пандемијата „Ковид-19“. Сепак, 28-те проекти кои земјата ги донесе во 2021 година покажале спектакуларно враќање во форма.

Со седум проекти, обновливите извори на енергија беа водечки сектор за влезни СДИ за Македонија во 2021 година. Ова претставува нагло зголемување од единствениот проект забележан во 2020 година (а ниту еден не беше забележан во 2019 година). Од седумте проекти за обновлива енергија регистрирани во 2021 година, пет беа во фотоволтаична сончева енергија, а другите два беа инвестиции на копнена енергија од ветер.

Секторот за автомобили и софтвер и ИТ-услуги се рангирани заедно на второто место, секој со шест инвестиции. Ова значи дека првите три сектори учествувале со 68 проценти од сите влезни странски директни за Македонија во 2021 година, додека преостанатиот удел на пазарот го сочинуваа седум други сектори, вклучувајќи пластика, логистика и електроника.

Владата, исто така, најави амбициозни иницијативи за помош на економскиот раст во обид да ги задржи и поттикне инвестициите во земјата. Во октомври 2021 година, Владата го усвои Планот за забрзување на растот за 2022-2026 година, кој, според Министерството за финансии, „ќе резултира со годишен раст на БДП од 5 отсто, 12 милијарди евра нови инвестиции во јавниот и приватниот сектор, 156.000 нови работни места , фискална консолидација и стабилен јавен долг.

Македонија можеби е мала земја, но има бројни предности да им понуди на меѓународните инвеститори и ако продолжи да ги промовира поволниот корпоративен данок од 10 проценти, ниските трошоци и за земјиштето и за работната сила, квалификувана работна сила и постојан раст на БДП, тогаш нема причина зошто ѕвездата на Македонија за СДИ не треба да продолжи да свети, заклучува авторот на анализата.

Aкциска на МВР на подрачјето од СВР Битола: 14 возила упатени на технички, еден возач бил пиjaн, а двајца биле претоварени

Денеска (04.10.2022) во периодот од 07.00 до 11.00 часот на територија на СВР Битола беше спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи при управување на товарни моторни возила.

Контролирани се 107 возила при што осум возила се исклучени од сообраќај, 14 товарни моторни возила се упатени во станица за технички преглед.

Изречена е една мерка за возење под дејство на алкохол, санкционирани се двајца возачи за претовар на возилото, а при контролата санкционирани се и 11 останати прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Бајден соопштил дека има намера да се кандидира за втор мандат

Американскиот претседател Џо Бајден објави дека има намера да се кандидира за втор претседателски мандат во 2024 година, јави Ен-Би-Си.

Според медиумот, за време на приватен разговор со aктивистот за граѓански права Ал Шарптон во септември, Бајден му рекол дека „се подготвува повторно да го стори тоа“, мислејќи на неговата кандидатура за претседател. Додека сојузниците на Бајден посочија дека тој ќе се кандидира за реизбор, претседателот допрва треба јавно да ја соопшти таа намера, јави Ен-Би-Си.

Неговите зборови до Шарптон дојдоа на крајот од состанокот во Белата куќа со лидерите на некои од највлијателните организации за човекови права.

Две лица од Росоман и три лица од Прилеп нападнале семејство од с. Мелница

На 03.10.2022 полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода С.П.(34), Т.П.(32), двајцата од Росоман, Г.С.(25), Н.Н.(34) и В.С.(36), тројцата од Прилеп, постапувајќи по пријава од Р.Н.(35) од с.Мелница, Општина Чашка, според која додека тој и членови на неговото семејство со патнички возила патувале од с.Мелница кон с.Цапари, битолско биле пресретнати и физички нападнати од неколку лица кои биле со патнички возила „поло“, со кавадаречки ознаки и „БМВ“, со прилепски ознаки.

Лицата се приведени и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок – информираат од СВР Битола.

Марли бизнис клубот за најуспешни жени менаџерки збогатен со 20 нови членки: Меѓу нив и Даниела Перканоска од “Авто Контрол” Прилеп

За нови 20 членки се збогати Марили Бизнис Клубот,  меѓу кои и Даниела Перканоска менаџер на Авто Контрол Прилеп како една од  најуспешните жени менаџерки што агенција „Марили“ ги избра за 2022 година. Дел од нив доаѓаат од регионот и тоа од Србија, Црна Гора и Хрватска, со цел да се овозможи взаемна поддршка и соработка особено во услови на продолжена криза, водејќи се притоа од мотото „Заедно сме посилни“. Во таа насока Клубот го збогати своето членство со нови искуства на успешни жени од бизнисот излегувајќи и од границите на нашата земја, што беше и една од целите на овој Клуб при неговото формирање. Средбите на членките на Клубот продолжија и во септември во рамки на регионалната конференција за женско претприемништво и женски активизам „Го сакам Балкан“ која се одржа во Приштина, Косово.

МАРИЛИ БИЗНИС КЛУБ (МБК) е формиран на 7 декември 2016 година и во него членуваат жени менаџери што биле дел од изборите за најуспешни жени менаџери кои ги спроведуваше агенција „Марили“ во изминатите 26 години, а има и почесни членки. Клубот има свои симболи, заштитно лого, значка и клуб-картичка за секоја членка.

Членките на Клубот се постојано присутни во сите проекти на агенција „Марили“: Бизнис каталог на Р.С.Македонија, бизнис портал www.marili.com.mk , хуманитарни акции, тематски ден „Дама Да – Здравјето и убавината во функција на современата жена“ и Марили Бизнис Форум.

Во изминатиот период во рамки на МБК, каде се разменуваат идеи и искуства, се одржуваат бројни едукации, предавања и дебати за актуелни економски теми, како и обуки за личен развој гостуваа Милан Јазбец, поранешен амбасадор на Република Словенија во Македонија, Малинка Ристевска Јорданова, член на УО на Институт за европска политика (ЕПИ) и Марина Анчевска НЛБ тренер за личен развој.

Една од целите на делувањето на МБК е и одржување хуманитарни акции од општествено значење и во таа насока досега се одржаа три хуманитарни акции и тоа: акција насловена „Жените за жените“ при што средствата од донацијата беа наменети за купување и донирање апарат за рана детекција на рак на дојка на Клиниката за радиотерапија и онкологија во Скопје, потоа хуманитарна аукција на слики од каде собраните средства беа наменети за купување опрема за ЈЗУ Здравствен дом Прилеп, а во 2019 година беше одржана хуманитарната акција „Дама Да донира“, а собраните средства беа наменети за опремување на Специјалниот завод за лица со посебни потреби во Демир Капија.

Пендаровски предложи ревизија на факултетските дипломи во изминатите 10год., професорот Трајковски на проверка му ги понуди празните испитни тетратки

Прво требаше да се направи ревизија на сите факултети кои изминативе години добија дозволи за работа, а потоа и на сите дипломи, особено на магистериумите и докторатите, изјави вчера претседателот на државата Стево Пендаровски за ТВ Телма. На оваа изјава се надоврза и битолскиот професор Дејан Трајковски кој ги чува празните испитни тетратки на стотина негови студенти кои положиле благодарејќи на законската можност комисиски да се полага еден испит со изземање на предметниот професор.

Професорот на Техничкиот факултет во Битола, Дејан Трајковски на својот фејсбук-профил ја прифаќа оваа идеја на македонскиот претседател и предложи со таа ревизија да се почне од неговиот делокруг на работа.

„Од 2010 година, по отворањето факултети во сите поголеми села низ државата, моите предмети Динамика и осцилации и Јакост на конструкциите со знаење ги положиле кандидати кои можат да се избројат на прстите од едната рака.

Истовремено, комисија која нема врска од предметите и која самата би паднала на овие испити, доколку би ги седнал заеднички – „конзилијарно“ да го полагаат испитот, незаслужено пуштила преку сто кандидати. Се уште ги чувам сите празни испитни тетратки од кандидатите како доказ.

Сите овие дипломираа, а голем број од нив магистрираа, можеби и докторираа. Сите работодавачи кои ги вработиле можат да бидат сигурни дека имаат примено луѓе со незаслужени дипломи. Нека дојдат да им ги покажам празните испитни тетратки. Можат да им ги побараат и индексите и да видат чиј потпис стои покрај оценките од моите предмети. Ако не е мојот, јасно е како положиле.

Сите тие се кандидати за ревизија и поништување на дипломите. Ако Пендаровски е сериозен во намерата, нека ги донесат кандидатите да им организирам реален испит, каде ќе им потврдам дека нивното знаење е рамно на нула, па веднаш да им се одземат, т.е. поништат дипломите, заедно со магистерските и докторските. Вака имаме магистри и доктори кои не знаат математика и физика ниту на средношколско ниво, па и пониско.

Самата комисија, пак, ја повикувам на двобој во знаење. Ќе решаваме задачи и ќе изведуваме формули, со еден единствен услов: нема користење книги, белешки и каква било помош од страна. Да видиме колкави стручњаци се за механика и јакост, штом веќе се претставуваат како такви и се нафаќаат да бидат членови на комисија.

Тоа би бил мојот скромен придонес во отстранувањето на штетите што ги прават полни 12 години.

Инаку, самиот универзитет е најмногу виновен за оваа ситуација. Пред десетина години изгласаа одлука, според која секој кандидат после три неуспешни испити може да бара комисија, со изземање на предметниот наставник од комисијата. Од што се плашат, па го изземаат наставникот? Дека ќе го види нивниот образовен криминал? Не тврдам дека примиле мито, но стојам зад тоа дека незаслужено пуштиле преку сто кандидати, што е уште поголем криминал, што лесно се докажува со проверка на знаењето.

Резултатите ги гледаме, станавме карикатура од држава и направија сé, за да му се згади работата на секој чесен професор. Отворија 24 универзитети и потоа се чудат зошто немало квалитет. Е па нема и нема ни да го има, без затворање на дваесетина универзитети и сведување на постоечките 135 факултети на триесетина. Со еден збор, враќање на состојбата од пред 1991 година. Ако не, ќе продолжиме да си се лажеме и ќе зборуваме дека образоваието не ни чини“, напиша професорот Трајковски.

Газдата не давал плата: Среде бел ден демoлиpaн автомобил среде Скопје (Видео)

На видеото се гледа како две лица среде бел ден демолираат автомобил оставен на паркингот.,

-Припрема за газди што не даваат плата. ПС, а за чиновничиња и министерчиња што сега глумат големи газди ќе се снима нов филм, стои во коментарот на видеото.