дома блог страница 1404

Се враќа автомобилското шоу за 11-ти Октомври во Прилеп

Се враќа автомобилското шоу за празникот 11-ти Октомври во Прилеп!!!

Во вторник со почеток од 10ч. на булеварот “Гоце Делчев” во Прилеп, како дел од празнувањето на Денот на народното востание 11-ти Октомври, ќе се одржи “Tuning Car Show”.

Вљубениците во високите октани ќе можат да уживаат во прекрасна изложба на автомобили и да се фотографираат.

Настанот е предвидено да трае до 15часот.

Соопштение ЈКП Водовод Прилеп: Еве каде ќе има прекин во водоснабдувањето денеска

Соопштение од ЈКП Водовод и канализација Прилеп:

Водоснабдувањето на ден 06.10.2022 ќе биде нормално со здравствено исправна вода за пиење.

Вкупната произведена количина на вода е 245л/с, од кои 205/с од Студенчица, 0л/с од бунари и 40л/с од сопствени извори.

Прекин во водоснабдувањето заради санација на дефекти и приклучоци во периодот од 08 до 14 часот ќе има на следните улици и делови од Општина Прилеп: ул. “3ти Ноември”, ул.”Македонска”, ул.”Стеван Димески Ништакот”, с.Волково, с.Ореовец.

Почитувајте ги и ќе немате мака: 11 совети за совршено приготвена зимница

Почетокот на октомври е периодот во годината кога најголем дел од семејствата си прават зимница.

Иако многумина веќе завршиле со тоа, повеќето чекаат малку да се намалат цените, па не подготвуваат зимница пред окотмври.

Многу овошја и зеленчуци сега се во фаза кога се најдобри за јадење, но и за конзервирање, а начинот на кој ќе ги подготвите има најголем удел во тоа каков вкус ќе имаат и колку ќе траат.

Ако се придржувате до овој едноставен водич со 11 совети, ќе направите совршена зимница што со гордост ќе ја поставите на вашата трпеза.

За подготовка на зимница секогаш треба да користите само зрело, цврсто, здраво и неоштетено овошје и зеленчук. Плодовите со помали оштетувања може да се користат само ако тие делови претходно ги отстраните.

Со оглед на тоа дека бојата на исчистеното овошје и зеленчук се менува брзо кога ќе биде изложено на воздух, а се губат и витамините, чистењето и сечењето правете ги непосредно пред да ги подготвувате и конзервирате.

Ако имате овошје или зеленчук во вашиот двор или градина, наберете ги непосредно пред да ги преработувате, бидејќи со стоење губат на квалитет и побрзо се расипуваат.

Намирниците и садовите што ќе ги користите за време на подготвувањето зимница мора да бидат беспрекорно чисти, а рацете треба да ги миете пред почнувањето на секоја следна фаза.

Најдобро е садовите, теглите и шишињата за зимница да ги исперете добро со топла вода, а потоа да ги оставите природно да се исушат.

Садовите за термичка преработка мора да бидат емајлирани или од нерѓосувачки челик.

Металните капаци и капачиња за тегли и шишиња треба да ги стерилизирате пред употреба.

За туршија најдобро е да користите вински оцет и есенција.

Ако веќе користите конзерванс (натриум бензоат) сметајте дека кесичка од 5 грама е доволна за 5 килограми овошје или зеленчук. Не се препорачува поголема доза на конзерванс од ова.

Зимницата треба да ја чувате во сува, проветрена и ладна просторија каде зимно време водата не замрзнува и нема директна сончева светлина. Оваа остава треба да ја проветрувате еднаш неделно во текот на зимата, најдобро околу пладне.

На сите тегли и шишиња треба да ставите етикети со состав и датум на конзервирање.

Плаќај ти македонче: Литар млеко во Германија под едно евро, а еве кои се цените на другите продукти (Видео)

Млеко поевтино од 1 евро за литар, значително поевтини сувомеснати производи и различни млечни производи кои сигурно имаат и подобар квалитет од оние кои ги имаме дома. Прошетка во Лидл во Германија направена од корисник на социјалните мрежи.

Згора на се, треба да се има предвид дека Германците земаат неколку пати повисоки плати од нашите, па така, овие производи за нив се уште поевтини. Кризата удира и во Германија но со тој стандард и со овие цени, Германците може да се каже дека немаат криза.

Жан Митрев дал 1 милион евpa за да не оди во пpитвop

Со гаранција од 1 милион евра Жан Митрев ќе се брани од слобода откако се појави како осомничен во истрагата која неодамна ја отвори скопското обвинителство за процедурите на лечење во неговата болница.
Претходно на докторот му беше одземен и пасошот, по барање на обвинителството, а поради опасност од бегство.

Пред два месеци од обвинителството информираа дека е донесена наредба за истрага против Митрев, поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Измама од член 247 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Од Обвинителството појаснуваат дека се очекува истрагата да заврши за околу три месеци, а досега исказ дале околу 80% од пријавените оштетени.

Полнете гopиво: Повторно зголемување на цените од полноќ

Се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,99% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 03.10.2022 година.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 2,00 ден/лит и изнесува 94,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемува за 2,50 ден/лит, и изнесува 92,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 03.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 86,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 89,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 50,228 ден/кг.

Овие цени важат од вечерва по полноќ.

Не е се во “кризното профитерство”: Meсарница од Прилеп со примерни цени достапни за сечиј џеб (Фото)

Додека во повеќето продажни места цените отидоа и со 100 денари повеќе од овие, месарница “Пирган” во Прилеп ги задржа старите цените на месото, со цел секој граѓанин да може да си дозволи и да купи.

Не е се во печалбата и “кризното профитерство”, има нешто и во чоечлукот и чесноста.

Итно се бараат работници од Прилеп: Аплицирајте и бидете дел од оваа реномирана фирма

Компанијата ДСА ТЕАМ ДООЕЛ повеќе од 8 години е лидер во регионот за автомобилска контрола на квалитетот. Се работи за тим од професионалци фокусирани на помагање на компаниите во областа на управување со целокупниот квалитет, континуирано подобрување, управување и решавање на проблеми со речиси една деценија искуство на мултинационалните пазари.

Поради зголемениот обем на работа, имаме потреба од вработување на кандидати за работната позиција: ОПЕРАТОР ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ

Опис на работните обврски и задачи:

• Сортирање и селекција на делови • Доработка на делови • Тестирање на производи на локацијата на купувачот;

• Следење на инструкции за работа и работни упатства • Почитување на инструкциите за безбедност и заштита при работа

Компанијата нуди: • Едукација и тренинг во секторот за контрола на квалитет • Можност за работа на проекти во странство • Работа во динамично работно опкружување во брзорастечка компанија • Атрактивна заработка и дополнителни бонуси за посебно залагање во работата • Обезбеден превоз и платен топол оброк.

Услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите: • Тимска работа • Одговорна и детална личност •Посветеност и прецизност во работата

Сите заинтересирани канидати до 40 годишна возраст, кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да ги достават своите биографии на следната е – маил адреса: [email protected], со задолжителна назнака за позицијата за која аплицираат, или за подетални информации да се обратат на тел. број: +389 70 257 145.

Прилепчани имаат клуб за американски билјард, и не само што имаат туку се и одлични на државни, балкански и европски првенства (Фото)

Малкумина знаат дека во Македонија се одржуваат Државни првенства во Американски билјард. Првенствата се одржуваат еднаш месечно, со пауза од 3 месеци во летниот период, а натпреварувањата се одвиваат во две дивизии (А и Б).

А уште помалку луѓе знаат дека и Прилеп има свој клуб за билјард, чии членови се доста успешни на овие државни првенства. Клубот е од затворен карактер, а неговите членови се натпреваруваат не само на државно ниво, туку и на балкански и европски првенства.

Прилепчани се активни и во А и во Б дивизија, а на последното државно во американски билјард (дисциплина 9-ка), кое се одржа на 17.09., нашиот прилепчанец Никола Димески освои второ место.

Покрај Димески на натпреварот учествуваа уште тројца прилепчани: Горан Велкоски, Димитар Ѓорѓиевски и Филип Казанџиски.

Димески за влез во финалето се бореше со Димитар Ѓорѓиевски, а во финалето за противник го имаше Андреј Ѓурчиновски од Скопје.

Следниот 7-ми и последен мастерс за оваа календарска година ќе се одржи на 05.11.2022 година за Б-девизија и 06.11.2022 година за А-девизија. Истите ќе се одржат во Гран клуб во Скопје.

Во декември ќе се одржи и екипно првенство во кое ќе се такмичат екипи составени од по 3 натпреварувачи од двете дивизии.

Фатен 26-годишен дилep од Битола: Пpoнajдена мapиxyaна, кокаин и друга непозната матepиja

На 04.10.2022 во Битола, полициcки cлyжбеници од кpиминалиcтичката полициja при СВР Битола го лишиле од cлобода Д.Ч.(26) од Битола.

При претpec во неговиот дом, извршен со cyдcка нapeдба, биле пpoнајдени и одземени кокаин, мapиxyaна и други предмети со остатоци од непозната материја.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.