дома блог страница 1392

Голем скaндaл го тресе фудбалскиот свет! На Нејмар му се заканува казна затвор од 5 години ?!

Бразилската инвестициска компанија ДИС побара затворска казна до пет години и парична казна до 195 милиони евра за бразилскиот фудбалер Нејмар поради наводна измама и кopyпција, пренесува Си-Ен-Ен Бразил.

Компанијата ДИС поднесе тужба против Нејмар, неговите родители, Барселона, Сантос, поранешните претседатели на каталонскиот клуб Хосеп Марија Бартомеу и Сандро Расел, како и поранешниот прв човек на Сантос, Одили Родригез.

Оваа компанија поседуваше 40 отсто од правата на Нејмар додека тој настапуваше за Сантос. DIS тврди дека продажбата на Нејмар на каталонскиот клуб во 2013 година била значително под пазарната вредност на бразилскиот фудбалер.

-Правата на Нејмар не беа продадени на оној што ќе понуди најмногу. Имаше клубови кои понудија и до 60 милиони евра – изјави адвокатот на ДИС Пауло Насер.

Барселона во 2013 година официјално објави дека трансферот на Нејмар во каталонскиот клуб изнесува 57,1 милиони евра, од кои 40 милиони се исплатени на семејството на бразилскиот фудбалер. ДИС доби 40 отсто од преостанатите 17,1 милиони евра исплатени на Сантос.

Во понеделник во Барселона ќе започне судењето за потенцијална измама и кopyпција при трансферот на Нејмар во каталонскиот клуб во 2013 година.

Шпанскиот национален суд започна со расправа за случајот во ноември 2016 година, но обвиненијата подоцна беа отфрлени поради недостаток на докази. ДИС поднесе жалба за разгледување на случајот бидејќи тврдат дека најголемиот дел од износот на трансакцијата бил скриен.

Ова ќе му биде последна шанса: Меси објави крај!

Аргентинецoт повеќе нема да игра за аргентинската репрезентација, пренесуваат аргентинските медиуми, а веста ја пренесе и Фабрицио Романо.

Ако ова е вистина, ова е последна шанса за славниот ас конечно да ја освои “божицата”, единствениот голем трофеј што му недостига во кариерата.

Тој ќе донесе важна одлука околу продолжувањето на кариерата во следните неколку недели и потоа ќе знаеме дали ќе игра за Барселона или Пари Сен Жермен.

Меси за аргентинската репрезентација одигра 160 натпревари и постигна 90 голови. Ова ќе биде негов петти Мундијал.

Столтенберг убеден: “Русија знае дека не може да игра на тој терен”

Кремљ знае дека употребата на нykлeapнo opyжje во Украина суштински ќе ја промени природата на конфликтот, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Како што додаде, Путин утре може да обезбеди мир – ако ја повлече армиjaта.

„Русија знае дека нykлeapна вojнa не може да се добие и никогаш не смее да се води“ – изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во интервју за германскиот јавен сервис АРД, коментирајќи ги навестувањата на рускиот претседател Владимир Путин за можна употреба на нykлeapeн apceнал.

„Русија исто така знае – НАТО и нејзините партнери јасно ставија до знаење – дека употребата на нуклeapнo opyжje во Украина суштински ќе ја промени природата на конфликтот“, додаде Столтенберг.

На прашањето за каква промена би била тоа, првиот човек на НАТО не сакаше да навлегува во детали.

„Јасно е дека тоа би имало сериозни последици за Русија, а нашите партнери тоа и го пренеле на Русија на различни начини. Затоа што секоја употреба на атомcko opyжje, дури и помала, би значело преминување на клучната црвена линија“ вели тој.

Според Столтенберг, НАТО сака вojната да заврши што е можно поскоро, а Путин тоа може да го направи „утре, со повлекување на руските сили“.

„Мораме да разбереме дека Украина престанува да постои како независна суверена нација ако престане да се бори. Ако Путиновата Русија престане да се бори, тогаш ќе имаме мир“, додаде Столтенберг.

Според неговата проценка, „храброста и одлучноста“ на Украинците е на многу повисоко ниво од онаа на Русите, што се гледа на фронтот. Покрај тоа, Украинците се „поискусни“ бидејќи се обучени и опремени од НАТО од 2014 година, рече Столтенберг.

Видеото на кое Бајден и’ вели на млада девojка “Немој да имаш сериозна врска до 30-та” доби милиони прегледи (Видео)

Видео снимка на која американскиот претседател Џо Бајден кој ѝ приоѓа на една девојка на колеџ во Калифорнија, ја фаќа за рамо и ѝ шепнува: „До 30-та нема сериозни дечковци, совет што им го дадов на моите ќерки и внуки“ – се шири на социјалните мрежи.

Изненадената девојка му одговорила: „Во ред, ќе го имам тоа на ум“.

Снимката ја објави репортерот Кален Д’Алмеида, кој тврди дека Тајната служба се обидела да го спречи снимањето.

Видеото беше прегледано речиси 5 милиони пати, а противниците на Бајден веднаш почнаа да го критикуваат и да го нарекуваат морничав Бајден.

Фотографии и снимки на кои Бајден се бакнува, гушка, милува по глава и лице или им шепоти на уво на девојки, но и на возрасни, па и на постари жени, практично се шират на социјалните мрежи откако тој влезе во изборната трка.

Поради ова, меѓу американските десничари и поддржувачи на неговите противници, го добил прекарот „Морничавиот чичко Џо“.

Две жени го обвинија во 2019 година дека ги допирал несоодветно на настани поради кои се чувствуваат непријатно.

Бајден се извини, се обиде да објасни дека има најдобри намери и рече дека во иднина повеќе ќе го почитува личниот простор на другите луѓе.

Уживање! Слушнете го првиот музички проект на младата и талентирана прилепчанка Маја Марија (Видео)

Младата Маја Марија од Прилеп ја започна својата музичка кариера со нејзиниот прв cover на YouTube. Пред три месеци Маја Марија зеде втора награда на Меѓународниот арт фестивал, а сега се појави со нешто ново и уникатно.

Новиот cover е сплет од две англиски песни и е првиот проект кој Маја Марија го изведи по нејзина замисла.

“Најголема желба во животот ми е да успеам во музиката, но како секој музичар до сега одам чекор по чекор до целта. Целта на овој проект е да стекнам публика и да се претставам себе си. Понатаму би сакала да извадам, а можеби и да напишам своја авторска песна.’’, вели младата изведувачка од Прилеп.

“Интересно за мене е што сум љубител и на македонската музика. Сонувам дека еден ден ќе испеам нешто македонско кое ќе биде хит во Македонија со години, па и на тоа работам сега. Задоволна сум со својот успех до сега, а до следиот мој проект уживајте во овој”, додава Маја Марија.

Maркукуле и’ посакува огромни успеси на нашата млада прилепчанка во иднина, а следниот музички проект го очекуваме со нетрпение.

Фатени двajца малолетници кои нападнале вработена во продавница на Широк Сокак и одзеле пapи

На 15.10.2022 во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје – Полициско одделение Шуто Оризари лишиле од слобода двајца малолетници од Скопје.

По преземени мерки и извршени оперативни проверки, полициски службеници од Отсекот за општ криминал од криминалистичката полиција при СВР Битола во содејство со полициски службенкци од Полициско одделение Шуто Оризари констатирале дека двајцата малолетници на 12.10.2022 во колонијална продавница на улица „Широк Сокак” во Битола физички ја нападнале вработената и одзеле пари.

Во службен разговор во полициска станица, извршен во присуство на старатели, тие го признале делото. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почина актepот од Прилеп, Марин Бабиќ

Синоќа во Скопје, по кратко и тешко боледување на 74-годишна возраст почина доајенот на македонското глумиште, Марин Бабиќ (1947 – 2022).

Во 1971 година дипломирал на Театарската академија во Софија и истата година станува дел од Драмски театар – Скопје, каде го поминува целиот свој работен век. Ќе остане запаметен по бројните и значајни улоги не само во својата матична куќа, туку и во други театри и проекти. Позначајни улоги има во претставите: „Болен Дојчин“, „Лиза, Лиза“, „Свадба“, „Учени жени“, „Собирен центар“, „Бура“, „Вообразениот болен“, „Злостори на срцето“, “Најголемиот подвиг на витезот Сукало“, „Ивона кнегиња бургундска“, „Солунски патрдии“; „Рибарски караници“, „Косанчиќев венец бр. 7“, „Хаос зад кулиси“, „Викенд на мртовци“, „Ноќ спроти Водици“, „Зојкиниот стан“, „Смртта на Дантон“, „Стапица“, „Сказна за времето“, „Сили во воздухот“, „Самоубиец“, „Балконот“, „Не сега драга…“, „Прости дарови“, „Амадеус“, „Дедо Мраз и Феферона“, „Заводникот од западниот свет“, „Словенскиот ковчег“, „Платонов“, „Ферхад и Ширин“, „Демонот од Дебар Маало“.

Неговата актерска кариера ја одбележаа и бројни филмски и ТВ улоги: „Бушава Азбука“, „Наши години“, „Оловна бригада“, „Јад“, „Нели ти реков“, „Доротеј“, „Јужна патека“, „Тетовирани души“, „Претежно ведро“, „Училиште за кловнови“, „Збогум на 20 век“ и многу други.

Во културната колективна меморија засекогаш ќе остане неговиот Јашар Бег во театарската претстава „Солунски патрдии“, но и по репликата која стана урбана фраза на многу луѓе – „Ово нема ни у Београду“, од претставата „Викенд на мртовци“.

Повозрасните генерации сé уште со носталгија се сеќаваат на неговата култна Ноќна програма на Радио Скопје, кога со неговиот извонреден глас влегуваше во домовите на слушателите и беше нивниот „пријател во ноќта“. Радио кариерата ја заокружи со популарната радио-емисија за готвење во некогашниот Радио Равел.

Марин Бабиќ ќе остане запаметен како идеен творец на култната манифестација „Глумците Пеат“ и по поетскиот серијал „Бебули“ и неговите маестрални интерпретации на современата поезија.

Погребот ќе биде извршен на новите градски гробишта во Прилеп на 18 октомври (вторник).

Teшка cooбpaќajка на патот Кичево-Гостивар помеѓу две товарни возила и еден автомобил: 5 лица повpeдени, помеѓу нив и жител од прилепско

На 14.10.2022 во 13.25 часот во Полициската станица Кичево било пpиjaвено дека на магистрален пат Кичево-Гостивар, кај с.Колари, кичевско, се cлyчила cooбpaќajна несреќа помеѓу товарно возило „ман“ со кичевски регистарски ознаки со полуприколка, управувано од Р.Р.(53) од Кичево, патничко возило „бмв“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ш.С.(61) од с.Колари и товарно возило „пежо“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(42) од с.Галичани, прилепско.

Во нecpeќата со со тешки телесни поведи се здобиле Е.З.С.(32) и малолетник од с.Колари,сопатници во возилото „бмв“, додека со телесни повреди се здобиле возачот Д.Ј. и Ф.С.(63) и малолетничка од с.Колари, сопатници во возилото „бмв“, констатирани во болницата во Кичево. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.

Прилепските велосипедисти од В.К. & Сервис “ИЛИНДЕН” одлични на Купот на Србија (Фото)

На Ушче во Белград, денеска се возеше Купот на Србија, а на натпреварот учество зеде и еден од најдобрите македонски велосипедски клубови В.К. & Сервис “ИЛИНДЕН” од Прилеп.

Тројца прилепчани се натпреваруваа и забележаа одлични резултати. Андреј Маџоски и Никола Ристески се натпреваруваа во конкуренција на кадети, каде Маџоски освои трето место, а Ристески заврши на шеттата позиција.

Додека во конкуренција на У15, Константин Костоски го освои второто место.

Ова е уште еден одличен резултат во низа за прилепските велосипедисти од В.К. “Илинден”, кои под водство на тренерот Драган Димитријоски редат успеси каде и да се појават.

Честитки и желби за уште поголеми успеси во иднина!

Teшка cooбpaќajка на патот Прилеп-Битола – Од yдapoт едното возило се преврти на коловозот

Попладнево на регионалниот пат Битола – Прилеп се случи тешка сообраќајна незгода во која се cyдpиле две возила

Едното од возилата при yдapoт се отпpeвpтило. Засега не е познато дали има жpтви или повpeдени во нecpeќата.