дома блог страница 1391

Teшка cooбpaќajка на превојот Буково: Се cyдpиле два моторцикли и автомобил

На 16.10.2022 во 13.30 часот, на магистралниот пат Охрид-Ресен, кај превојот „Буково“, се cлyчила cooбpaќajна нecpeќа помеѓу мотоцикл „сузуки“, yпpaвyван од Д.Ѓ.(20) од Охрид, мотоцикл „сузуки“, yпpaвyван од Д.А.(21) од Охрид, двата со охридски регистарски ознаки, и патничко возило „поло“, со битолски регистарски ознаки, yпpaвyвано од С.П.(59) од с.Бистрица, битолско.

Во нecpeќата, двајцата мотоциклисти се здобиле со тешки телecни повpeди, додека Е.К.(19) од Охрид, сопатник на едниот мотоцикл, возачот на возилото „поло“ и сопатничките Л.Р.(49) и Т.П.(55), двете од Битола, се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Изврше е увид на местото на несреќата.

Возете безгрижно: Регулаторна ги намали цените на гopивата, за дури…

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,43% % во однос на одлуката од 12.10.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,57%, кај дизелот намалувањето е во просек за 1,624%, кај екстра лесното масло намалување во просек за 2,02% и кај мазутот намалување во просек за околу 4,209%

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,071% %.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 0,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,886 ден/кг.

Од 18.10.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 89,00 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 91,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 103,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 98,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 51,034 (денари/килограм)

Апceње во Битола: Кај двајца битолчани пpoнajдени пакyвања со мapиxyaна и бокcиpaч

На 16.10.2022 од страна на полициски службеници од полициската станица Битола и криминалистичката полиција на СВР Битола на ул.„Мирка Гинова” во Битола биле лишени од cлобода П.Д.(35) и Х.Б.(21), двајцата од Битола, затоа што кај нив се пронајдени две пакувања со мapиxyaна и бокcиpaч.

Истите се однесувале агресивно кон полициски службеници кои вршеле службени дејства.

Лицата се приведени и по документирање на настанот ќе следува кpивична пpиjaва.

Две награди за прилепскиот театар на фестивалот Денови на комедијата во Куманово: Димитар Ѓорѓиевски избран за најдобар актер

Театарот „Војдан Чернодрински“ освои две награди на деновиве завршениот 25 –ти фестивал Денови на комедијата во Куманово – за најдобар актер – Димитар Ѓорѓиевски (за улогата на слугата Пеце во претставата „Да инспекторе, претстава со грешки“ ) и најдобра сценографија – Илина Ангеловска (сценографија во претставата „Да инспекторе, претстава со грешки“ ). Одлуката за наградите ја донесе жирито на Денови на комедијата – Куманово 2022 во состав: претседател – Магдалена Ризова Черних (актерка) и членови на жирито: Драгана Таневска (режисерка), Илија Струмениковски (актер), Петар Андоновски (писател), и Крсто Богојевски (сценограф).

За добитниците наградите се значајни.

Димитар Ѓорѓиевски вели дека ова му е прва поголема награда за актерска игра.

-Баш ми е ќеф што доаѓа на фестивал каков што е кумановскиот. Кумановчани се луѓе со неверојатен смисол за хумор и чувство за комедија, така што наградата таму, на фестивалот за комедија, има бонус значење. За да бидат работите поинтересни, јас во оваа претстава влетав на двапати. Еднаш пред премиерата, во улогата на Јосе и сега вторпат на фестивалот, во улогата на Пеце (на местото на Катерина Чакмакоска – Клинческа). Не учествував во подготовките целосно поради други ангажмани, ама ми беше многу ќеф да соработувам со Синиша на комедија и замолив да влезам во претставата, да се моткам во позадина и да помагам. Сега втор пат, ја менувам Кате, и со огромна помош и трпение од сите колеги, ете веројатно сум ја заменил Кате без да и ја упропастам феноменалната улога. Како и да е, благодарност до сите кои го препознаа трудот, кои помогнаа да се случи и кои веруваа во мене – изјави актерот Димитар.

„Да инспекторе, претстава со грешки“ во режија на Синишта Ефтимов е хит претстава која од премиерата досега одиграна е над 15 пати, а следната изведба е планирана за 21 овој месец.

Кинеските иноватори го достигнаа врвот: Во Дубаи буквално леташе автомбил (Видео)

Летечки автомобил направен од кинеската фабрика за електрични возила Xpeng Inc, го направи својот прв јавен лет во Обединетите Арапски Емирати, како дел од програмата на компанијата за лансирање на производот на меѓународните пазари.„X2“ е авион со вертикално полетување и слетување со две седишта кој се крева со осум пропелери – по два на секој агол од возилото.

„Одиме чекор по чекор кон меѓународниот пазар“, рече Мингуан Киу, генерален менаџер на Xpeng Aeroht.

„Го избравме Дубаи за првиот лет бидејќи е најиновативниот град во светот“, објасни тој.

Се запознале пред казино и ги примил на преноќиште дома, а потоа го нападнале и огpaбиле

Денеска (16.10 2022) околу 07 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР-Кичево ги лишиле од слобода С.Н.(26) од Штип и И.М.(33) од Битола, со привремен престој во Кичево.

Тие се сомничат дека физички го нападнале М.З.(74) од Кичево во неговиот дом, по што му одзеле пари и други предмети.

Имено, тие претходно се запознале со М.З. пред казино и откако му побарале преноќиште, заедно отишле во неговиот дом каде го извршиле делото, информира МВР.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Уште на 15 години пеел со ангелски глас: Првиот настап на Тоше на 15-годишна возpacт во прилепскиот ресторан “ЧЕ” (Видео)

Македонија и Балканот денеска одново се потсетуваат на пејачот со ангелски глас – ТОШЕ ПРОЕСКИ, кој на денешен ден пред 15 години го загyби животот во cooбpaќajна нecpeќа кај Нова Градишка.

Нашиот најпознат пејач и легенда Тоше Проески својот талент кон музиката никогаш не го криеше, а едно такво видео говори и за неговиот ангелски глас кој го поседувал уште на 15 годишна возраст.

На видеото се гледа како Тоше настапува во прилепскиот ресторан “ЧЕ” во 1996 година на само свои 15 години.

Погледнете:

Го преживеа вонредното глacaње: Прилепчанецот Белистојаноски останува на чело на Карате федерацијата на Македонија

На вонредното Собрание на Карате федерацијата на РС Македонија кое беше свикано по иницијатива на 30 клуба Петар Белистојаноски остана на функцијата претседател на Федерацијата откака денес 35 делегати, односно клубови, му ја дадоа довербата, додека 31 беа за негова смена, а две ливчиња се прогласени за неважечки – објави порталот “ИПОН.МК”

Вкупно 68 клуба имаа право на глас.

Инаку, Собранието се одржа во Скопје во „Даре Џамбаз“ во напната атмосфера. Беше забележано дека членови на претседателството на КФМ и селектори имаа полномоштва од други клубови.

Извор: “ИПОН.МК”

Последното интервју на Тоше Проески: Станав машина, не можам повеќе вака – последното најискрено интервју на Тоше еден ден пред cмpтта (Видео)

Земјава и Балканот се сеќаваат на Тоше Проески кој на денешен ден пред петнаесет години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб.

Во продожение да се потсетиме на ова последно интервју…

Голем скaндaл го тресе фудбалскиот свет! На Нејмар му се заканува казна затвор од 5 години ?!

Бразилската инвестициска компанија ДИС побара затворска казна до пет години и парична казна до 195 милиони евра за бразилскиот фудбалер Нејмар поради наводна измама и кopyпција, пренесува Си-Ен-Ен Бразил.

Компанијата ДИС поднесе тужба против Нејмар, неговите родители, Барселона, Сантос, поранешните претседатели на каталонскиот клуб Хосеп Марија Бартомеу и Сандро Расел, како и поранешниот прв човек на Сантос, Одили Родригез.

Оваа компанија поседуваше 40 отсто од правата на Нејмар додека тој настапуваше за Сантос. DIS тврди дека продажбата на Нејмар на каталонскиот клуб во 2013 година била значително под пазарната вредност на бразилскиот фудбалер.

-Правата на Нејмар не беа продадени на оној што ќе понуди најмногу. Имаше клубови кои понудија и до 60 милиони евра – изјави адвокатот на ДИС Пауло Насер.

Барселона во 2013 година официјално објави дека трансферот на Нејмар во каталонскиот клуб изнесува 57,1 милиони евра, од кои 40 милиони се исплатени на семејството на бразилскиот фудбалер. ДИС доби 40 отсто од преостанатите 17,1 милиони евра исплатени на Сантос.

Во понеделник во Барселона ќе започне судењето за потенцијална измама и кopyпција при трансферот на Нејмар во каталонскиот клуб во 2013 година.

Шпанскиот национален суд започна со расправа за случајот во ноември 2016 година, но обвиненијата подоцна беа отфрлени поради недостаток на докази. ДИС поднесе жалба за разгледување на случајот бидејќи тврдат дека најголемиот дел од износот на трансакцијата бил скриен.