дома блог страница 1390

Kpaделе во РЕК Битола: Укpaле запци од корпа за багер и метални ролни, полициjaта ги фати

На 17.10.2022 од страна на полициски службеници од полициска станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола лишени од слобода се две лица од Битола, кои претходно извршиле кражба.

Имено E. Б.(32) и А. Џ. (24) од Битола одзеле 6 метални ролни и 8 метални запци од корпа од работна машина багер и други предмети во сопственост на РЕК Битола.

Тие се лишени од слобода, а Е. Б. е спроведен во КПУ Затвор Битола затоа што бил баран со наредба од Основен суд Битола за издржување на казна затвор во траење од 5 месеци за извршени кражби на подрачјето на Битола.

Со два телефона Мицкоски заштеди стотици милиони евра за државата

Од денеска, 17 октомври, на масата на АД ЕСМ се наоѓа рамковен договор потпишан од страна на странска компанија, за набавка на гас по цена којашто е најмалку два пати пониска од таа што ја плаќаше ЕСМ за месец октомври.

Ова го изјави лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Отвореното студио на Македонската телевизија, демантирајќи ги наводите дека понудите од компаниите чии контакти ги понуди тој, за набавка на гас и на мазут, не биле добри, изречени на денешниот брифинг на премиерот Димитар Ковачевски.

Странската компанија го испратила текстот на рамковниот договор за набака на гас на 9 октомври до АД ЕСМ и се очекувало одговорот од Скопје да стаса на 10 октомври. На 13 октомври АД ЕСМ побарала договор потпишан од страна на странската компанија и таков е доставен.

Што се однесува до мазутот, на масата е понуда за набавка на 150.000 тони мазут по берзанска цена минус 40 евра за 1 тон.

– На тој начин, цената ќе биде пониска за најмалку 80 евра за 1 тон од цената која сега ја плаќа владата за набавка на мазут – изјави Мицкоски и додаде дека јавноста од бриферот Ковачевски очекува коментар на овие бројки, зашто во случајот станува збор за можност да се заштедат неколку стотици милиони евра.

Мицкоски со бројки ја разголи власта: Македонските граѓани плаќаат најскапа струја во регионот

Некогаш од Владата сакаат да се споредуваат, па јас ќе направам една споредба, се спремав за оваа денешна емисија. Еве нема да зборувам субјективно, туку ќе ги зборувам податоците кои што ги објавува Еуростат, нели сите веруваме дека Еуростат објавува точни податоци. Ако тоа го земеме како апсолутна вистина, тогаш да речеме оние компании, малите компании или средните компании кои што трошат помеѓу 500 или 2.000 мегават часови годишно, а тоа се најголем дел од компаниите во Македонија, во првата половина од 2017-тата година во Македонија тие компании плаќале најевтина струја, споредено со сите држави во регионот. А, во споредбата се вклучени седум држави, Турција, Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Албанија, Црна Гора и Македонија. Во првата половина според Еуростат, не според мене, во 2017-тата година македонските компании плаќале 52,4 евра по мегават час, па следи Босна и Херцеговина со 58, па Србија со 58,7, па Турција итн.“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Отворено студио“.

Мицкоски додаде дека денеска во првата половина 2022 година македонските компании од овој обем плаќаат најскапа струја. Односно плаќаат 168 ипол евра за мегават час, па Турција со 117 евра, Албанија 105, Србија 89, Црна Гора 76, Босна и Херцеговина 71 и Косово 65,9 односно 66 евра за мегават час.

-Затоа велам кажав што е вложено, што не е вложено и што е ефектот. Еве ова е ефектот од тоа што не е вложувано. Граѓаните бидејќи често ги слушаме како велат граѓаните ги субвенционирале, еве за истите овие седум држави, денеска македонските граѓани според Еуростат повторно ќе кажам не според Христијан, не според ВМРО-ДПМНЕ туку според Еуростат, ако прифатиме дека тие ја зборуваат вистината, граѓаните и домаќинствата во првата половина од 2022 година во Македонија плаќаат убедливо најскапа струја, па потоа следи Црна Гора, па Албанија, па Турција, па Босна и Херцеговина, Србија и во Косово плаќаат најевтина струја. Во Косово плаќаат 55,5 евра, а во Македонија 89,5 евра или би рекол 34 евра по мегават час поевтино плаќаат во Косово, заклучи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека во првата половина од 2017-тата година само домаќинствата во Србија и Косово плаќале поевтина струја од Македонија. Додека пак Црна Гора, Албанија, Турција и Босна и Херцеговина плаќале поскапа струја за домаќинствата.

Златни деца: Македонски средношколци го освоија третото место на Светскиот натпревар по роботика во Женева

Од 13 до 16 октомври во Женева се одржа шестото издание на светскиот натпревар по роботика за средношколци „FIRST Global Challenge“.

Овогодинешната тема на натпреварот беше решавање на проблемот со зголеменото ниво на јаглерод диоксид во атмосферата со помош на STEM.

Оваа година Македонија по втор пат патуваше за FIRST и имаше можност да учествува во натпреварот и постигна многу добар резултат, си доаѓаат дома со бронза добиена во финалните игри со алијансите.

Робот кој се прави со месеци, овие деца го направија за 8 дена.

Тимот на Република Македонија го сочинуваат 5 средношколци (Виктор Ванчов, Јаков Спировски, Горијан Стаматовски, Горазд Петковски и Горјан Анѓушев) предводени од два ментори (Алма Кецап – официјален претставник на FIRST во Македонија и Ален Куљеван – технички ментор).

Да се биде трето место од 180 држави во светот е голем успех за државата, и поттик за идните млади генерации за интерес околу роботиката и STEM едукацијата.

Повеќе фотографии погледнете на “Курир”

Maкедонската опера и балет гостува во Прилеп: Ќе се одигра балетската претстава “ЛA, ЛА, ЛА”

На 19 октомври 2022/ среда/ од 20.00 ч. во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“, Националната опера и балет ќе ја изведе балетската претстава ЛА ЛА ЛА… Влезниците по цена од 100 денари ќе бидат пуштени на билетарницата од Центарот вторник и среда од 10 до 12 и од 18 до 20.00 ч.

Податоци за балетска претстава: 19.10.2021

Кореограф: Саша Евтимова / Музика: Македонски шлагери / Идеја за костими: Саша Евтимова / Светло мајстор: Милчо Александров

Настапуваат:

Женски ансамбл: Саша Евтимова, Ангела Велевска, Христина Наќевска, Симона Колиштркоска, Ангела Богатинова, Бојана Христовска Хорсеау, Ивана Димкоска, Меланија Гоцевска, Мартина Димовска

Машки ансамбл: Игор Веланоски, Ендру Кук, Мирослав Митрашиновиќ, Кристијан Јангос, Агим Бафтии, Мартин Саздовски, Никола Хорсеау, Веселин Трајковски

ЛА ЛА ЛА !!! За оние што сонуваат… Музиката предизвикува толку многу чувства во нас ,спомени, копнежи, мечти… Носталгија; работи поврзани со нашето минато. Сентиментален копнеж за среќа, за едно време во кое живеевме и луѓето со кои сме ѓи делеле тие спомени. Никој не може да го оживее тоа време, тоа сеќавање како една добра стара музичка лента. Само таа музика може да ги врати спомените, да ѓи склопи како сложувалка и испише една нова страна во книгата на нашиот живот. Секоја миксана лента не води на едно носталгично патување, раскажува една приказна од различно време. Се е во нас,а не таму каде живееме. Не постојат граници, ние самите си ги поставуваме, но ако сме доволно отворени, оптимистични и ако веруваме во нас, тогаш селиот свет ни е на дланка. Прегрнете ги спомените и чувајте ги блиску до срцето. До вчера бевме она што денес сакаме да го заборавиме. Се што ни е потребно е само да живееме,а музиката е таа која не води на незаборавни патувања. LA LA LA!

Во прилепско xјундаи пронајден амфетамин во Неготино

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против против Ф.Н. (22) и Н.Р. (26), двајцата од Кавадарци, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 22.02.2022 полициски службеници од ОВР Неготино, при извршен преглед над пријавените и патничко возило „хјундаи“, со прилепски регистарски ознаки, во близина на градските гробишта и хотел во Неготино, пронашле амфетамин.

Бислимоски: Парно има, ама нема оти е топло

Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимоски за „Студио 10“ рече дека минати се времињата кога еден стан со парно се загревал со температура од 24 степени целзиусови и нагоре.

– Навечер ќе има парно, сигурно тоа го следат од ЕСМ и ако е температурата под 15 степени, верувам дека ЕСМ ќе ги затопли радијаторите и во ноќните часови, но треба да се штеди за да имаме доволно средства и да не се прави притисок на цената. Знам дека постои одреднео незадоволство, но да се покажеме солидарни и да не очекуваме грејна сезона со 24-25 степени целзиусови во некои станови. Да потсетам дека побогати земји температурата ја намалија на 18 и 19 степени. Ние како РКЕ не се одлучивме да ги намалуваме тие гранични температури, рече Бислимоски.

Бислимовски вели дека во моментов цената на природниот гас, од кој се претвора топлинска енергија, е 1.500 евра за нормален метар кубен и е двојно помала од пикот од 3.000 евра за нормален метар кубен, што се покажало како добар потег на Владата да чека и да не закупува однапред гас за топланите.

Да купевме во јули и август ќе платевме 3.000 евра, сега е 1.500 долари. Калкулиравме дека греењето ќе немаше никаква логика. Ќе требаше да се платат дополнителни 180 до 200 милиони евра на грбот на потрошувачите, наведе Бислимоски.

Mицкоски: Го повикав Ковачевски на дебата, а тој дезертираше

-Го повикав на дебата Ковачевски, која тој не ја прифати. Тој дезертираше од можноста да се вкрстат аргументите и јавноста да види кој и за што се бори.

Дебатата како размена на аргументи, ставови и погледи на нештата е фундаментот на здрава демократија.

Затоа вечер ја користам можноста на Македонската Телевизија во отвореното студио кое ќе започне во 20:15 часот да дебатираме со новинари од повеќе национални телевизии. Следете! – напиша Мицкоски на ФБ.

Со поднесените измени на законот за политички партии ќе се спречи ширење омраза и постоење фашистички партии

Ако антифашизмот важи за здруженија, треба да важи и за партии

Со новиот предлог закон со кој ќе се направат измени и дополнувања на Законот за политички партии, во Македонија ќе се забрани името и ознаките на политичката партија да содржат симболи, зборови, крaтаенки кои предизвикуваат расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстерминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, национал социјализам и третиот рајх. Политичките партии ќе треба да ги усогласат своите имиња со овој закон во рок од три месеци.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески и пратеничката Соња Мираковска до Собранието предложија измени и дополнувања на Законот за политичките партии, по скратена постапка. Целта на предлогот е да се зголеми транспарентноста и дистанцирање од фашизмот, нацизмот и нациоанал-социјализмот.

Со предлог законот ќе се овозможи поголема транспарентност, како на постоечките така и на идните политички партии, гарантирање на правната сигурност на граѓаните својствени за една демократска, современа и цивилизирана правна држава, се наведува во предложениот текст.

Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за политичките партии содржи четири члена.

Со членот 1 се допрецизира одредбата за програмата, статутот и дејствувањето на политичките партии да не можат да бидат насочени разгорување на национална, расна или верска омраза,нетрпеливост,етничка нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстреминација, ширење или поддршка на фашизам,нацизам,национал-социјализам и третиот рајх или повикување на личности и настани од минатото поврзани со фашизам, нацизам, национал-социјализам и Третиот Рајх.
Со членот 2 се дополнува членот 16 со два нови става во кои е уредено дека: (4) Статутот на политичката партија не смее да содржи одредби кои предизвикуваат расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстерминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, национал социјализам и Третиот Рајх.
Во образложението на Законот, објавен на веб страната на Собранието, стои дека со Предлог законот се заштитуваат демократските вредности како и принципите на правната сигурност на граѓаните во едно демократско општество. Се очекува законот да биде ставен на денен ред на денешната 88. седница.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се уште не се произнесува дали ќе го поддржи овој законски текст.

Крушевчани во посета на амбасадорот во Берлин

Во петокот на 14 октомври 2022 година, во амбасадата на Република Македонија во Берлин се одржала средба на Вршителот на работите во амбасадата Драган Петковски со претставниците на Младинската алијанса од Крушево, кои се наоѓаа на студиски престој во Берлин.

На средбата според соопштението од амбасадата гостите од Македонија информирале за реализираните средби со претставниците на МНР на СРГ и членовите на германскиот Бундестаг, во рамки на програмата Internation youth – exchange in German institutions and organisations.

По средбата гостите се сликале со Петковски во дворот на амбасадата.