дома блог страница 1389

Пожapникap се здобил со повpeди при гаснењето на пожapoт во старата напyштена библиотека во Прилеп

На 17.10.2022 во 16.30 часот во ОВР Прилеп било пpиjaвено дека на ул.„Рампо Левката“ настанал пожap во стара напуштена библиотека.

Од екипа на Територијалната пpoтивпожapна единица Прилеп пожapoт бил изгacнат, а притоа со повpeди се здобил пожapникapoт Д.Б.(45) од Прилеп, констатирани во Општа болница Прилеп.

Увид извршила екипа од ОВР Прилеп – информираат од СВР Битола.

ООУ “Гоце Делчев” доби сензорна соба – дел од проектот “Биди ИН” финансиран од ЕУ

Нови можности за подобрување на способностите на децата со типичен и атипичен развој, со новата сензорна соба во ООУ „Гоце Делечев“ во Прилеп, прва во градот во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, финансиран од Европската Унија.

Стручната служба и наставниот кадар во ова катче ќе може да работат со децата и да ги насочуваат кон задачите и полесно да го одржуваат нивното внимание, да изведуваат координирани моторни активности, самостојно да планираат и реализираат нови задачи, како и да развиваат социјални релации.

Iute Credit како општествено одговорна компанија по втор пат се приклучува кон иницијативата за подобрување на капацитетите училиштата вклучени во проектот и ја поддржа реализацијата на оваа сензорната соба.
„И овој пат сме среќни што имаме можност заедно со фондацијата „Чекор по Чекор” да бидеме дел од изградбата на сензорна соба која со сигурност ќе им помогне на учениците кои имаат потреба од неа да напредуваат и полесно да ги совладаат наставните материјали. Секоја инвестиција во ваков тип на проекти ја гледаме како инвестиција во едно поздраво и понапредно општество каде децата и младите имаат еднакви шанси за развој, квалитетно образование и поубава иднина“ – рече Јасмина Апостолоска од Iute Credit.

Општина Прилеп која обезбеди средства за подготовка на оваа просторија и која е дел од семејството на грантисти на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, со задоволство ја потврди неопходноста од развивање на партнерски однос со цел создавање на инклузивни училишта во земјата.

„Оваа сензорна соба за нас е симбол на соработката која се остварува меѓу училиштата, донаторите, невладините организации и општествено одговорните компании. Благодарност до тимот на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ кој заедно со „Iute Credit“ ги препознаа нашите потреби и создадоа место кое ја подобрува инклузивноста во нашите општински училишта. Нашето образование е толку квалитетно колку нашата способности да се грижиме за оние кои се најранливи. Со овој чекор веруваме дека денес правиме придонес кон обезбедување на квалитетно образование.“ – вели Влатко Петкоски во име на Општина Прилеп.

„Сензорната соба е интерактивна просторија опремена со соодветна опрема која помага да се стимулираат сетилата за слух, вид, допир и мирис. Наменета за работа со деца и млади со нарушувања на сензорната интеграција кои се манифестираат како избегнување или прекумерно уживање во допир, движење, звуци или светлосни сензации, пред се со деца од аутистичен спектар, деца со ADD и ADHD, деца со сензорни оштетувања, ментални и нарушувања во развојот на говорот, пречки во учењето и проблеми во однесувањето.“

„Сензорната соба е интерактивна просторија опремена со соодветна опрема која помага да се стимулираат сетилата за слух, вид, допир и мирис. Наменета за работа со деца и млади со нарушувања на сензорната интеграција кои се манифестираат како избегнување или прекумерно уживање во допир, движење, звуци или светлосни сензации, пред се со деца од аутистичен спектар, деца со ADD и ADHD, деца со сензорни оштетувања, ментални и нарушувања во развојот на говорот, пречки во учењето и проблеми во однесувањето.“ – истакна Снежана Котева – директор на ООУ „Гоце Делчев“.

Бранка Џајковска од Фондацијата „Чекор по чекор“ истакна дека сензорните соби претставуваат инструмент за подобро учење и развој на учениците со попреченост, а со тоа сме и поблиску до квалитетно образование за секое дете.
„Оваа е 17 сензорна соба реализирана како дел од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“. Тие се опремени со елементи кои се од голема корист за учениците со интелектуална попреченост, со хиперактивно однесување, ученици од аутистичниот спектар, деца кои имаа проблеми со моториката и сл. Изборот на опремата и елементите во опремувањето на секоја сензорна соба, го правиме низ консултативен процес со специјалните едукатори, педагозите, психолозите и наставниците во училиштата со цел тоа што ќе се набави да одговара на нивните потреби, за да можат тие максимално да ги исползуваат во нивната работа.“ – изјави Џајковска.

Сензорната соба е спроведена како дел од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ кој е финансиран од Европската Унија, и е пример за суштинско вклучување на учениците со попреченост во образовните текови и придонесува кон подобрување на инклузивноста во образовниот процес во државата.

Проектот го реализира Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ заедно со своите партнери, Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хандимак“. Проектот се реализира во соработка со Министерството за образование и наука.

Викендов во Прилеп ќе се одржи четвртото коло од Младинската Бокс Лига на Македонија

Во организанија на Боксерскиот Клуб “АС” од Прилеп и Националната Боксерска Федерација, oваа сабота на 22.10.2022, во спортската сала на СОУ”Ристе Ристески- Ричко”, ќе се одржи чевртото коло од младинската и прва лига во бокс на Македонија.

Во 13.00 часот ќе се одржат уводните борби за деца, а во 14.00 часот ќе започнат официјалните борби. Од БК “АС” – Прилеп ќе настапат околу 16 боксери во уводните и официјалните борби.

“Во нашиот клуб се работи напорно и непрекинато. Се надевам на добри резултати и многу победи. Подготовките на боксерите се во завршна фаза. Се трудиме четвртото коло во бокс да го организираме во најдобо светло . После долга пауза прилепската публика можи да гледа добри борби и да ги бодри нашите боксери. Голема благодарност за поддршката од Локалната Самоуправа Прилеп што ни овозможи да го организираме овој настан. Благодарност на донаторите MILKO HF, Мермер Империјал и агенцијата за обезбедување МК”, истакна тренерот на БК АС од Прилеп, Дарко Чатлески, чиј клуб е на првото место на табелата во пресрет на четвртото коло.

Се јави Заев: Да сум премиер сега би направил повеќе инвестиции во енергетиката

Владата под раководство на Димитар Ковачевски заслужува комплименти за справување со енергетската криза, оцени поранешниот премиер Зоран Заев, на денешната панел-дискусија на тема „Енергетска и инфлаторна криза“ во тетово, организирана од Студентскиот парламент и студентската асоцијација на Универзитетот на Југоисточна Европа.

Сега како човек од деловниот свет, тој смета дека Владата добро се справува со кризата и се произведува енергија во максимално можни граници.

– Дожност ми е да дадам мислење од искуството како мене и поранешни министри и премиери се прашуваат. Можам да изразам комплименти заради тоа што еве како поранешен премиер кој заврши пред некој десет месеци можев да се кладам дека тешко ТЕЦ Неготино ќе го стават во функција. Но, еве ги двете турбини работат, Осломеј работи, двата блока во Битола работат, работи гасната електрана ТЕ-ТО во Скопје која што ја зеде државата, која е приватна ама ја управува државата, Когел работи, максимално се произведува енергија, изјави Зоран Заев.

Негова сугестија е да продолжи што е можно повеќе да се инвестира во сопствените избори на енергија. Тој рече дека како премиер сега би направил уште повеќе инвестиции во енергетиката само да има колку што може производство оти најсигурна и најстабилна енергија е домашната енергија.

– Колку и да се пријателски земјите вие зависите од страна. Видовте прво што тргна премиерот Ковачевски беше да осигура од соседите дека нема да има затворање на границите за извоз од таму на електрична енергија ако треба да го обезбеиме тоа. Ако имаме доволно енергија тоа гајле го немаме. И јас како премиер можев да направам повеќе, а и поранешните премиери и Влади можеа уште повеќе да направат. Да учиме од тоа да инвестираме во енергетиката. Имаме прекрасно сонце, за фотоволтаци, имаме ветришта на некои 20-тина локации со добри мерење за ветерници, имаме можност со интерконекторот сега да имаме диверфизикација на гасот, да не зависиме само од Гаспром. Ќе ги имаме азербејџанскиот, катарскиот, американскиот гас преку интерконекторот со Грција. Па тој се развива понатаму према Косово према Србија насекаде. Тоа се вредни тековни многу драгоцени инвестиции во енергетиката кои сега се случуваат, истакна Заев.

И ректорот на УЈИЕ, Абдулменаф Беџети посочи дека зголемување на производството на енергија е најпотребната работа за државата и во иднина.

– Поранешниот премиер е тука на панел дискусијата за енергетска криза и инфлација за да каже како сега од реалниот сектор како гледа на оваа криза. Потребно е да имаме што е можно повеќе енергија од нашите извори. Не се инвестира, а треба тоа да се прави. Примерот на хидроцентралата Чебрен и Галиште од каде со децении не успеваме да направиме струја е недозволив, каде имаме над 13 неуспешни тендери, рече Беџети.

Панел дискусијата, на тема „Енергетска и инфлаторна криза“, беше организирана од Студентскиот парламент и студентската асоцијација на Универзитетот на Југоисточна Европа.

Со цените сме блиску до развиена Европа – со стандардот до Средна Африка

Кога ни викаа дека ќе ни ја донесат Германија тука, не мислевме на ова.

Точно е, никогаш не сме биле измамени! Влегувате во маркет во Македонија и се чувствувате како да сте во Германија. Барем што се однесува до цените. Е сега, тоа што просечната плата во Македонија е околу 30.000 денари, а во Германија околу 3.500 евра, тоа е веќе друга работа. Но од друга страна, Германците се познати по тоа што никогаш не “оделе” на голема заработка.

Како и да е, концептот за “Европејска Македонија” по се изгледа се остварува. Можеби е ова и некоја стратегија на Владата? Кој ќе знае.

Aпceња во Прилеп и Битола: Пpoнajдена дpoга

Од полицискиот билтен на МВР

На 18.10.2022 на ул.„Партизанска“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода В.И.(47) и Г.Т.(46), двајцата од Битола, затоа што кај нив бил пронајден и одземен шприц со наркотична дрога. По целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 18.10.2022 во 01.10 часот од ул.„Војводинска“ во Прилеп, полициски службеници од Полициска станица Прилеп го лишиле од слобода Р.С.(20) од Прилеп, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Штpajкови во Франција: Французите револтирани поради зголемените трошоци за живот

Во Франција во тек е генерален штрајк поради зголемените трошоци за живот. Јавниот транспорт е особено погоден, а штрајкови има и во здравствената и прехранбената индустрија, според локалните медиуми.

Станува збор за продолжување на штрајкот кој започна пред три недели во енергетската компанија „ТоталЕнерџис“ и кој веќе предизвика недостиг на гориво.

Поради повеќенеделниот штрајк во рафинериите и магацините на нафта, бензинските пумпи имаат големи проблеми со снабдувањето, па возачите мораат да чекаат во редици за гориво неколку часа. Француската влада нареди некои од штрајкувачите да се вратат на работа, но синдикатите одлучија да го продолжат штрајкот.

Денеска, според најавите, им се приклучуваат и други синдикати, поради што се предвидуваат многу големи проблеми, особено во јавниот превоз, бидејќи се очекува да се укинат дури половина од сите железнички врски, пренесуваат медиумите во регионот.

Тие штрајкуваат и во секторите за јавно здравје и храна. Во неделата, десетици илјади луѓе се собраа во Париз на демонстрации против зголемените трошоци за живот.

Се запали старата библиотека во Прилеп (Фото)

Вчера попладнето околу 18 часот пожap изби во поранешната библиотека во Прилеп во центарот на градот.

Од огнот зафатена беше кровната конструкција, при што од ТППЕ Прилеп интервенираа со две возила.

Објектот на старата библиотека е одамна напуштен и е засолниште за бездомници.

Според она што го дознавме, објектот е во државна сопственост, па добро би било сега властите да го предадат на општина Прилеп и местото да се урбанизира.

Ај пусто, да би пусто останало профитерство македонско – Во Белгија 0,4 кг кашкавал за 120ден, во Германија литар млеко под евро (Фото)

Цените на производите постојано растат, а револтот кај граѓаните се зголемува. Граѓаните секојдневно пишуваат на социјалните мрежи и се сомневаат дека некој на дебело профитира со цените кај нас, а притоа државата воопшто не води грижа.

Во Белгија 0.4 кг кашкавал се продава за 2 евра, млеко за 0,85 евра, а вреќа пелети за 3,99.

И не само во Белгија, туку и во Германија и во останатите земји од ЕУ цените на продуктите не можат да се споредат со оние во Македонија.

Инфлацијата во Германија изнесува 10 отсто, додека цените во маркетите се пониски од нашите. Млекото во моментов чини околу едно евро и 10 центи, односно 66 денари.

Цената на путерот во Германија изнесува 2,29 евра, односно 142 денари, додека едно „киндер јајце“ чини 85 центи, т.е. 53 денари.

Жителите на овие улици во Прилеп денеска ќе имаат прекин со водоснабдувањето

Известување од ЈКП Водовод и канализација Прилеп

Водоснабдувањето на ден 18.10.2022 (вторник) ќе биде нормално со здравствено исправна вода за пиење.

Вкупната произведена количина на вода е 272л/с, од кои 232/с од Студенчица, 0л/с од бунари и 40л/с од сопствени извори.

Прекин во водоснабдувањето заради санација на дефекти и приклучоци во периодот од 08 до 14 часот ќе има на следните улици и делови од Општина Прилеп: ул. “Ило Попадинец”, ул. “Леце Котески”, ул. “Беровска”, ул. “Цар Самоил”, ул. “Динара”, Реон Пашоски Ливади.