дома блог страница 1388

До сабота постудено, а од недела вистинско лето

До сабота дневната температура ќе биде пониска за неколку степени, а од недела повторно ќе биде во пораст. За време на викендот по котлините ќе има појава на магла.

УХМР информира дека утре и задутре минималните утрински температури ќе се спуштат до -3, а дневната ќе биде до 22 степена.

Од недела до вторник минималните температури ќе се движат во интервал од 2 до 11, а максималната дневна ќе достигне до 27 степени.

Владата вели: Инфлацијата до Нова година ќе биде 11,6%

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска изјави дека се предвидува инфлацијата до крајот на годината да биде 11,6 насто. Информира дека Владата вчера разговарала да интервенира со цел да го прекине зголемувањето на цените, а една од можните мерки е сите производствени капацитети, особено од прехранбената индустрија, да влезат на регулираниот пазар со пониска цена на електрична енергија.

Битиќи потсети дека во септември инфлацијата беше околу 18,6 насто и најави анализа за причините, односно дали е таа целосно инфлација која е направена само од еден сегмент или е увозно зависна.

-Таа не е мотивирана само од прехранбените продукти и растот на цените, туку и од други варијабли. Просекот кој што ние го предвидуваме до крајот на годината е инфлацијата да биде околу 11,6 насто. Ние вчера на Влада разговаравме за одредени можеби неконвенцијални или непрактични мерки, а тоа е како евентуално преку интервенции да го прекинеме овој синџир на зголемување на цени. Една од мерките која најверојатно ќе ја дадеме, а тоа е сите производствени капацитети, особено во прехраната да влезат на регулираниот пазар со пониска цена на електрична енергија, за електричната енергија да не влијае дополнително на понатамошно зголемување, изјави Битиќи, при денешната посета на Битола.

Познато е, рече министерот Битиќи, МЗШВ преку интервентниот фонд се обидува да направи исто така добра интервенција кај земјоделските продукти кои не би требало понатаму да растат како основни суровини во производството на храна.

Во изјава за медиумите, вицепремиерот Битиќи истакна дека има сет мерки кои што се поставуваат и тоа не е само нашата земја и се употребуваат насекаде низ светот каде постои кризата.

-Ги следиме состојбите и ќе направиме се што е возможно за да биде помало негативното влијание кај граѓаните, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Прилепчани и битолчани, кaко е на патарина кај Тополчани? Има гужва?

Вест од 12.02.2021г.

За една и пол година ќе се изгради автопат Прилеп-Битола по нови, европски стандарди, најави заменик-претседателот на Владата за економски прашања Фатмир Битиќи. Тој, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска во прилепската локална самоуправа имаа средба со стопанствениците од регионалните комори на Прилеп и Битола кои бараат современа инфраструктура во Регионот, услов за економски развој.

Вицепремиерот Битиќи нагласува дека земјава почнува со нов тип автопатски решенија, според „Фидик-постапка“ за брза и евтина изградба, а се применуваат во ЕУ.

-За првпат воведуваме нов начин на градење автопатски решенија според „Фидик-правилата“ што се применуваат во ЕУ, што значи да имаме поевтино, побрзо автопатско решение. Ќе се заштеди барем 1,5 година во изградбата.Значи. за една и пол година Прилеп Битола ќе имаат автопат. Очекувам дека веќе наесен ќе имаме избрана компанија која ќе работи на автопатот Прилеп-Битола, изјави Битиќи.

Вчера го yкpaл, денеска го фатиле: Пpиведен 27-годишник од Прилеп кој yкpaл автомобил

Денеска (19.10.2022) околу 01.00 часот во Ресен, полициски службеници од Полициската станица Ресен го лишиле од слобода Е.Ќ.(27)од Прилеп.

Тој се сомничи дека на 18.10.2022 околу 17.35 часот на ул.„Гога Јанкулоски“ во Прилеп одзел патничко возило „ровер“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Б.Б.(33) од Прилеп.

Возилото било пронајдено и вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска фудбал во Прилеп: Победа ги пречекува “лавовите” од Ѓорче

Фудбалерите на Победа денеска со почеток од 14 часот на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ ги очекува осминафинален меч од Купот на Македонија со тимот на Македонија Ѓорче Петров.

Најмасовното натпреварување отсекогаш имало посебен предизвик сите учеснициатоа што неретко се случувале изнеадувања. Во утрешниот меч двата тима влегуваат со желба за победа и пробив во четврфинаналето меѓу 8-те најуспешни во Купот. Црвено-белите ќе играат на својот стадион, иако во работен ден се очекува и со солидна подршка од трибините.

Формата на екипата е во нагорна линија, иако сеуште со тенденции на осцилации во играта затоа што се работи за нов и доста млад и неискусен тим. Меѓутоа без оглед кој ќе ја добие довербата на тренерот Бабунски секој од почетните 11-мина, па и оние кои ќе добијат шѓанса во продолжението, ќе мора да го даде својот максимум со цел да се стигне до евентуална победа и пласман во следната рунда од Купот на Македонија.

Дуелите во Купот се играат на еден натпревар од 90 минути, а во случај на нерешен резултат победникот се добива по изведување на пенали.

Пpиведен битолчанец кој кpaдел во подрумот на Апелациониот cyд во Битола

На 18.10.2022 во 22.35 часот во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција и полициската станица при СВР Битола го лишиле од слобода С.Б.(27) од Битола.

Тој се сомничи дека околу 18.10 часот, со употреба на физичка сила, влегол во подрумскиот дел во зградата на Апелационен суд Битола на бул.„1 Мај“, при што одзел повеќе предмети. Одземеното било пронајдeно и вратено на сопственикот.

Исто така, при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Лицето било задржано во полициска станица и во консултација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Вработен во ЈСП им пишал на меил на директорите: Или плата, или ќе кренам автобус во воздух

Полициски службеници денеска го привеле Ј.И. кој бил вработен во ЈСП, откако претходно пристигнала пријава околу 5 часот од ЈСП.

Од неговиот мејл Ј.И. испратил порака на службениот мејл и на на мејловите на сите директори, службите за финансии, правни и други служби во ЈСП со закана дека поради нередовното земање на плата планирал да постави бомба во автобус на ЈСП, која би експлодирала денес за време на протестите, како што информира МВР.

Се вршат антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска се празнува Светиот Апостол Тома

Православните верници утре го прославуваат светиот апостол Тома. Тој во народот е познат како Томинден, сеќавање на светиот Тома, еден од дванаесетте апостоли кој го ширел Христијанството најпрво во Палестина, а потоа и во Персија и во Индија каде бил убиен.

Многу семејства овој ден го одбележуваат како своја куќна слава. Во минатото го прославувале дрводелците, бочварите, коларите, столарите, бунарџии, ѕидарите… Се верувало дека тој штити од волци.

Најважното е дека на овој празник важи „Свети Тома седи дома“, па така не се оди никаде.

Свети апостол Тома е познат меѓу народот по неговото неверување, но на малку луѓе им е јасно дека се работи за сомнеж во воскреснатиот Христос како Спасител. Во личноста на неверниот Тома го видоа симболот на сомнежот во Христовото воскресение, зашто секое неверување на секој еден човек во крајна линија е неверување во Христовото подигање од мртвите. Она што му е уште помалку познато на нашиот народ е дека неверувањето на истиот Тома, Господ го искористи за да се потврди пред целиот свет реалноста на Неговото воскресение.

Да се потсетиме дека апостол Тома ги стави прстите во Христовите рани и ја опипа реалноста на живото тело, истото тело кое претходно умре на крстот. Подоцна, кога апостолите се распрснаа по целиот свет да го проповедаат Евангелието, на свети Тома му падна да отиде во Индија. Таму пострада маченички и со тоа уште еднаш, и сега најасно, ја посведочи својата вера во воскреснатиот Спасител.

Светиот апостол Тома

Еден од Дванаесетте големи апостоли. Со неговиот сомнеж во воскресението на Господ Исус Христос беше придобиена нова потврда за тој чудесен и спасоносен настан. Имено, воскреснатиот Господ повторно им се јави на учениците за да го увери Тома. И му рече Господ на Тома: „..дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверлив, но верлив!“ И Тома возвикна: „Господ мој и Бог мој!“ (Јован 20). По слегувањето на Светиот Дух, кога апостолите ги мешаа жрепките каде кој ќе оди на проповед, на Тома му падна жрепка да оди во Индија. Тој малку се нажали што мора да оди во толку далечен крај, но Господ му се јави и го охрабри. Во Индија Св. Тома многумина, големци и сиромашни, ги обрати во верата Христова и ја заснова таму Црквата и постави свештеници и епископи.

Меѓу останатите Тома ги обрати кон Христа и две жени на двајца индиски кнезови, Тертијана и Мигдонија, коишто беа сестри. Овие сестри беа од своите мажи намачени заради верата, затоа што не сакаа да живеат со нив откако примија Крштение, а потоа мажите ги отпуштија. Откако се ослободија од бракот тие поживеаја богоугодно до смртта. Дионисиј и Пелагија, претходно беа вереници, но кога ја слушнаа апостолската проповед не влегоа во соживот, но се посветија на подвиг. Пелагија заврши како маченичка за верата, а Дионисиј беше поставен од апостолот за епископ.

Кнезот Муздиј, маж на Тертијана, кому што Тома му ги крсти жената и синот, го осуди апостолот на смрт и испрати петмина војници коишто го прободија со пет копја. Така си ја предаде душата во рацете на Христос Светиот апостол Тома. Пред својата смрт и тој, како и другите апостоли, беше чудесно пренесен на погребот на Пресвета Богородица. Но бидејќи пристигна доцна, горко зажали, па на негова молба го отворија гробот на Пресветата, но внатре не го најдоа Нејзиното тело.

На таинствен начин Господ Ја беше зел Својата Мајка во Неговите небесни живеалишта. И така Свети Тома, којшто со своето неверување ја утврди верата во Христовото воскресение, во овој случај задоцнувајќи ни го откри чудесното прославување на Богородица.

(Видео) Заев се појави пред камери и кажа дали ќе се врати во политиката

-Немам намера да се кандидирам за претседател на државата, мирни да бидат спокојни. Дваесет години сум во политиката, ќе ја помогам оваа и секоја идна Влада, имам наследство внатре, големи одлуки донесов. Сакам да успее мојот народ, сакам да успее државата. Убаво е да расчистиме – Заев нема да продолжи. Оваа тема можеби некому ќе му олесни, но луѓето ги интересира живеачката, тоа што се случува денеска, истакна денеска Заев на новинарско прашање во Тетово, каде учествуваше на панел-дискусија поврзана со енергртската криза и инфлацијата.

ВИДЕО: “СИТЕЛ ТВ”

МВР се пофали, а полицajците треба да честат: Ќе добијат нови чизми

Започнувајќи од денес на униформираните полициски службеници – припадници на МВР е започнато со делење на високи специјални чизми – вкупно 8550 пара чизми, со вкупна вредност од 46.084.500,00 денари без ДДВ, односно 54.379.710,00 денари со ДДВ.

Истите се делат на секој Униформиран полициски службеник на кој согасно Уредбата за униформа им следуваат истите – се пофалија од МВР.