дома блог страница 1387

Пилешкиот стек поскап за 125 ден, говедската кртина за 134 денари – Погледнете за колку пocкапеле другите производи за 2 месеци

Екипата на Ценометар.мк на терен ги забележа следните, досега најголеми поскапувања во одредени маркети на следните производи:

Краставицата поскапела за 39 денари! Кромидот поскапел за 8 денари во просек! Печурки свежи поскапеле за 33 денари!
Јајца 10/1 – поскапеле за 18 денари! Млеко 3.2% масленост поскапело за 12 денари!

Путерот за 100 грама поскапел во просек за 23 денари! Ајдамерот поскапел за 124 денари во просек! Гаудата поскапела до 135 денари!

Мелено месо – поскапо за 60 денари! Свинска кременадла – во некои маркети поскапа за 90 денари! Свинска кртина – поскапа за 30 денари!

Говедска кртина поскапела до 134 денари! Пиле свежо – поскапело во просек за 34 денари! Пилешки стек замрзнат – страшен скок од 125 денари во поединечни маркети!

Замрзнат батак – поскап за 84 денари! Чајна за 45 денари поскапа! Туна – 8 денари за 100 грама – поскапа!
Нескафе лименка од 200г – 50 денари поскапо!

Овие поскапувања се однесуваат за периодот од месец Август до сега, значи околу 2 месеци!

Досега нашиот сервис, немаше забележано поскапувања со овој интензитет – никогаш досега, велат од Ценометар.

Ценометар.мк

Урнебесната комедија “Да инспекторе”, во петок во прилепскиот народен театар

Репертоар на театарот “Војдан Чернодрински” Прилеп

Петок, 21.10.2022 – 19.30ч. “Да инспекторе, претстава со грешки”

Влезници на тел. – 076 442 378

Не ни оди со знамињава и не ни оди: Бујар ја пречека министерката на Словенија со знаме од Словачка (Фото)

Нема крај на протоколарните пропусти на владата, снимките од телевизиските камери покажуваат дека наместо со знамето на Словенија, министерот за надворешни работи Бујар Османи ја пречекал министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, со знаме на Република Словачка.

Ова е можеби десети пример како владата прави меѓународен срам во слична ситуација.

Maла помош за наредно да не се брукаме:

Знамето на Словенија

Знамето на Словачка

Ни доаѓа последниот продолжен викенд оваа година: Еве уште кои неработни денови остануваат до крајот на 2022

Следната недела ни доаѓа уште еден неработен ден и државен празник, а воедно тоа е и последниот споен викенд за оваа година.

Во согласност со Законот за празниците на Република Македонија во 2022 година остануваат уште овие неработни денови:

За сите граѓани на РМ

23 октомври (недела), Ден на македонската револуционерна борба, односно 24 октомври (понеделник) е неработен ден,

8 декември (четврток), Св. Климент Охридски.

За граѓаните од католичка вероисповед

1 ноември (вторник), Празникот на сите светци,
25 декември (недела), првиот ден на Божик.

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

22 ноември (вторник), Ден на албанската азбука.

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик.

Нова одлука: Регулаторна ги намали цените на гopивата за дури…

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука од денеска на полноќ да се намалат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,44 проценти во однос на одлуката од 17 октомври 2022 година.

-Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,115 денари за килограм, додадоа од РКЕ.

Со денешната одлука цената на моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 89,00 (денари/литар), моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 91,50 (денари/литар), дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 103,00 (денари/литар), масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 98,50 (денари/литар) и мазут М-1 НС 49,919 (денари/килограм).

Оттаму додадоа дека трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

-Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,499 проценти, кај дизелот за 0,331 отсто, кај екстра лесното масло за 0,005 проценти и кај мазутот намалувањето е за 2,826 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,077 проценти, информираа од РКЕ.

Го фатиле по еден час: Фатен битолчанец кој огpaбил обложyвалница

На 18.10.2022 во 22.35 часот во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција и полициската станица од општа надлежност при СВР Битола го лишиле од слобода Ј.Ч.(36) од Битола.

Тој се сомничи дека околу 21.30 часот во спортска обложувалница на ул.„Партизанска“ во Битола со закана кон вработената одзел пари од дневниот промет.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Битола.

Договорот со ФРОНТЕКС – Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража ќе биде потпишан на македонски јазик

Во 2015 година со разгорувањето на мигрантската криза, која ги засегна и нашите граници, на македонско – грчката граница беа распоредени европски полициски сили кои и помагаат на македонската гранична полиција во заштитата на границата. Со започнувањето на преговорите за членство на Македонија во ЕУ, се создадоа услови распоредувањето на полициските сили на ФОРНТЕКС да биде регулирано со договор кој ќе биде потпишан на сите јазици на Европската унија и на македонски јазик, без никаква задршка.

Да се потсетиме, според ФОРНТЕКС на балканската мигрантска рута во текот на 2015 година имало 885 000 нелегални минувања на границите и во тој период се случуваа непријатни сцени на нашата јужна и северна граница. Ова беше причина и за воведување на вонредна состојба на делови од нашата јужна граница, а следствено и причина за започнување на соработката во заштитата на македонската граница меѓу нашите полициски сили и оние на земјите од ЕУ.
Со потпишувањето на Договорот, според информацијата од МВР, се создаваат неопходните правни предуслови коишто ќе овозможат непосредна соработка меѓу надлежните органи на двете договорни страни, за ситуации кога членови на тимот на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража имаат извршни овластувања на територијата на Република Македонија, а во контекст на управувањето со миграциските текови и сузбивањето на незаконска миграција и прекуграничен криминал во земјава.

Европскиот совет донесе одлука за потпишување на Договорот за ФРОНТЕКС со Македонија и ја испрати нацрт-одлуката за склучување на договорот до Европскиот парламент за негова согласност. Договорот ќе биде преведен на 25 јазици, меѓу кои и на македонски и доставен до земјите членки на Европската Унија.

И владата на денешната седница го разгледа и усвои и Извештајот од Министерството за внатрешни работи за извршени преговори со усогласен текст на Договорот меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија за оперативни активности спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража во Република Северна Македонија (ФРОНТЕКС) и го разгледа и прифати усогласениот текст на Договорот.

Победа испадна од Купот: Бледото прво полувреме денеска во Прилеп им пpecyди на прилепчани

Фудбалерите на Победа ги завршија настапите од годинашниот циклус натпреварувања во Купот на Македонија.

Попладнево на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ црвено-белите загубија од актуелниот освојувач на купот, eкипата на Македонија Ѓорче Петров со 0-2, полувреме 0-2.

Како што и самиот резултат кажува, победашите практично мечот го загубија со бледото и анемично прво полувреме кога дозволија два ефтини гола.

Во продолжението играта се подобри, малубројните околу 500 гледачи видоа нешто подобро издание и неколку возбудувања, но резултатот не се менуваше.

Се на се заслужен пораз во игра, во која гостите ги искористија сите слабости на домаќинот, во чии редови пак изостана поголема желба за победа, која е и тоа како потребна, посебно кога се игра пред домашната публика и за светиот црвено-бел дрес.

Победа: Котевски, Бошески, Паноски, Стомнароски, Ѓурковиќ, (од 29 мин. Делов), Тодоров (од 60 мин. Тодороски), Аризанкоски, Амос (од 67 мин. Тошески), Мазари, Џејмс (од 46 мин. Б. Спиркоски), Галевски (од 46 мин. Петејчук).

Николоски соопшти шокaнтна инофрмација: Ова ќе ја загpижи цела држава (Видео)

Владата во надеж да преживее и да се задолжи за 100 милиони евра кредит се обврзува да ги затвори ТЕЦ Осломеј и РЕК Битола заклучно со 2027 со што Македонија ќе стане целосно енергетски зависна, смета потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Николоски во гостувањето во „Само Вистина“ покажа и документи за заемот, за кои вели дека власта ги крие.

До сабота постудено, а од недела вистинско лето

До сабота дневната температура ќе биде пониска за неколку степени, а од недела повторно ќе биде во пораст. За време на викендот по котлините ќе има појава на магла.

УХМР информира дека утре и задутре минималните утрински температури ќе се спуштат до -3, а дневната ќе биде до 22 степена.

Од недела до вторник минималните температури ќе се движат во интервал од 2 до 11, а максималната дневна ќе достигне до 27 степени.