дома блог страница 1386

Фрлена цигapa крена во воздух 73 автомобили (Видео)

На Јутјуб се појави снимка од голем пожар на семејната фарма Робинсон во Тексас, кој направил огромна материјална штета.

Пожарот избувнал на импровизиран паркинг на семејната фарма Робинсон во Тексас, во околу 13 часот во сабота, за време на одржувањето на годишниот есенски фестивал.

Шефот на локалната противпожарна служба Крис Малстед изјавил дека пожарот најверојатно е предизвикан од цигара, која, како што рекол, „била непрописно фрлена на тревниот паркинг“.

Локалните противпожарни единици успеале да го изгаснат пожарот по два и пол часа, во инцидент.

Шолц: “На Путин му се згрешени пресметките”

Германскиот канцелар Олаф Шолц смета дека обидот на рускиот претседател Владимир Путин да изврши притисок врз Германија и Европа во контекст на војната во Украина и ограничувањето на снабдувањето со енергија пропадна.

„Путин се надеваше дека ќе може да нè уценува со вртење на чешмата на гасоводот“, рече Шолц во Бундестагот пред да оди на самитот на Европската Унија во Брисел: „Но, тој погрешно пресметал, бидејќи, како што нагласи Шолц, Европа е обединета.

Русија нема да победи во војната против Украина, додаде канцеларот. Путин ќе пропадне, всушност тој веќе не успеа, рече Шолц во пленарната сала на Рајхстагот: „Путин нема да ги постигне своите воени цели. Рускиот претседател си игра на слабоста на Западот и Украина, смета тој: „Но Путин е во заблуда. Не сме слаби“.

Санкциите против Русија не се доведени во прашање, рече Шолц: „Ние остануваме на тој курс сè додека Русија продолжува да ја спроведува својата брутална војна за агресија“. А помошта за Украина ќе продолжи сè додека е потребно, додаде тој.

Шолц смета дека Германија е доволно добро подготвена за следните месеци и покрај прекинот на протокот на руски гас:

„Заедно, претпоставувам дека ќе ја поминеме оваа зима. Пополнувањето на германските складишта за гас во моментов е 95 проценти, а ова беше всушност целта што Германија планираше да ја постигне на 1 ноември. И покрај одлуката за рестартирање на некои електрани на јаглен, германската влада сè уште цврсто стои зад своите прокламирани климатски цели“, рече Шолц, пренесуваат медиумите.

Дуел да се биде или не: Прилепчани утре ја дочекуваат екипата на МРК Куманово

Ракометарите на РК Прилеп утре со почеток од 20 часот во спортската сала на СОУ “Ристе Ристески-Ричко”, во рамките од седмото коло во Супер лигата, ја дочекуваат екипата на МРК Куманово.

Кумановци доаѓаат во Прилеп како седмопласирани на табелата со само три освоени бода, а прилепчани имаат само бод повеќе на шестото место.

Ќе биде ова дуел да се биде или не и за двете екипи, а вљубениците во ракометот во Прилеп очекуваат само триумф и ништо помалку од тоа.

Градоначалникот Јовчески во работна посета на германскиот град Вилинген-Швенинген (Фото)

На покана на градоначалникот, господин Јирген Рот, прилепскиот градоначалник реализираше работна посета на градот Вилинген-Швенинген во Сојузна Република Германија. За време на работната посета во Вилинген-Швенинген, од 17-19 октомври, Јовчески остварил низа на работни состаноци и средби со градоначалникот, со претставници на општината и на бизнис секторот од градот.

Било разговарано на многу теми меѓу кои една од најбитните во моментов, за енергетската ефикасност, јавниот градски превоз, за бизнис климата, а исто така и за можноста да се привлечат инвестиции за градот Прилеп и секако да се продлабочи соработката со општината Вилинген – Швенинген.

Градоначалникот Јовчески за остварувањето на својата работна посета во општината Вилинген – Швенинген, објави на својот официјален ФБ профил, каде напомена дека за неговото службено патување како градоначалник, не потрошил ниту еден денар финансии од буџетот на општината.

Јовчески истакна и дека неговите приоритети се подобрување на економската состојба во Прилеп како и остварување на стратегијата за локален економски развој на градот. Исто така е најавена и возвратна официјална посета на градоначалникот Јирген Рот од општината Вилинген – Швенинген на општина Прилеп.

Ердоган најави договор со Путин: Eвропа ќе добива гас преку Турција

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави договор со рускиот претседател Владимир Путин за формирање гасен центар во Турција, најголем во Европа.

Денес европските земји активно бараат начини за купување гас, додека Турција нема такви проблеми, рече Ердоган, пренесува од турската новинарска агенција Анадолу.

„Путин го кажа токму тоа – Европа може да купува гас преку Турција“, рече Реџеп Таип Ердоган, говорејќи на состанокот на парламентарната фракција на владејачката Партија на правдата и развојот во Анкара во средата.

На предлог на рускиот претседател, новиот центар би можел да стане трговска платформа која ги одредува цените на европскиот пазар, бидејќи холандскиот центар ТТФ повеќе не ги одредува реалните цени.

„Гаспром“ е технички подготвен да изгради капацитети за пренос на гас на Црното Море и да создаде платформа за трговија со гас на границата на Турција и Европската унија, изјави на 12 октомври шефот на компанијата Алексеј Милер.

„Технички сме подготвени да изградиме капацитети за пренос на гас. Што се однесува до центарот, без сомнение треба да се разгледа ова прашање за трговска платформа на границата на Европската унија и Турција“, рече Милер.

Џабе фрлавме со камења: Го прашаа Кулушевски дали може да одговори на српски, а тој веднаш одговори дека зборува МАКЕДОНСКИ (Видео)

Репрезентативецот на Шведска со македонско потекло Дејан Кулушевски и играч на Тотенхем, игра во одлична форма оваа сезона.

Откако пред седум месеци се крена фама дека Кулушевски одби да зборува на македонски јазик и дека можеби не знае македонски да зборува, кога даваше изјава во дресот на Тотенхем, овојпат Дејан покажа дека македонскиот јазик добро го владее.

Додека беше на репрезентативна обврска, по дуелот Шведска – Словенија, еден од новинарите побара Кулушевски да му даде изјава на српски јазик. Дејан веднаш одговори дека изјава може да даде на македонски јазик.

Предупредувачки протест во Пошта: Исплата на плати до вторник или протест пред Влада, егзистенцијата на 2.200 семејства доведена во прашање

Двети синдикални организации на Македонска пошта денеска повторно одржаа предупредувачки протест за време на паузата. Бараат да им биде исплатена септемвриската плата, да не се доцни во иднина со исплатата на платите, да се подобрат нивните услови за работа и државата да ги користи нивните услуги и да не ангажира приватни пошти, со цел да се зголемат нивните приходи.

Претседателот на едниот Синдикат на Македонска пошта Боро Велигденов појасни дека протестот го одржуваат поради доцнењето на платите, кои требало да бидат исплатени најдоцна до 15-ти месецов.

– Дополнително како вработени се грижиме за нашата егзистенција, за нашите работни места, односно за иднината на нашата компанија, проблем кој со години се провлекува и особеното немање интерес од Владата да заземе цврст став во надминување на состојбите и на подобрување на работењето на Македонска пошта. Македонска пошта е државна компанија која е од суштинско значење за државата и мора како пошта да постои и да биде главен сервис на граѓаните, потенцираше Велигденов.

Тој предупреди дека доколку не се исплатата платите до вторник, сите вработени од Македонска пошта ќе одржат протест пред Влада.

– Сепак, станува збор за егзистенција на нашите семејства – немаме плата во оваа криза кога енормно се покачуваат цените не можеме дома да ги исплатиме нашите обврски, да однесеме леб, кредити и ред други работи. Впрочем, не можеме да дојдеме на работа, немаме пари за издржување, истакна претседателот на Синдикатот.

Тој информираше дека вчера одржале состанок со Управниот одбор, но оти сè уште немаат добиено официјален одговор.

– Инаку, се изготвувало план и стратегија за надминување на состојбите, штом ќе ги добиеме ќе биде информирана целата јавност. Ние како синдикат впрочем и тоа бараме, не само гаранција секој месец да добиваме редовно плата, туку и да ни ја приложат стратегијата како ќе излеземе ние од ситуацијата, како секој нареден месец ние ќе имаме работа пред се и ќе се обезбеди плата за сите вработени, бидејќи станува збор за 2.200 вработени, тоа се 2.200 семејства, додаде Велигденов.

Дарко Димовски, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија информираше дека до Владата и до менаџерскиот тим уште во вторник ќе поднесат барање, на владина седница со заклучок, бидејќи станува збор за АД во државна сопственост, да нареди премиерот до сите министри да ги користат услугите на „Македонски пошти“.

– Не може ние да правиме тендери и да ангажираме приватни т.н. пошти, или брзи пошти, а нашата национална пошта која ја има државата како нејзин сервис, да биде скокната и да не прави приходи од писмата кои се носат во одредени министерства, судски пресуди итн. Значи, решението е државата да си ги користи своите ресурси кои ги има – АД „Пошта на Македонија“ кои се во сопственост на државата. Тоа е решението. Ние ќе бараме тоа да се процесуира бидејќи гледаме секакви заклучоци се носат на Влада, па редно е да се помогне и на ова АД во државна сопственост за да може и понатаму да работи, бидејќи знаеме – ја опслужуваме целата држава Македонија, а ствараме повеќе расходи отколку што добиваме приходи, потенцираше Димовски.

21-годишник со автомобил yдpил во 65-годишна жена од Битола

На 19.10.2022 во 15.20 часот во СВР Битола било пpиjaвено дека на ул.„8 Септември“ во Битола, патничко возило „опел вектра“ со битолски регистарски ознаки, yпpaвyвано од М.Б.(21) од с.Беранци, Општина Могила, yдpило во В.Л.(65) од Битола.

Во нecpeќата со тешки телecни повpeди се здобила В.Л., конcтатиpaни во Клиничката болница во Битола.

Извршен бил yвид од yвидна екипа од СВР Битола – информираат од СВР Битола.

(Видео) Како би изгледал светот кога би се стопил целиот мраз

Ако ви е потреба дополнителна доза на мрачна реалност што ќе ви ги отвори очите за степенот на климатската криза и потенцијалната страшна иднина на нашата планета, видеото подолу е совршено за тоа.

Пред неколку месеци истражувачите од Универзитетот во Мејн и Британското антарктичко истражување открија дека глечерот на Судниот ден на Антарктикот, кој е голем приближно колку Велика Британија, се топи со најголема брзина во последните 5.500 години. Истражувањето откри дека ако глечерот продолжи да се топи со таква брзина, би можел да го зголеми нивото на водата за неверојатни 3,4 метри во следните неколку века.

Ако нивото на водата достигне 3,4 метри повисоко, како резултат на топењето на овој глечер, како би изгледала Земјата доколку се стопи целиот мраз?

Минатата година дознавме дека многу од ефектите на климатските промени се неповратни. Нивото на морето се зголемува со поголема брзина од година на година, а Меѓувладиниот панел за климатски промени проценува дека тоа би можело да се зголеми за уште еден метар или повеќе до крајот на овој век.

Пилешкиот стек поскап за 125 ден, говедската кртина за 134 денари – Погледнете за колку пocкапеле другите производи за 2 месеци

Екипата на Ценометар.мк на терен ги забележа следните, досега најголеми поскапувања во одредени маркети на следните производи:

Краставицата поскапела за 39 денари! Кромидот поскапел за 8 денари во просек! Печурки свежи поскапеле за 33 денари!
Јајца 10/1 – поскапеле за 18 денари! Млеко 3.2% масленост поскапело за 12 денари!

Путерот за 100 грама поскапел во просек за 23 денари! Ајдамерот поскапел за 124 денари во просек! Гаудата поскапела до 135 денари!

Мелено месо – поскапо за 60 денари! Свинска кременадла – во некои маркети поскапа за 90 денари! Свинска кртина – поскапа за 30 денари!

Говедска кртина поскапела до 134 денари! Пиле свежо – поскапело во просек за 34 денари! Пилешки стек замрзнат – страшен скок од 125 денари во поединечни маркети!

Замрзнат батак – поскап за 84 денари! Чајна за 45 денари поскапа! Туна – 8 денари за 100 грама – поскапа!
Нескафе лименка од 200г – 50 денари поскапо!

Овие поскапувања се однесуваат за периодот од месец Август до сега, значи околу 2 месеци!

Досега нашиот сервис, немаше забележано поскапувања со овој интензитет – никогаш досега, велат од Ценометар.

Ценометар.мк