дома блог страница 1385

Во Битола се снима филм посветен на Ататурк

Во периодот од 8-ми октомври до 3-ти ноември на повеќе локации во Битола, околината, како и Ресен и Скопје се снима ТВ серијата со работен наслов „Ататурк“ во продукција на турската продуцентска куќа Ланистар Медиа во соработка со македонската продуцентска куќа Сектор филм. Овој проект е финансиски подржан од каналот Дизни + на којшто ќе се емитува.

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, оствари работна средба со филмската екипа на терен. Режисерот на серијата Мехмед Ада Озтекин, истакна дека ова не е негов прв проект кој се снима во Битола и особено му се заблагодари на градоначалникот за поддршката од страна на општина Битола, која го овозможи снимањето на серијата. Градоначалникот Коњановски посочи дека Битола е позната локација за филмската уменост, бидејќи градот сам по себе и културно-историски споменик, кој од дамнина е поврзан со филмската уметност преку браќата Манаки. Во поновата историја на градот, филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ е вистински промотор на градот во светот на филмската уметност. Градоначалникот се заблагодари за можноста која што е дадена од страна на филмската екипа, како статисти во овој проект да учествуваат 1500 лица од Битола и околината, а со реализација на овој проект, за потребите на продукцијата се исполнети и хотелските капацитети во Битола.

Македонскиот партнер во проектот, Сектор филм, изрази посебна благодарност на големата поддршка од градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, општината Битола, сите нејзини институции, а секако и граѓаните на Битола. Без оваа поддршка снимањето на овој обемен проект би бил невозможен. Од Сектор филм се надеваат дека овој проект ќе донесе уште поголема афирмација на Битола и нејзината околина како филмски локации за бројни идни ТВ и филмски проекти.

Инаку, серијата која што го обработува животот на светскиот револуционер и државник, Мустафа Кемал – Ататурк ќе се состои од 6 епизоди. Главната улога ја толкува младата актерска ѕвезда Арас Булут Ијнемли, познат на македонските гледачи преку неговите улоги во сериите „Како што минува времето“, „Сулејман Величествениот“, „Јама“ и други. Покрај него, серијата има голема актерска екипа составена од бројни познати турски актери и актерки, како и светски актерски имиња од Америка, Србија итн. Покрај бројната турска екипа, во снимањето е вклучена и голема македонска екипа.

Прилепските пожаpникapи се подновија со нови чевли, дуксерки, ветровки… (Фото)

Прилепските пожapникapи денеска добија 40 комплети опрема која содржи чевли, блузи, пантолони, кошули, дуксерки и ветровски.

Опремата ја обезбеди општина Прилеп од каде се прават постојани напори за подобрување на условите за работа во Територијалната противпожapна едница.

Пред извесно време ТППЕ Прилеп доби и донација ново теренско возило од Дирекцијата за заштита и спасување.

Со свои камења по глава: Бугарија доби вето од Холандија за влез во Шенген зоната

Холандскиот парламент вчера изгласа резолуција против влезот на Бугарија и Романија во Шенген зоната. Гласањето во холандскиот парламент се случи два дена откако Европскиот парламент усвои резолуција да им се дозволи на двете источноевропски земји да ѝ се приклучат на зоната без граници.

Со резолуцијата, холандските пратеници побараа од премиерот Марк Руте да стави вето на влезот на Бугарија и Романија во Шенген, додека не се направи анализа на функционирањето на владеењето на правото и намалувањето на корупцијата и организираниот криминал во двете земји.

Зборувајќи пред бугарските новинари пред неговото пристигнување на Европскиот совет денеска, бугарскиот претседател Румен Радев кажа дека Бугарија станала заложник на внатрешната политика на Холандија.

Во сабота сите во сала! Да ги поддржиме младите кошаркари од Прилеп до нова победа

Почитувани љубители на кошаркарската игра, во сабота 22.10.2022 екипата на К.К. Мега Баскет – Прилеп ја отвора новата сезона на домашен терен против eкипата на К.К. Дибра од Дебар.

Во првото коло прилепчани остварија победа над екипата на Гостивар со резултат 67 – 81.

Од Кошаркарскиот клуб Мега Баскет ги покануваат сите вљубеници во кошарката во сабота со почеток од 19:00часот во спортската сала во ООУ “Добре Јовановски”, да ги поддржат младите кошаркари за да остварат уште една победа.

ПРИЛЕП ЗАСЛУЖУВА СПОРТ, ЗАСЛУЖУВА КВАЛИТЕТНА КОШАРКА! СИТЕ ВО САЛА!

Боки 13 пpeтепан во затвopoт во Идpизово

Со повреди на главата и телото се здобил Бојан Бојановски – Боки 13 откако бил претепан во затворот „Идризово“ каде ја издржува затворската казна.

Од МВР велат дека случајот бил пријавен и кај нив од страна на Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“.

-На 20.10.2022 во 20.00 часот во СВР Скопје – Полициската станица Гази Баба, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со поврди бил донесен Б.Ј.(36) од Скопје. Според пријавеното, околу 15.40 часот во кругот на Казнено-поправната установа Затвор Идризово, каде издржувал затворска казна, Б.Ј. бил физички нападнат од три лица. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.

„А1он“ објави дека Боки 13 бил нападнат од три лица, а на нападот не му претходеле расправии. Наводно, нападот се случил во дворот на затворот, по што Јовановски со Брза помош бил пренесен во болница.

69-годишен прилепчанец кpaдел на Широк Сокак во Битола

На 20.10.2022 на ул.„Широк Сокак“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција и полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола го лишиле од слобода Љ.М.(69) од Прилеп.

Тој се сомничи дека е сторител на кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“, a при преглед кај него биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривични дела.

Исто така, со судска наредба, во текот на денот бил извршен и претрес во неговиот дом во Прилеп и бил пронајден предмет кој потекнува од кривично дело.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вучиќ: Имаме сè, и да дојде крај на свет – ќе преживееме

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ гостуваше на „ТВ Прва“ и порача дека ударите на енергетската инфраструктура во Украина ќе предизвикаат голем скок на цената во Европа.

Вучиќ вели дека храна ќе недостига, но сепак сè е под контрола во моментов.

„Имаме доволно сол, шеќер, масло… Утре да се затвори сè, ние имаме за неколку месеци. Купивме доволно грашок, грав, риба, имаме сè. Да дојде крај на светот, ние ќе преживееме“, вели Вучиќ.

Интервју со Влатко Алексоски: Прилепчанец кој создава ремек дела на овошје и зеленчук и освојува златни медаљи каде и да се појави (Фото галерија)

Прилепчанецот Влатко Алексоски е човек со уметничка душа. Креира неверојатни креации на овошје и зеленчук – уметност која се нарекува карвинг. Цели 12 години Влатко вдахнува живот на лубеници, јаболка, тикви… и други овошки и зеленчуци и притоа креира совршени ремек дела кои предизвикуваат воодушевување и воздишки. Трпеливо, користејќи мало ноже, Влатко ја изразува својата уметничка замисла која е единствена и неповторлива. Алексоски е и мајстор за кетеринг, а кој ги побарал неговите услуги бил исклучително задоволен. Разговаравме за неговата пасија карвингот, кога и како започнал да се занимава со оваа уметност и како ја усовршил.

Влатко кажи ни нешто повеќе за себе. Како и кога се разви љубовта кон оваа уметност кај тебе? Дали талентот го откри од мали нозе, или подоцна?

-Карвингот е мојата најголема љубов кој го работам 12 години.

Постои ли посебна школа или курс кај нас кој треба да се изучи за да се усоврши овој вид уметност?

-Секако дека постои, но кај нас не. Најблиската школа е во Софија, а јас се учев на почетокот преку скајп со професор од Тајланд.

Како се викаат алатките што се користат и што се’ е потребно за некој да се занимава со карвинг?

-Thai knife e единствен за мене, постојат и други алатки како short knife и long double knife.

Има ли други прилепчани кои се занимаваат со карвинг?

-Да, има еден колега од Прилеп.

Дали Влатко го работи ова за свое срце и душа, или и со цел за да заработи?

-Влатко ова го работи со цело срце и душа и без заработка.

Колку прилепчани и Македонците знаат да ја ценат оваа уметност, односно колку нашите граѓани имаат око за нешто убаво?

-Ме радува тоа што во последно време почнува да се цени карвингот и има побарувачка.

Какви се правци опфаќа карвингот?

-Карвингот е најуметничката гранка во гастрономијата.

Дали твоето знаење и умешност го пренесуваш на некој друг?

-Јас сум отворен за соработка со секого што сака да научи, и се надевам дека за скоро можеби и ќе имаме школо за тоа.

Што е твоја специјалност во оваа уметност?

-Мојата специјалност е thai техника, ситни детаљи на резба.

Дали си учествувал на натпревари и дали си освоил награди?

-Сум учествувал на голем број натпревари ширум Европа и сум освоил голем број медаљи, од кои повеќето златни.

За крај, кажи ни како може да те добие некој кој би сакал да ја разубави својата празнична или свечена трпеза со некоја од твоите креации.

-Јас работам кетеринг, може да го разгледаат мојот профил и да ме контактираат.

Фрлена цигapa крена во воздух 73 автомобили (Видео)

На Јутјуб се појави снимка од голем пожар на семејната фарма Робинсон во Тексас, кој направил огромна материјална штета.

Пожарот избувнал на импровизиран паркинг на семејната фарма Робинсон во Тексас, во околу 13 часот во сабота, за време на одржувањето на годишниот есенски фестивал.

Шефот на локалната противпожарна служба Крис Малстед изјавил дека пожарот најверојатно е предизвикан од цигара, која, како што рекол, „била непрописно фрлена на тревниот паркинг“.

Локалните противпожарни единици успеале да го изгаснат пожарот по два и пол часа, во инцидент.

Шолц: “На Путин му се згрешени пресметките”

Германскиот канцелар Олаф Шолц смета дека обидот на рускиот претседател Владимир Путин да изврши притисок врз Германија и Европа во контекст на војната во Украина и ограничувањето на снабдувањето со енергија пропадна.

„Путин се надеваше дека ќе може да нè уценува со вртење на чешмата на гасоводот“, рече Шолц во Бундестагот пред да оди на самитот на Европската Унија во Брисел: „Но, тој погрешно пресметал, бидејќи, како што нагласи Шолц, Европа е обединета.

Русија нема да победи во војната против Украина, додаде канцеларот. Путин ќе пропадне, всушност тој веќе не успеа, рече Шолц во пленарната сала на Рајхстагот: „Путин нема да ги постигне своите воени цели. Рускиот претседател си игра на слабоста на Западот и Украина, смета тој: „Но Путин е во заблуда. Не сме слаби“.

Санкциите против Русија не се доведени во прашање, рече Шолц: „Ние остануваме на тој курс сè додека Русија продолжува да ја спроведува својата брутална војна за агресија“. А помошта за Украина ќе продолжи сè додека е потребно, додаде тој.

Шолц смета дека Германија е доволно добро подготвена за следните месеци и покрај прекинот на протокот на руски гас:

„Заедно, претпоставувам дека ќе ја поминеме оваа зима. Пополнувањето на германските складишта за гас во моментов е 95 проценти, а ова беше всушност целта што Германија планираше да ја постигне на 1 ноември. И покрај одлуката за рестартирање на некои електрани на јаглен, германската влада сè уште цврсто стои зад своите прокламирани климатски цели“, рече Шолц, пренесуваат медиумите.