дома блог страница 1384

(Видео) Нова теорија поврзана со рускиот претседател: Дали Путин навистина го посети кампот за мобилизација?

Во четвртокот Владимир Путин го посети мобилизацискиот тренинг камп во регионот Рјазан каде руски вojници се подготвуваат да учествуваат во pycката инвазиja на Украина. За време на посетата на полигонот, рускиот лидер беше придружуван од министерот за одбрана Сергеј Шојгу, според Јутарњи лист.

Путин беше следен од телевизиски камери и овој настан требаше да покаже дека рускиот претседател е во многу подобра здравствена состојба отколку што објавија западните медиуми. Путин дури испука неколку истрели од снајперската пушка Драгунов.

На видеото објавено на интернет се гледа како рускиот претседател пука во цел носејќи слушалки, очила и црна јакна за поништување на бучавата. Сепак, не се покажа дали Путин успеал да погоди некој од замислените непријатели.

Откако на интернет беше објавено видеото од полигонот кај Рјазан, повторно почнаа гласини за здравјето и двојникот на Путин, а доказ за тоа е, наводно, раката на Путин. Имено, гледачите забележале дека раката на претседателот изгледа малку поинаку од вообичаеното.

Што крие власта од народот? Герила акција во Скопје!

Герила акција се случи утринава во Скопје, каде на пароли низ главниот град беа испишани порака „Што крие власта од народот“.

Имено како што може да се прочита на самите пароли станува збор за афера која се однесува на власта, односно на тајни имиоти на функционери од власта, пишува Курир.

За истата на 24 октомври во 12:00 часот ВМРО-ДПМНЕ најавува и прес-конференција, кога и истата ќе биде обелоденета пред македонската јавност.

РИА: “Уништени се македонските тeнкoви во Украина”

Руската армиja уништила баталјон од украински вojници кој бил опремен со македонски и словенечки тенкови.

Агенцијата РИА Новости на социјалните мрежи објави видео од запалени тенkoви кои, како што тврди, пристигнале во украинската apмија од Македонија и Словенија заедно со тенkoвите Т-72 на НАТО.

На снимката се гледаат и единици на самоодни хаубици МТЛБ и бopбени извидувачки возила БРДМ, исто така запалени.

Словенија и подари на Украина 28 бopбени тенкови од советско производство, а за возврат доби воена опрема од Германија, вклучително и 40 камиони.

„Словенија и Германија на овој начин ја поддржуваат Украина“, изјави тогаш германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт. Во исто време, Македонија и донираше тенкови на Украина на крајот на јули, иако не беше прецизирано за колкав број станува збор.

Сепак, медиумите тогаш објавија дека се работи за тенкови од трета генерација, а со оглед на развојот на технологијата, тие борбени возила се сметаат за неконкурентни и некомпатибилни.

Важно соопштение за верниците во Прилеп по повод празникот Петковден

Соопштение од црковниот храм Св. Петка Прилеп

Браќа и сестри во Христа, наши прилепчани, ве известуваме дека ЛЕПЧИЊАТА ЗА СЛАВА ЌЕ СЕ ПЕАТ ИСКЛУЧИВО ВО ЦРКОВНИТЕ ХРАМОВИ.

За претстојната слава, на преподобната Петка (ПЕТКОВДЕН), во храмовите св. Петка во нас. Точила и Св. Кирил и Методиј – Параклис, лебчиња ќе се креваат ПРЕТПЛАДНЕ во среда (26.10.2022) во периодот од 7:00 – 12:00 ч., ПОПЛАДНЕ во периодот од 16:00 – 18:00 И НА САМИОТ ПРАЗНИК (наредниот ден) во четврток по завршувањето на Божествената Литургија.

СРЕДА НА 26ти. СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ (СТАРА ЦРКВА) – од 07.00 до 17.30 часот. СВЕТО ПРЕОБРАЖЕНИЕ – од 08.00 до 10.00 и од 15.30 до 17.00 часот. СВЕТИ ПАНТЕЛЕЈМОН (БОЛНИЦА) од 11.00 до 13.00 часот. СВЕТИ КОНСТАНТИН И ЕЛЕНА (ТИПСКИ) од 11.00 до 13.00 часот. На 27ми утрото во СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ (СТАРА ЦРКВА).

Честита слава на сите кои ја чествуваат Св. Петка како закрилничка на нивните домови т. е. домашна слава! Нека ни е за многу години и на помош.

Николоски: Пендаровски има време за Нивес Целзиус, а нема време да каже кој ги финансира бугарските клубови во Македонија

Претседателот Стево Пендаровски треба да излезе и да каже која е цената на тој договор. Треба да излезе и да ја каже цената, знае за се и сешто да коментира, знае за се и сешто да има став но очигледно дека за најбитното прашање а тоа е дали и зошто ја продал Македонија не го гледаме еве скоро 2 недели, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вчерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Телевизија Алфа.

– Време за средба со Нивес Целзиус, Пендаровски има, ама време за да и одговори на јавноста зошто и од кого пари на бугарски клубови во Македонија нема, кажа Николоски.

Николоски посочи дека Агенцијата за разузнавање чија надлежност е под претседателот Пендаровски и чија работа е и надвор од Македонија и да ја штити безбедноста и уставно правниот поредок на Македонија, таа воопшто не дејствува.

– Наместо да се занимаваат со непријателите на Македонија, тие се занимаваат со мене, претседателот на партијата Христијан Мицкоски и останати, не прислушкуваат физички не следат, посочи Николоски.

Тој потенцираше дека тоа покажува дека службите имаат партиска улога, а она што треба да е државна улога воопшто не го прават, бидејќи нема никакви активности за главниот финансиер на овие бугарски здруженија.

Дворот на црквата Св. Петка израмнет како тепсија: Верниците отсега ќе има каде да ги остават автомобилите (Фото)

Целосно се уреди просторот околу храмот Св. Петка во населбата Точила во Прилеп. Просторот до црковниот храм претставуваше проблем кога времето беше врнежливо, па за празник верниците немаше каде да ги паркираат своите автомобили.

Сега конечно просторот е израмнет како тепсија, што значително ќе го олесни пристапот до храмот и масовноста за литургиите.

-Рамнење и натапкување со ваљак на посланиот асфалт. Завршните зборови ги имаа двајцата шофери, кои, очигледно познавајќи си ја работата, го направија порамен од тепсија. Секоја чест! Благодарност до сите кои “замешаа” прсти во изведувањето на овој проект, од идеја до реализација. Бог да ги награди со Неговите богати дарови и да ги впише во книгата на животот, заедно со нивните семејства – напишаа од храмот Св. Петка на ФБ.

Нема да не остават сами – Европската комисија најави пакет за енергетска поддршка од милијарда евра за регионот

Според најавите од Владата, од 1 декември годинава, околу 150 компании во државата кои произведуваат основни прехранбени производи ќе имаат фиксна цена на електричната енергија, а таа ќе биде пониска и од онаа која ја добиваат малите потрошувачи

Пакет за енергетска поддршка од Европската комисија за регионот ќе биде презентиран следната недела во Скопје од претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен, вредноста на пакетот за поддршка, според најавите, е милијарда евра.
Министерот за надворешни работи, Османи бил информиран од еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји за пакетот за енергетска поддршка којшто, како што рече, ќе биде најавен со доаѓањето на претседателката на ЕК следната недела во Скопје, пред се, за надминување на тековните проблеми во однос на снабдувањето со енергија и високите цени за индустријата и домаќинствата.

Османи на средбата со Вархеји се заблагодари за работата на Европската комисија за планот за справување со енергетската криза за сите земји од Западен Балкан, со кој се очекува да се предложат финансиски фондови за адресирање на итните, краткорочни и среднорочни потреби на нашиот регион. Во овој контекст, како што информираше МНР, од страна на Вархеји беше најавен финансиски пакет за регионот, во износ од милијарда евра, за ублажување на ефектите од енергетската криза.

До крајот на месецов треба да биде финализиран пакетот мерки за помош на компаниите што се на либерализираниот пазар. Се подготвуваат и таргетирани мерки за индустриите поврзани со основните прехранбени производи. Според најавите од Владата, од 1 декември годинава, околу 150 компании во државата кои произведуваат основни прехранбени производи ќе имаат фиксна цена на електричната енергија, а таа ќе биде пониска и од онаа која ја добиваат малите потрошувачи.

Според најавите, АД ЕСМ по празникот ќе соопштат кои фирми понудиле природен гас на тендерот за снабдување на топланите. Како што велат од компанијата, се уште чекале да бидат доставени понудите, па потоа ќе ги разгледале и од вторник ќе ја информирале јавноста кој се се пријавил.

Понудите компаниите требаше да ги достават до завчера. ЕСМ претходно го повика Макпетрол да достави до нив нова понуда за гас, откако компанијата соопшти дека навремено не добила побарување од ЕСМ за гас поради што не ги платила потребните количини до нивниот доставувач Гаспром за ноември.

Освен Макпетрол, имаше уште две компании кои беа заинтересирани да достават понуда на тендерот за снабдување со природен гас за ноември годинава за потребите на топланите, а постоеше можност понудите да бидат за целата грејна сезона, вклучително и за работата на когенеративната постројка ТЕ-ТО.

Вкупните количини што се бараат за шест месеци, односно од 1 ноември до 30 април се околу 225 милиони нормални кубни метри природен гас кои се доволни за производство на топлинска и на електрична енергија, односно се доволни за работа и на топланите и на ТЕ-ТО.

Бугарите се предомислија: Ќе дозволат отварање на македонски културен клуб во Благоевград

Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ од Благоевград го најави свеченото отварање, предвидено за 30 октомври.

Во поканата стои дека клубот има за цел да ја развива македонската традиционална и модерна култура, да гради културен мост меѓу Бугарија и Македонија, и да ги зајакне врските меѓу Македонците во Бугарија и Македонците ширум светот.

Клубот „Никола Вапцаров“ основан е од Иницијативен комитет, во чиј состав е и Здружението за „Заштита на основните индивидуални човекови права“, регистрирано во согласност со бугарскиот закон.

Настанот на кој се поканети премиерите на Бугарија и Македонија, амбасадорите, медиумите од двете страни на границата, пријатели и гости од земјата и странство, е дозволен од градоначалникот на Благоевград.

Прославата на отварањето на клубот предвидено е да започне со поздрав кон присутните и осветување на просториите според христијанските обичаи, а потоа предвидени се обраќања од официјалните гости.

За крај е предвидено положување на цвеќе на спомениците на Димитар Благоев и Гоце Делчев, како и на спомен обележјето на Гоце Делчев во дворот на црквата.

Не бил тепан само Боки 13: Детали за xaocoт во Идризово, Јованоски завршил на клиника

Во врска со настанот кој се случи вчера во Казнено – поправниот дом Идризово, Управата за извршување на санкции иформира дека на ден 20.10.2022 година околу 15:30 часот, на шеталиштето каде слободното време за прошетка на отворено го користат осудените лица кои се со затворен третман, две осудени лица со иницијали Т.М. и О.А. физички ги нападнале осудениот Б.Ј и друго осудено лице кое шетало со него, нанесувајќи удари во телото и главата.

-Веднаш било интервенирано од страна на припадниците на затворската полиција кои го обезбедуваат шеталиштето, а осудените лица биле разделени. Двете осудени лица врз кои е извршен нападот, веднаш биле спроведени во затворската амбуланта за укажување на помош, а била повикана и екипа на итна медицинска помош која препорачала да бидат прегледани и во Клиничкиот центар – Скопје по што биле спроведени. Во вечерните часови осудените лица дале писмена Изјава за нивното видување на настанот, се наведува во соопштението од Министерството за правда.

Против осудените лица кои го извршиле физичкиот напад се комплетира документацијата за спроведување постапка за дисциплинска одговорност.

За овој настан, службени лица од Управата за извршување на санкциите ќе извршат и вонреден надзор на установата со цел да се утврди фактичката состојба.

Во текот на денешниот ден осудениот Б. Ј е спроведен и на дополнителен преглед во Клиниката за абдоменални болести.

Прилепскиот гигант на саем во Америка, а до крајот на годината ќе бидат присутни и во Германија, Кина и Велика Британија

Прилепската компанија Микросам се презентира на најголемиот американски саем за современи композити – CAMX 2022 во Калифорнија.

На саемот ​во САД, Микросам се претставува заедно со бројни купувачи од целиот свет во повеќе индустрии, како авионската, вселенската, автомобилската и други.

-Со гордост можеме да се истакнеме како сериозен лидер и конкурент во производството на генијални роботски машини во композитната индустрија. И оваа година, докажавме дека делата на нашите македонски инженери се препознаени и барани насекаде. Нашата иновативност и упорност служи како преседан по кој ќе чекорат сите останати. До крајот на 2022 ќе бидеме присутни и на најголемите саеми за современи композити во Велика Британија, Германија и Кина – напишаа од прилепскиот гигант на ФБ.