дома блог страница 1383

Вреди цело богатство: Се продава топката со која Марадона го постигна голот познат како “Божја рака”

Топката со која легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона го постигна голот познат како “Божја рака” против Англија, ќе се најде на аукција следниот месец. Се очекува да биде продадена за сума од 2,85 до 3,4 милиони евра, објави Гардијан.

На 22 јуни 1986 година, Марадона ги постигна двата можеби најпознати голови во фудбалската историја и обезбеди пласман на Аргентина во полуфиналето на Светското првенство. Првиот со рака, а вториот со мајсторски продор.

Топката од споменатиот натпревар заврши кај главниот судија на мечот од Тунис, Али бин Насер, кој смета дека е време таа да биде споделена со светот.

– Не ја видов јасно ситуацијата. Двајца играчи, Шилтон и Марадона, го свртеа грбот кон мене. Според инструкциите на ФИФА пред почетокот на турнирот, погледнав кон помошникот да го потврди голот. Тој истрча кон центарот на теренот и со тоа потврди дека голот треба да биде признаен.

По натпреварот, селекторот на Англија, Боби Робсон ми рече: „Ти направи добра работа, но помошниот судија беше неодговорен“, рече Бин Насер.

Мицкоски: 129 години ВМРО, борба за Македонија која трае, честит празник Македонијо (Видео)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук упати честитка по повод денешниот празник 23-ти октомври.

„23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба.

Денот кога е формирана македонската револуционерна организација, подоцна ВМРО, која е константа на борбата на македонскиот народ за слобода и независност на Македонија.

Ако во една реченица треба да се опише таа херојска епопеја на подеми и падови, неспорно е да се каже дека денес славиме 129 години ВМРО, борба за Македонија која трае!

Честит празник Македонијо!“, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Со положување свежо цвеќе пред спомениците на Ченто, Ѓорче Петров, Пере Тошев… одбележан Денот на основањето на Македонската револуционерна организација во Прилеп

Делегации од локалната самоуправа на општина Прилеп, претставници од Советот на Општината, претставници на политичките партии и граѓански здруженија, денеска положија свежо цвеќе пред спомениците на: Методија Андонов – Ченто, Ѓорче Петров, Пере Тошев, на гробот на Пере Тошев, кој се наоѓа во црквата Св.Благовештение, како и на гробовите на Никола Каранжулов и Методија Патчев. При оваа пригода градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески го истакна знaчењето на овој празник за македонскиот народ и ја потенцираше важноста од зачувувањето на идентитетот на Република Македонија.

Република Македонија го празнува 23-ти Октомври како државен празник. Празникот се празнува како ден кога во 1893 година, Иван Хаџи Николов, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Ботанџиев го формирале Македонскиот револуционерен комитет, од кој подоцна произлезегла Внатрешно Македонската Револуцонерна Организација (ВМРО) или Внатрешно Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО). Организацијата се борела за ослободување на Македонија.

Формирањето на ВМРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење , кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, а потоа и преку НОВ резултираше со создавање на модерна самостојна македонска држава.

3 медали за прилепските џудисти од Сеишин на силниот турнир во Никшиќ (Фото)

На 22.10.2022 во Никшиќ, Црна Гора, се одржа Меѓународен Турнир во џудо “Трофеј Никшиќ-2022”.

На овој турнир учество зедоа вкупно 400 џудисти од 7 држави (Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Албанија, Словенија)

Џудо клубот Сеишин- Прилеп зеде учество со вкупно 5 натпреварувачи, а освоени се 3 медали (1 златен, 2 сребрени).

Резултати поединечно:

Теодора Илиоска освои едно прво и едно второ место, а Марко Ацески стигна до сребро.

Одлични борби прикажаа Марко Василески и Давор Најдоски, но не успеаја да се изборат за место на пиедесталот. Екипата ја водеше тренерот Мартин Ристески.

Триумф со 29 разлика над Дебар: Прилепчани од Мега Баскет газат во новата сезона

Кошаркарите на Мега Баскет Прилеп стигнаа и до втората победа во второто коло на Третата кошаркарска лига (Б-група).

Вчера во спортската сала на ООУ “Добре Јованоски”, прилепчани ја пречекаа екипата на Дибра иглс од Дебар и триумфираа со висок резултат 84:55.

По минатонеделното гостување кај Гостивар, ова е втор триумф за прилепчани во новата сезона.

Дечките уште еднаш покажаа дека заслужуваат поголема поддршка и од публиката, но и од бизнис секторот.

Нека ова биде повик до сите надлежни да ги поддржат младите кошаркари со цел кошарката одново да заживее во Прилеп.

Милијардерот повторно ги разлути Украинците: Маск и Медведев си разменуваат шеги на Твитер

Извршниот директор на „Тесла“ Илон Маск на Твитер размени хумористични пораки со Дмитриј Медведев, поранешниот руски претседател и близок соработник на Владимир Путин.

Милијардерот ја пофали шегата на Медведев за британската премиерка во заминување Лиз Трус, што може дополнително ги налути украинските власти кои веќе остро ги критикуваа „пријателските“ изјави на Маск за Русија.

Британската премиерка Лиз Трас поднесе оставка во четвртокот по 45 дена на функцијата, а Дмитриј Медведев напиша на Твитер: „Чао, чао Лиз Трус, честитки за зелената салата“, алудирајќи на шегата на британскиот таблоид „Дејли Стар“ за зелената салата која ја “надживеа” функцијата на Трас.

Маск се појави да го пофали хумористичниот твит на Дмитриј Медведев: „Прилично добар трол, да бидам искрен“.

Маск потоа го праша Медведев како се одвиваат работите во Бахмут, град во источна Украина во кој има брутални борби.

Медведев одговори: „Се гледаме во Москва на Денот на победата!

За нив не важелa поговорката “наведната глава, сабја не ја ceчи”: Честит празник Македонијо! Денот на основањето на Македонската револуционерна организација

На овој голем ден за нас Македонците, во чест на сите оние кои ја натопиле оваа земја со својата крв, за слобода, своја и за идните поколенија, денес се сеќаваме на сите херои и ги величиме нивните имиња. Од овој ден Македонецот почнал да ја исправа својата глава над острата душманска сабја и организирано да се спротивставува. Ова е денот кога напатениот, измачен и угнетен народ, започнал да ја реализира својата идеја, својата кауза.

Положбата на Македонците и пред тој конгрес не била во ништо подобра, но овој момент од историјата значел продолжување на агонијата, нови агресии, илјадници загубени животи.

Со други зборови Македонскиот народ бил културно, духовно, политички, национално и просветно обесправен.

Ваквата неподнослива состојба, како и пропангандите на соседните народи за асимилација, се причините за формирањето на Македонската револуционерна организација (МРО).

На 23 октомври 1893 година во Солун, шестмина револуционерни интелектуалци : Дамјан Груев, д-р Христо Татарчев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Христо Батанџиев и Андон Димитров, со цел по пат на вооружена борба да се издвојува автономија за Македонија ја формираат организацијата и го започнуваат нејзиното ширење.

Усвоен бил Устав на организацијата, Централен Комитет ( претседател д-р Христо Татарчев, секретар Дамјан Груев ), како и мрежа на организации низ поголемите центри на Македонија. Особено организацијата добила на тежина кога кон неа се приклучиле Гоце Делчев, Јане Сандански, Пере Тошев и други револуционери кои ја делеле истата цел.

Цели на организацијата биле следните:

1. Организацијата да е тајна и револуционерна,

2. Нејзината територија да ја сочинува само Македонија со нејзините природни и географски граници,

3. Во неа да членуваат родени и лица што живеаат во Македонија без разлика на вера и народност,

4. Политичкото верују на организираните Македонци е автономна Македонија и

5. Да се чува самостојноста на организацијата за да не падне под влијание на политиката на соседните држави.

Започнала да се реализира паролата “Слобода или смрт за Македонија”. Сите надежи и сите погледи понатаму се вперени кон организацијата и нејзиното дејствување.

Конечно народот Македонски имал свој заштитник, луѓе кои ќе ја спроведуваат правдата на дело и ќе ги шират идеалите за слобода и самостојност.

Следувале Ресенското советување во летото 1894г. кога се формирани трите окрузи Скопски, Солунски и Битолски, па првиот Солунски конгрес во јануари 1896г. кога организацијата била преименувана во (ТМОРО) или Тајна македонско-одринска револуционерна организација.

По овој конгрес забрзано се обучувале и вооружувале чети. Со вооружените сили раководел Гоце Делчев кој го формирал и Четничкиот институт.

На Солунскиот конгрес во 1903 година, во отсуство на Делчев, влијателните луѓе на организацијата Груев и Сандански го наметнале своето мислење за кревање на Илинденското востание на втори август 1903 година.

Токму после овој настан на површина испливале внатрешните превирања, надворешните влијанија, предавствата и меѓусебните пресметки, како и борбата за превласт.

Тоа ја ослабнало организацијата до ниво што голем дел од лидерите биле убиени, а мекедонското ткиво било разединето.

На Рилскиот конгрес во 1905г. организацијата одново претрпува промени, името било заменето со (ВМОРО) или Внатрешна македонска одринска револуционерна организација.

Со вакво име организацијата постоела до 1908 и почетокот на Младотурската револуција кога и дошло до конечен расцеп и нејзин престанок.

Не смеат а да не се споменат значајните битки кој ги водела организацијата со Турците, би ги издвоиле битките кај: Могила, Готен, Трсје, Слива, Ножот, Маргара, Баница, Мечкин Камен, Арменско и мн. други.

Како пандан на претходната организација, кон крајот на 1919 година е формирана и (ВМРО) – Внатрешната македонска револуционерна организација, со Централен комитет (Тодор Александров, Александар Протогеров и Петар Чаулев).

И во овој период мисијата била иста автономија или независна Македонија, односно создавање на самостојна држава за Македонците.

Потсетувајќи се на овие денови од Македонската историја во секој еден од нас треба да се развива чувство на гордост, чувство на херојство.

Да вградиме такво чувство и кај идните генерации, за да ја пренесуваат вистината за македонското страдање, но и за македонското бунтовничко спротивставување против угнетувачите тогаш и сега.

ЧЕСТИТ ПРАЗНИК НА СИТЕ МАКЕДОНЦИ !

15 погодоци на Шокоски и над 20 одбрани од Ангелески за победа на Прилеп над Куманово

Ракометарите на Прилеп предводени од левиот бек Давор Шокоски и голмано Иван Ангелески дојдоа до втората победа во новата натпреварувачка сезона во Суперлигата, откако на свој терен го совладаа составот на Куманово со резултат 33:29 (18:12 на полувремето)

Шокоски постигна дури 15 погодоци, а Ангелески имаше над 20 одбрани на голот на прилепчани. Мрежата на кумановчани ја тресеа и ветераните, тренерот Чантурија кој постинга 4 гола, а Пеце Ѓорѓиевски беше прецизен во 3 наврати.

Прилеп сега има 7 бода на табелата, исто колку и Струга на петтото место, а во наредното коло прилепчани гостуваат кај екипата на Алкалоид.

Затоа е државен првак! Матеј Чатлески во 10 секунди го покоси својот противник – Одличен бокс денеска во Прилеп (ВИДЕО)

Денеска во Прилеп, во организација на домашниот боксерски клуб “АС”, се одржа четвртото коло во младинската бокс лига на Македонија.

Домашниот боксерски клуб предводен од тренерите Дарко и Ѓорѓи Чатлески, ова коло го дочека на врвот на табелата, а нивните борци забележаа одлични резултати и денеска.

За одбележување беше борбата на Матеј Чатлески, кој пред само две недели по втор пат стана државен првак на Македонија во неговата категорија, а денеска по само 10 секунди во рингот го победи својот противник.

Целосниот извештај од сите борби во текот на утрешниот ден.

(Фото галерија) Бегајќи од полицијата дрвокрадци од Прилеп вечерва се забиле во куќа

Вечерва околу 19 часот на улица “11-ти Октомври” во Прилеп, дрвокрадци во возило натоварено со бесправно исечени дрва, бегајќи од полицијата се забиле во куќа.

На лице место интервенирале две екипи на Територијалната противпожарна едница Прилеп и една екипа од брзата помош.

Засега не е познато со какви повреди се здобиле патниците во возилото, за што го чекаме официјалниот извештај од институциите.

Дрвокрадството е голем проблем во Прилеп и предизвикува огромен револт кај прилепчани. Тоа стана сериозен бизнис од кој печалат повеќе страни инволвирани во тоа.

Проблем е и безбедноста на пешаците и учесниците во сообраќајот, бидејќи легално регистрираните возила секојдневно се мета на проверки во центарот, за разлика од возилата на дрвокрадците.