дома блог страница 1381

Нафтата падна на стотка, а еве по која цена ќе се продаваат бензините од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,41% во однос на одлуката од 19.10.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,436 ден/кг и сега ќе изнесува 49,483 ден/кг.

Од 26.10.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 88,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 90,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 100,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 97,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 49,483 (денари/килограм)

(Видео) Бајден повторно се изгуби – овој пат во сопствениот двор

На социјалните мрежи се појави уште едно видео од американскиот претседател Џо Бајден, на кое се гледа дека тој повторно делува збунето и изгубено во просторот.

Овој пат, Бајден успеа да се „изгуби“ во сопствената градина – откако засади дрвца на јужниот тревник, изгледаше целосно збунето додека се обидуваше да се врати во Белата куќа.

„Ваму, господине“, се слуша како му вели чуварот, а тој одговара: „Мислев дека одиме на другата страна“.

Непријатниот момент е последен во низата инциденти кои му се случија на американскиот претседател во изминатите неколку месеци, а кои го доведоа во прашање неговото здравје.

Минатиот месец Бајден се изгуби на сцената по неговиот говор на конференцијата на Глобалниот фонд, а неколку дена подоцна на друг настан ја повика конгресменката од Индијана – која загина во сообраќајна несреќа во август.

Петок сите во театар – еве кој гостува

Во петок 28.10.2022 во 20.00ч., во театарот „Војдан Чернодрински“ ќе се одигра претставата „Вистинскиот запад“.
Влезниците се ограничени.

Побрзајте, набавете ги во кафе “Чоше”

*************************************************

“ВИСТИНСКИОТ ЗАПАД” e претстава по текст на Сем Шепард, во режија на Борис Василески.
…………………………………………………………………………………

Сте се фатиле ли себеси во момент кога правите нешто што е наметнато од општествените трендови и се пресметувате каква слика оставате во очите на другите? „Вистинскиот запад“ ја дава сликата на двете крајности, кога сакаме да бидеме дел од општеството и истовремено сакаме да се изолираме од лошо организираниот свет. Потребата да си најдеме свое место под сонцето не згаснува, а притисокот од „што сум направил до сега?“ не исчезнува. *

Играат: Томислав Давидовски, Марјан Наумов, Мартин Манев, Тања Кочовска

Текст: Сем Шепард

Режија: Борис Василески Сценографија и дизајн на светло: Мартин Манев Костимографија: Симона Даноска Извршен продуцент: Ава Хусеини Превод од англиски јазик: Марио Стојаноски Музика: Ивица Димитријевиќ и Јане Трајковски
Дизајн на постер: Ана Јачева

Moќен спот со уште помоќна порака на Кристина Агилера за штетното влијание на социјалните мрежи врз децата (Видео)

Кристина Агилера објави нов видеозапис во кој го прикажува штетното влијание на социјалните мрежи врз децата.

Моќниот спот на 41-годишната пејачка за нејзината хит-песна „Beautiful“ прикажува дека живееме во ера во која децата го гледаат светот преку екраните на мобилните телефони.

Погледнете во продолжение:

Потсетете се на првиот спот:

Среќно девојки: Ангела, Елена и Тамара од Прилеп ќе ги бранат боите на Македонија на Балканското првенство во борење во Букурешт

Репрезентативките на У15 репрезентацијата во борење на Македонија од Прилеп, Ангела Трајкоска, Елена Дејкоска и Тамара Цветаноска заминаа за Букурешт, Романија, каде од утре се одржува Балканското првенство.

Со нив заедно е и селекторот на женската репрезентација Илчо Марковски, кој е исто така од Прилеп.

-Македонската репрезентација има успешна традиција во освојување медали на Балканските првенства. Минатата година во Прилеп ни донесоа два бронзени, оваа година очекуваме златни, рече селекторот на репрезентацијата Илчо Марковски.

Четирите златни медали кои ги освоија прилепските спортисти од Сеишин, овозможија во исто толку наврати да се слуша македонската химна среде Грција (Фото)

На 22 и 23.10.2022 во Кожани, Грција, во организација на Европската Кураш Конфедерација, се одржа Европско првенство во Кураш (боречка вештина сродна на џудото) за кадети-ки, јуниори-ки и сениори-ки. На ова натпреварување настапија околу 280 натпреварувачи од 16 европски држави.

Македонската Кураш репрезентација настапи со вкупно 20 натпреварувачи во трите возрасни категории, при што се освоени 15 медали (4 златни, 4 сребрени и 7 бронзени).

Половина од репрезентативците се членови на Џудо клубот Сеишин Прилеп, од кои 8 се медалисти.

Резултати поединечно:

Кадетки: Теа Настоска кат. -44 кг. 3 то место ( Сеишин), Елеонора Илиоска кат. 48 кг. 3 то место( Сеишин), Амина Факиќ кат. -63 кг. 2 ро место

Кадети: Јован Стојановски кат. -55 кг. 2 ро место (Сеишин), Михаил Димоски кат. -66 кг. 3 то место(Сеишин), Ахмет Факиќ кат. -73 кг. 3 то место

Јуниори: Омар Факиќ кат. -100 кг. 2 ро место

Јуниорки: Магдалена Најдоска кат. -52 кг. 1 во место(Сеишин), Кристина Мантароска кат. -63 кг. 1 во место (Сеишин), Мартина Јанкоска кат. -78 кг. 1 во место. (Сеишин)

Сениори: Алберт Реџиќ кат. -90 кг. 3 то место, Бајро Машовиќ кат. +100 кг. 3 то место

Сениорки: Теодора Димеска кат. -48 кг. 1 во место (Сеишин), Маја Бобан Реџиќ кат.-87 кг 2 ро место.

Одлични борби прикажаа и Теона Настоска -44 кг ( Сеишин) кај кадетките, Мусај Бислими -50кг, Михаил Стојановски-60 кг.( Сеишин) и Петар Петров -60 кг. кај кадетите, како и Ернес Реџиќ -100 кг. кај сениорите, но не изборија место на пидесталот.

Нашата репрезентацијата настапи и во екипна конкуренција микс тимови ( мажи+жени) каде е освоено 3 то место. Во оваа конкуренција 1 место беше Грција, додека второто место и припадна на Турција.

Составот на Македонската кураш pепрезентација го предводеше тренерот и селектор Дејан Мицкоски, официјален претставник беше претседателот Ердал Факиќ, а официјален судија на натпреварувањето за кадети и јуниори беше Маја Бобан Реџиќ, додека во сениорска конкуренција и самата имаше настап за нашата репрезентација.

Со ова Македонија испишува нова историја во меѓународните настапи во боречките спортови.

Oд полноќ нови цени на гopивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе одлучува за новите цени на горивата.

Согласно последната одлука на РКЕ, цените на нафтените деривати останаа непроменети.

Цената на мазутот се намали за за 1,115 ден/кг.

Ова се актуените цени на горивата:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 89,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 91,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 103,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 98,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 49,919 (денари/килограм)

ОМО „Илинден“-ПИРИН кани на отворањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград

Обединетата македонска организација „Илинден“-ПИРИН упати покана за свеченото отворање на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград на 30 октомври напладне по бугарско време.

Еве на кои улици во Прилеп денеска ќе има прекин во водоснабдувањето

Соопштение од ЈКП Водовод и канализација

Водоснабдувањето на ден 25.10.2022 (вторник) ќе биде нормално со здравствено исправна вода за пиење.
Вкупната произведена количина на вода е 287л/с, од кои 247/с од Студенчица, 0л/с од бунари и 40л/с од сопствени извори.

Прекин во водоснабдувањето заради санација на дефекти и приклучоци во периодот од 08 до 14 часот ќе има на следните улици и делови од Општина Прилеп:

ул. “Егејска” бр.15, ул. “Орде Чопела” (кај Окта), ул. “Пенко Здравкоски”, ул. “2-ри Август”, ул. “Савка Маневска”

Буpeн продолжен викенд во Прилеп: Синоќа приjaвени две тепачки

На 24.10.2022 во 02.50 часот З.З.(42) од Прилеп пријавил дека околу 02.30 часот во Прилеп, бил физички нападнат од едно лице.

Исто така, на 24.10.2022 во 04.30 часот А.Б.(20) од Прилеп пријавил дека околу 02.30 часот во Прилеп, по претходна расправија, бил физички нападнат од З.Н..

Се работи на расчистување на случајот – информираат од СВР Битола.