дома блог страница 1374

Прилепското џудо блесна и во Нови Сад: Џудистите од Сеишин се вратија со три медали

На 30.10.2022 во Нови Сад, Србија, во организација на Џудо сојузот на Војводина се одржа Меѓународниот турнир во џудо “Великаните на Војводина – 2022”.

ЏУДО клуб Сеишин Прилеп настапи со 4 натпреварувачи и освои вкупно 3 медали (1 златен, 1 сребрен и 1 бронзен).

Резултати поединечно:

Кадетки: Теона Настоска кат.-44 кг 1 во место, Теа Настоска кат.-48 кг.3 то место

Сениорки: Теодора Димеска кат.-52 кг 2 ро место.

Одлични борби имаше и Михаел Димоски кај кадетите, но не успеа да избори место на пиедесталот.

Согласно календарот за натпревари и покани, ЏК Сеишин Прилеп продолжува со настапи на ваков тип првенства во текот на целиот ноември.

Уште малку и доаѓа крајот на убавото време: Еве што не’ очекува до крајот на неделата, особено за викендот!

До четврток ќе се задржи претежно сончево и релативно топло време.

По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба утринска магла.

Во петок облачноста ќе се зголеми, а за време на викендот ќе преовладува претежно облачно, врнежливо и посвежо време.

Минималните утрински температури ќе бидат во интервал од 1 до 11 степени. Максималните дневни ќе достигнат до 28, а за време на викендот до 19 степени.

Двајца млади прилепчани yaпceни вчера во Прилеп: Им пронашле мapиxyaна

На 30.10.2022 во 16.30 часот во Битола, полициcки cлyжбеници од СВР Битола ги лишиле од cлобода Г.Д.(24) и П.З.(25), двајцата од Прилеп, затоа што кај нив била пpoнajдена и одземена мapиxyaна.

По документирање на cлyчajoт пpoтив нив ќе следува соодветен поднecoк – информираат од СВР Битола.

Водовод повикува на трпение, жителите од овие улици во текот на денот ќе немаат вода, но екипите работат на терен

ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп ги известува граѓаните на Општина Прилеп дека е настанат дефект на водоводната линија на ул.„Борка Талески“. Моментално екипите на јавното претпријатие се на терен и работат интензивно со цел што побрзо санирање на истиот.

Поради тоа, извесен период во текот на денот ќе нема вода на дел од улицата „Борка Талески“ и тоа на потег од локалот Имиџ до ул. „Кеј 1ви Мај“, како и дел од старата чаршија.

Повикуваме на трпение и разбирање од засегнатите граѓани до целосното отстранување на дефектот и враќање во нормала на водоснабувањето во овој дел од центарот на Прилеп.

Се празнува Св. апостол и евангелист Лука: Честит именден на сите кои празнуваат

Покрај дванаесетте, постоеја и други 70 апостоли. Во редот на тие 70 беше и свети Лука. Роден е во Антиохија. Во младоста ги изучи медицината и сликарската уметност.

Тој ги наслика првите икони на Богородица, како и на првите меѓу апостолите Петар и Павле. Свети Лука е основачот на иконописот во Црквата. Му беше сопатник и соработник на апостолот Павле се до неговата смрт.

Со него патуваше и го проповедаше Христовото Евангелие и во Македонија. По смртта на божествениот Павле, тој едно време помина во Египет, а оттаму отиде во Грција. Таму многу пострада, проповедајќи го воскреснатиот Христос, и најпосле, во Теба Беотиска, незнабошците го обесија на едно маслиново дрво.

Од него ни остана едно Евангелие, а ја напиша и книгата Дела апостолски, и двете упатени, како писма, до некој великодостојник Теофил.

Сакате совршено тонирани мускули по целото тело? Ова е единствена можност да го постигнете тоа (Видео)

Сакате совршено тонирани мускули по целото тело? Сега имате можност да набавите евтин реквизит кој можете да го носите секогаш и секаде.

Liveup фит стикот на USR ви овозможува да вежбате каде било. Се работи за многу лесно пренослив реквизит благодарение на неговиот дизајн од 3 парчиња. Лентата за отпор работи на многу мускули обезбедувајќи тонирање на целото тело.

За што точно се работи погледнете во видеото во продолжение:

Нарачајте веднаш, ова е единствена можност во Македонија да го добиете овој производ по оваа цена:

Регулаторна пред нова одлука: Денеска нова корекција на цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе одлучува за новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Согласно последната одлука на РКЕ, за два денари поскапе бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98. Цените на останатите нафтени деривати останаа непроменети.

Ова се актуелните цени на горивата:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 90,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 92,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 100,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 97,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 49,483 (денари/килограм)

Прилепчанец натепан од двајца жители на демирхисарско Сопотница

На 29.10.2022 во 20.00 часот А.И.(20) од Прилеп пријавил дека околу 19.00 часот пред с.Тополчани бил физички нападнат од В.К. и П.К. двајцата од с.Сопотница-демирхисарско.

Се работи на расчистување на случајот – информираат од СВР Битола.

МВР објави фотографии: Заплениле 139 парчиња пастрмка

Денеска (30.10.2022) по претходно преземени мерки и активности, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал Охрид и Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стење ги привеле Е. Ш. (22) и М.А. (25) од Република Албанија.

При контрола во патничко возило „нисан“, со албански национални ознаки, биле пронајдени 139 парчиња охридска пастрмка со вкупна тежина околу 90 кг, кои биле предмет на недозволена трговија од Република Албанија кон Република Северна Македонија .

Е.Ш. и М.А. се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во еден месец 4 провалувања на стадионот “Гоце Делчев” во Прилеп: Две завршиле со кpaжби (Фото галерија)

-На 29.10.2022 во 17.00 часот било пријавено дека во периодот од 27.10. до 29.10.2022 непознати сторители со употреба на соодветен алат од Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп односно од трансформаторот одзеле 40 парчиња кабел со должина од околу 30 тина метри. Се работи на расчистување на случајот – информираше во билтенот со дневни настани МВР денеска.

Но, според она што го дознаваме, ова не било прва кражба на градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп. Во само еден месец имало дури 4 провалувања од кои две завршиле со кражби.

Според информациите кои ги добивме во другата кражба биле украдени акумулаторите од агрегатите, а сторителите се уште не се пронајдени.

Фудбалските љубители во Прилеп се згрозени од оваа информација и бараат МВР час поскоро да ги открие сторителите на овој вандалски чин.