дома блог страница 1373

Бугарски професор: Македонците се Македонци, а францускиот предлог е лош за двете страни

Бугарскиот професор по историја Димитар Атанасов гостуваше на „Еуроњуз Бугарија“, при што даде коментар за актуелното прашање за односите меѓу Македонија и Бугарија.

„Македонците се Македонци и не е убаво ние Бугарите да тврдиме било што друго. Историската комисија ѝ беше дадена на концесија на ВМРО-БНД и во неа има партиски пропагандисти, поради тоа нема никакви резултати“, вели професорот.

Исто така, професорот вели дека францускиот предлог е лош за двете страни, но Европската унија морала да го даде за да не се расипат дополнително односите.

Целото гостување може да се погледене ТУКА.

Денеска се празнува Св. Прохор Пчински

Свети Прохор живееше во единаесеттиот век. Се подвизуваше се до својата смрт под една карпа во близина на реката Пчиња.

Заедно со свети Гаврил Лесновски и свети Јоаким Осоговски во Македонија ја продолжуваше исихастичката монашка традиција. Грчкиот збор исихиа во буквален превод значи тихување, тишина, но во Црквата тој термин го доби значењето-молитвено тихување, т.е. собраност на сите човекови сили внатре во него, што се постигнува преку молитвата.

Подоцна во близина на неговата испосница, подигнат е познатиот манастир Свети Прохор Пчински каде што се наоѓаат моштите на овој светител-чудотворни, т.е. исцелителни, а и мироточиви, што значи дека од неговите коски непрекинато уште од времето по неговата смрт па досега истекува густо масло со убав мирис.

Киев без струја и вода, луѓе чекаат во редици пред бунар (Видео)

Голем дел од Киев е без струја и вода по серијата руски ракетни напади врз клучната енергетска инфраструктура.

Началникот на украинската војска Валериј Залужњи на Телеграм изјави дека Русија истрелала 55 ракети и десетици други муниции кон „цивилни цели“ низ целата земја, неколку дена откако Русија ја обвини Украина за напади со беспилотни летала врз нејзината црноморска флота.

Советникот на Зеленски, Олексеј Арестович, го нарече ракетниот напад „едно од најмасовните гранатирања на територијата на Украина од Руската Федерација“. Но, тој додаде дека, благодарение на противвоздушната одбрана, штетата не била толку критична како што можеше да биде.

Иако војската соопшти дека многу од ракетите биле соборени, премиерот Денис Шмигал рече дека нападите сè уште предизвикале прекин на електричната енергија во „стотици“ области во седум украински региони.

Неколку експлозии се слушнаа во главниот град Киев.

Николоски: Безбедностите служби нелегално се занимаваат со ВМРО-ДПМНЕ, не следат и прислушуваат

Според мое мислење Управата за безбедност и контраразузнавање поранешна или сега АНБ е сега погребално претпријатие на сите македонски влади до сега. Нема македонска влада која не паднала директно или индеректно заради непринципиелен брак со тајните служби или поради злоупотреба на тајните служби. Всушност оваа влада дојде на власт затоа што масовно беше злопупотребувана УБК затоа што се вршеше масовно прислушување. Тоа е единствената причина зошто падна владата на Груевски, затоа што се злопупотреби системот. Тоа излезе во јавност се создаде политичка криза граѓаните изреагираа како што изреагираа и Заев дојде на власт, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на вечерашното гостување на емисијата Заспиј ако можеш што се емитува на телевизија Алфа.

Тој укажа дека оваа влада на СДСМ и ДУИ имаше историска шанса да расчисти со тоа да направи вистинска реформа во безбедносните служби и еднаш засекогаш безбедносните служби да си ја работат својата работа, а тоа е заштита на уставно-правниот поредок на Македонија, а тие кои ја водат владата да си го работат својот дел.

„Но, очигледно многу брзо се опија од моќта на тајните слуби и почнаа повторно да ги злоупотребуваат затоа што моето прислушување на претседателот Мицкоски, физичкото следење мое, неговото, на партијата, на останати членови е спротивно на законот. Поради траумата од масовното прислушување пак се случи тоа да се прави реформа на безбедносните служби па така се почна од имињата или дека УБК мора да се реформира почнувајќи од промена на името стана АНБ и требаше физички да се тргне од МВР што не е реализирано. Се создаде и ОТА, Опеартивна технича агенција која треба да е гарант дека нема да има такви нелегални случаи на прислушување“, рече Николоски укажувајќи дека сето тоа е законски добро издизајнирано и дека ВМРО-ДПМНЕ даде поддршка на тоа.

Но, додаде тој, ако ја видите имплементацијата ќе видите дека надлежните, власта не го почитуваат законот кој сами го гласале.

„На пример Агенцијата за разузнавање која работи надвор, или треба да следи дали некој работи против интересите на Македонија за да може да достави информации и државниот врв да креира политика. На пример, треба да даде информација дека еден тајкун од Бугарија сака да отвора и финансира клубови кои ќе прават раздор во Македонија со имиња на профашистички фигури, а таа работи внатре во државата и дава информации и се занимава со опозицијата. Дава информации за нас во странските амбасади“, рече Николоски.

Паралелно со Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност не си ја врши работата, посочи Николоски.

„Оваа институција која треба да се занимава со ситуацијата внатре и да ги спречува другите странските служби кои работат внатре, и таа се занимава со опозицијата. Па така тие праќаат провокатори кои би требало да доаѓаат на состаноци на општински комитети и случајно ви се појавува некој кој случајно е најгласен, а во суштина исто прашуваат или се некреативни“, кажа Николоски.

Со вакви глупости, рече Николоски, се занимаваат безбедносните служби и затоа Македонија е вакво решето, кој сака и што сака прави.

„Како бавча ги работат странските служби и истите никој не ги контролира“, заклучи Николоски.

Нашинче од Германија ја направи досега најубавата репортажа за Прилеп – Ќе ве воодушеви со начинот на кој раскажува за нашите знаменитости (Видео)

Анастасија е родена во Скопје и на своја 3-годишна возраст таа со нејзините родители се преселиле и живеат во Хабург, Германија.

Девојчето е вистински промотор на Македонија и досега има неколку видеа на својот јутјуб канал Mit Anastasija, a последното е посветено на културните и природните знаменитости на Прилеп.

Могила на непобедените, споменикот на Александар Македонски, градскиот плоштад, спомениците на Пеце Атанасоски и Итар Пејо, џамијата, Саат кулата, чаршијата, Марковите Кули… се дел од местата кои Анастасија детално ги опишува во својата репортажа за Прилеп.

Нејзин водич низ градот под Марковите Кули беше уште еден наш исселеник, Александар Бузлески од Прилеп кој исто така живее во Германија.

За среќа нивната посета на Прилеп се поклопила, па заеднички го снимиле ова прекрасно видео какво не би направиле ниту голем број врвни промотори и тур оператори.

Видеото е со превод и на германски јазик, па така голем број Германци ќе дознаат и ќе се запознаат со убавините на Прилеп.

Секоја чест за ова прекрасно девојче и и’ благодариме за прекрасната репортажа.

Еден час одличен техно-хаус диџеј сет: Диџеј од Прилеп пушташе музика на прекрасна локација во природа (Видео)

Уживајте во диџеј сетот на Мартин Трајкоски (Dj Маrtin Кay), снимен кај прилепско Штавица од Фан Продукција – Оливер Ангелески.

Речиси еден час одлична музика! Секоја чест за изборот и одлична идеја за локација!

Повеќе за младиот диџеј од Прилеп прочитајте ТУКА

Вашиот Инстаграм профил е деактивиран? Eве која е причината

Ако имате проблеми со отворањето на Инстаграм и пристапот до вашата сметка, не сте сами, бидејќи многу корисници ширум светот пријавуваат проблеми и се прашуваат како да ја вратат својата сметка.

Инстаграм престана да работи, многу луѓе не можат да се логираат и добија порака дека нивните сметки се суспендирани, но тоа не е затоа што прекршиле некои правила, тоа е технички проблем, или така изгледа.

Она што збуни многу корисници е тоа што во пораката се вели дека ги прекршиле правилата на оваа мрежа и повеќе нема да можат да ја користат. Ова го потврдија многу креатори на содржини на Инстаграм, кои забележаа драстичен пад на следбениците во последните неколку часа.Инстаграм сè уште нема објавено јавно соопштение во врска со овој пад и заклучување на сметката, па не е познато дали ова е техничка грешка што може да се поправи или дали овие сметки се изгубени. Ако ова ви се случило и се прашувате како да ја вратите вашата сметка, контактирајте го контакт центарот на Инстаграм преку овој линк.

Ова е само најновото во серијата технички проблеми во Мета неодамна, бидејќи корисниците на WhatsApp имаа многу проблеми изминатава недела.

Апел за помош: Изгope кyќа – мajка и три дечиња ocтанaa на yлица, маж со изгopeници се бopи за живот

Апел за помош на семејство од скопско Катланово.

– Домаќинот (Жарко, роден 1978год) е во болница, во тешка состојба, не се знае дали и ќе преживее, 75% од телото му е изгорено. Сама сум со три малолетни деца, на улица сме, немаме ниту храна, ниту облека, утрата и ноќите се ладни. Ладно ни е и гладни сме, те молам помогни ни, ми рече сопругата на Жарко од скопско Катланово, кој што пред некој ден им се опожари куќата, пишува Јована Нановски на Фејсбук и апелира за помош.

Доколку сакате да донирате финансиски средства, тоа можете да го направите преку:

Здружение на граѓани „Стопли Срце”
Сметка за донации: 270072685480143
IBAN: MK07270722000030435
HALKBANK

Падна одлука: Овие се новите цени на горивата кои ќе важат од вечерва по полноќ

Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,16% во однос на одлуката од 28.10.2022 година.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,584 ден/кг и сега ќе изнесува 50,067 ден/кг.

Од 1.11.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 90,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 92,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 99,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 96,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 50,067 (денари/килограм).

Владата обезбеди стpyja по намалени цени за прехранбената индустрија, училиштата и комуналните претпријатија

Производителите предвидуваат дека со новата цена на струјата, основните прехранбени производи ќе поефтинат најмалку за 10%

Во моментов светот ја доживува најголемата криза со снабдување со енергенси, а цената на мегават час електрична енергија на светските пазари е над 300 евра. Ова предивика огормно покаќување на цените на сите стоки, а исто така и на основните прехранбени производи. До сега, владата на Македонија беше фокусирана на заштита на граѓаните и домаќинствата преку субвенционирање на неверојатни 80% од сметките за струја, со цел да се заштити социјалната и економската стабилност на народот.

Владата најави дека ќе продолжи да ја субвенционира струјата со 80% за над 600.000 домаќинства и 72.000 мали потрошувачи фирми кои вработуваат 98% од вработените во државата. Продолжува грижата за најранливите и понатаму, и 42.000 граѓани од најранливи категории, со мерките ќе добиваат директна финансиска помош. Исто како и 330.000 пензионери кои покрај зголемените пензии ќе добијат 3.000 односно 6.000 денари поддршка оваа зима согласно последниот пакет антикризни мерки.

Како продолжение на овие мерки за спас на стандардот на граѓаните, помошта се проширува и на Електрична енергија по цена од 80 евра за мегават час ќе добваат производителите на масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, месната и живинарската индустрија. Според луѓето од индустријата, со овааа одлука на владата цените треба да се намалат за најмалку 10%. Со овие мерки компаниите, производителите на основни прехранбени производи ќе имаат предвидливост, стабилна и поевтина струја, што крајно ќе влијае и врз стабилизирање на цените на финалните производи кои се произведуваат и се продаваат од овие компании.

За да имаат непречено и сигурно снабдување со евтина струја основните и средните јавни училишта при прогласена кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија може да склучат договор за снабдување со ЕСМ Продажба, по цена од 95 евра по мегават/час.

Можност за снабдување со електрична енергија од ЕСМ, има и за јавните претпријатија од областа на водоснабдување и одведување на отпадни води кои работат со пумпни и пречистителни станици, со што ќе обезбеди непречено функционирање, односно непречено стабилно снабдување со вода на граѓаните како и одведувањето на отпадните води. Цената за оваа намена ќе биде 95 евра по мегават/ час електрична енергија.

Со цел да се спречат злоупотреби и манипулации при обезбедување на универзална услуга на пазарот на електрична енергија, Владата донесе одлука со која на општините и на Градот Скопје им се забранува да основаат јавно претпријатие, друштво со ограничена одговорност или акционерско друштво за вршење дејност од јавен интерес-јавно осветлување. Оваа одлука е донесена поради тоа што сознанијата велат дека општините основале јавни претпријатија или дејности јавно осветлување или ја доделиле на постоечките јавни претпријатија.