Со научна конференција во Стара Загора, Бугарија се одбележа 100-годишнината од смртта на блажениот митрополит Старазагорски г. Методиј, кој по поткло бил прилепчанец.
Настанот беше во организација на Светата Митрополија Стара Загора, општина Стара Загора, Богословскиот факултет при СУ „Свети Климент Охридски“ и Фондацијата „Митрополит Методиј Кусев“. Настанот започна со пеење на хорот при Соборниот храм Свети Никола“, Стара Загора, на чело со Марија Денкова, a настанот заврши со концерт на младиот пијанист од Прилеп, Арсениј Ангелски.
Ангелески е познат на јавноста по големиот број награди и признанија на концерти ширум светот, а од денешниот Старозагорски Митрополит Кипријан за неговиот пијано рецитал доби Грамота.
Честитки за нашиот пијанист Арсениј и посакуваме неговите успеси и понатаму да се нижат.
Православните Христијани во сабота, на 5 ноември, ја одбележуваат Митровденската задушница во знак на сеќавање на починатите.
Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите.
Задушница е секогаш во сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите.
На Задушница верните даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.
Митровденската задушница секогаш паѓа во саботата пред празникот Митровден. Митровденската задушница е востановена во XIV век и најпрвин била руска традиција, од каде преминала и во повеќето православни цркви. На оваа задушница, во прво време биле спомнувани само православните војници, меѓу кои биле и двајцата монаси Александар Пересвјат и Ослабја од Московската обител на Живоначалната Троица кои паднале на браникот за верата и татковината.
Димитриј Јованович Донски, откако ја извојувал победата во битката со Мамаите на Куликовското поле во 1380 година, во која загинале и двајцата спомнати монаси, ја посетил нивната света обител за таму да учествува во извршувањето на поменот за нив. Притоа тој предложил Црквата да го прави овој помен секоја година во Митровденската сабота, односно во онаа сабота која е најблиску до празнувањето на св. вмч Димитриј (08 ноември).
Од тоа време Црквата ја приброила оваа задушница во вселенските родителски саботи, а нешто малку подоцна востановила во оваа сабота да се извршува помен не само за паднатите за верата и татковината војници, туку и за сите починати воопшто.
На денешната владина седница на предлог на Министерството за одбрана се донесени повеќе одлуки за испраќање на припадници на Армијата, соопшти владината прес-служба.
Припадници на Армијата ќе бидат испратени во НАТО мисијата „NATO Mission Iraq – NMI“ во Ирак, во меѓународната операција на ЕУ „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина, во НАТО операцијата „КФОР“ во Косово, во НАТО мисијата „Зајакнато истурено присуство“ (enhanced Forward Presence – eFP ) во Летонија, како и во меѓународната операција на ОН, „УНИФИЛ“ во Либан.
Во рамките на кампањата „Собрание за граѓаните“, која се реализира во рамки на „Програмата за парламентарна поддршка“, 10-годишен проект поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) преку Швајцарска Амбасада во Република Македонија, мобилниот парламентарен караван во четврток на 03. ноември ќе го посети Прилеп.
Парламентарниот караван во Прилеп ќе биде поставен на Плоштадот “Александрија”, a настанот е со почеток од 11 часот.
Организаторите на настанот ги повикуваат сите заинтересирани млади и граѓани да земат учество во активностите на мобилниот караван и да се стекнат со знаења за работата на Собранието, историјата на парламентаризмот, законодавната постапка и други теми од работата на институцијата, како и да се сретнат со пратениците од општина Прилеп.
Целта на ваквите парламентарни каравани е работата на Собранието да се доближи до граѓаните и секој да има можност да се запознае одблиску со работата на законодавниот дом.
Парламентарниот караван досега ги посети градовите Кавадарци, Штип, Кочани, Радовиш, Струмица и Гевгелија.
Караванот утре е во Велес, во четврток на 03ти ноември во Прилеп, а веќе на 4ти се сели во соседна Битола.
На Денот на ослободувањето на Прилеп, в четврток, 3 ноември, во организација на Шаховскиот клуб Прилеп ќе се одржи шаховски брзопотезен турнир. На платото пред Центарот за културата е зборното место, на отворено, под ведро небо. Тука, ваков турнир се одржа уште 2012 година. ШК Прилеп на таков начин продолжува со идејата шахот да го задржи пиетот што го има со децении во градот и да привлече што повеќе приврзаници. Од 11 часот, в четврток, пред Цепенков ќе можат да ги проверат силите не само тие што ќе бидат пријавени на турнирот туку и сите љубопитни што го познаваат овој спорт, а никогаш пред публика не играле шах.
За жал викендов непознати лица извршиле вандалски чин во пресрет на турнирот и ги испокршиле шах таблите на “Арт плоштадот”.
Грозна слика која зборува за некултурата на поединци кои живеат во нашиот град.
Вo ПЕТОК И САБОТА на 4ти и 5ти, во црквата СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ (СТАРА ЦРКВА) ќе се пејат блудци од 7.30 до 9.30 часот и од 15.30 до 17.00 часот, двата дена.
На НОВИТЕ ГРОБИШТА во 12.00 часот, а на СТАРИТЕ ГРОБИШТА во 13.00 часот, двата дена.
Во Свето Преображение (Грчка) за време на Богослужбите. Бог да ги прости и да им дарува Царство Небесно – стои во известувањето од црковниот храм Св. Благовештение.
Теодора Мицеска е голем музички талент и досега гордо ја претставува Македонија на голем број фестивали на меѓународно ниво. 15-годишната битолчанка реди успеси на секоја сцена, каде и да се појави, а последно ја претставуваше нашата држава на голем меѓународен фестивал во главниот град на Молдавија, Кишинев, каде освои град при награда. Во продолжение Теодора ни расакажа се’ за натпреварот и нејзиното најново искуство.
-Нештата кои најмалку очекуваш дека ќе се случат се едни од поубавите и послатките. Некои луѓе несакајќи ќе се впуштат во еден непознат свет со илјадници препреки, изненадувања, успеси, потешкотии, но сите тие работи се едно големо искуство за самата личност. Јас несвесно се впуштив во еден музички свет, каде што има милион препреки, но знам дека секоја една од нив ќе ја надминам со многу труд, љубов и многу волја.
Постепено чекориме кон еден голем успех, успех каде што е потребна голема поддршка од оние кои секогаш се покрај тебе, и јас таа поддршка ја имам. Како млада личност со свои шеснаесет години од Битола, предходните неколку дена гордо ја претставив нашата држава на молдавската музичка сцена, пред молдавските екрани и пред многубројна публика. Тоа е еден од поголемите меѓународни фестивали што се одржува во Молдавија, во главниот град Кишинев, кој траеше од 27-31 октомври. Оваа година броеше најмногу учесници – повеќе од илјада, од: Романија, Украина, Русија, Молдавија, Бугарија, Албанија, Косово, и секако ние од Макеоднија – раскажува Теодора.
-Како единствен учесник од нашата држава на тие големи сцени пред толку многу публика, чувството е нереално и просто неописливо. Самиот натпревар има повеќе категории за натпреварување (естрада, фолклор, балади, поп, џез, кореографии, гимнастика, уметност итн.). Јас учествував во категоријата фолклор, со изведба на наша стара и една од најубавите македонски народни песни, “Јано мори” – додава младата Мицеска.
-Повторно по втор пат на истата сцена, истата личност, но различна песна заблескаа на молдавската сцена. Се борев за она кое го заслужувам и за она за кое навистина треба да го добијам. Горда сум што Македонија ја имам претставено во пристојно светло и на други музички сцени.
Во 2019година во истото место со песната “Ој ти пиле”, Македонија повторно беше во рамките на победата, повторно ја претставив во најдобро светло како единствен претставник од нашата држава – ги завршува своите импресии од натпреварот Теодора.
Додека очекуваме снимка од нејзиниот настап од оваа година, еве како звучеше Теодора минатата година.
А еве и дел од настапот на Теодора во Бугарија минатата година:
Инаку, Мицеска има учествувано и на други фестивали надвор од Македонија – Бугарија, Грција, Романија, Молдавија, Израел, Италија, Украина, Русија, и секогаш се враќала со први места и Grand Prix во Македонија.
Салатата позната како “Метла” ужива голема популарност веќе неколку години. Можеби не изгледа убаво и егзотично, но таа е драгоцена за сите кои сакаат да го прочистат својот организам и да ослабнат. Во што е тајната?
Основните компоненти на оваа салата е зеленчуците кои го збогатуваат организмот со витамини и минерали, исполенти се со влакна и пектин. Благодарејќи на тоа, ова здраво јадење допринесува за ефикасно чистење на цревата. Со самото тоа, поради исфрлањето на фекалните наслаги се намалува и телесната тежина.
Но, тоа не е се’: бидејќи некои состојки од оваа салата се нискокалорични, заменувајќи со неа еден оброк дневно (на пример вечерата), можеме да се ослободиме од масните наслаги. На тој начин, резултатот е прочистен организам и корегирана телесна тежина.
Постојат неколку рецепти за припрема на оваа салата. Ќе ве запознаеме со еден класичен рецепт.
ПРИПРЕМА:
Изрендајте зелка, цвекло и морков во однос 3:1:1
Додајте зачини по свој вкус (пример целер). Прогмечете го зеленчукот да пушти сок. Додајте малку лимонов сок. По желба, за постигнување на пикантнос, во салатата можете да додадете прогмечен лук. Зачинете со малку масло за јадење (препорачливо е да користите ленено или маслиново масло).
Салатата не е потребно да ја насолите. Ако не можете да се откажете од солениот вкус, користете сос од соја, кој содржи прилично сол и го подобрува вкусот на храната, а има и висока нутритивна вредност и не е штетен по здравјето.
Имајте на ум: за луѓе со ниска киселост во желудецот, подобро е да се користи кисела зелка.
На 31.10.2022 во 19.03 часот во СВР Битола било пpиjaвено дека на крстосница од ул.„Прилепска“ и ул.„Караџова“ во Битола, патничко моторно возило „фолксваген“, yпpaвyвано од М.К.(74) од с.Лавци, битолско, yдpило во Д.Н.(63) од Битола.
Во нecpeќата, пешакот се здобил со тешки телecни повpeди. Увид извpшила yвидна екипа на СВР Битола – информираат од СВР Битола.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.И.(51) и Г.М.(56), двајцата од Благоевград, Република Бугарија, поради постоење основи на сомнение за сторени 21 кривично дело „измама“.
Пријавените, во периодот од 17.08.2022 до 10.09.2022, телефонски им се јавувале на повеќе повозрасни лица од Охрид и, лажно претставувајќи им се, ги известувале дека блиски членови на нивните семејства биле тешко повредени во сообраќајни несреќи.
Притоа, доведувајќи ги во заблуда, на оштетените им ветувале дека за одредена сума пари можеле да им помогнат за нивно ослободување од кривична одговорност.
На овој начин, пријавените предизвикале вознемиреност кај оштетените граѓани, а во три случаи од оштетените добиле пари со што се стекнале со противправна имотна корист во вкупен износ од 1.077.320 денари.