дома блог страница 1371

Води познат профил на Инстаграм – Ова момче е пpиведено за дојавите за бомби во скопските училишта

МВР денеска објави дека едно лице е приведено поради сомнение дека учествувало во испраќањето на лажните дојави за бомби во неколку скопски средни училишта.

Станува збор за Никола Николовски, администратор на познатиот инстаграм профил “Боемот”.

Конзерватив.мк предмалку објави дека нивниот член е уапсен и дека даваат целосна подршка за него.

Во продолжение Фејсбук статусот на Конзерватив.мк:

– Неспособноста на МВР и властите резултираше кон приведување на невини лица!

Во моментов нашиот член Никола Николовски, како во најцрните денови од комунизмот со над 10 службеници е приведен повеќе од 4 часа, поради сомнение за поврзаност со заканите за поставени бомби во училиштата во Скопје.

ОДГОВОРНО ТВРДИМЕ И ДЕМАНТИРАМЕ ДЕКА НАШИОТ ЧЛЕН НИКОЛА ИМА БИЛО КАКВА ПОВРЗАНОСТ СО ОВИЕ НАСТАНИ.

Никола е пред се’ општествено одговорен граѓанин, активист на Conservative.mk кој е активно вклучен во борбата против дезинформациите и fake news, кој со гордост ја претставувал Македонија на многу настани, натпревари и конференции, вклучително и во Европскиот Парламент.

Ова е класичен напад врз слободата на говор, демократијата и начин како да се притиснат неистомислениците. Но, слободната мисла секогаш на крајот победува, па затоа ќе се погрижиме овој настан да биде целосно расветлен пред органите. Вистинските лица кои стојат позади овој нарачан напад мора да понесат целосна одговорност, како и да се осигураме дека во иднина нема да постои можност од повторување на слични настани.

СТОП ЗА РЕПРЕСИЈАТА И ГУШЕЊЕТО НА СЛОБОДНАТА МИСЛА!

ПОДДРШКА ЗА НИКОЛА!, напишаа тие.

Српската вojcка на нозе: Соборен дрон над касарната во Рашка

Српските вооружени сили пред 20 минути собориле дрон над касарната во Рашка, пишува Блиц.

Претходно беше забележано набљудување и извидување на касарната, па армијата по наредба на врховниот командант дејствуваше и го собори дронот.

Наскоро се очекува соопштение од Војската на Србија, објави Блиц.

Инаку вчера претседателот на Србија и врховен командант на вооружените сили Александар Вучиќ издаде наредба веднаш да се уништат сите непријателски беспилотни летала на територијата на централна Србија.

Наредбата доаѓа по инцидентот што се случи во околината на Рашка, кога непознати дронови ги набљудуваа касарните и позициите на војската на Србија.

Срамна Македонија: Кај нас била одбиена да студира, а сега е министерка во Словенија

Среќна приказна за Емилија Стојменова Дух, млада виничанка, која денес е министерка за дигитализација во Словенија, но срамна и тажна за Македонија и само уште еднаш ја покажува гнилоста на овој наш систем, затоа што овој систем, оваа држава буквално ги брка своите брилијантни умови од државата и им ги дава на тацна на земјите каде се вреднува знаењето.

Фото/Jure Makovec

Емилија Стојменова родена е во Виница, во 1985 година. По завршување на вторa година во Природно-математичката гимназија во Виница се сели во Марибор, Словенија. Од Агенцијата за развој на кадри во Словенија добива стипендија за програмата меѓународна матура во Втората гимназија во Марибор каде го завршува средното образование.

Потоа студиите по електроинженерство ги продолжува на Универзитетот во Марибор и ги завршува како најдобар студент.

Докторира со просек 10.00. Сега е вонреден професор на Електро техничкиот факултет во Љубљана. А денес е министерка за дигитализација во Словенија во Владата на Роберт Голоб.. Инаку, таа е основач и директор на мрежата Fablab Slovenia, а е и директор на Digital Innovation Hub (dih) Slovenia.

Особено е активна во иницијативата за „паметни села“, која се имплементира под чадорот на Европската комисија и Европскиот парламент. Таа ја претставува Словенија во мултирегионалниот проект #hiddennomore на Стејт департментот на САД, кој избра меѓу 50 жени од целиот свет кои се на битни позиции во науката, технологијата и математиката.

Приказната на Емилија Стојменова Дух ќе ја гледате во емисијата Патот до успехот, во недела во 20.45.

Во Студио 10, Мишко Иванов ви презентира само еден сегмент, кој е поразителен за Македонија како држава.

-Кога завршив гимназија, сакав да студирам во Македонија моето семејство беше во многу тешка економска ситуација, но тука мене ми побараа 800 евра за да студирам во земјава под образложение дека не сум Македонка. Јас бев и се уште сум Македонка, вели Емилија Стојменова Дух, министерка за дигитализација на Р. Словенија во емисијата Студио 10 на ТВ24 објаснувајќи како и зошто останала во Словенија.

ФИФА го објави првото официјално видео за Светското во Катар: Одбројуваме уште 18 дена

Светската куќа на фудбалот го објави првото официјално видео за Светското првенство во Катар. Мундијалот започнува со натпреварот помеѓу домаќинот Катар и Еквадор на 20 ноември, а веќе наредниот ден на програмата се три дуели.

До петок прекин на сообраќајот – Ќе се асфалтира патот Подвис-Кривогаштани

Од 01.11.2022 (вторник) до 04.11.2022 (петок) ќе се извршуваат градежни зафати (асфалтирање) на патниот правец R2335 од Подвис до Кривогаштани така што сообраќајот на тој потег ќе биде во прекин во двата правци од 10ч. до 16.00ч – информираат од Македонија пат.

Владата одлучи: Над овие цени никој не смее да ви продава огревно дрво

Владата, на предлог на Министерството за економија, донесе Одлука за определување највисоки цени на одделни производи во трговијата на мало, конкретно на огревно дрво од даб; огревно дрво од бука и пелети за огрев.

Највисоките цени на огревното дрво од даб и бука се утврдени во висина до 4.500,00 денари за метар просторен (мпр) односно до 6.429,00 денари за метар кубен (м3), информираат од Владата.

„Владата притоа донесе Одлука за престанување на важноста на одлуката за посебни услови во трговијата на мало, со којашто беше замрзната маржата на огревно дрво од даб и од бука и пелети за огрев за сите трговци во висина најмногу до 10%“, се вели во соопштението.

Мицкоски му фрли ракавица на Груби: Нека поднесе иницијатива ако е сигурен дека имаат 80 пратеници за уставни измени

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета во Илинден на прашањето како ја коментира изјавата на вицепремиерот Артан Груби дека имаат 80 пратеници за уставните измени посочи дека ако се толку сигурни иницијативата да ја поднесат во парламентот и ќе се види дали имаат или немаат 80 пратеници за уставните измени.

-Одлично супер, нека ги поднесат предлог иницијативата во парламентот и ќе види дали имаат или немаат, зошто тогаш лидерски средби за уставни измени ако имаат 80 пратеници. Мислам дека господинот Груби има поинаква намера, но јас му посакувам многу успех во неговата политичка кариера и сепак државниот интерес е пред и над се, тука го вклучувам и личниот интерес, некогаш во животот треба да направите и чекор два назад, рече Мицкоски.

Да му посакаме среќа: Каратистот од “Бонсаи” Прилеп, Ѓорѓија Јовевски патува на Балканско во Црна Гора

На Балканското карате првенство кое ќе се одржи од 4-6ти ноември во Бар, Црна Гора, каратистот од Карате клубот “Бонсаи” Прилеп, Ѓорѓија Јовевски, ќе земе учество во категоријата борби, односно во jуниори до 21 година, -75 килограми.

Се надеваме дека нашиот каратист ќе го покаже најдоброто нешто на татамите и дека за градот ќе се прикаже во најдобро светло – информираат од прилепскиот карате клуб “Бонсаи”.

Teшкa cooбpaќajка на патот Прилеп-Ресен – две лица повpeдени во cyдиp на две прилепски возила

На 01.11.2022 во 14.27 часот во СВР Битола било пpиjaвено дека на регионалниот пат Ѓавато – Тополчани се cлyчила cooбpaќajна нecpeќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(20) од Прилеп и патничко моторно возило „цитроен“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.Љ.(67) с.Славеј, општина Кривогаштани.

Во нecpeќата со тешки телecни повpeди се здобила Ј.К.(57) од Прилеп, сопатничка во возилото „цитроен“, додека со телecни повpeди се здобил возачот Д.Љ., конcтатиpaни во Клиничка болница Битола.

Увид на местото извршила yвидна екипа на СВР Битола – информираат од СВР Битола.

Пожap беcнee на потегот помеѓу Македонски Брод и Пласница: МВР гacи со хеликоптер (Видео)

Вчера по пријава на Центарот за управување со кризи на подрачјето помеѓу Македонски Брод и Општина Пласница Одделот за воздухопловни единици на МВР интервенираше со еден хеликоптер од типот Bell 212 при што се исфрлени над 7 тони вода.

Гаснењето на пожарот продолжи и утрово со крајна цел ставање на пожарот под контрола. Последнава година Министерството за внатрешни работи заедно со Одделот за воздухопловни единици, за потребите на Хеликоптерската единица за полициски намени, која во рамки на МВР постои од 1969 година и е опремена со 3 хеликоптери марка „Бел“, ги препозна потребите на државата за поуспешно справување со пожарите, а со тоа и подобра заштита на граѓаните и имотот.

За да се овозможи успешно користење на опремата беше спроведена меѓународна обука од словенечката полиција, и тоа за носење подвесен товар и за гаснење на пожари. Обуката успешно ја завршија сите пилоти на Хеликоптерската единица за полициски намени.

Овој пример е уште еден доказ дека МВР е сервис на граѓаните и тоа е веќе имплементиран начин на работа во сите сегменти на полициското работење, а заштитата и безбедноста на граѓаните е наш приоритет.