дома блог страница 1370

Пpиведен битолчанец кој пpeдизвикaл пожap на “БMВ”

Фото/илустрација

Денеска (03.11.2022), полициски службеници од Криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода З.А.(40) од Битола.

Тој се сомничи дека на 02.11.2022 во 02.18 часот на ул.„Цане Василев“ во Битола предизвикал пожар на патничко моторно возило „бмв“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на Р.Ф.(60) од Битола.

Екипа на Територијалната противпожарна единица Битола го изгаснала пожарот, а повредени лица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава – информираат од СВР Битола.

Донесена е нова одлука: Eве колку ќе чинат горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,19% во однос на одлуката од 31.10.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,045%, кај дизелот намалување за 1,262%, кај екстра лесното масло намалување за 3,443% и кај мазутот зголемување е за 0,827%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,859%.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 3,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Од 4.11.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 90,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 94,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 99,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 93,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 50,067 (денари/килограм)

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 4.11.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

Мицкоски од Прилеп: Советот ќе ја врати старата цена на водата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска е во посета на Прилеп каде изврши увид во завршната фаза на новата детска градинка во населбата Точила и реконструкцијата на дел од плоштадот во центарот на градот.

Мицкоски најави и дека Советот на општина Прилеп ќе ја врати старата цена на водата за пиење.

-И она што за мене е многу значајно во преговорите со владата успеавме да издејствуваме водоводните претпријатија и оние кои што стопанисуваат со пречистителните станици со канализациите во општините добијат повластена цена на струјата на електричната енергија. Тоа важи овде во општина Прилеп и можам да најавам дека веќе во декември советот тука до мене е и претседателот ќе донесат одлука за враќање на старата цена на водата, она кое што советот и градоначалникот го земаа како обврска овде во Прилеп да откако ќе биде корегирана цената на електричната енергија се врати старата цена за вода на прилепчани, истакна Мицкоски.

Целата изјава на Мицкоски проследете ја во продолжение:

Мицкоски: Нова градинка во Прилеп за 250 дечиња, градоначалникот ги исполнува ветувањата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска е во посета на Прилеп каде меѓудругото изврши и увид во завршните работи на новата детска градинка во населбата Точила.

-Најпрво сакам да го честитам овој ден овде значаен за Прилеп и прилепчани, бидејќи денес е денот на ослободувањето на градот, а воедно да кажам и да изразам задоволство што сум овде присутен би рекол завршување на тоа што беше обврска на општина Прилеп, на овој објект позади мене тоа е детската градинка во населбата Точила како што кажа градоначалникот за повеќе од 250 дечиња во предшколска возраст ќе можат овде да го продолжат своето детство, пред да продолжат во училиштата.

Исклучително значаен проект за Прилеп бидејќи потребата од вакви објекти е секогаш поголема од капацитетите со кои што располага општината и добив информација од градоначалникот дека секогаш околу 300 до 350 дечиња се на листата за сместување во објектите. Со оваа градежна офанзива која што ја направи градоначалникот заедно со администрацијата, со тимот овде во Прилеп се заврши овој објект.

Благодарност и до ЕВН која што практично овозможи да во рекордно брзо време се добие енергетско напојување на самиот објект. Она што исто така сакам да кажам е дека општина Прилеп продолжува да ги реализира проектите, добив информацијата од министерството за транспорт и врски дека влезот практично во општина Прилеп од кај Крушево е веќе во фаза на тендерирање, завршени се обврските на самата општина, обезбеден е сообраќајниот проекти и очекуваме некаде таму во јануари да биде воведен изведувачот на тој проект. Понатаму, исто така можам да изразам големо задоволство дека мапирањето на она кое што кажавме реконструкција и реновирање на улиците овдека во општина Прилеп е веќе завршено, и се подготвува тендерската документација и истата ќе биде според динамиката објавена втората половина на јануари месец со што повеќе од 65 илјади квадратни метри ќе биде реконструирана патна инсталација, односно ќе бидат асфалтирани патни делници овде во Прилеп.

Во завршна фаза е водоводот Пашовски, во завршна фаза е реконструкцијата на плоштадот овде во Прилеп. Продолжуваме со подготовките и општина Прилеп за прв пат ќе влезе во фаза на издавање на општинска обврзница, нешто што ќе биде новитет за да се обезбедат средства за финансирање на други проекти како што е кружниот тек во центарот на градот кај Тинекс, потоа влезот од другата страна од кај Брод, потоа обиколницата Сивец итн.

И она што за мене е многу значајно во преговорите со владата успеавме да издејствуваме водоводните претпријатија и оние кои што стопанисуваат со пречистителните станици со канализациите во општините добијат повластена цена на струјата на електричната енергија. Тоа важи овде во општина Прилеп и можам да најавам дека веќе во декември советот тука до мене е и претседателот ќе донесат одлука за враќање на старата цена на водата, она кое што советот и градоначалникот го земаа како обврска овде во Прилеп да откако ќе биде корегирана цената на електричната енергија се врати старата цена за вода на прилепчани.

Така што исклучително квалитетен ден и се надевам дека сето ова ќе значи подобар живот и исполнување на ветувањата кои што ги даде градоначалникот овде во Прилеп на локалните избори и тоа ќе значи поквалитетен живот и подобри услови за прилепчани.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Уште една мрачна ноќ во Киев: Властите го подготвуваат народот за најлошото сценарио

Украинската престолнина помина уште една мрачна ноќ.

Делови од Киев синоќа останаа без струја, а состојбата во текот на денешниот ден не е подобра.

Животот во Киев, главниот град на Украина, станува се потежок откако руското бомбapдирање сериозно ја оштети електроенергетската инфраструктура, што го отежна снабдувањето со вода и струја во градот кој пред вojната имаше 2,8 милиони жители!

Володимир Кудрики, шеф на државната компанија Укренерго, рече дека Украина ќе се соочи со „огромна хуманитарна криза оваа зима доколку не спречи колапс во снабдувањето со електрична енергија предизвикан од постојаните руски бомbapдирања“.

– Најлошо е таму каде што воопшто нема да има струја, вода или парно. За тоа сценарио подготвуваме повеќе од 1.000 грејни тела низ градот. Локациите ќе бидат опремени со агрегати и ќе имаат залихи oд вода и други продукти – додаде Кличко.

Србија собори дрон на југозападната граница

Српската војска вчера попладне урна комерцијален дрон над касарна во Рашка на југозападот на земјата. Војската, согласно наредбата на претседателот Александар Вучиќ, го соборила беспилотното летало.

„Војската на Србија, по наредба на врховниот командант, собори беспилотно летало. Леталото од правец Јариње – Рудница се движело над воените објекти на гарнизонот Рашка. Граѓаните на Србија можат да знаат дека небото над Србија е безбедно. Мислам дека насоката на движење јасно кажува од каде е дронот“, изјави министерот за одбрана на Србија Милош Вучевиќ.

„Ќе видиме и кој е произведувач на дронот, за тоа ќе имаме јасна слика во следните денови, можеби и во следните часови“, додаде тој.

Според него, Србија не треба да се потценува, туку да се слуша јасно и гласно што кажува претседателот Вучиќ.

„Војската на Србија нема да дозволи некој да ја загрози Србија и нејзините граѓани“, истакна Вучевиќ. Зборувајќи за дронот, кажа дека сигурно не се обидувале да снимат убави пејзажи.

„Се обидуваат да ги снимат нашите единици за време на редовните активности. Верувам во сите безбедносни сили, ќе имаме соодветен одговор на сите предизвици, пречки малтретирања. Ние сакаме да разговараме, ние сме за политички дијалог, не сме за ескалација, туку за смирување на тензиите, но тоа не значи дека сме страшливци. Не ја провоцирајте Војската на Србија и не ја потценувајте Србија“, заклучи Вучевиќ.

Репертоар на прилепскиот народен театар “Војдан Чернодрински”

Репертоар на народниот театар „Војдан Чернодрински“ Прилеп

Петок, 4.11.2022, со почеток од 19.30 ч. ќе се одигра претставата „Да инспекторе, претстава со грешки“

Влезници и резервации на тел.076 442 378

Историска ретроспектива – Текот и акцијата за ослободување на Прилеп, еве каде се воделе најжecтоките бopби

Во деновите што му претходеле на ослобудувањето и конечното изгонување на германскиот и бугарскиот окупатор од територијата на Прилеп, претходеле жестоки борби. Многумина ќе кажат дека Македонците биле помогнати од овој или оној, но според историските податоци македонскиот народ речиси целосно сам го избркал непријателот, особено во Прилеп. Градот херој бил главното упориште и во овој дел на историјата, нескршливоста и упорноста на прилепчани била главниот бедем со кој се соочил непријателот.

Имено во овие денови во Прилеп распоредот на германските сили бил следниот: 600 војници и офицери во касарната, северно од неа 2 топа и 5 митралески гнезда. Кај месноста “Садика”, од едната страна на реката 2 тешки митралези, а од другата уште 3.

На Брдо, под пиварата, 3 топа противавионски и една чета Германци кај железничката станица.

На “Црвени Брегови”, на излезот кон Битола 2 противавионски топа и 2 артилериски, како и 300 Германци.

Штабот на 15 корпус на 24 октомври издал наредба да на 28/29 октомври 41 и 49 девизија да го нападне и ослободи Прилеп. Претходно на 27 октомври единиците на 41та девизија го ослободиле Кавадарци.

На 29 октомври бил запоседнат Плетвар од страна на XI бригада. Германците биле опседнати околу селото Плетвар. Наредниот ден првиот баталјон го започнал нападот, но германските сили ги збиле своите редови и го одбиле првиот и вториот јуриш. По четириесет часовна борба Германците биле совладани. Наредниот 31 октомври, Германците биле потпомогнати со засилени трупи и вршеле силен притисок да продрат повторно до Плетвар, но сите нивни заложби биле неуспешни, бидејќи бргадата се држела добро и пружала силен отпор.

Силни борби се воделе и на Маркови Кули. Таму германските сили биле потпомогнати и од артилериско оружје, а нашите трупи иако биле со малку муниција го напаѓале непријателот, дури и со камења. Ги држел силниот дух и желбата за слобода. Во повлекувањето кон Варош и Прилеп, Германците ги запалиле зградите на Институтот за тутун, за веднаш потоа сите сили ги упатат повторно кон Плетвар каде и успеале да направат продор помеѓу позициите на XI бригада. Но обидите биле спречени од страна на Штабот кој издал наредба V бригада да изврши напад од кај касарните и да го пресечи патот за Плетвар.

Во мугрите на трети ноември започнал и последниот напад за ослободување на Прилеп. Последните германски истрели откај гробиштата и Варош набргу запреле. Најтешката задача ја имал Третиот баталјон кој во огромен јуриш, правејќи жртва, настојувал да зароби што повеќе непријателски војници. Кај седум часот се слушнала и последната германска детонација, кога биле активирани мините под Ленишки мост. Тоа е последната акција за Прилеп и оттогаш градот живее слободно.

Во последните два дена треба да се напомене дека Прилеп дал 78 жртви, херои на Народноослободителната војска на Македонија. Германците претрпеле 160 жртви и стотици ранети и заробени. Со запленетото оружје, борците се упатиле кон Битола, при што ја ослободиле на 4ти ноември.

ВЕЧНА НЕКА ИМ Е СЛАВАТА НА ЗАГИНАТИТЕ ХЕРОИ, ПРИЛЕП ПАМЕТИ И ДОСТОЈНО СЕ СЕЌАВА НА СЕКОЈ ОД НИВ.

Општина Новаци доби теретана на отворено (Фото)

Заменик амбасадорот на Кралството Холандија Роберт Декер заедно со градоначалникот на Општина Новаци Стевче Стевановски, претставници од Пролокал, општинската администрација и младите, учесници во проектот „ Зајакнување на капацитетите на луѓето од Пелагонија“ ја посетија локацијата каде е изградена теретаната на отворено во склоп на спортската сала во Новаци.

„Денес направивме увид и на некој начин свечено ја пуштаме во употреба тератаната на отворено која ја изградивме во склоп на спортската сала во Новаци на барање на младите луѓе од нашата општина со средства од проектот во висина од 122.000,00 денари, додека кофинансирањето на Општина Новаци изнесува 147.386,00 денари.“ рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

Младите учесници имаа можност да предложат идеи и предлог проекти за секоја Општина, кои ќе бидат од големо значење за сите жители од овие 7 рурални Општини во Пелагонија. Целиот овој процес, од предлог идеја на младите до реализација од страна на избрана градежна компанија, се одвиваa согласно сите административни постапки и процеси од страна на секоја Општина. За време на работилниците и во сите процеси на реализација на проектите, учествуваа и беа обучени и 7 претставници од општините за работа со млади од нивните општини. Крајниот резултат се 7 инфраструктурни проекти од мал обем во сите седум општини.

„Вие сте движечката сила и ме радува тоа што гледам дека имате желба и енергија да работиме заедно и да реализираме вакви слични проекти.“ рече Роберт Декер, Заменик амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија.

Во рамките на прокетот беа одржани 12 работилници за 12-те принципи на Добро Владеење, во кои активно беа вклучени 50 млади луѓе од рурална Пелагонија, 3 мотивациски дебати, тренинг „Training on EU citizens/youth engagement practices“, со експерти од Хаг од Академијата за Локално Владеење за што младите се здобија со сертификат и беше изработена дигитална алатка – онлајн курс на официјалната веб страна на Про Локал, каде што сите млади од рурална Пелагонија ќе имаат можност да прочитаат и да научат за принципите на добро владеење. Во рамките на проектот беше изработена и Анализа за степенот на учество на младите во рурална Пелагонија.

„Преку овие одржани работилници и многубројните други активности во рамките на имплеменатцијата на проектот, младите ги зајакнаа своите капацитети за вклучување во носењето на одлуки на локалната самоуправа во нивните локални заедници. Проектот заради позитивните промени врз младите од рурална Пелагонија ќе продолжи да се реализира и во наредните две години, во кој ќе бидат вклучени и општините Битола и Прилеп со руралните населени места. “ рече Емилиа Ѓероска, претседател на Пролокал.

Проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија“ е финансиран од Амбасадата на Кралството на Холандија, преку МАТРА Програмата, а во имплеметацијата на истиот, освен Про Локал, се вклучени уште 9 други граѓански организации, и секако општините: Новаци,Ресен, Могила, Демир Хисар, Долнени, Крушево и Кривогаштани.

Соопштение од прилепски Водовод: На овие улици денеска ќе има прекин во водоснабдувањето

Соопштение од ЈКП Водовод и канализација Прилеп

Водоснабдувањето на ден 03.11.2022 (четврток) ќе биде нормално со здравствено исправна вода за пиење.
Вкупната произведена количина на вода е 250л/с, од кои 210/с од Студенчица, 0л/с од бунари и 40л/с од сопствени извори.

Прекин во водоснабдувањето заради санација на дефекти и приклучоци во периодот од 08 до 14 часот ќе има на следните улици и делови од Општина Прилеп: ул. “Браќа Миладиновци”, ул. “Димо Наредникот Б1”, ул. “Митко Цветаноски”, ул. “Тетовска”, ул. “Богомилска”, Реон О.У. “Кочо Рацин”.