дома блог страница 1369

Ново значително поскапување на горивата од полноќ

На веб-страницата на „гориво.мк“ беа објавени новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Значително зголемување на цената од полноќ ќе забележи бензинот БС-95, кој ќе поскапи за два денари и ќе чини 92,5 денари.

Цената на бензинот БС-98 останува иста, односно 94,5 денари, додека цената на дизелот не се менува и останува 99 денари за литар.

Соопштение од црковните храмови Св. Петка и Параклис за пресотјниот празник Митровден

ИЗВЕСТУВАЊЕ oд црковните храмови Св. Петка и Св. Кирил и Методиј (Параклис) за престојниот празник Св. Вмч. Димитриј – Митровден

Браќа и сестри во Христа, наши прилепчани, ве известуваме дека ЛЕПЧИЊАТА ЗА СЛАВА ЌЕ СЕ ПЕАТ ИСКЛУЧИВО ВО ЦРКОВНИТЕ ХРАМОВИ.

За претстојната слава, на СВ. ВМЧ. ДИМИТРИЈ (МИТРОВДЕН), во храмот св. Петка во нас. Точила и во хр. Св. Кирил и Методиј (ПАРАКЛИС) лебчиња ќе се креваат преку целиот ден односно од 7:30 – 18:00 ч.

Честита слава на сите кои го чествуваат Св. Вмч. Димитриј како закрилник на нивните домови т. е. домашна слава!
Нека ни е за многу години и на помош св. Димитриј – стои во соопштението.

Црно им се пишува: Судот донесе одлука за медицинските сестри кои ја тепаа старата жена во старски дом

Основниот суд во Пеќ донесе одлука за трите медицински сестри кои ја тепаа старата жена во домот за стари лица во Косово.

Трите медицински сестри добиле притвор од по 30 дена и ќе го поминат во затворот Липјани, објави „Клан Косово“.

Снимките кои се појавија на интернет ја згрозија јавноста во регионот, а се шпекулира дека медицинските сестри би можеле да се соочат и со затворска казна

Над 500 ученици од Битола трчаа на ноќната традиционална атлетска трка “4-ти Ноември” (Фото галерија)

Со целосно нов концепт, на ниво на високопрофесионални натпревари од ваков вид, како дел од програмата по повод одбележувањето на Денот на ослободувањето на Битола, се одржа традиционалната ноќна атлетска трка „4 Ноември“. На 64-та по ред ноќна атлетска трка, зедоа учество над 500 учесници и тоа ученици од 4 до 9 одделение од основните училишта и ученици од сите 4 години од средните училишта. На најстариот спортски настан во градот, зедоа учество и РЕК Битола и Кромберг и Шуберт со машка и женска екипа, како и други граѓани.

Учесниците на трката ги поздрави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој изрази верување дека ваквите натпревари ќе бидат поттик за што повеќе спортски активности на младите битолчани, а почесниот претседател на Сојузот на спортови, Димче Миновски, говореше за историјатот на трката и големите спортски имиња од Битола, кои своите почетоци ги имале токму на ваков начин.

На традиционалната ноќна атлетска трка, која се одржува во организација на Сојузот на спортови, во соработка со Сојузот на училишен спорт, а со поддршка од општина Битола, за најдобрите беа доделени златен, сребрен и бронзен медал, за освоено прво, второ и трето место. Екипни победници на трката се: од основните училишта ОУ Коле Канински, а од средните Гимназијата Јосип Броз Тито.

Наградите ги доделија градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, заменик градоначалникот Бојан Бојкоски, Претседателката на Советот на општина Битола, Габриела Илиевска, претставници на Советот на општината, Сојузот на спортови и познати спортисти од градот.

Апceње во Прилеп: Избегал од затвopoт од Битола, па го фатиле на автобуска во Прилеп

Денеска (03.11. 2022) во 17.30 часот од страна на полициски службеници од СВР Битола -ОВР Прилеп пред новата автобуска станица во Прилеп е лишен од слобода К. Р. (30) од с. Октиси, Струга, кој претходно бил пријавен дека денеска околу 11 часот избегал од КПУ Затвор Битола.

Лицето ќе биде вратено во казнено поправната установа – информираат од МВР.

(Фото галерија) Фатени петмина дрвокрадци кај прилепско Беловодица – највозрасните имаат по само 23 години

Полициски службеници од СВР Битола-ПСОН Прилеп денеска 03.11.2022) на место викано Беловодица, Прилеп ги лишиле од слобода И. Р. (21), С. Ќ. (23), Е. К.(23),Е. М.(19) и Е. Р. (23), сите од Прилеп, кај кои биле пронајдени нелегално сечени огревни дрва.

Пет возила и дрвната маса се одземени и по документирање на случајот ќе следува кривична пријава – информираат од СВР Битола.

Следете во живо: Доделување на ТРЕТОНОЕМВРИСКИ награди во Прилеп

Свечена седница на Советот на Општина Прилеп и доделување на наградите „3-ти Ноември“:

Бизнис центарот во Прилеп почна да се распаѓа – за среќа денеска ничија глава не заврши скршена (Видео)

Се чини дека времето си го прави своето, па некогаш популарниот бизнис центар во Прилеп, а во кој патем се нема вложено ниту денар за негово одржување, полека но сигурно наликува на една стара зграда која го нагрдува центарот на градот.

И не само тоа, туку денеска на лице место видовме дека и таа неодржана градба може да биде и опacна по случајните минувачи.

Попладнево се откорна малтер и падна на пред еден од дуќаните од страната на плоштадот. За среќа никој во тој момент не стоеше тука, па ничија глава не заврши скршена.

Апелираме, кој и да е надлежен за одржување на овој објект да ги санира ваквите пукнатини, затоа што наредниот пат може да биде кобен по некого.

Погледнете како изгледа внатре новата детска градинка во Прилеп – ќе згрижи 250 дечиња (Фото)

Градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, денеска во присуство на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и потпретседателот на партијата, Александар Николоски, извршија увид во завршните работи околу новата детска градинка во населбата Точила.

-Посебно сум горд што успеавме да ја доведеме во завршна фаза доизградбата на детската градинка, која што е клучен и капитален проект за квалитетен развој на нашите деца, за кој што морам да кажам дека ја наследивме и целосната сума за исплаќање (околу 144.000.000 денари) а во оваа година успеавме од предвидениот буџет да изменаџираме и исплативме 37.000.000 денари.

Се работи на комплетирање на сите потребни документации за да се стави во функција овој објект што поскоро.
Градинката во Точила се простира на површина од 5030 м2 и има 13 занимални за прием на деца од предучилишна возраст, со проектиран капацитет за 252 деца. Покривот е предвиден како зелена тераса со ниска природна вегетација, со што се овозможува изолација и заштеда на енергија, што во овие моменти на енергетска криза е од исклучителна важност – напиша на ФБ Јовчески.

-На покривот исто така има сончеви колектори и фотоволтаична централа за производство на електрична енергија за потребите на градинката. Има и воздушна топлотна пумпа и централно подно греење со што ќе се намалат трошоците за греење и ладење.

Опремата за ентериерот ќе биде обезбедена од страна на Министерството за труд и социјална политика. Во моментов како што сум информиран во тек е оглас за таква набавка. Како локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ морам да истакнам дека промените кои што носат подобра иднина за сите граѓани, со многу поголем интензитет ќе продолжат во наредниот период.

Инвестициите во образованието, во патната инфраструктура, во урбанистичкото и просторно планирање како и во сите останати сфери сигурен сум дека ќе ги зголемиме и ќе ги реализираме сите проекти кои што ќе донесат подобар живот за сите наши сограѓани. За се она што беше сработено и реализирано како и за сите идни планови ќе биди презентирано детално во мојот едногодишен отчет кој што ќе се случи овој викенд на Саемот на промените што носат иднина, а потоа ќе биде презентиран и достапен за сите граѓани на општина Прилеп – додаде градоначалникот на Прилеп.

Македонската вojcка добива сѐ поголема поддршка од сојузниците

10 милиони евра од Европа и над 100 милиони долари од САД за поддршка на модернизацијата на нашата Армија

Министерката Петровска во денешното гостување во „Студио 10″ на ТВ24, изјави „Една придобивка од процесот на европската интеграција е дека се отвораат нови фондови во делот на одбраната” во моментов ни стануваат достапни 10 милиони евра од Европскиот мировен фонд наменети за купување на различен вид на опрема за потребите на Министерството за одбрана.

Сојузничката поддршка од Соединетите Американски Држави, станува се погхолема и многу значајна за развојот на македонската армија. Според Петровска за само 10 месеци од оваа година вкупниот износ кој Северна Македонија го има добиено годинава од САД за процесот на опремување и модернизација на Армијата надминува 100 милиони долари.

„Гледате за колку кратко време, колку сме ценети од нашите стратешки партнери, САД за помалку од 10 месеци донесоа одлука за финансиски средства од вкупно 106 милиони долари, поддршка за процесот на модернизација на Армијата”, потенцираше министерката Петровска, објаснувајќи дека не станува збор за заем или кредит кој ќе треба да го вратиме.

Овие средства дополнително ќе го зајакнат капацитетот на Армијата за модернизација – процес за кој се предвидени над 30% од буџетот за одбраната за 2023 година.Овие процеси на опремување со ново, современо вооружување и опрема ќе овозможат македонската армија да стане современа, мобилна воена сила која ќе може да ги извршува сите одбранбени задачи и предизвици кои ќе се појават пред неа, со ниво на обученост и опрема по највисоките НАТО стандарди.

Фото: оклопно борбено возило Страјкер од американско производство – наскоро дел од вооружувањето на АРМ