КБ Пензиско друштво и Амбасадата на Словенија донираа креветчиња, постелнини и играчки во прилепските градинки

Денеска ЈОУДГ „Наша иднина“ доби донација од компанијата КБ Прво Пензиско друштво и Амбасадата на Р.Словенија во Р.Македонија. Донацијата од 10 бебешки крветчиња, постелнина, 10 транспортни креветчиња, душеци и нови играчки беа распределени во детската градинка „Гоце Делчев“.

Донацијата лично ја предаде Амбасадорот на Република Словенија, Н.Е, Милан Предан, и директорката на компанијата КБ Прво Пензиско друштво, Весна Стојановска. При оваа прилика тие истакнаа дека се среќни што донацијата стигна во вистинските раце -„Сакавме да направиме нешто за заедницата и сме среќни што децата ќе имаат подобри услови во градинката. Донацијата е по повод Новогодишните празници и Денот на независноста на Р.Словенија “ –рекоа донаторите со надеж дека ќе пробудат интерес и кај други компании да донираат во развојот на децата од предучилишната возраст.

„Новогодишните и Божиќните празници се прекрасни денови за нови пријтелства, за благодетност и дарување. И, еве, токму во овие убави предновогодишни и божиќни празници, дечињата од Јавната Општинска Установа, Детска Градинка „Наша иднина“добијаа донација од нашиот братски народ од Република Словенија. Во оваа прилика сакам да им ги честитам Божиќните празници на граѓаните на Р.Словенија, да им се заблагодарам за подароците за нашите дечиња и да им го честитам Денот на независноста на Р.Словенија, 26-ти Декември! Се надевам дека пријателство на нашите два народи ќе остане вечно! – при оваа прилика се заблагодари градоначалникот на Прилеп, Борче Јовечски.

Иницијативата за оваа донација ја покрена Советот на родители од градинката „Гоце Делчев“ а дечињата од градинката се заблагодарија со изведба на пригодна музичка програма,во која сите присутни уживаа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.