дома блог страница 1363

Емоции до небо: Поранешната вардарка со солзи на очите се прости од црногорските навивачи (Видео)

Kaква ноќ во Морача, незаборавна. Ниту една црногорска спортистка немала вакво збогување од навивачите како што тоа го доживеа Јованка Радичевиќ.

На последниот „танц“ пред домашните навивачи легендарната ракометарка одигра фантастично, а по крајот од мечот со Полска (26-23) емоциите целосно ја совладаа – солзи течеа додека полните трибини го скандираа нејзиното име.

„Ова е премногу тежок ден за мене. Се обидов да ги потиснам емоциите пред натпреварот и за време на натпреварот, знаев колку ни значи. Сега, кога сè е готово, можам да се опуштам. Пред десет години бевме олимписки вицешампиони и европски шампиони, но можеби овие натпревари на наш терен ми беа уште поубави од тие денови. Не беше лесно да се донесе одлуката за крај на репрезентативната кариера. Најдобрите моменти во мојата кариера беа во овој дрес, но доаѓа време кога треба да размислувате за други работи и приоритети. За мене, ова е свет дрес. Ви благодарам на сите“, изјави Радичевиќ.

Црна Гора во втората фаза патува со четири бода и пред дуелите со Франција, Холандија и Романија, сонува за полуфинале. Втората етапа е во Скопје, додека завршницата се игра во Љубљана.

„Живеев и играв пет години во Скопје, а на девојките им кажав дека не сакам да ја завршам кариерата без да одам во Љубљана каде играм сега. Ќе видиме што ќе се случи, но ќе бидеме вистински „лавици“ и ќе дадеме сè од себе“, додаде поранешната ракометарка на Вардар.

Искусното десно крило пред својата публика се прости со дванаесет гола во полската мрежа.

Да му помогнеме на новинарот Саше Димовски да пpooди по ампyтациjaта на ногата!

Новинарот Саше Димовски, имаше ампутација на ногата. Со сметки за донации, се собира помош, за Димовски, повторно да прооди. Средства требаат и за лекување, како и рехабилитација.

Сметки за донации:
Денарска: 250101000288259
Девизна: 1408000644660

SWIFT: INSBMK22
IBAN 07250780006446692
Шпаркасе банка Македонија

(Фото) Од времето кога во Прилеп и околината фудбал се играло на секоја рамнина – Ќе препознаете ли некој од овие состави?

Една од најпопуларните Фејбук страници “Прилеп стари фотографии” објави фотографии од времето кога во Прилеп и околината фудбал се играше буквално на секоја рамнина.

Спортувале сите млади, речиси без исклучок… Биле тоа едни поубави времиња, иако немало модерни терени и спортска инфраструктура.

Фотографиите се испратени од Даниел Паскоски, па повелете препознајте ги играчите од екипите.

Мицкоски: Потребни се предвремени пapламентарни избopи за да се стави крај на ова лyдило

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, при денешната негова посета во Зелениково укажа дека се потребни што побрзо предвремени парламентарни избори во држава затоа што секое друго решение ќе значи продолжување на агонијата, повеќе криминал и корупција, послабо здравство, поголема катастрофа во образованието, послаба економија, повисока инфлација од страна владејачката коалиција.

-Па затоа што секое друго решение значи продолжување на агонијата, затоа што секое друго решение значи дека немаме план, затоа што секое друго решение значи повеќе криминал, повеќе корупција, послабо здравство, поголема катастрофа во образованието, послаба економија, повисока инфлација и затоа ние велиме потребни се предвремени избори за да престане Македонија и граѓаните да губат, за да може Македонија и граѓаните да почнат да добиваат. И затоа велиме ајде на брзи предвремени парламентарни избори да ја спасиме од агонија нашата Македонија. Тоа е суштината, затоа бараме предвремени парламентарни избори, не постои ниту една друга причина оваа влада, оваа коалиција да остане бидејќи гледаме дека сме најлоши во Европа. Најлоши сме во Европа имајќи предвид дека сме најлоши, јас само можам да кажам дека ако тие продолжат и понатаму го поминат секој ден повеќе во просториите каде што се наоѓаат толку полошо ќе биде и за граѓаните и за цела држава, рече Мицкоски.

И шеиците од Дубаи ќе ги вкусат производите од прилепска Витаминка: Царството на вкусови претставено на голем светски саем (Фото)

Целата слатка програма како и закуските на Витаминка се изложени на саемот ИСМ – СИ 2022, што од 8 до 10 ноември се одржува во Дубаи. ИСМ е најголемото саемско случување за кондиторски производи во Средниот Исток и претставува значајна бизнис и комуникациска платформа во прехранбената индустријата.

„Настапите на саеми, посебно овие што важат за центар на случувањата во индустријата се од големо значење за изложувачите бидејќи на овој начин се обезбедува пат до светските пазари. За нас, уште еднаш се потврди фактот дека преку континуирани вложувања во асортиманот и квалитетот на производите, креираме конкурентна понуда за задоволување на сé пософистицираните барања од страна на потрошувачите, а тоа првично се мери на овие манифестации. Патот до странските пазари започнува од саемското претставување и можностите за потенцијални соработки на глобално ниво“, истакна Љупчо Велески, директор на Извоз во Витаминка.

Оваа година ISM ME стави посебен акцент на чоколадата, кондиторските производи, десерти, грицки, обезбедувајќи значителни можности за компаниите да се вмрежат, да го промовираат својот бренд и да го прошират својот трговски круг низ регионот. Како изложувачи присутни се производители, компании, ланци и дистрибутери од целиот свет.

Македонски фудбал лика и прилика: Се тепaa навивачи и фудбалери, интервенираа cпециjaлци, пукаа факли…(Видео)

Дербито на македонскиот фудбал меѓу Шкупи и Шкендија повторно понуди немили сцени. Ако претходно ваква беше ситуцијата во Тетово, сега е во Скопје, затоа што по голот на Шкендија, навивачи влетаа на терен и се се случи хаос.

Летаа факли, пиротехника и бомби, мораше да реагираат полицијата и специјалците затоа што работата немаше да биде добра. Се тепаа навивачи со фудбалерите, удираа и едните и другите, на теренот во „Чаир“ владееше вистински хаос.

Инцидентите на „Чаир“:

Дербито во моментов е во прекин, фудбалерите на Шкендија не се на терен, не се знае дали воопшто ќе продолжи.

Се намалува цената на лебот

Лебот е веќе со намалени цени, а денес можеше да се купи леб за 32 денари.

Цената се намалува како резултат на мерките кои треба да им помогнат на компаниите кои произведуваат основни прехранбени продукти да плаќаат стабилна и пониска цена на електрична енергија на крајот носи придобивки за сите граѓани.

Со плаќањето на поевитна, но и стабилна цена на електрична енергија фирмите кои производуваат основни прехранбени продукти, може подобро и полесно да планираат, но и да дозволат намалување на цените за граѓаните, велат од Владата.

Оваа мерка, дополнета со останатите антикризни мерки треба да им помогнат на граѓаните полесно да се справат со последиците од енергетската и економската криза, а од друга страна да помогнат на компаниите да останат ликвидни. Колку тоа ќе се оствари, останува да видиме.

Ковачевски: Затворањето на РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј беше планирано согласно енергетската стратегија

Затворањето на РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј беше планирано поради нашата стратегија за ориентирање кон почисти извори и овие објекти беше во план, поради должината на нивнито животен век. Но, тоа беа планови пред да почне војната во Украина, поради што овој план се одложува, поради настанатата енергетска криза, посочи премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски на денешната пресконференција.

Тој појасни дека од почетокот на кризата била издадена задача до ЕСМ да го зголеми производството, што и било реализирано иако ЕСМ работи со стара технологија, и има опасност од испад на блоковите, што би довело до потреба да се увезе енергија.

– Засега немаше увоз на енергија за регулираниот пазар, што значи она што го поставивем како план е реализирано. Досега не сме имале ниту еден ден без енергија, иако земјите во наша околината се соочија со рестрикции, некои дури и по шест часа во ден. Дополнително, иако град Скопје одби да помогне во обезбедувањето парно греење за скопјани, што е нивна обврска, ние ја преземавме и имаме топлинска енергија за главниот град, и тоа по субвенционирани цени од првиот ден согласно законот – истакна Ковачевски, кој ги потенцираше енергетските потреби на државата во контекс на одлуката на опозицијата да ја блокира позајмицата од ЕБОР.

Според премиерот кредитот е по најдобри услови, само со ниво на либор каматна стапка, но тој беше изблокиран од опозицијата во Собранието.

– Заради неодговорното однесување на опозицијата, банката ги пренамени пари за други цели, со што на Македонија и се ускрати да користи средства со ниска камата. Според опозицијата, согласно националната стратегија треба сукцесивно да се затвораат централи на јаглен, какви што имаме во сите земји од ЕУ, но поради војната, со писмо од министерот за економија, беше договорено да се одложи исклучувањето на РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј, односно договорот е ревидиран, и работниот век ќе биде продолжена, но бидејќи опозицијата го блокираше законот, средствата од ЕБОР кои стоеа настрана веќе се пренаменети за други цели, и ние сме ускратени од користење финансии по поволни услови. Сепак, бидејќи отворивме преговори со ЕУ, а ММФ ја потврди макроекономската стабилност, добивме кредит од Дојче банк, 50 милиони од Естре банк, но и инструмент од ММФ, и дополнително ЕК ни додели 80 милиони гранд кои може да ги повлечеме во јануари за енергетски потреби – потенцираше Ковачевски.

Пpиведен кpaдец – При кpaжбата нacтанала екcплозиja

На 08.11.2022 во 10.00 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.М.(44) од Велес.

Тој се сомничи дека на 05.11.20222 околу 22.40 часот на ул. „8-ми Септември“ во Велес со употреба на алат се обидел да изврши „тешка кражба“ од трафостаница на ЕВН, но не успеал.

Притоа настанала експлозија откако се обидел да исече кабли.

Лицето е приведено во полициската станица во Велес и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.

Oпштина Кавадарци ќе ги заживува старите занаети: Објавен јавен повик за субвенционирање

Општина Кавадарци има намера да ги субвенционира старите занаети и занаетчиски дејности во изумирање на територијата на Општина Кавадарци.

За таа намена, се охрабруваат сите занаетчии кои се регистрирани согласно Законот за занаетчиство и кои обавуваат занаетчиски дејности во изумирање (јорганџија, опинчар, јажар, крзнар, грнчар, шапкар, ковач, лимар, казанџија, копчар, свеќар, венци, саатчија, ракотворби-корпар, ракотворби-изработка на сувенири, домашна ракотворба, изработка на филигран, накит и слични производи, производство на музички инструменти и самарџија) да поднесат пријава за изразување на интерес за добивање на финансиска поддршка на следната електронска пошта: [email protected]