дома блог страница 1364

(ВИДЕО) Супер талент: Ја yкpaл шолјата во јавниот тоалет во Штип

Поставениот јавен тоалет во населбата Баби во Штип не издржа долго бидејќи останал без тоалетна шолја.

Некој решил да ја украде тоалетната шолја, а граѓаните се згрозени од овој чин.

Како што може да се забележи на видеото од „Телевизија стар“ шолјата повеќе ја нема во тоалетот.

ВИДЕО: “ТВ СТАР”

Пример за општествена одговорност: Витаминка донираше 1.100 книги за градската библиотека во Прилеп (Фото/Видео)

Витаминка денеска ја предаде донацијата од 1100 книги во Градска библиотека „Борка Талески“ во Прилеп. Донацијата содржи вкупно 150 наслови од различни жанрови од домашни и странски автори, лектирни изданија, популарна литература, белетристика, детска и тинејџерска литература.

Вкупната вредност на донацијата е 160.000 денари а од компанијата велат дека ова е само првиот чекор во популаризација на културата на читање и зголемување на значењето на библиотечната дејност во градот Прилеп.

„Како компанија со голема свесност за состојбите во општеството и воопшто во околината, со оваа донација сакаме да го свртиме вниманието кон значењето на едукацијата и читањето книги и да влијаеме врз зголемување на читачката култура. Потребно е посебно младите да се надградуваат себеси и да го спознаваат светот низ книгата и на тој начин да создаваат вистински и трајни вредности. Веруваме дека овој начин, преку популаризирање на културата на читање и создавање понуда во библиотеката од наслови и содржини кои одговараат на тековните интереси и преокупации на младите и на сите нас, ќе успееме да ја поттикнеме љубовта кон книгата и кон убавиот збор“, истакнаа Симона Симоновска Шеф на маркетинг во Витаминка.

Изборот на авторите и насловите е направен во координација со библиотеката и според потребите од жанрови и изданија. Според директорката ова е значајно зголемување на книжниот фонд и тоа за сите профили на читатели.

„Донацијата од 1100 книги со 150 наслови, пред сè лектирни изданија, значително ја збогатува понудата на Библиотеката во одделот за деца. На овој начин учениците многу полесно ќе дојдат до бараната книга. За учениците кои се вљубеници во пишаниот збор, набавени се повеќе наслови на детски белетристички романи, енциклопедии. Ставен е акцентот на домашни автори, но и во исто време набавена е литература и од странски автори. Сè на се, огромно благодарам на компанијата Витаминка за оваа вредна донација, од името на сите вработени во установата, и од името на учениците – наши читатели. Донацијата ќе ги краси полиците на Библиотеката со години. Влогот во младите, нови генерации чинам е највреден, а ефектите многукратни. Компанијата Витаминка и овој пат става печат на искреното пријателство со Библиотеката Борка Талески – Прилеп. Таа е пример во заедницата за ефикасно вложување во рамките на политиките за општествена одговорност. Многу успеси на учениците, и многу успешни проекти на Витаминка во иднина. Во оваа пригода сакам да се заблагодарам и на градоначалникот Борче Јовчески за силната поддршка при реализација на овие активности“, истакна Моника Талеска, директорка на прилепската библиотека.

Меѓу донираните наслови застапени се странски автори како Џ.К. Роулинг со серијалот Хари Потер како и други од светската белетристика, а од домашните само некои од авторите се Горјан Петрески, Ванчо Николески, Велко Неделкоски, со што се дава поддршка и за домашните автори и книжни изданија.

Исто така, како најнови наслови кои досега не беа листирани во библиотеката, присутни е и новата македонска едиција „Светот на Биби и Боби“.

Анџела Агелер e новата амбасадорка на САД во Македонија

Анџела Агелер ја презеде функцијата амбасадорка на САД во Македонија. Таа денеска ги предаде акредитивните писма на претседателот Пендаровски. Агелер, во обраќањето пред шефот на државата, реферирајќи се на својот поранешен ангажман во земјава рече дека Македонија презела тешки одлуки за зачленување во НАТО и напредок кон ЕУ. Дел од настапот на новата американска амбасадорка беше на македонски јазик.

„Голема чест ми претставува да ви го предадам акредитивното писмо од претседателот Бајден. Горда сум што го претставувам претседателот и американскиот народ. Во периодот, откако последен пат бев тука, државата се соочи со големи предизвици и донесе тешки одлуки кои ја придвижија напред кон евроатлантските интеграции. Го промени своето име за да стане 30-тата членка на НАТО Алијансата. Ги отвори преговорите за членство во Европската Унија, зацврстувајќи ја својата позиција како лидер во градењето на безбедноста и просперитетот на Западен Балкан“, вели таа.

Повтори дека САД ќе бидат покрај земјава која, како што рече, се соочува со стари и со нови предизвици.

„Повеќе од 30 години работиме заедно за да го обезбедиме заслуженото место на вашата држава во поголемата европска заедница, преку поддржување на основните вредности на една просперитетна демократија – почитување на владеење на правото, еднакви можности за правда, економски раст…“, порача Агелер.

Шефот на државата се заблагодари за поддршката на Вашингтон за стартот на европските преговори кои, преку исполнување на клучните реформи, треба да резултираат со членство во Унијата.

„На тој пат, анахроните теми и дискусии за идентитети и наметнати историски вистини претставуваат сериозна пречка која има потенцијал да го закочи нашиот интегративен пат и, со самото тоа, да го држи целиот регион во неизвесност, а тоа генерира нестабилност. Всушност, започнатиот дијалог во рамките на Самитот за демократија, под водство на претседателот Бајден, е најдобриот показател кон какви цели треба да се стремат демократските држави во меѓусебните односи“, изјави претседателот Пендаровски.

Агелер е деветти американски амбасадор во земјава. Таа е професионален дипломат која била на разни позиции во Стејт Департментот, во амбасадите во Пакистан, Париз, Ханој, Будимпешта, но и во Скопје каде пред десетина години беше шефица на одделот за односи со јавност.

Ние сегде први: ЕСМ ќе и помага на Украина за обновување на инфраструктурата за производство на електрична енергија

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, оствари средба со амбасадорката на Украина, Лариса Дир и заменик-амбасадорот, Роман Буга.

На средбата, соопшти ЕСМ, се разговараше за тешката состојба во енергетскиот сектор во Украина, како последица на воените дејствија произлезени од конфликтот со Русија, што доведе до тоа милион жители на Киев да живеат без струја и вода, во крајно тешки услови. Амбасадорката Дир побарала помош од страна на АД ЕСМ со цел да се даде придонес во обновување на инфраструктурата за производство на електрична енергија во Украина.

-АД ЕСМ ќе вложи напори да им помогне на граѓаните на Украина, искажувајќи грижа не само за нашите граѓани во границите на Северна Македонија, туку и за сите луѓе кои се соочуваат со предизвици и на кои може да им се помогне. АД ЕСМ ќе помогне со опрема и делови кои ги има на залиха, а кои во моментот не се неопходни за користење, велат од ЕСМ. Покрај за производството на електрична енергија, од украинската амбасада била побарана помош и за преносниот систем за електрична енергија, за што, како што велат од ЕСМ, ќе треба да помогнат другите субјекти во електро-енергетскиот систем

Денеска апceње во Прилеп: Фатен 28-годишен прилпчанец кој се бapaл со потepница

Денеска (08.11.2022) во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – Полициска станица од општа надлежност Прилеп го лишиле од слобода Е.М.(28) од Прилеп.

Тој бил баран по потерница по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на казна затвор од две години и два месеци за сторени кривични дела „тешка кражба“ и „разбојништво“.

Лицето ќе биде спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на затворската казна.

САД од денеска имаат нова амбасадорка во Македонија – Пендаровски ги прими акредитивите

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Анџела Прајс Агелер.

На 5 август демократското мнозинство во Сенатот на Твитер објави дека Анџела Прајс Агелер е потврдена за нова амбасадорка на САД во Северна Македонија.

Таа доаѓа на местото на Кејт Мари Брнз, која ја извршува функцијата амбасадорка на САД во Скопје од 2019 година.

Новата амбасадорка на САД во Северна Македонија Анџела Прајс Агелер претходно има работено на разни функции во Стејт департментот, меѓу кои и во Американската амбасада во Скопје, задолжена за односи со јавност.

Прајс Агелер денеска ќе оствари и протоколарна средба со претседателот на Собранието Талат Џафери.

Јовчески: Во една година инвестиравме 30 милиони денари во основните и средните училишта во Прилеп

Со цел да ги подобриме условите за работа во сите училишта во нашиот град, во првата година од нашиот мандат инвестиравме повеќе од 30.000.000 денари во основните и средните училишта во општина Прилеп – информира на ФБ градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.

Заедно со директорите на училиштата реализиравме: реконструкции и рехабилитации на училниците, ходниците, тоалетите, кабинетите, наставничките канцеларии, спортските сали и спортските игралишта, исто така поставени се и огромен број на образовни помагала – смарт табли, компјутери, телевизори, хортикултурно и партерно уредување на дворовите и многу други проекти. Нашиот план е со континуирано вложување да изградиме поквалитетен образовен систем – пишува Јовчески.

За многу години Митровден: Честит именден Диме, Димитар, Митре, Димитрина…

Именден празнуваат Димитрија, Митре, Димо, Димко, Димана, Димка, Мите, Димитрина, Митра..

Свети Димитриј се роди во Солун, во третиот век. Беше син единец на солунскиот војвода. По смртта на татко му, цезарот Максимијан го постави Димитриј на истото место и посебно му препорача да ги гони христијаните.

Меѓутоа, Димитриј не само што не ги гонеше, туку и јавно ја исповедаше и проповедаше верата во воскреснатиот Христос. Штом слушна за тоа, цезарот, враќајќи се од еден поход, сврати во Солун, за да ја испита работата.

Го повика Димитриј, кој не ја одрекуваше својата вера и дури и го убедуваше цезарот во бесмисленоста на идолопоклонството.

Максимијан се разгневи и го фрли Димитриј во затвор, а по неколку дена и го погуби. Некои христијани го земаа неговото тело и чесно го погребаа. На тоа место подоцна беше подигната црквичка, а после и голема црква, која до ден денес се наоѓа во Солун.

За овој ден постои верување. Во очи на празникот Митровден, значи вечерва, секој треба да биде во својата куќа, бидејќи ако не биде дома, тој цела година ќе преноќува по туѓи куќи.

Постоело и верување дека ноќта пред Митровден мора да бидат завршени сите големи работи, посебно на поле и останати обврски кои се извршуваат надвор. Се сметало дека времето по Митровден е лажливо, односно дека зимата може во секој момент да изненади, па затоа се зацврстило мислењето дека лоша среќа е ако нешто се одложи да се заврши по големиот празник.

Затоа за Митровден исто така се верува дека претскажува каква ќе биде зимата. Ако денот е сончев, наводно зимата ќе биде блага, со исклучително малку студени денови. Ако на Митровден падне снег, се верува дека снегот ќе се задржи до април.

Во некои делови постоеле и верувања дека на Митровден не треба да се прекоруваат децата, колку и да згрешиле или биле безобразни, бидејќи наводно цела година ќе бидат непослушни.

Многу брзо ни доаѓа снегот – детална временска прогноза за месец ноември

Времето денеска претпладне ќе биде со магла или ниска облачност по одделни котлини. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во Скопје претпладне со услови за појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец.

Во среда времето ќе биде претпладне со магла или ниска облачност по одделни котлини. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Во четврток времето ќе биде претпладне со магла или ниска облачност по одделни котлини. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер со променлив правец.

Во петок времето ќе биде претпладне со магла или ниска облачност по одделни котлини. Во текот на денот променливо облачно, а кон крајот на денот ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Цените вpтоглаво pacтат: Бензините ќе го стигнат дизелот – Оба се новите цени од полноќ

Цената на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за 1,5 до два денара за литар, а дизелот поевтинува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,62 отсто.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,5 денари за литар и ќе изнесува 94 денари, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува за два денара за литар и ќе се продава за 96,5 денари. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за половина денари и ќе изнесува 98,5 денари за литар. Малопродажната цена, пак, на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува и останува 93 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,072 денари за килограм се намалува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, кој сега ќе чини 49,995 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 1,994 отсто, кај дизелот има намалување во просек за 0,558 отсто, кај екстра лесното масло намалување во просек за 0,436 и кај мазутот намалување во просек за околу 0,165 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот е понизок за околу 0,578 отсто.