дома блог страница 1362

Фатени на дело: Двајца прилепчани приведени за извршување на тешка кpaжба

На 10.11.2022 на ул.„Орде Кабецот“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола, Полициска станица од општа надлежност Прилеп ги лишиле од слобода Т.А.(51) и Б.А.(25) од Прилеп.

Тие биле затекнати при извршување на тешка кражба при што кај нив биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело.

Двете лица биле задржани во полициска станица Прилеп и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Дали ова се најскапо платените огревни дрва за метар кубен во Македонија? (Видео)

Независниот советник во Советот на општина Могила, Борче Бучински, објави договор за набавка на огревно дрво кој општината го склучила со фирма од село Врбоец, општина Крушево.

Бучински преку видео обраќање на својот Фејбук профил кажува дека цената која општината ја платила за метар кубен огревно дрво за училиштата изнесува 8.000 денари.

Објавата на независниот советник погледнете ја ТУКА

Инаку владата на седница одржана на 02.11.2022 ги ограничи цените на огревното дрво од даб и бука, при што утврди цени во висина до 4.500 денари за метар просторен, односно до 6.429 денари за метар кубен, но споменатиот договор е склучен на 28.09.2022.

И на најдобрите им се случува: Модриќ го имаше промашувањето на кариерата (Видео)

Промашувањето на кариерата го одбележа дуелот меѓу Реал Мадрид и Кадиз (2-1) во рамките на 14. коло во Ла Лига. Реал десет минути пред крајот можеше да дојде до комотно водство, Лука Модриќ се најде на пет метри до голот, но сепак промаши. Оваа ситуација стана главна на социјалните мрежи, а противникот брзо дојде до 2-1.

По мечот промашувањето на Модриќ го коментираше Карло Анчелоти.

„Модриќ мораше да постигне за 3-0 и да го реши мечот, но ја промаши најголемата шанса по што ни следеше непотребна драма.

Што му реков на Модриќ по неверојатното промашување? Сè уште не сфатил што направил. Тој е изгубен. Му кажав дека е добро што Хрватска веќе го објави списокот за СП, па нема да имаат проблеми поради овој неуспех“, не последната констатација Анчелоти гласно се насмеа, како и сите присутни во прес-салата. Неговиот коментар за неуспехот на Модриќ веднаш стана хит на социјалните мрежи.

Браво момци! Македонија ја победи Норвешка со 22 разлика

Македонската кошаркарска репрезентација ја совлада Норвешка со 58-36, во првиот од двата натпревари со скандинавски ривали во претквалификациите за следниот Евробаскет. Дуелот во Гевгелија донесе многу борба, мал број на поени и видно повеќе квалитет во нашиот табор.

Најефикасни во македонскиот табор беа Војда Стојановски и Виктор Крстевски со по 14 поени, додека кај Норвешка се истакнаa Јавара и Фреј со по 11 поени.

В недела од 19:00 часот следи дуелот против Данска исто така на паркетот во Гевгелија.

Во сабота дерби кошаркарски натпревар во Прилеп – Да ја поддржиме младата екипа на МЕГА БАСКЕТ!

Кошаркарите на прилепскиот третолигаш Мега Баскет во сабота со почеток од 19:15 часот, во спортската сала на ООУ “Добре Јованоски”, ја дочекуваат екипата лидер на табелата АЛБЕС од Скопје.

Прилепчани во моментов имаат три од три победи, а АЛБЕС се на првото место со 4 од 4 и утакмица повеќе од Мега Баскет.

Од клубот ги повикуваат сите љубители на кошарката да дојдат и да го поддржат домашниот тим. Дечките заслужуваат поддршка, па затоа во сабота сите во сала!

Владата ја замрзна цената на пелетите на 27.000 денари за тон

Владата донесе одлука да ја замрзне цената на пелетите на 27.000 денари за тон согласно предлогот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и на Министерството за економија, информираа денеска од министерството за економија.

Од министерството велат дека одлуката за цените на пелетите и огревното дрво е донесена согласно анализите и предлозите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Национални шуми. Во анализите за октомври просечната увозна цена за тон пелети е 22.940 денари, а цената која ја е замрзната е 27.000 илјади денари по тон.

Во замрзнатата цена се предвидени трошоците за ДДВ и транспорт, како и одредена маржа за трговците.

„Има разлика од повеќе од 4.000 денари по тон што е солидна разлика за трговците да не се во загуба и да ги покријат сите режиски трошоци“, , изјави министерот Крешник Бектеши на денешната средба со новинарите.

Продажната цена по килограм пелети во земјава е околу 55 денари, а со замрзнувањето ќе биде 27 денари за килограм.

Бајден повторно ќе се кандидира: Конечна одлука на почетокот од 2023

Американскиот претседател Џозеф Бајден повторно ја објави својата кандидатура за шеф на државата, а конечната одлука ќе ја донесе на почетокот на следната година, пренесува Ројтерс.

Бајден им рече на новинарите во Белата куќа дека тоа го сака и неговото семејство, но дека сè уште не донел конечна одлука.

Актуелниот американски претседател во ноември оваа година ќе наполни 80 години, а неговиот советник изјави дека се во тек подготвителните разговори за кампањата во 2024 година.

Изложба “Боите на мојот град” од младиот уметник Филип Јовески

Изложбата ја отвори Викторија Димеска, историчар на уметност, посочувајќи дека Јовески, применувајќи ги прагматичните аспекти и принципи на архитектонскиот цртеж, создал конструкција, додека со бојата креирал нова концептуална и амбиентална свежина.

– Мултидисциплинираната синтеза овозможува на деликатен начин да се изразат суштинските вредности на применетите дисциплини.

Со мапирањето на културно историските споменици и инкорпорирањето на прилепските пејзажни предели, Јовески создава вонвременски холограмски простор на својот роден град, конструиран и обоен од сопствените сеќавања, импресии и емоции – посочи Димеска на отворањето на изложбата.

Подгответе се: Од утре вечер ни доаѓа голема промена на времето

До утре времето во Македонија ќе се задржи стабилно, суво и сончево, но сепак полека облачноста ќе се зголемува, утре вечер и во текот на ноќта кон сабота, како и самиот ден, и тоа особено во западните предели, ќе има врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север ќе започне да дува засилен ветер од северен и од североисточен правец.

Токму поради ова на планините над 1200 м.н.в во западните предели, ќе има и повремени врнежи од снег и се очекува формирање на снежна покривка. Според надморската височина превој „Стража“ е прв и најблиску каде што се можни провејувања на снег, така што апелираме за значително поголемо внимание.

Од недела па натаму повторно следува период на претежно стабилно и суво време. Температурите до петок ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени, додека за време на викендот истите ќе бележат тенденција на значителен пад и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.

Во Скопје и околината до петок времето ќе се задржи стабилно и суво, додека во текот на ноќта петок кон сабота ќе има услови за повремени врнежи од дожд кога ќе дува и засилен ветер од северен правец.

Температурата ќе се искачува до околу 17 степени, за Еспресо истакна метеопрогнозерот Попоски и напоменува дека до петок по одделни котлини и речни долини во утринските и ноќните часови ќе има појава на магла и на ниска облачност.

(Фото галерија) Погледнете како изгледа внатрешноста на сместувачките контајнери во навивачкото село во Катар

Контејнерите за сместување во навивачките села се вистински хит, а особено големо внимание привлекуваат за Светското фубалско првенство кое ќе се одржи во Катар.

Неконвенционалните градби не се невообичаени во Катар, па тоа е причина повеќе зошто привлекуваат внимание во јавноста. Сега се појавија први фотографии од ентериерот на сместувачките контејнери.

Фотографиите прикажуваат дека во внатрешноста има два поединечни кревети или еден брачен кревет.

Собите содржат тоалет, мини фрижидер, како и апарати за час и кафе. Цената е 206 евра по лице за вечер.

Поради строгите правила во Катар се уште не е познато дали во ова навивачко село ќе биде дозволено консумирање на алкохол. Како што е веќе познато, алкохолот ќе биде дозволен во хотелските ресторани и барови и фан зоните кои имаат дозвола од државата.

Во навивачкото село има и уреден простор за следење на натпреварите.