дома блог страница 1361

Mинистерот за правда најави: Ќе се амнестираат 1200 луѓе – еве за што станува збор

Министерот за правда, Никола Тупанчевски гостуваше синоќа во „360 степени“, при што кажа дека мора да се однесе нов Закон за амнестија зашто на 1.200 граѓани им се заканува затворска казна.

Министерот вели дека граѓаните направиле кривично дело со тоа што ги прекршиле забраните во претходните две ипол години за ковид-19.

„Тоа се лица кои ги прекршија ковид-мерките и станува збор за повеќе од 1.200 луѓе, кои ако не ја платат паричната казна, ќе мора да одат во затвор. Мора да најдеме брзо решение“, вели Тупанчевски.

Joвчески: “Побаравме ревизија за претходното работење со општината, поднесени се и неколку кpивични пpиjaви”

Во одговор на новинарско прашање за тоа што се случува со кривичните пријави кои ВМРО-ДПМНЕ ги најави за минатото раководство на локалната самоуправа пред да ја преземе локалната власт во општината, градоначалникот Борче Јовчески, кој вчера даваше отчет за што се сработило во првата година од мандатот, рече дека е побарана ревизија од Државниот завод и се поднесени неколку кривични пријави.

“Направена е ревизија, односно пратено е до државна ревизија. Колку што имам информација тие се во тек на работење на ревизијата во нашата општина, тековно во нивната програма, а дека е доставено барање за ревизија јас можам да ви потврдам дека тоа  направено. Одреден број на кривични пријави се доставени. Ја знаете моменталната насока, повратно, без разлика со каков одговор се дадени. Не очекуваме дека ќе биде позитивно одговорено на нашите барања, но верувајте дека се во тек неколку веќе испратени пријави”, истакна Јовчески.

Смилеска ја доби битката со Пирганоски за прв човек на прилепската болница

Актуелната директорка на прилепската болница, Кети Смилеска, и понатаму ќе ја обавува функцината прв човек, откако ја доби битката со поранешниот градоначалник Сашо Пирганоски.

Откако СДСМ ја предводи власта, Смилеска е трет директор во оваа здравствена институција, после Илија Јованоски и Драги Богојески.

Конкурсот за директорската позиција во болницата заврши кон средината на октомври, а за битката за челното место се зборуваше и низ прилепската чаршија.

Се чини дека на најголеми маки беше претседателот на ОО СДСМ Прилеп, Зоран Пачешкоски, кој мораше да пресечи кој ќе ја води институцијата во иднина.

Не грижете се: “Јас со мојот тим работам деноноќно за сите да имаме храна, струја и енергенси”, вели Ковачевски

Во најтешката економска и енергетска криза досега со политиките на Владата предводена од СДСМ се успева да се стабилизира економијата, тие не ги решаваат сите проблеми што ги отвори војната во Украина и глобалната енергетска криза но обезбедуваат стабилност во енергетскиот сектор порача вечерва од Гевгелија претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

На трибината Ковачевски потенцираше дека Владата предводена од СДСМ обезбедува 100% струја од домашно производство.

Исто така, Ковачевски посочи дека ја субвенционира цената на струјата за повеќе од 72.000 мали потрошувачи и сите домаќинства со 80% од реалната цена на струјата.

„Обезбедивме топли училници и непречено одвивање на наставата, 365 основни и 109 средни училишта и здравствените установи добиваат поевтина струја. Јас со мојот тим во Владата работам деноноќно за сето ова да функционира, да имаме доволно храна, струја, енергенси. Тежок период е, даваме се од себе и така ќе продолжиме“, вели Ковачевски.

ВМРО-ДПМНЕ: По 3 илјади денари за средношколци, деца без родители и невработени

„Владата прифати да му помогне на дел од стопанството и со тоа прехранбената индустрија ќе добие фиксна цена на електрична енергија која е пониска од цената на слободниот пазар“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму бараат:

„Имено, со амандманите предлагаме финансиска поддршка од 3000 денари да има за сите самохрани родители, а не само за оние чии деца се на возраст до 7 години и се приматели на гарантирана минимална помош. Бараме по 3000 денари месечна финансиска поддршка за сите средношколци, деца без родители и родителска грижа, по 3000 денари и за невработените лица кои се активни барали на работа, како и за корисниците на гарантирана минимална помош. Дополнително сметаме дека поддршката за пензионерите е недоволна и не ги опфаќа сите и токму затоа бараме сите пензионери со примања до 18.000 денари да добијат месечна финансиска поддршка од 3000 денари, тие што имаат до 30.000 денари да добијат 2.000 денари месечно, а останатите по 1000 денари месечно“, рече Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Наставник од Прилеп ги ocyди родителите кои на Фејсбук бараат раскажани лектири за децата: “Вашите разгалени деца се одраз на вас, почитувани разгалени родители”

Родители си креирале Фејсбук групи каде меѓусебно си разменуваат прераскажани лектири за нивните деца.

Одделенскиот наставник при ООУ “Кочо Рацин” Прилеп, Гоце Бумбароски, сподели повеќе фотографии од преписките во групата, па им порача на родителите:

„Вашите разгалени деца се одраз на Вас, почитувани разгалени родители.

Наместо да ги поттикнувате децата да читаат лектири, Вие им ги прераскажувате, уште полошо – барате готово прераскажани…

Почит и наклон за исклучоците, верувам дека се во многу поголем број!“

Историски успех за афирмација на македонскиот јазик: Македонистика ќе се изучува на Универзитетот во Анкара

Нова македонистичка катедра и нов лекторат по македонски јазик започнуваат со работа на престижниот Анкарски универзитет во Турција, соопшти Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

„Салата на Факултетот за јазици, историја и географија на Анкарскиот универзитет вчера беше мала за да ги собере сите кои беа заинтересирани да го проследат првиот промотивен час по македонски јазик. Ова е конкретна потврда дека залагањата и вложувањата на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ) за интензивирање и унапредување на соработката со странските високообразовни и научни институции веќе даваат забележливи резултати во развивањето на македонистичките студии во странство, сега и со отворање нови странски македонистички центри. Со новоотворената Катедра за македонски јазик и Лекторатот по македонски јазик на Анкарскиот универзитет започнува нова успешна приказна за афирмацијата на македонскиот јазик, литература и култура во светот, на странските високообразовни и научни институции – приказна која е од исклучително големо значење и за нацијата и државата“ – се вели во соопштението.

Инаку, со отворањето на Катедрата за македонски јазик под раководство на проф. д-р Мелахат Парс, во чии рамки е и Лекторатот по македонски јазик на Анкарскиот универзитет, македонистиката веќе е присутна на два водечки универзитета во Турција. Поконкретно, на Факултетот за литература на Истанбулскиот универзитет, македонскиот јазик, литература и култура се изучуваат веќе 36 години во кои непрекинато работи Катедрата за македонски јазик која сега ја раководи проф. д-р Туркан Олџај, која заедно со раководителката на Одделот за славистика, проф. д-р Емине Инанир и со лекторката по македонски јазик, д-р Габриела Ивановска, успеаја од годинава, македонскиот јазик да го стават на листата јазици што можат да го изучуваат сите студенти на Универзитетот.

– Неизмерни се радоста и гордоста што и Анкарскиот универзитет постанува македонистички центар. И тоа не само со можност за отворање нов лекторат по македонски јазик, туку и со одделна Катедра за македонски јазик, со која македонистиката, веднаш добива поголема важност, односно статус преку кој дополнително се гарантира нејзиното развивање на анкарскиот Факултетот за јазици, историја и географија – истакна директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска.

Таа упати благодарност до колегите од Анкарскиот универзитет, особено до раководителката на Катедрата за македонски јазик, проф. д-р Мелахат Парс, за посветеноста и пожртвуваноста да се случи оваа македонистичка приказна, со која мостовите на соработка, содејствување и пријателство меѓу двата народна и двата универзитета – УКИМ и Анкарскиот универзитет, сега се уште посилни.

Работата на Катедрата за македонски јазик и на Лекторатот по македонски јазик на Анкарскиот универзитет започна успешно. Вчерашниот прв промотивен час по македонски јази го одржа лекторот Дарко Темелкоски, а организацијата на настанот беше координирана од раководителката на Катедрата за македонски јазик, проф. д-р Мелахат Парс. На предавањето, покрај бројните студенти, присуствуваа и членови на Здружението на Турци по потекло од Македонија, заинтересирани да го изучуваат македонскиот јазик.

Отчет за една година локална власт во Прилеп: Обновени паркови, игралишта, 30 милиони денари инвестиции во училиштата…

Oд моментот кога ја добив Вашата доверба до денес и покрај политичката, енергетската и економската криза, мораме да признаеме дека Општина Прилеп значително се промени во сите сфери на општественото живеење. Прилеп не е повеќе град на сивилото и безнадежноста – истакна на денешниот отчет за тоа што се сработило во првата година од мандатот градоначалникот Борче Јовчески.

Во продолжение ви го пренесуваме целосното обраќање на Јовчески:

“Но, кога го говорам ова, сепак, мора да го имаме во предвид фактот дека Прилеп не е надвор од македонските, европските и светските случувања и за жал и тој го носи товарот на ова време, поврзано со светската енергетска и економска криза.

И покрај се, во ова едногодишно работење со мојот тим и морам да истакнам заедно со советниците и претседателот на Советот Дејан Проданоски, не се исплашивме од фактичката состојба туку напротив, се вложивме со активна работа во реализација на ветените проекти за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните во нашата општина. Сето ова ни беше поттик и мотив да водиме секојдневна битка за поквалитетно секојдневие на секоја единка во нашата заедница. Реализиравме низа проекти од витално значење за градот и населените места. Од општинскиот буџет асфалтиравме, реконструиравме и саниравме голем дел од локалните улици, создадовме услови за почиста животна средина (исчистивме околу 6000м3 отпад од дивите депонии во општината), ги обновивме парковските површини во градот и населените места и дел од детските игралишта, извршивме рехабилитација на сите градски фонтани и ги вративме во функција, извршивме реконструкција на дел од водоводната мрежа и атмосферската канализација низ градот и успеавме да го завршиме виталниот проект за водоснабдување на градот – “Реконструкција на главниот довод од Пашоски ливади“.

Завршуваме и со комплетна реконструкција на пешачката улица „Борка Талески“ која што е составен дел од плоштадот „Методија Андонов-Ченто“ со површина од 3500м2, во која што имаме вклучително и реконструкција на подземната инфраструктура.(проект во вредност од околу 25.000.000 денари) А во тек е набавка и поставување на полуподземни контејнери, со цел модернизација и подобрување на процесот на селекција на отпад.

Она што сакам посебно да го истакнам е влогот во образованието. Издвоивме над 30.000.000 денари за подобрување на условите за работа во сите училишта во Прилеп. Нема училиште во Прилеп во кое не сме инвестирале, вложиле, обновиле или реконструирале! Направивме огромен број инвестиции во кои спаѓаат: реконструкции и рехабилитации на училниците, ходниците, тоалетите, кабинетите, спортските сали и спортските игралишта, исто така поставени се голем број образовни помагала-смарт табли, компјутери, телевизори и многу други проекти и реализации. Тука морам да ги пофалам и директорите на училиштата кои што успешно менаџираат и заедно ги остваруваме сите овие проекти. А да не заборавам да ги пофалам и да им се заблагодарам и на директорите на Јавните претпријатија со кои што исто така заедно ги менаџираме и реализираме сите останати проекти.

Дадовме навистина сериозна поддршка на низа културни манифестации, фестивали и спортски настани, како и за развој на алтернативниот туризам и вративме во живот многу манифестации што не се одржувале во изминатиот период.
Исто така уште еден од капиталните проекти е тоа што успеавме да ја доведеме во завршна фаза доизградбата на детската градинка во населба Точила, клучен проект за квалитетен развој на нашите деца, за кој што мора да се напомене дека ја наследивме и целосната сума за исплаќање, а во оваа година исплативме 37.000.000 денари.
Ветивме и реализиравме за прв пат во Општина Прилеп, финансиска помош од 6000 денари за секое новородено дете, продолживме со субвенционирање на дел од средствата за купени велосипеди за околу 400 наши сограѓани, како наш приоритет за грижата за здрава животна средина и поддршка на граѓанскиот сектор.

Остваривме голем број на средби со бизнис секторот и политички и дипломатски претставници, во насока на обезбедување на партнерска поддршка и соработка, презентирајќи го нашиот град како одлична можност за инвестиции.
Можеби во овој исклучителен тежок период можевме повеќе и се согласувам со секој од Вас што ќе рече „секогаш може повеќе“.

Но, овој период почитувани мои сограѓани не беше воопшто едноставен. Поминавме одреден период на скенирање на состојбата од претходната власт, соочување со истата и успеавме со добро менаџирање и домаќинско работење да реализираме исплата на околу 120.000.000 денари од вкупно 300.000.000 денари наследени обврски и го трасиравме патот за отворање на повеќе можности со цел исполнување на дадените ветувања.

Верувам дека сме на вистинскиот пат, иако пред се исклучително ми е важно вашето мислење, на моите сограѓани!
И затоа, секогаш сум отворен за соработка и барам корекција од Вас доколку сметате дека сме погрешиле или можеме уште подобро. Само преку директна комуникација со граѓаните можам да ги детектирам секојдневните проблеми во Општина Прилеп!

Затоа драги мои сограѓани, Прилеп е во нашите раце и ние заедно можеме својата иднина да ја направиме подобра, соочувајќи се со предизвиците, а не избегнувајќи ги, решавајќи ги препреките, а не прескокнувајќи ги.
Во склоп на развојната програма за претстојниот период имаме неколку големи проекти со кои што ќе започнеме уште од месец март 2023 година, со самиот почеток на новата градежна сезона, во која што ќе реализираме асфалтирање и рехабилитација на околу 50 улици,(со вкупна површина од 68 000м2). Исто така започнуваме со минимум една, нова монтажна катна гаража во близина на централното градско подрачје со што планираме делумно да го подобриме наследениот проблем со недостатокот на паркинг места во центарот на градот.

Ќе продолжиме со изградба на нов кружен тек на булеварот „Гоце Делчев“ (кај Тинекс), и започнување на комплетната реконструкција на влезот на градот во правец Крушево – Прилеп, односно улица „Леце Котески” која покрај постоечките сообраќајни ленти опфаќа и дополнителни пешачки и велосипедски патеки со предвидена должина од 2130 метри,
проект кој што е финансиран од Светска банка и имплементиран од Министерство за транспорт и врски во вредност од над 1.000.000 евра, за кој што се трудиме и покрај сите опструкции, да ги завршиме и измениме сите потребни технички работи и документации.

Во нашиот план за наредниот период предвидена е реконструкција на сите спортски игралишта во градот и населените места, со што ќе обезбедиме нашите деца да се рекреираат и да поминуваат квалитетно и исполнето време на истите.

Ова се само дел од проектите кои следуваат или веќе се започнати, продолжуваме да работиме чесно, домаќински и транспарентно, а во текот на мојот мандат ќе ги реализираме сите проекти за кои што граѓаните на Прилеп ни дадоа довербата.

За крај, сакам сите граѓани на Општина Прилеп да ги уверам дека промените носат подобра иднина и во наредниот период ќе продолжам чесно и одговорно ќе ја практицирам функцијата градоначалник и дека по никоја цена нема да отстапам од моите основни заложби: Да бидам градоначалник, еднаков за сите граѓани; Да креирам достоинствен живот за сите граѓани; Да создадам општина, со која сите ќе се гордееме.

Македонскиот преговарачки тим подготвено го започнува билатералниот скрининг

Денес е важен ден за нашиот евроинтегративен процес. Влегуваме во нова фаза во интензитетот на процесот на преговори. Денес во Брисел почнува билатералниот скрининг за Поглавјето 5, „Јавни набавки“, а заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ, ќе го предводи македонскиот преговарачки тим.

дна од основните цели на скринингот е да се утврди разликата што постои во секое од преговарачките поглавја, меѓу законодавството на земјата кандидат и правото на ЕУ. По анализата се очекува државата кандидат да покаже дали ќе може да го прифати правото на ЕУ во одредено поглавје и да ги усогласи забележаните разлики во законодавството или има намера да побара одредени преодни периоди за целосно усогласување и примена законодавството.
Северна Македонија иако заедно со Албанија ги започна преговорите со Европската Унија и заеднички ги следат објаснувачките скрининг состаноци, за билатералниот скрининг се одделуваат и секоја земја продолжува засебно да ја води оваа фаза од скринингот.

Според календарот на Европската комисија скрининг-процесот за Република Северна Македонија предводен е да трае до крајот на ноември 2023 година.

Членовите на Работната група за Поглавје 5, на билатералниот скрининг состанок, ќе им ја претстават на експертите од Европската комисија македонската законодавна рамка и нивото на усогласеност со правото на ЕУ во ова поглавје од преговарачкиот процес. Темите и областите опфатени во ова поглавје се однесуваат на општите принципи на јавните набавки, регулирањето на јавните набавки во општиот сектор, во областите на социјалната политика, животната средина, малите и средни претпријатија, иновациите, одбраната, концесиите, набавката на лекови, електронските јавни набавки, како и на меѓународните аспекти во оваа област.

Надлежна институција за ова поглавје е Министерството за финансии, односно Бирото за јавни набавки, а работната група е предводена од државниот советник во Бирото за јавни набавки, Александар Аргировски.

На својот фејсбук профил вицепремиерот Маричиќ објави: „Имаме целосна поддршка од Европската комисија да се забрза темпото на процесот. Македонските работни групи се спремни и очекувам целосна заложба и лична посветеност од сите и до 2030 да ја исполниме нашата стратешка цел: Северна Македонија членка на ЕУ!“

Романец и Унгарец yaпceни во Прилеп за измама

На 10.11.2022 во 14.30 часот во Полициската станица Прилеп, поради пocтоење ocнови на coмнение за стopeно кpивично дело „измама“ лишени од cлобода биле Г.Т.(61) од Р.Романија и Г.И.(21) од Р.Унгарија, кои се пpeвезyвале со патничко моторно возило „фолксваген пасат“, yпpaвyвано од И.С.(48) од Скопје.

Се преземаат мерки за pacчиcтyвање на cлyчajoт – информираат од СВР Битола.