дома блог страница 1360

За него Спилберг сними и филм: Почина човекот кој 18 години живееше во аеродром во Париз

Во саботата почина Мехран Карими Насери, ирански политички бегалец кој живееше на парискиот аеродром Роаси-Шарл де Гол повеќе од 18 години и го инспирираше филмот „Терминал“ на режисерот Стивен Спилберг, соопштија аеродромските власти.

Тој починал од природна смрт, во саботата малку пред пладне на терминалот 2F, изјави претставник на аеродромот.

Откако потроши голем дел од парите што ги доби по снимањето на филмот, Насери се врати на аеродромот и продолжи да живее таму, рече изворот. Кога починал, кај него нашле неколку илјади евра.

Тргнал во потрага по мајка си

Роден во 1945 година во градот Масјед Солејман во иранската провинција Кузистан, Мехран Карими Насери, кој беше познат и по името „Сер Алфред“, избра да живее во Роаси, северно од Париз, во ноември 1988 година, по долго патување – на кое тргнал во потрага по мајка си – и отпатувал во Лондон, Берлин, Амстердам.

Каде и да стасал, аеродромските власти го враќале, бидејќи немал документи. Во 1999 година добил статус на бегалец и право на престој во Франција.

Се дружел со персоналот

На аеродромот Роаси се спријателил со персоналот и станал познат, па за него биле снимени различни телевизиски и радио прилози од француски и странски медиуми.

Неговата приказна го инспирираше режисерот Спилберг да го сними филмот „Терминал“ со Том Хенкс во главната улога.

По филмот, Насери живеел во дом во Париз, но подоцна се вратил да живее на аеродромот.

Ни доаѓа вистинска зима – од среда температурите паѓаат под нулата

Во следните два дена времето ќе биде стабилно со појава на утринска магла по котлините и со ниски минимални температури, а во текот на денот сончево со умерена облачност.

Управата за хидрометеоролошки работи најави дека од средината на неделата ќе има зголемена облачност со повремен локален дожд.

Утринските температури насекаде ќе бидат над нулата, а дневните ќе бидат без промени.

Доларот нагло падна, сега вреди помалку од еврото

На светските пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути драстично падна минатата недела, бидејќи се очекува забавување на стапката на зголемување на каматните стапки од страна на американската централна банка, па курсот на еврото се врати над нивото на 1 долар. Индексот на доларот, кој го покажува движењето на вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, минатата недела потона за 3,9 отсто, на 106,42 поени.

Истовремено, доларот падна за 3,9 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1,0350 долари. Курсот на доларот потона уште повеќе – 5,3 отсто – во однос на јапонската валута, спуштајќи се на 138,80 јени.

Доларот паѓа четврта недела по ред поради очекувањата дека ФЕД ќе го намали темпото на зголемување на каматните стапки, бидејќи најновите податоци покажуваат дека инфлаторните притисоци во САД се намалуваат.

До неодамна, доларот зајакнуваше во однос на речиси сите главни валути во светот, бидејќи се сметаше дека ФЕД има повеќе простор да ги зголеми каматните стапки во борбата против инфлацијата од другите централни банки поради подобрите економски услови. Како резултат на тоа, курсот на доларот во однос на јенот и еврото неодамна достигна највисоко ниво во последниве децении, при што цената на еврото падна под нивото од 1 долар.

Сепак, доларот во последните недели ослабна, па курсот на европската валута се врати над тоа психолошки важно ниво. Повеќето аналитичари сметаат дека курсот на доларот го достигна својот врв и дека во наредните месеци ќе се движи на постојните нивоа, а можеби и ќе се „лизне“ уште пониско.

„Доларот е еден од оние пазари што е екстремно преценет – многу веројатно го достигнал врвот“, рече Џим Сиелински, валутен стратег во Janus Henderson Investors.

Нова афера „Паразити“: В понеделник ќе се открие кој се богати додека народот страда

Додека народот гладува, функционерите на власта кешираат баснословни суми пари, велат од ВМРО-ДПМНЕ најавувајќи дека во понеделник ќе откријат нова афера – „Паразити”.

-Народот едвај врзува крај со крај. Поголемиот број од пензиите не се ниту 1/3 од потрошувачката кошничка. Две минимални плати не се доволни за да се прехрани едно семејство, а функционерите на власта секој месец книжат шест цифрени приходи.

Кој се богати додека народот страда?

Кои се “паразитите” на општеството? Додека платите на народот ги јаде инфлација, нивните примања се преголеми за воопшто да го почувствуваат ударот.

Следете нè во понеделник на пресконференција ќе објавиме нова афера насловена „Паразити” која ќе даде одговор зошто народот страда, најавуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Eлмас погоди за Наполи, а Нестор за Удинезе – По битката на теренот направија и заедничко селфи во соблекувалните (ФОТО)

Наполи и Удинезе денес одиграа супер интересен натпревар во кој Елмас постигна гол и забележa асистенција, а погодок постигна и Несторовски.

Прилепчанецот влезе од клупата за резерви во 71. минута, а осум минути подоцна успеа да ја смести топката зад грбот на голманот на лидерот во Серија А. Во тие моменти Наполи водеше со 3:0, а Нестор ја најави неизвесноста. До крајот на натпреварот за тимот од Удине погоди и Самарџиќ, но тоа беше недоволно за да се стави крај на победничката серија на наполитанците.

За Несторовски ова беше прв гол во Серија А сезонава.

По натпреварот двајцата направија и заедничко селфи од соблекувалната.

Уaпceн прилепчанец поради кpaжба на “томос”

На 12.11.2022 полициски службеници од СВР Битола- Полициска станица од општа надлежност Прилеп на ул. “Марксова” во Прилеп го лишиле од слобода Е.В.(42) од Прилеп поради сомнение за сторено кривично дело кражба.

Од Е.В. е одземен мопед “томос”, кој бил пријавен за украден на 02.11.2022

Мопедот е вратен на сопственикот, а против Е.В. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Доцна синоќа драма во апартман во Крушево – Уапceн нacилник

На 12.11.2022 во 03.50 часот во Крушево од полициски службеници од СВР Битола лишен од cлобода е И.Ф.(61) од Скопје, затоа што според пpиjaвеното околу 01.00 часот во апартман во Крушево физички нападнал 40- годишна битолчанка и со ocтap пpeдмет им yпатувал закани на неа и нивниот малолетен син.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок – информираат од СВР Битола.

Димовски: Над 50 % од челните функции во правосудството ги контролира ДУИ (Видео)

Над 50 % од челните функции најважните институции во правосудството ги контролирааат Албанци од ДУИ, објави новинарот експерт за оваа област Саше Димовски во емисијата Заспиј ако можеш на ТВ Алфа.

Димовски открива низа фрапатни ситуации и политички договори меѓу СДСМ и ДУИ за позиции во правосудството додека во одредени правосудни органи како во обвинителството во Гевгелија работи само по еден обвинител.

Вџашувачкиот настап на Димовски кај Горан Момироски и Драган Милосављевиќ во видеото:

837 нeeкcплодиpaни бомби пpoнajдени кај битолското село Старавина

На 10.11.2022 во 13,30 часот во СВР Битола, било пpиjaвено дека во атар на с. Старавина, битолско, биле пpoнajдени 837 стapи нeeкcплодиpaни бoмби кои потекнувале од Првата cветcка вojна.

Пpoнајдените eкcплозивни напpaви биле подигнати од пиpoтexничap од Дирекцијата за заштита и cпacyвање за понатамошно постапување.

Сепак ги има многу, но се плашеле да кажат: Македонец во Бугарија отвара македонски клуб во својата куќа, нареди и знамиња со сонцето од Кутлеш (Видео)

Еден 69-годишен маж од пловдивското село Крумово сака да отвори приватен македонски клуб во дворот, а станува збор за Борислав Божинов, објави „Бугарската национална телевизија“.

БНТ објави дека семејството на Божинов е од Пиринска Македонија и прво се населило во Шумен, а потоа во селото Крумово.

„Мора да признаеме дека живееме под геноцид. Дали имам право да учам во македонско уличилиште? Немаме. Сестра ми беше запишана како Македонец во пасошот, но партискиот секретар на Крумово ѝ го искина“, вели Божинов.

Видеото може да се погледне ТУКА.