дома блог страница 1359

Жител од прилепско заедно со двајца битолчани извршиле 18 кpaжби – Полициjaта конечно ги фати

На 13.11.2022, полициcки cлyжбеници од Кpиминалиcтичка полициja при СВР Битола ги лишиле од cлобода Б.В.(23) од Битола, Е.В(29) од Битола и Х.В.(52) од с.Канатларци, прилепско.

Тие се coмничат дека во последните два месеци извpшиле 18 тешки кpaжби во куќи и ормари на мобилен оператор на подрачјето на Битола, при што одзеле разни предмети.

Во службен разговор во полициска станица тие ги признале делата.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Битола.

Добра вест за дизелашите: Од полноќ поголемо намалување на цената

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,47% во однос на одлуката од 7.11.2022 година.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,806 ден/кг и сега ќе изнесува 49,189 ден/кг.

Од 15.11.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 93,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 96,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 96,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 91,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 49,189 (денари/килограм).

Златни деца: Девојките од прилепскиот танцов клуб New Generation направија pacтyр на Интернационалниот STAGE SKOPJE натпревар (Фото)

Во саботата во Скопје се одржа Интернационалниот натпревар STAGE SKOPJE 2022 каде учество во повеќе категории зедоја и од прилепскиот танцов клуб NEW GENERATION и направија вистински бум на сцената.

Сите три формации освоија први места и тоа: прво место во стрит денс од 6-8 години, во кореографија на Оливер Богојевски, освои групата “КИDS DANCERS”.

Непобедените досега HAPPY GIRLS го освоија првото место во ХИП ХОП за деца, по кореографија на Андреа Мицеска, и прво место по кореографија на Ивана Богојевска, во категорија на стрит денс јуниори, освои групата D.S.N.G.

Покрај групните награди, прво место освои и Андреа Мицеска во ХИП ХОП, Дора Алексоска беше втора во стрит денс за деца, а Христина Силјаноска втора во стрит денс за јуниори.

Инаку, STAGE SKOPJE е врвен натпревар каде учествуваат најдобрите танц групи во Европа и секоја година се одржува во Националната опера и балет.

Со најновите успси NEW GENERATION како танцов клуб ја оправдаа Третоноемвриската награда, кој ја добија по повод Денот на ослободувањето на Прилеп.

МВР информира: Од утре задолжително носење зимска опрема – ова се правилата

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од утре 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема, согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилото, за безбедно учество во сообраќајот на патиштата. (Службен весник бр. 31 од 2010 година).

Согласно Правилникот, како зимска опрема на моторните возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 кг. се подразбира:

· зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од четири милиметри;

· пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

Како зимска опрема за моторни возила со погон на четири тркала (4×4) се подразбира:

· зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм;

· пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.

Како зимска опрема на моторните возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 кг. се подразбира:

· зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм.

· пневматици со летен профил на сите четири тркала, со длабочина на шарите на нагазниот слој, по обем и широчина со минимум 4 мм, ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала;

· автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат – лопата.

Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS”, “M+S”, “M & S” и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Во согласност со важечкиот Правилник за задолжителна опрема на возилата, во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување на пневматици со клинци.

Апелираме до граѓаните да се придржуваме кон законската обврска за поседување на зимска опрема, бидејќи така овозможуваме непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови.

„АМИН“ – значење и неговата (НЕ)адекватна употреба

Пишува: Протоереј Љупче Петрески

Убаво е да се знае значењето на зборот „амин“ па следствено и неговата адекватна употреба. Имајќи предвид дека масовно се употребува на социјалните мрежи како коментар под секоја икона, слика со религиозна содржина, фотографија од некој монах, фотографија од црква или манастир, потоа како коментар на безвредни објави од портали за некои празници, каде „се советуваат“ христијаните што треба или не треба да се прави на тој празник и т.н., убаво е да се знае дека во сите овие случаи, впрочем, неговата употреба е неадекватна или бесмимслена. Убаво е да се знае дека зборот „амин“ нема магично дејство и Бог нема, туку-така, да го „испровоцираме“да ни помогне само поради тоа што под некоја икона ќе напишеме „амин“! Значи, убаво е да се знае дека ако под некоја фотографија или видео напишеме „амин“, никаква Божја сила, благослов или благодат нема да впиеме во себе. Божјиот благослов или благодатта сигурно не може „магично“ да се „пренесат“ само ако напишеме „амин“. Таквиот магиски пристап е стран во православието.

Затоа, убаво е да се знае дека времето на употреба на зборот „амин“ не се мери во векови ами во илјадници години. Неговата форма веројатно била приспособена на неколку јазици, но сепак, неговото значење останало непроменето и е поврзано со одобрување и укажува на нешто што допрва ќе се случи. Преводот на зборот „амин“ е – „нека биде така!“, „Така е!“

„Амин“ претставува декларација за потврда на нешто, за да укаже дека некој силно се согласува со нешто и во таа смисла значи „нека биде, навистина, без сомнение, неоспорно“. Етимолозите велат дека зборот „амин“ доаѓа од хебрејскиот глагол „аман“ што се преведува како „засилува, потврдува“. Меѓутоа, коренот на овој збор е општосемитски и може да се најде и во арамејскиот јазик на кој проповедал и Исус Христос.

Покрај тоа што се користи во старозаветните книги (Повторени закони, Летописи, Неемија …), многу често е употребуван и во новозаветните книги. Така, само во евангелијата се употребува повеќе од 70 пати. Во евангелието по Матеј, овој збор Спасителот го изрекува 28-пати, а во евангелието според Јован – 26, а речиси сите автори го користат на крајот од своите посланија.

Апостол Јован го користи на крајот од своето евангелие, неговите три писма и во книгата Откровение, каде што се појавува десетина пати. Секој пат тоа е поврзано со фалење и славење на Бога. Ап. Павле вели „амин“ за благословите што им ги дава на сите цркви во своите писма, како и Петар, Јован и Јуда во нивните писма. Импликацијата е дека тие велат: „Господ навистина да ви ги даде овие благослови“.

Па така, кога ние христијаните велиме „амин“ на крајот од нашите молитви, всушност ние го следиме моделот на апостолите, барајќи од Бога „нека биде како што сме се молеле“.

Употребата на зборот „амин“ на Божествената Литургија, на некој начин, претставува молитва, односно изразена доверба во Бога и предавање на Неговата волја како и одговор на верата што ја завршува секоја наша лична и колективна молитва и што го изразува нашето „ДА“ на Божјата иницијатива.

Како што гледаме, имајќи ја предвид неговата употреба во Стариот и Новиот завет, а и неговата употреба во светата Литургија, станува јасно дека основното значење на зборот „амин“ е потврда и согласност со изразената (догматска) вистина, а поретко, го има значењето и на молитва.

Многу важно е да се знае дека искажувањето на зборот „амин“, имајќи го предвид неговото значење, („нека биде така“, „навистина“), има и обврзувачки карактер односно дека ќе се придржуваме до се’ што е штотуку кажано како непобитна вистина и ќе постапуваме соодветно на кажаното.

Откако го појаснивме значењето на зборот „амин“, убаво би било да внимаваме како и кога ќе го употребуваме, за да не се случи да испаднеме смешни во нечии очи.

IVERI FASHION SHOOTING – Погледнете ја најновата колеција есен-зима на бутиците “ИВЕРИ” (Фото галерија)

Тимот на бутиците ИВЕРИ ни подготви нов моден едиторијал од колекцијата есен-зима, со модели кои можете да ги пронајдете во нивните продавници во Скопје, Битола, Прилеп и Струмица.

Овој пат пред објективот се најде шармантната Христина Ристеска, со фотографии во прилог кои ќе ве привлечат, допрат и инспирираат.

Модели на облека за секого по нешто.

Побрзајте и нарачајте, достава низ цела Македонија.

Голема драма и продолженија, а блесна и новиот Лестер Бо Мекејлеб: Македонија ја победи и Данска

Mакедонската кошаркарска репрезентација ја победи Данска со 74:71 во четвртото коло од претквалификациите за Евробаскетот.

Во Гевгелија имаше драма до последната секунда, при што Данците не искористија и напад за победа на крајот, па се замина на продолженија.

Во нашиот состав блесна така наречениот нов Лестер Бо Мекејлеб кој постигна 33 поени.

И покрај големата драва и нашата лоша игра во последниот период, момците дадоа срце на терен и забележаа нова победа.

Е вака бе другари, а не поклон во плико: Свадба во Прилеп каква не сте виделе досега (Видео)

Кога поклонот не го збира во плико

Погледнете како прилепчани правеле свадба во 2007 година во поранешниот ресторан за свечености во сала “Македонија”.

Ганц ново ПЕЖО 307 и тоа дирек во сала. Кој како сака нека каже, ама секој би посакал ваков свадбен подарок.

А потоа следуваат чочеци, лепење пари, а се разбира зетот и невестата се највесели.

Вакво нешто ретко се гледа во Македонија: 11 погодоци во Битола и сите во голот на Тетекс

Фудбалерите на Пелистер попладнево на стадионот “Петар Милошески” во Битола, стигнаа до седмата победа во Втората лига и сега се на еден бод од четвртото место кое води во баражот за Прва лига.

Битолчани до врв ја наполнија мрежата на Тетекс постигнувајќи 11 гола.

Голеадата ја отвори Драгарски уште во 3-та минута од натпреварот, па погоди Маневски во 5-та, Мустафов во 9-та и Стефановски во 14-та минута.

Веќе во 22-та минута беше 5:0, кога прецизен одново беше Маневски, а истиот играч комплетираше хет-трик во 39-та минута за 6:0.

До крајот на првото полувреме стрелаше и Китановски, а голеадата продолжи и во вториот дел. Најпрво преку Наумовски во 57-та, па Фазлију во 65-та, а до крајот прецизни беа уште Трајковски и Здравевски.

Битолчани сега имаат 23 бода, а во наредното коло гостуваат кај Локомотива во Скопје.

Кошаркарско шоу и 106 поени за прилепчани, за победа над лидерот на табелата и максимален ефект сезонава

Eкипата на прилпскиот кошаркарски третолигаш Мега Баскет стигна и до 4 од 4 сезонава, откако вчера на домашен терен го совлада лидерот на табелата Албес од Скопје со 106-77.

Прилепчани беа подобри во 3 од 4 четвртини и бодрени од публиката покажаа храброст, квалитет и борбеност, што им донесе нови бодови за максимален ефект.

Во следното коло прилепчани гостуваат кај ИБА Баскет, екипа која заедно со Тетекс е на делба на третото место од табелата.

Домашните кошаркари и вчера покажаа зошто заслужуваат уште поголема поддршка во иднина, како од публиката, така и од стопанствениците.