дома блог страница 1358

Сообраќајка на патот Ропотово-Богомила: Едно лице се здобило со тешки тeлecни пoвpeди

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

На 14.11.2022 во 15.30 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на патот Ропотово-Богомила се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(22) од с.Десово и патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.М.(35) од с.Секирци.

Во несреќата со тешки телесни повpeди се здобила Л.К.(58) од с.Десово, сопатничка во возилото „мерцедес“, констатирани во Градската болница во Прилеп.

Да им се издаде македонско државјанство под итно! (ФОТО)

Камерунците од редовите на Работнички и Тиквеш ја имаат фотката на сезоната во македонската Прва фудбалска лига.

Анаел Нгоба игра за Тиквеш, а Марселин Кандо во Работнички. Ако овие двајца не заслужуваат македонско државјанство, тогаш кој?

Ќе ве фасцинира: Битолчанец сам направи мини електрично возило за пазарење (Видео)

Битолчанецот Дејан на неговиот јутјуб канал Mr. DK DIY објавува креативни видеа кои ќе ве фасцинираат.

Неговиот најнов проект е мини електрично возило за пазарење, кое Дејан го направи користејќи стар ховерборд.

Ако имате дваесетина минути слободно време погледнете го видеото во продолжение:

Прилепскиот суперлигаш полусезоната ја заврши на делба на првото место – Вчера во Прилеп забележаа две победи

Пингпонгарскиот клуб Младост96 есенската полусезона ја заврши на делба на првото место во Супер лигата со екипата на Телеком Нец2.

Вчера во Прилеп, во спортската сала на ООУ “Добре Јованоски”, Младост 96 беше убедлив и оствари две победи.

Во 8-то коло со 4-1 победен е Работнички од Скопје, додека во 9-то коло со 4-1 победен е ланскиот шампион Кр.Паланка 2007.

Во оваа сезона младинецот Лука Огненоски добива доверба од клубот и возвраќа со одлични игри.

“Одлична полусезона со 8 победи и 1 пораз и надеж дека титулата ќе ја вратиме во Прилеп” – велат од прилепскиот суперлигаш

Левица ја растура СДСМ – сега се со ист рејтјнг?

Тече низ ногавици!

Мора да е Левица многу блиску до рејтингот на СДС, штом очајот е олку голем.

Членството и симпатизерите на СДС полека сфаќаат дека вистинска лева партија и наследник на идеалите од НОБ и АСНОМ е само Левица.

#ПАСОКИЗАЦИЈА

Фејсбук статус на пратеникот на Левица, Борислав Крмов.

Прилеп доби уште еден меѓународен шаховски cyдиja

Во организација на Шаховската федерација на Македонија и Шаховскиот сојуз – Скопје, а под покровителство на ФИДЕ, во Скопје беше организиран семинар за арбитри, на кој испитот го положија пет шаховски мајстори.

Меѓу нив и прилепчанецот Кире Николоски, кој сега се стекна со диплома Меѓународен шаховски судија.

Николоски е втор со ваква диплома после Тони Кироски.

Прилеп е еден од градовите лидери во Македонија кога шахот е во прашање. Шахистите од Прилеп редовно со голем успех го претставуваат градот како на државните, така и на меѓународните натпревари.

По светскиот пример каде еднаш годишно се натпреваруваат Америка против Европа, и во Прилеп се одржа МОSCONI CUP (ФОТО)

Изминатиот викенд на 12 и 13. ноември во Прилеп, по примерот од светски рамки се одржа MOSCONI CUP, во кој еднаш годишно се натпреваруваат Америка против Европа.

На нашиот MOSCONI CUP се натпреваруваа постарите играчи против помладите и сепак преовлади искуството – постарите играчи ја однесоа победата со резултат 11-4.

Како најдобар играч на купот се истакна искусниот Александар Крстески.

Натпреварот треба да биде еден поттик за што повеќе млади играчи кои се љубители на билјардот да се приклучат на прилепскиот клуб, да станат добри играчи и да го претставуваат градот на државните и меѓународните првенства.

Битолчанката Оливера Наковска Бикова го освои златниот медал на Светското првенство во стрелаштво

Македонската параолимпијка Оливера Наковска-Бикова оствари фантастичен настап на Светското првенство во стрелаштво за спортисти со инвалидитет во Ал Аин и го освои златниот медал во дисциплината пиштол – слободен избор 25 метри.

Наковска Бикова во квалификациите на Светското првенство, што се одржува во Обединетите Арапски Емирати, со испукани 538 кругови го постигна најдобриот резултат во својата кариера и како второрангирана се пласираше во финалето.

Предводена од нејзиниот тренер Бранимир Јовановски и асистентот Драган Дојчиновски, во мошне квалитетно и драматично финале, Наковска-Бикова по првите пет истрели се најде на второто место на табелата, а веќе по завршување на втората серија од пет истрели ја презеде лидерската позиција и успеа да ја одржи до последниот куршум.

Со овој триумф, Наковска Никова ги комплетираше златните медали од сите големи натпреварување – Европско првенство, Светско првенство и Параолимписки игри, а два пати во кариерата поставуваше и светски рекорд.

ВМРО-ДПМНЕ објави: За еден мандат овие двајца директори земаат плата колку што чини изградба на нов булевар

На двајца владини функционери, директори во Македонска навигација месечно за плата им плаќаме по 620.000 денари, објави опозициската ВМРО-ДПМНЕ во аферата Паразити.

„Фахрудин Хамиди, претседател на Управниот одбор и Извршен директор во СВН во М НАВ, именуван од страна на владата месечно зема 345.000 денари на име плата. За една година тоа се 4.140.000 денари, а за мандат од 4 години 16.560.000 денари.

Ако оваа сума се подели со 18.000 денари колку што е просечната плата, се добива 920, тоа е бројот на месеци, што е еднакво на 76 години, кои што се потребни за да се заработи таа сума на пари со минимална плата.

За еден мандат Хамиди, од челното место на М НАВ ќе замине со пари за кои што поголемиот број на граѓани ќе треба да работат 76 години.

Односно најголемиот број од народот во Македонија, во својот живот нема да може да ги заработи парите кои првиот човек на М НАВ именуван од владата ќе ги земе за 4 годишен мандат.

Ништо поразлично не е ниту членот на УО и Извршен директор во СВТ на М НАВ, Владо Крстевски, кој зема 266.000 денари месечно.

За четири години Крстевски од државата ќе земе 12.768.000 денари на име плата.

Овие двајца функционери именувани од владата за еден свој мандат во М НАВ заедно ќе наплатат половина милион евра само за плата – објави ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конфернеција

Четворица на еден: Синоќа yaпceни четворица прилепчани кои тепале свој сограѓанин

На 13.11.2022 на Градскиот базен во Прилеп, полициcки cлyжбеници од ОВР Прилеп ги лишиле од cлобода Д.А.(26), В.А.(20), И.Џ.(23) и С.Џ.(29), сите од Прилеп, затоа што во 22.52 часот го нapyшиле jaвниот peд и миp со учество во физичка пpecметка во која биле yпотpeбени разни предмети и во која со тешки телecни повpeди се здобил М.Џ.(40) од Прилеп, конcтатиpaни во болницата во Прилеп – стои во соопштението од СВР Битола.

По целосно докyментиpaње на cлyчajoт ќе биде поднeceна соодветна пријава – информираат од СВР Битола.