дома блог страница 1357

Фудбалски потег каков не сте виделе досега: Му се сокри на голманот во голот, па го измами и му ја зеде топката (Видео)

Фудбалерот на англискиот четвртолигаш Стивениџ, Дени Роуз, изведе потег каков ретко се гледа на фудбалските терени.

Роуз му се скри на противничкиот голман на Хартепул во неговиот гол, па откако тој ја спушти топката, Роуз лукаво од зад грб дотрча му ја одзеде топката и му даде гол.

За потегот да вреди уште повеќе, голот на Розу донесе вредни три бода за неговиот тим.

Објавени нови имиња на државни директори со астрономски плати – Земале од 1.200 до 11.000 евра месечно!

Дел од аферата „Паразити“ е Томислав Тунтев, директор на Агенцијата за Цивилно воздухопловство, кој зема плата од 203.000 денари месечно, односно 3.300 евра месечно. Тоа се 40.000 евра за една година. Додека народот има просечна плата од 470 евра, за Тунтев од СДСМ тоа се 3.300 евра, тврди ВМРО-ДПМНЕ.

„Јавноста ниту го видела Тунтев по заминувањето од функцијата пратеник, ниту слушнала за неговата работа. Тунтев не е директор во Германија или во некоја друга развиена земја, тој е именуван функционер од владата во Македонија. Во Македонија, во којашто народот не може да се прехрани, а тој зема годишна плата од 40.000 евра. И за еден мандат ќе инкасира цели 160.000 евра“, коментира ВМРО-ДПМНЕ.

Дел од аферата Паразити е и директорот на ПУИК, Зоран Ѓорѓиев, со месечна плата од 105.000 денари. Истиот за една година наплаќа 1.260.000 денари, односно 21.000 евра.

Никола Љушев, како дел од УО на Телеком, зема месечна плата од 713.000 денари, односно 11.500 евра. За една година тоа се 139.000 евра, а за еден мандат од 4 години 560.000 евра.

Љупчо Зиков, дежурен аналитичар на власта, а во принцип именуван функционер, месечно од МЕПСО зема 80.000 денари, што за една година е 960.000 денари или 16.000 евра. Во текот на еден мандат тој од оваа енергетска компанија ќе инкасира 54.000 евра.

Ова се дел од функционерите од аферата „Паразити“, вели ВМРО-ДПМНЕ, изјави портпаролот Томовски и најави дека утре продолжува со нови детали, на нова прес-конференција.

Од денеска стартува откупот на тyтyнот

Tри откупувачи од денеска стартуваат со преземање на годинешната реколта на тутунот. Условите за старт на откупната кампања, според најавите, ги исполниле Тутунски Комбинат Прилеп, Пашоски и Алијанса, а наредниве денови започнуваат со откуп и останатите компании. Вкупно 10 откупувачи ќе стават на располагање 223 ваги за проценка на производството.

Со анекс на договорите новите цени ќе изнесуваат за прва класа 300 денари за кгр, за втора класа 240 денари, за трета класа 180 денари и за четврта класа 100 денари, што е зголемување за 20 отсто во споредба со првично направените договори.

Спортските работници ја бараат Универзална сала во Прилеп, власта во Скопје нема слух?

Еден од спортските храмови на Прилеп, Универзалната сала, веќе подолг временски период е ставена вон употреба. И покрај бомбастичните најави минатата година, дека ракометот и кошарката ќе се вратат во својот дом, една година подоцна на тоа уште се чека.

Спортските работници секојдневно на социјалните мрежи бараат властите во Скопје да се вразумат и да ја предадат Универзална сала на општина Прилеп, но за тоа до ден денеска не постои слух и разбирање.

-Радоста кратко траеше. По само 3 недели повторно затворена поради промена на власта на локално ниво! Господа од централната власт под хитно да се отвори овај спортски објект бидејќи е единствен објект за развојот на спортот во нашиот град.

Оставетеја политиката на страна и отворетего овај објект, во него ќе тренираат сите млади деца без разлика на вера, пол, политичка определба.

Доколку не го направите тоа вие све директни виновници за развојот на спортот во нашиот град.Можело да се организираат концерти од типот на Саша Ковачевич а неможело спортски настани.

Најдобронамерно како човек спортиста, и кој учествувал во реконструкцијата на овај спортски објект ,одговорно тврдам дека објектот можи да биди отворен и да се направат тие мали зафати кои ги кажуваат како забелешки.

Има интерес на превземање на овај спортски објект од страна на градоначалникот, но бидејќи се спротивна политичка опција не ја даваат, со тоа директно се уназадува целиот спорт во градот.

Политичките елити да ја остават политиката настрана и да работат заедно за развојот на спортот во град Прилеп – напиша на ФБ ракометниот судија Рубинчо Седлоски.

Како што дознаваме, општина Прилеп веќе ја побарала Универзалната сала за одржување на традиционалниот турнир во мал фудбал Св. Никола, кој традиционално со години се одржува во пресрет на патронот на градот.

Според информациите храмот на спортот во Прилеп моментално е под надлежност на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.

Се запали автобус кој превезувал работници во Крушево

ФОТО/Илустрација

На 14.11.2022 во 16.00 часот во ОВР Крушево било пријавено дека на ул.„Илинденска“ во Крушево настанал пожap на автобус „сетра“ со крушевски регистарски ознаки, сопственост на превозно претпријатие од Крушево, со кој се превезувале работници на приватна фирма.

Увид извpшиле екипи на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крушево и ОВР Прилеп и било констатирано дека пожapoт нacтанал во пределот на моторот.

Пожapoт бил изгacнат од екипа на Територијалната пpoтивпожapна единица Крушево, а повpeдени лица нема.

Врнежи од дожд од утревечер, во петок стабилизирање на времето

Повремени врнежи од дожд ќе има утре кон крајот на денот и во четврток. Утринските температури утре ќе се движат од 1 до 7 степени, а дневните од 9 до 17 степени.

Во Скопје утринската температура ќе достигне до 5 степени, а дневната до 13 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето. Во сабота во текот на ноќта и во недела под влијание на нов влажен бран се очекуваат пообилни врнежи од дожд. И во следните денови по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, информираат од УХМР.

Поранешниот голгетер и македонски репрезентативец од Прилеп, доби признание за најдобар тренер во Австрија

Австрискиот клуб Мауерверк кој се натпреварува во австриската регионална лига -Исток, а чиј предводник е екс македонскиот репрезентативец од Прилеп, Илчо Наумовски, бележи големи успеси на стартот од првенството.

Пред паузата, Мауерверк има запишано десет победи, две ремија и четири порази, а тоа не Наумовски му донесе признание за најдобар тренер во оваа лига.

Третолигашот на нашиот прилепчанец во моментов е на третото место на табелата и покрај тоа што такво нешто не се очекуваше на стартот на сезоната.

Наумовски првиот тренерски ангажман го имаше во екипата на Динамо Врање, каде беше во улога на асистент, а зад себе има и ангажман како предводник на екипата на Локомотива во Македонија и во Академијата на Нанџинг во Кина.

Веќе го имаме победникот на Светското првенство во Катар: Неговото име е Антонио Рудигер

Антонио Рудигер одлучил целата своја заработка од настапот на Светското првенство ќе ја донира за децата во Сиера Леоне.

Oва е секако потег за поздрав! По примерот на Садио Мане, Марио Балотели, Моамер Салах и Антонио Рудигер одлучи да донира голема сума на пари за децата во сиромашните африкански држави. Во случајов тоа е Сиера Леоне.

Парите ќе бидат донирани за 11 деца на кои им е потребна помош.

Ковачевски: “Не треба да се прават сензационализми за платите на директорите”

Премиерот е задоволен од сите нови директори на државни институции и претпријатија кои се именувани откако тој е претседател на Владата.

На новинарско прашање за време на прес-конференцијата со европратеничката Ираче Гарсија Перез, Ковачевски одговори:

– Има позиции на кои што има нови директори и не треба да се прават сензационализми за платите, туку да се изберат вистински луѓе на вистинско место. Ја откако сум дојден, имаме нов директор на Македонска пошта, имаме нов директор на Фондот за здравство, нов директор на Санитарен и здравствен инспекторат, нов директор на Финансиска полиција и низа други директори. Досега од тие кои јас сум ги поставил , не гледам дека има некои недостатоци, туку напротив, тие добро си ја работат работата.

– Ние во моментов имаме неконзистентни плати. Вие може да имате директор или член на управен одбор на јавно претпријатие кое работи со загуба, а при тоа да имаат плати поголеми од министри, додаде тој.

Сообраќајка на патот Ропотово-Богомила: Едно лице се здобило со тешки тeлecни пoвpeди

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

На 14.11.2022 во 15.30 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на патот Ропотово-Богомила се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(22) од с.Десово и патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.М.(35) од с.Секирци.

Во несреќата со тешки телесни повpeди се здобила Л.К.(58) од с.Десово, сопатничка во возилото „мерцедес“, констатирани во Градската болница во Прилеп.