дома блог страница 1356

Овие улици во Прилеп денеска ќе имаат прекин со водоснабдувањето

Водоснабдувањето на ден 17.11.2022 (четврток) ќе биде нормално со здравствено исправна вода за пиење.

Вкупната произведена количина на вода е 268л/с, од кои 228/с од Студенчица, 0л/с од бунари и 40л/с од сопствени извори.

Прекин во водоснабдувањето заради санација на дефекти и приклучоци во периодот од 08 до 14 часот ќе има на следните улици и делови од Општина Прилеп: ул. “Цане Коњарец”, ул. “Трајко Тарцан”, ул. “Димче Антулески”, ул. “11ти Октомври”, Реон – Индустриска зона Металец

Важно соопштение до верниците од црковните храмови во Прилеп по повод големиот христијански празник Св. Архангел Михаил

Соопштение од прилепските црковни храмови за престојниот празник Св. Архангел Михаил

За претстојната слава, на СВ АРХАНГЕЛ МИХАИЛ, во храмот Св. Кирил и Методиј (ПАРАКЛИС) и во храмот Света Петка – Точила, лепчиња ќе се креваат преку целиот ден 20.11.2022г.(НЕДЕЛА), односно од 7:30 – 17.30ч.

СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ (СТАРА ЦРКВА) – од 07.00 до 17.30 часот. СВЕТО ПРЕОБРАЖЕНИЕ (ГРЧКА) – од 08.00 до 10.00 и од 15.30 до 17.00 часот.

СВЕТИ ПАНТЕЛЕЈМОН (БОЛНИЦА) од 11.00 до 13.00 часот. СВЕТИ КОНСТАНТИН И ЕЛЕНА (ТИПСКИ) од 11.00 до 13.00 часот.

Нека Светиот Архангел Михаил се застапува за нас пред Господа, за да бидат примени нашите молитви и благодаренија. Напомош и за многу години на сите кои ја празнуваат оваа слава – стои во соопштението од прилепските црковни храмови.

“Тунтев мутирал овие години во размислувањата бидејќи земал по 3500 евра плата?”

Аферата „Паразити“ открива голем број функционери именувани од оваа аздисана власт на СДС и ДУИ кои земаат баснословни плати во време на криза.

Додека народот гладува Томислав Тунтев, кадарот на СДС како именуван директор во Агенцијата за цивилно воздухопловство зема месечна плата од 203.000 денати, односно за еден мандат ќе бидат исплатени 9.744.000 денари.

Директорот на ПУИК, Зоран Ѓорѓиев добива месечна плата од 105.000 денари, а во текот на еден мандат ќе инкасира 5.040.000 денари.

На јавноста познатиот провладин аналитичар Љупчо Зиков е функционер во МЕПСО за месечна плата од 80.000 денари, што значи дека за еден мандат ќе добие 3.840.000 денари.

Членот на УО во Телеком Никола Љушев добива месечен надоместок од 713.000 денари, што за еден мандат достигнуваат 34.224.000 денари.

Само овие 4 функционери именувани од владата за еден мандат добиваат баснословни 858.000 евра, колку што сите вработени во една просечно голема конфекција заедно нема да ги добијат во време од 4 години.

Да потсетиме дека други двајца владини функционери за еден мандат добиле 473.000 евра, односно Фахрудин Хамиди и Владо Крстевски како директори во М-НАВ добиваат месечна плата од 345.000 денари, односно 266.000 денари.

Јовчески: “Во 2023 ќе рехабилитираме 50 улици, ќе изградиме нов кружен кај “Тинекс” и монтажни катни гаражи”

За помалку од 2 месеци започнува 2023-та година, година во која нашата општина ќе добие нов лик, онака како што заслужува. Градежната офанзива која е предвидена за наредната година е она што му е потребно на Прилеп со цел враќање на стариот препознатлив сјај – напиша на ФБ градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.

-Дел од проектите кои ќе се реализираат: Рехабилитација на повеќе од 50 улици, или вкупна површина од 68.000 м2; Изградба на монтажни катни гаражи; Изградба на кружен тек (кај Тинекс); Изградба на главен довод до населено место Канатларци; Комплетна реконструкција на влезот Крушево-Прилеп, односно улицата „Леце Котески“;

Ова се само дел од многуте проекти кои ќе се реализираат во 2023-та година, а граѓаните на општина Прилеп ги заслужуваат. Исто така ќе се посветиме и на поголема поддршка во областа на спортот, културата и одржувањето на многубројни манифестации за Прилеп и прилепчани. Со реализација на истите ја оправдуваме довербата која од вас ја добивме пред 1 година. Продолжуваме посветено за општина Прилеп – напиша Јовчески.

Ова е вojcката на дисциплина и успех – Час по физичко со 700 ученици во ООУ “Климент Охридски” Прилеп (Видео)

Oсновното општинско училиште “Климент Охридски” од Прилеп е пример за многу нешта и постојано позитивно не’ изненадуваат.

Видеото во продолжение ќе ве фасцинира! Час по физичко со 700 ученици од сите генерации. Секоја чест!

“Успехот е сонот кој секој човек го сонува,без разлика дали се работи за семејство,работа,финансии или нешто друго. Во човечката ДНК е врежано дека човекот постојано треба да тежнее кон напредок, да се натпреварува со другите, да биде секој ден подобар од тоа што бил вчера. Иако понекогаш нештата изгледаат премногу тешки и сложени и мислите дека најлесно ќе биде да кренете раце и да се откажете од се, помислете само зошто сте почнале. Оваа мисла нека ни биде водилка за се она кое сакаме да го исполниме во животот. И да…Сонувајте големи соништа бидејќи така ќе успеете. ОВА Е КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ…ВОЈСКАТА НА ДИСЦИПЛИНА И УСПЕХ”, напиша на ФБ директерот на училиштето, Ахил Јаков.

Кривична пријава за вработена во болница која украла картичка од пациент и си пазарела

Денеска (16.11.2022), полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош во полициска станица извршиле службен разговор со С.С.(53) од скопско село, вработена во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Таа се сомничи дека од С.М., додека бил на лекување во болницата, одзела платежна картичка и пазарела во повеќе продажни објекти, по што ја вратила картичката.

Во службениот разговор таа го признала делото. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Новиот филм “Kajмак” на Милчо Манчевски ќе се прикажува и во Прилеп

Во киното Мис стон при НУЦК „Марко Цепенков“ на 17 ти, четврток, од 19.30 часот премиерно ќе биде прикажан најновиот филм на Милчо Манчевски „Кајмак“. Покрај премиерата предвидени се уште 2 проекции и тоа: петок на 18 ти и сабота 19 ти со почеток од 19.30 часот.

Филмот говори за две семејства кои си ја бараат среќата – пристојни на почетокот, среќни на крајот. Играат Сара Климоска, Камка Тоциновски, Александар Микиќ, Симона Спировска, Ана Стојановска, Филип Трајковиќ.

Милчо Манчевски освен што е потписник на режијата , автор е и на сценариото. Филмот „Кајмак“, е копродукција меѓу Македонија, Данска, Холандија и Хрватска, со поддршка на Еуримаж и спаѓа во жанрот црна комедија.

Влезниците по цена од 150 денари се продаваат на билетарницата од киното од 10 до 12 и од 17.30 до 19.30 часот.

Анализа на „Конрад Аденауер“: Македонските граѓани сега гледаат непријател во Русија

50.4 отсто од испитаниците во Македонија сметаат дека руската агресија врз Украина е неоправдана и неприфатлива

За само една година значајно се зголемил негативниот став на македонските граѓани кон Русија, која од групата на пријателски земји се пресели во „најголеми непријатели“, веднаш зад Бугарија. Ова го покажа испитувањето на јавното мислење и анализата насловена: „30 години независност (Анализа и истражување на јавното мислење)“, од авторите Александар Спасеновски, Васко Наумовски и Јован Андоновски, а во издание на Институт за општествени истражувања „МК91“ и Фондација „Конрад Аденауер“.

На прашањето „Според вас, која држава е најголем непријател на Северна Македонија?“, 44 отсто одговориле дека е тоа Бугарија, 29,3 отсто на поставеното прашање одговориле дека не знаат, по што следи 12,1 отсто испитаници, кои сметаат дека Русија е наш најголем непријател. Според испитаниците, 59.3 отсто оценуваат дека се лоши односите на Русија кон нашата држава.

Професор Александар Спасеновски, кој е еден од авторите на оваа Анализа, во изјавата за „Вистиномер“ забележува дека токму ставовите за Русија драстично се промениле за само една година.

Во истражувањето на јавното мислење од 2021 година кое се однесуваше на трите децении од воспоставувањето на независноста на Република Македонија беше испитувано мислењето на граѓаните за карактерот на билатералните односи на нашата држава со Бугарија и Русија. Тогаш како лоши билатералните односи на нашата држава со Русија ги оцениле 17.3 отсто, а со Бугарија 59.8 отсто од испитаниците. Споменатото значи дека за разлика од 2021, во 2022 година негативниот одиум на граѓаните кон Бугарија е скоро непроменет, а кон Русија е видливо влошен, објаснува професор Спасеновски.

Тој смета дека расположението на македонските граѓани кон Русија може да се доведе во корелација со руската агресија врз Украина, што е видливо и од прашањето во претпоследниот дел од оваа анализа.

Имено, 50.4 отсто од испитаниците сметаат дека руската агресија врз Украина е неоправдана и неприфатлива, додека 26.2 отсто сметаат дека истата е оправдана и прифатлива, што упатува на заклучокот дека испитаниците имаат приближно сличен став во однос на оваа тема како и граѓаните на другите држави членки на ЕУ и на НАТО. Македонските граѓани со тоа, покажуваат дека живеат и ја делат судбината на останатите земји членки на Алијансата, анализира Спасеновски.

Испитувањето на јавното мислење спроведено на крајот од август 2022 година на 1.111 испитаници во телефонска анкета, покажува дека Србија се перципира како најголем сојузник на Македонија, што е одговор на 37,4 отсто од учесниците во анкетата,  по што следат САД, Турција и Германија.

Браво! Марија Аличанец од Прилеп освои прво место на Меѓународниот детски фестивал “Школки” во Нови Сад (Фото)

Maрија Аличанец, ученичка во ООУ “Кире Гаврилоски – Jaне” Прилеп, го освои првото место на Меѓународниот фестивал “Школки” во Нови Сад, Србија.

Фестивалот традиционално се одржува од 2006 година, а на истиот учествуваат деца и млади од целиот свет на возраст до 16 години, поделени во повеќе возрасни категории.

Сите учесници настапуваат со свои авторски песни.

“Школки” е еден од најголемите детски фестивали на Балканот, а во изминатите година на сцената во Нови Сад настапиле учесници од Унгарија, Израел, Македонија, Романија, Црна Гора, Бугарија, Украина, Хрватска, Норвешка, БиХ, Русија, Летонија, Канада, Франција, Белоруција, Индија, Азербејџан, Либан, Грузија, Малта….

Честитки за нашата прилепчанка Марија и и’ посакуваме желби за уште поголеми успеси во иднина!

Пpетpec и апceња во Прилеп: Пpoнajдена мapиxyaна

На 15.11.2022 во Прилеп, полициcки cлyжбеници од СВР Битола-ОВР Прилеп ги лишиле од cлобода Д.Д.(21) и Д.Р.(27), двајцата од Прилеп.

При пpeтpec во домот и други помошни простории на Д.Д., извpшен со cyдcка нapeдба, бил затекнат Д.Р. и кај него била пpoнajдена и одземена мapиxyaна.

Тие биле задржани во полициcка cтаница и по документирање на cлyчajoт ќе следува соодветна пpиjaва – информираат од СВР Битола.