дома блог страница 1352

До 14 часот денеска овие улици во Прилеп ќе бидат без вода

Водоснабдувањето на ден 21.11.2022 (понеделник) ќе биде нормално со здравствено исправна вода за пиење.

Вкупната произведена количина на вода е 280л/с, од кои 240/с од Студенчица, 0л/с од бунари и 40л/с од сопствени извори.

Прекин во водоснабдувањето заради санација на дефекти и приклучоци во периодот од 08 до 14 часот ќе има на следните улици и делови од Општина Прилеп: ул. “Вера Циривири”, ул. “Киро Базеркоски”, ул. “Козара”, ул. “Цане Коњарец”, Реон Точила Ц3, н.м. Канатларци.

Го празнуваме Св. Архангел Михаил, водачот на небесните војски: Честито име Михаил, Михаела, Михо, Ангел, Ангела…

Православните христијани денес го празнуваат Св. Архангел Михаил, еден од најголемите христијански празници и една од најчестите куќни слави.

Архангел Михаил е водачот на небесните војски кој секогаш се јавувал на местата на кои се појавувала Богородица, така што претставува небесна сила и заштита на земјата.

Според црковните преданија, ангелот Михаил првпат прв стапил во борба со злите духови и тоа во име на црковните толкувања означува оној кој е како Бог.

На грчки јазик зборот архи значи главен, прв, а значи весник, ангел.

Прв меѓу ангелите Архангел Михаил на иконата се претставува како борец-војвода со меч или копје во раката, а народното верување смета дека тој доаѓа и ги зема човечките души кога ќе чукне часот.

Постојат многу народни верувања за овој ангел: Велат дека тој ги посетува болните и ако застане кај нивните нозе- не е добро, а ако е кај главата – болниот ќе оздрави.

Се слави наесен на 21 ноември, а по народното верување, тоа е затоа што кога светците си ги делеле улогите, Архангел Михаил добил есенско и зимско време на зима и зимски тешкотии. Се вели дека во ова време Архангел талка по светот облечен во просјак да ги искара неверниците и да им помогне на оние кои се во неволја.

Едно народно верување вели дека според временските услови на овој ден може да се одреди каква ќе биде годината. Се вели: какво ќе биде времето на Аранѓеловден, такво ќе биде во текот на целата зима и пролет. Во некои краишта се слави и како празник на сточарите бидејќи се верува дека само тој може да ги истера волците.

Постои верување и обичај кај многу христијани кои го слават свети Михаил, бидејќи го сметаат за жив светител, да не подготвуваат пченица за славата, а тоа е неточно и неоправдано. Неопходно е да се подготви пченица за славата, бидејќи сите светители и сите мртви се живи пред Бога.

На овој ден преданијата велат дека треба да им се помогне на сиромашните и немоќните, да им се даде храна и пиење, а и да им се упати топол збор. За сета ваша добрина светецот ќе ве награди со ислушување на молитвите и желбите.

Инаку, Св. Архангел Михаил е најголемата куќна слава која христијаните ја празнуваат во месец ноември.

Славата оваа година е мрсна бидејќи 21 ноември се паѓа во недела. Со оглед на тоа дека датумот е фиксен, дали славата ќе биде мрсна или посна се одредува според денот од неделата. Па така, ако е среда или петок, славата ќе биде посна, додека во останатите денови може да се прославува и со мрсна храна.

Идиоти по дефиниција

Пишува Филип Георгиески

Во Античка Грција или поконкретно Атина, во облик на “владеење на народот” е воспоставено првото демократско уредување како нова форма на управување со државата. Секако, атинската демократија постепено се развивала – односно во 7 различни етапи, за да се дојде до моментот кога сите слободни луѓе ќе имаат право да одлучуваат за најважните прашања во полисот. Атина е лулката на демократијата која ги поставила темелите на демократијата во нејзината најсовремена форма која се развива многу покасно – кон крајот на 17-ти век како резултат на калвинистичкото религиозно движење во Англија, Шкотска и Холандија.

Одлуките во полисот ги донесувале сите слободни мажи – сите Атињани со чисто потекло, чии родители се исто така со потекло од Атина. Се барало од сите луѓе кои ги исполнувале овие услови да гласаат, без оглед на тоа за кого гласале. Оние кои што одлучиле да не гласаат и воопшто да не придонесуваат за политичките процеси во полисот биле јавно етикетирани и нарекувани идиоти. Според тогашните сфаќања, ова биле луѓе кои се грижат само за личните потреби и ги оспоруваат потребите на општеството околу нив, па со текот на времето, зборот идиот еволуирал во денешната употреба.

Денес, земајќи во предвид дека токму тие кои се наоѓаат од другата страна на приказната, се луѓето што ја уништуваат државата – не наведува да помислиме дека зборот идиот целосно го променил своето значење. Оттука и прашањето: Кои се полоши, идиотите по дефиниција или идиотите во политка? Најверојатно одговорот би бил различен, во зависност од оној кој што го чита прашањето.

(Видео) Потоп во соседството: Реката се излеа од своето корито на повеќе локации

Реката Јошаница утринава се излеа од коритото на повеќе локации во Нови Пазар, Србија, а мештаните во паника се обидуваат да ги заштитат своите дворови и куќи.

Најтешко е во новопазарските населби Трнава и Шутеновац, а воведена е и вонредна состојба.

Тешка е состојбата и во населените места Постијење и Блажево, каде исто така имаше излевање.

(Видео) Се приближува ли снегот кон Македонија? Снежно невреме го зафати регионот

Синоќа во Хрватска времето почна значително да се влошува во текот на вечерта, додека делови од земјата беа погодени од обилни врнежи од дожд и снег, кои продолжија во текот на утрото. Како што пренесуваат медиумите, делови од Хрватска беа погодени од вистинско снежно невреме.

На повисоките места снегот веќе обилно паѓа, а на места има и снежна бура и се формирала снежна покривка од неколку сантиметри.

Поради зимски услови и бурни ветрови на патните правци низ Лика и Горски котар, камионите со приколки се исклучени на постојката Вукова Горица (А1) во правец кон Риека/Дубровник и постојката Киковица (А6) во правец кон Загреб.

По тригодишна пауза се враќа традиционалниот турнир во мал фудбал “Свети Никола” во Прилеп

По тригодишна пауза во Прилеп ќе се одржи традиционалниот турнир во мал фудбал “Свети Никола”.

Последен пат турнирот се одржа во 2019 година во Универзалната сала во Прилеп, за која надлежните годинава мака мачат да ја обезбедат за одигрување на турнирот. Кочници прави централната власт, а спортските работници секојдневно на социјалните мрежи апелираат да преовлада разумот, и спортскиот храм да и’ биде доделен на менаџирање на општина Прилеп.

Според она што го дознаваме за одржување на турнирот е оформен организационен одбор, а деновиве ќе бидат објавени сите детали.

Најавите велат дека турнирот ќе се одржи меѓу 10 и 25 декември.

Сугарески се јави по една година молк: Владата е супер не го кочи Прилеп, живееме одлично?

Фејсбук статус на поранешниот пратеник и министер за транспорт и врски, Горан Сугарески

Најголема лага е дека централната власт го кочи Прилеп! Повеќе од една година молчев, премолчувајќи ги притоа и сите навреди кои на лична основа беа искажани кон мене, но и кон членовите на моето најтесно семејство.

Повеќе од една година не го коментирав работењето на локалната самоуправа и градоначалникот Борче Јовчески, чекајќи да биди испорачано она кое тој во изборната кампања им го вети на граѓаните на Прилеп.

Нема вистина во изјавата на Јовчески дека централната власт го кочи Прилеп, односно дека ја опструира работата на градоначалникот и општинската власт.

Добро ми се познати сите владини проекти кои се сработија за Прилеп и во Прилеп. Оние завршените нема да ги спомнувам, туку ќе се задржам и ќе ги аргументирам само проектите на Владата кои се, или треба да бидат во фаза на реализација, а за кои локалната власт односно градоначалникот Борче Јовчески, велат дека се нивно дело.

Да бидеме начисто:

• Изградбата на водоводот „Пашоски ливади“ е финансиран од Владата преку ТАВ програмата, со минимум општински пари;

• Реконструкцијата на влезот во Прилеп од страната на Крушево, улицата „Леце Котески“, ќе ја прави Министерството за транспорт и врски;

• Водоводот за манастирот Трескавец е исто така дело на Владата, со средства од ТАВ програмата;

• Од 30-те урбанистички планови за населените места кои се исто така финансирани од Владата, 29 сеуште не се донесени;

• Инвестициите во прилепската Гимназија, во медицинското и хемиското училиште, новата спортска сала во ООУ „Кире Гаврилоски“, исто така се дело на Владата.

Вчудовиден сум од изјавата дека централната власт ја кочи работата на градоначалникот Јовчески. Тоа е една голема лага!

Ако постои такво нешто, ако макар и еден проект е закочен или опструиран од централната власт, како вработен во Општина Прилеп и како поранешен функционер, се нудам и го повикувам градоначалникот Јовчески уште денес заедно да појдеме во Скопје и да најдеме решение за проблемот.

Ама такво нешто нема, не постои! Помошта која Владата им ја дава на општините, меѓу нив и на Општина Прилеп, била и секогаш ќе биди безусловна и неселективна. Се’ друго освен ова, е грубо извртување на вистината!

Ќе ви го разубават викендот: Најпознатите битолски панкери имаат одлична преработка на зapaзниот далматински рокенрол хит од 80-тите (Видео)

“Џири Џири” е новото музичко парче од битолската панк-рок група “Паркети”.

“За многу песни сме се труделе и мачеле демек за славни да станиме ова она…али за оваа песна се’ само си дојде…само љубов, другарство и без пари…онака за наш ќеф…Уживавме од почеток до крај…е сега ако им напрај и на некои вас ќеф овај далматински рокенрол евергрин уште поубо”, напиша на својот ФБ профил Сашо Паркет.

Песната е заеднички проект со легендарниот хрватски рокер и фронтмен на групата “Ѓаволи”, Нино Белан и е преработка на истоимената песна од попларната хрватска група.

Уживајте во продолжение:

Сестрите близначки од Прилеп во одлично светло го претставија градот и Македонија на Европскиот Куп во Унгарија (Фото)

Заврши настапот на репрезентативките Теа и Теона Настоски на Европскиот Куп во Ѓeр Унгарија.

И двете натпреварувачки настапија во категоријата до 44 кг., при што Теа Настоска остана без пласман, а Теона Настоска го освои 7-то место во силна конкуренција.

Теона Настоска во четвтрфиналната борба доминираше со противничката од Романија и до пред крајот на борбата водеше во поени, но истата заврши со загуба на поен ипон и не успеа да се пласира во полуфиналето.

Потоа во репесажната борба за влез за борба за 3-то место, влезе со полесна повреда во вратниот дел, а демотивационо делуваше и загубата од претходната борба, така што ја изгуби шансата за медал на вакво престижно натпреварување.

Сепак стручниот тим кој ги предводеше двете натпреварувачки, селекторот Дејан Мицкоски и тренерот Мики Чадамов се задоволни од настапот, со оглед на фактот дека и двете дебитираа на натпреварување од ваков ранг, каде пресудно беше и искуството на натпреварувања од овој тип.

Илон Маск го врати профилот на Доналд Трамп на Твитер

Новиот сопственик на Твитер, Илон Маск соопшти дека профилот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп е вратен, бидејќи корисниците на социјалната платформа го поддржаа потегот преку анкетата што ја иницираше.

-Народот кажа, напиша Маск на Твитер, информирајќи дека 51,8 отсто од над 15 милиони корисници на Твитер гласале за враќање на профилот.

Поранешниот американски претседател, сепак, можеби нема да се врати на платформата бидејќи рече дека „не гледа причина за тоа“.

Неговиот профил беше суспендиран во 2021 година поради ризик од поттикнување насилство.

Претходниот менаџмент на Твитер го избриша профилот на Трамп неколку дена по нападот врз американскиот Капитол во Вашингтон на 6 јануари, додека Конгресот се обидуваше да ја потврди победата на Џозеф Бајден на претседателските избори.

Во немирите што се случија за време на рацијата во просториите загинаа четворица цивили и еден полицаец.

После тоа, беа суспендирани профилите на Доналд Трамп на Фејсбук, Инстаграм и Јутјуб, кои имаа десетици милиони следбеници.

Неколку месеци подоцна, Трамп лансираше сопствена платформа Truth Social.