дома блог страница 1351

После ова не се чудете зошто се еден век пред нас: Јапонците од првиот ден на Светското ги украдоа симпатиите на целиот свет (Фото)

Тоа го можат само Јапонците. Иако Јапонија не играше на првиот ден од Светското првенство, туку играа Катар и Еквадор, нивните навивачи по завршување на мечот го чистеа ѓубрето од трибините, кое го оставија фановите на двете селекции.

Ова наиде на големо изненадување кај домашните фанови кои постојано ги прашуваа зошто тоа го прават, тие одговорија дека Јапонците не оставаат ѓубре, па макар тоа не било нивно.

Понесете чадор: Денеска променливо облачно и дождливо време

Времето денеска ќе биде променливо облачно со умерен, а во источните делови и долж Повардарието засилен, повремено силен ветер од југоисточен правец (70 км/ч.), најавуваат од УХМР.

Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, пообилни во западните делови (над 20л/м2). На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Во среда ќе има повремен локален дожд, а од четврток ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури и со услови за појава на магла по одделни котлини.

Јапонската амбасада донираше нов еко апарат за одделот за педијатрија во Клиничката болница во Битола (Фото)

Денесka, Амбасадорот на Јапонија, Н.Е. Савада Хиронори, присуствуваше на настанот за комплетирање на GGP-проект во Јавната здравствена установа, Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола, организиран од страна на градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и директорот на Клиничката болница, д-р Александар Обедниковски, во знак на благодарност за донацијата.

Со овој проект, Јапонија овозможи ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола да добие нов „Канон“ ехо апарат на Одделот за педијатрија, во вкупен износ од 52,779 евра. Ова е прв ваков апарат на педијатриското одделение во последните 25 години и претставува огромна придобивка за јавното здравство во Битола и пошироко во југозападниот регион на земјата.

„Децата повеќе нема да чекаат долго за преглед и дијагноза и ќе се намали потребата да бараат помош во далечните клиники што создаваше дополнителен трошок за нивните семејства.” рече Амбасадорот Савада, на денешниот настан.
Во текот на посетата, амбасадорот Савада имаше кратка средба со градоначалникот Коњановски и директорот Обедниковски, на која разговараа за можностите за идна соработка, како и за зајакнување на соработката помеѓу двете земји, преку збратимување на Битола со градот Чигасаки од Јапонија.

„Како општина, која сега веќе има проектна подготвеност во повеќе области, за кои ГГП програмата предвидува поддршка, очекувам дека во идниот период, ќе бидеме домаќини на претставување на нови, заеднички проекти, не само од областа на здравството, туку и во делот на образованието и инфраструктурата.

Уште еднаш голема благодарност до Амбасадорот Савада и верувам дека заеднички ќе придонесеме за реализација на нови проекти кои ни се неопходни“, рече градоначалникот Коњановски.

Преку програмата GGP, досега, Јапонија финансираше над 60 проекти во здравствениот сектор во вкупна вредност од повеќе од 3 милиони евра конкретно во медицинска опрема, реновирање на клиники и возила за брза помош.
Дополнително, Јапонија во последните две години ги опремува јавните здравствени установи со медицинска опрема во вредност од 813.000 евра како итна помош за COVID-19, дел од Програмата за економски и социјален развој и дополнителна нефинансиска помош понудена во лекови за 100 пациенти со КОВИД-19.

Преку проектите од програмата за мали грантови (GGP), Јапонија има финансирано реновирање и набавка на опрема за повеќе од 73 училишта и градинки, 64 здравствени установи и обезбеди 34 специјализирани возила за управување со отпад и комунални услуги за 51 општинa.

Демолиран бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид

На 21.11.2022 во 02.05 часот во СВР Охрид било пријавено оштетување на стакло од излог на „Здружение на граѓани Цар Борис III“ лоцирано на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид. Полициски службеници од СВР Охрид извршиле увид и се работи на расчистување на случајот.

Светско, а наше: Сладоледот Vienetta Cols на “Цермат” ja освои наградата Производ на годината во Австралија

Сладоледот од CERMAT, она слатко и вкусно задоволство се искачи на врвот оваа година и ја зема наградата Производ на годината за 2023 во Австралија! Ако се прашувате зошто е најдобар, тоа е поради иновативната технологогија на производство.

Сладоледот Vienetta Cols со вкус на солен карамел штотуку се искачи најгоре на листата во категоријата сладолед на доделувањето награди за производ на годината за 2023 година.

Над 5.000 австралиски купувачи гласаа на годишните награди за производ на годината, што го прави најголемото признание на кое гласале потрошувачите во светот! Програмата ја препознава иновативноста на производите и е сигурен извор за купувачите за да им помогне да заштедат време и пари.

За Цермат, единствената компанија со домашно производство на сладолед, ова не е прва ваква награда, напротив – од година в година овие успеси се нижат и одново и одново зборуваат за квалитетот кој го нуди оваа компанија, како и за напредната технологија која ја користат во производството.

Користејќи најквалитетни суровини од лиценцирани добавувачи кои во комбинација со рецептури припремени со знаење, креативност и иновативност преку автоматизиран процес на изработка, креираат совршенство на сладолед во секакви форми за сечиј вкус, Цермат секогаш го става квалитетот на прво место.

Производството на сладолед за домашните и за светските пазари се одвива во исклучително строго контролирани услови, придржувајќи се кон сите светски регулативи во секој дел од процесот на производство, пакување и транспортирање.
Цермат, како општествено одговорна компанија, низ сите овие процеси се залага за еколошки процедури кои се во насока на зачувување на животната средина, но и за постојан високотехнолошки развој.

Сладоледот на Цермат е само дел од богатиот асортиман на компанијата, а неговиот епитет ,,најдобар’’ е епитет со кој компанијата исклучително се гордее, и по речиси 3 декади постоење, со многу желба и ентузијазам продолжува да работи во интерес на своите верни купувачи.

(Видео) Фудбалскиот свет не памети ваква сцена: Иранските фудбалери ја бојкотираа сопствената химна

Шокантна сцена пред почетокот на натпреварот меѓу Англија и Иран на Светското првенство во Катар.

Фудбалерите на Иран не ја пееја својата национална химна во знак на протест поради кршењето на човековите права и немирите во земјата по cmpтта на Махса Амини.

Од друга страна, светската јавност побара ФИФА да го исфрли Иран од Светското првенство поради помош на Русија во вojната, насилно задушување на протестите и кршење на човековите права.

Јовановиќ: Структурите кои правеа лажни вести за Трамп денес истото го прават за Левица

Бранимир Јовановиќ, еден од основачите на партијата Левица во емисијата “Во Центар” објаснувајќи ги односите во Левица го профилира Апасиев како екстремен политичар кој е спремен да оди спротивно од тоа што го зборува, само заради популарност, и затоа тој нема проблем да седи на слика со лидери на албански партии, иако води наратив кој е анти-албански.

“Опортунист кој сака популарност, кој не знае да води држава, не знае што да прави ако дојде на власт и сака само лајкови” – изјави Јовановиќ во коментира за првиот човек на партијата Левица која според него е екстремна десница.

“Структурите од Велес кои правеа лажни вести за Трамп денес истото го прават за Левица” изјави Јовановиќ во емисијата “Во центар”.

„Партијата „Левица“, денеска во Македонија е десница, и екстремна десница. Партијата „Левица“ денеска во Македонија е она што е Ле Пен во Франција и она што е „Самоопределување“ во Косово. Тоа е „Левица““, вели Јовановиќ во интервјуто.

Јовановиќ тврди дека проблемот со „Левица“ е што Апасиев ја преземал партијата и се востоличил себеси како претседател: „Ние имавме президиум, ние имавме колективно одлучување, немавме претседател. Тој го укина дури и тоа. Се востоличи себе како претседател“, истакнува Јовановиќ.

Јовановиќ, кој беше член на Централниот комитет на „Левица“, му советува на Апасиев да го смени и името на партијата и да ја прекрсти во „Десница“: „Единствено не го смени името. Треба и тоа да го направи, треба „Левица“ да ја прекрсти во „Десница“ и тогаш ќе си има целосно партија каква што му доликува“, коментира Јовановиќ во интервјуто со Васко Ефтов.

Професорот Бранимир Јовановиќ, последниве години работи во престижниот Виенски институт за меѓународни економски студии.

Прилепчани газат се’ пред себе: Уште една победа на гостување во главниот град

Кошаркарите на Мега Баскет од Прилеп стигнаа и до петтата победа во Третата лига, откако викендов триумфираа и над скопски ИБА баскет со 73:83.

Ова е петта победа од исто толку одиграни натпрвари за прилепчани и втор успех во главниот град, откако пред 3 кола победија и на гостувањето кај Спарта.

Ова е уште еден доказ дека младата прилепска екипа заслужува поголема поддршка, не само од публиката, туку и од стопанствениците.

Во следното коло Мега баскет ја пречекува екипата на Тетекс.

ТАБЕЛА:

Големо намалување на ценит на гopивата од полноќ

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат од 1,5 до три денари за литар, а цената на дизелот се намалува за три денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,82 отсто.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за три денари за литар и ќе изнесува 88,5 денари. ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за 1,5 денари за литар и ќе чини 90,5 денари. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за три денари за литар и сега ќе се продава за 90 денари, а цената на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,5 денари и ќе изнесува 85,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ, за 1,438 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 44,524 денари.

Како што истакнуваат од РКЕ, референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,907 отсто, кај дизелот за 2,173, кај екстра лесното за 2,145 и кај мазутот за 3,096 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,73 отсто.

Репертоар на прилепскиот театар “Војдан Чернодрински”

Репертоар на театарот “Војдан Чернодрински” за оваа недела

Во петок (25.11.2022) со почеток од 19:30 часот – „МИСТЕРИЈА БУФО“ во режија на Андреј Цветановски

Резервации на влезници на тел. 076 442 378