дома блог страница 1350

Мисајловски: Koга и да има избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи со над 20 пратеници разлика пред СДСМ

Новата анкета која покажа двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ е реалноста која се случува после овие години на неработење и неспособност на власта и сите скандали што ги следат. Затоа велиме ајде на предвремени избори но и тие ги гледаат овие бројки и затоа се плашат избори, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски во интервју за „Република“.

Тој објаснува дека оваа власт не донесе подобар живот и оти и владата на Заев и оваа на Ковачевски се група на олигарси кои немаат допир со обичниот народ и не ги гледаат нивните потреби.

„Затоа е најдобро да има предвремени избори бидејќи оваа власт не однесе во ендек.Со овие анкети кога и да се случат изборите СДСМ ќе изгуби со премногу разлика, односно ВМРО-ДПМНЕ ќе победи со преку 20 пратеници разлика и ќе ја формираме следната влада“, убеден е Мисајловски во интервјуто за „Република.

Големата бројка на граѓани кои на анкетите одбиваат да се изјаснат за кого ќе гласаат според Мисајловски се должи на страв.

„Најголем дел се вработени можеби во државна админстрација и се плашат да ги кажат своите мислења, но затоа постојат и теренски анкети и може да се види процентот на незадоволство кај граѓаните.Ние како партија сакаме да дадеме и надеж и нова енергија дека може да биде поразлично, дека не се сите исти и нешто може да се промени. И затоа треба што повеќе позитивна реторика пред граѓаните“, вели Мисајловски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека не треба да изненадува што како главни проблеми во државата граѓаните го посочуваат неефикасниот правен систем, судството и корупцијата.

– Дали има правда во Македонија-сите знаеме дека нема.Дали функионираат реформите-не. Довербата во судството е осум посто и тоа ќе паѓа.Револтирани се и земјоделците, откупните цени мали, инфраструктурата је нема, здравството е во колапс, не сакаа да дадат дополнителни 40 денари за студентите, набројува Мисајловски.

Затоа, според него решението е граѓаните масовно да излезат на изборите.

„Дома ако седите не се решаваат сите прашања. Да можеби има многумина кои се разочарани но ако останат дома можеби истите ќе останат на власт.Затоа сите против оваа власт“, вели тој.

Мисајловски ја искоментира желбата кај албанските опозициски партии да бидат дел од Владата.

„Тие мислат дека со самото влегување во владата дека ќе си ги подобрат своите позиции и ќе бидат појаки пред своите гласачи. Мое мислење е дека тоа е многу погрешно.Прв опонент што овие партии го напаѓале било ДУИ.Напоменувам дека сите албански партии од опозиција влегоа во влада. Беса беше со СДСМ па се скараа, Алијанса беше па се скараа па излезе па сега сака пак да влезе.Сите албански партии влегоа со ДУИ за да бидат дел од Владата.Ова е погрешно кон нивните гласачи и ако мислат дека со нападот кон ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе добијат грешат и се претопуваат дека сите партии во албанскиот блок се едно исто и дека ги контролира ДУИ.Но, тоа е нивна работа но секако ќе им се одрази на следните избори“, рече Мисајловски.

Првата година од локалните избори според Мисајловски покажала дека нивните градоначалници се многу поразлични.

„Може да се види дека општините се раздвижени во ситуација каде се заглавени со буџети.Во Охрид со годни е блокирана сметката, општина Ѓорче Петров е задолежна над три милиони евра направени се 30 улици за една година.Има чуство дека градоначалниците имаат мотив и желба за работа.Многу е важно што после една година нема скандали туку се посветени да го сработат она што го имаат во програмата.Замислете ВМРО-ДПМНЕ да е власт колку повеќе ќе има проекти и колку повеќе помош ќе имаат претпријатијата што ги раководат општините“, истакна Мисајловски.

Според Мисајловски има само една причина зошто се одолговлекува носењето на мерките за помош на граѓаните-а тоа е дека нема пари во буџетот.

-Многу пати не обвинуваат нас дека нешто кочиме.Но, кога ќе дојдат крупни мерки каде што треба од буџетот да се изгласаат дополнителни средства тогаш секој може да сфати дека во буџетот нема пари и затоа се обидуваат да ги пролонгираат сите мерки.Навистина нема пари во буџетот за сите мерки.Ние ги молиме како опозиција да се закаже седница за овие мерки.Не може сериозна држава каде инфлацијата стигна до 20 посто да не можат да обезбедат уште 40 денари за студентите.Ако сакаме силно општество мора да се најдат пари за овие млади луѓе бидејќи тие се оние кои утре треба да ја водат државата.Во спротивно ќе си заминат бидејќи се разочарани.Сите овие мерки се колку да се спомне пред народот и многу малку луѓе ќе ги почустуваат.Буџетите што СДСМ ги предлага се најголеми во историјата а нема средства ниту за пензионерите, ниту за поголеми плати за работниците, потенцира Мисајловски.

Мисајловски објаснува дека автопатите и патиштата што СДСМ ги гради по се изгледа никој не може да ги види.

-Јас можам да ги видам сите проекти кои ги водеше ВМРО-ДПМНЕ.Дел беа реализирани, дел требаше да се преземат и да бидат готови како што е автопатот Кичево-Охрид на кој не мрднаа со прст, потоа Градско-Прилеп.Сите овие проекти беа на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ нема ниту еден свој проект да го испроектира, да го пушти во реализација, да обезбеди средства.Пример еден километар не можат да направат кон Блаце.Најголем проблем е што не ги интересираат проекти туку сакаат само да лажат. Велеа дека ќе има 1000 километри експресни патишта, 600 километри автопати, па дека се гради Клиничкиот центар во Ѓорче Петров- а дали некој го видел тој Клинички центар.Кога се работи за проект во инфраструктурата на СДСМ не му е гајле и гледаат како да направат некој договор, тендери, пари моќ.Тоа е СДСМ, потенцира тој.

Мисајловски е убеден дека ако се работи на Кичево-Охрид автопатот може да се заврши.

„Ако работат ќе го завршат,но проблемот е што не се работи и како поминува време се гледа дека тоа што го направиле застарува.Рокот го продолжија и сега најверојатно во Собранието ќе бараат ново одложување .Јас искрено сакам да се изгради и што побрзо да биде пуштен само треба да се продолжи со работа“, рече Мисајловски.

Тој ги наброи и капиталните прокети кои треба да се реализираат штом дојдат на власта.

-Тоа е клиничкиот центар, нови автопатим посебно од Скопје кон Битола, пругата кон Бугарија.Потребни се вложувања и во енергетиката и во животната средина.Сите забележуваат дека кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт има многу проекти и градежна офанзива, подобра економија и тоа го препознаваат. Затоа брендот ВМРО-ДПМНЕ е работа- вели потпретседателот на партијата.

“the delicate state of mind..”

„БЕГСТВО“ (2011) – Маринко Шлакески
(извадок)

ВОЈНИКОТ: Што правиме тогаш?
ПОРУЧНИКОТ: Знаеш што правиме.
ВОЈНИКОТ: Не знам. Кажи ми ти.
ПОРУЧНИКОТ: Држиме позиција.

ВОЈНИКОТ: Пак од почеток… Стануваш патетичен со таа твоја приказна за некаква лојалност кон нешто… кон некого, кој не сака ни да праша дали имаш храна, вода… па ни дали имаш чисти гаќи ако сакаш! (шета наоколу) Завршуваш школо, стануваш човек, среќаваш некого… тераш некоја своја среќа… по твое. Таа слика што ти ја покажав… ете тоа беше мојата позиција стари! И она малку среќа што ја барам и на која имам право! А ти ми дробиш тука некаква демагогија во која ни ти самиот не се снаоѓаш баш добро… Доаѓаат ноќе, ме собираат, „не им се чекало да фателе подобра позиција“. Старата се буди, прашува: Што е ова, кај те водат? Да не си направил нешто лошо… Спиј, и велам, нема ништо лошо. Ќе се вратам. Плаче… липа… Што да и кажам… што ќе разбере… А ние овде држиме позиција. Која позиција ја држиме ние? Да ти ја ебам јас тебе таа твоја позиција да ти ја ебам. Две недели гниеме овде како пцовисани кучиња. За каква позиција ми зборуваш ти!

ПОРУЧНИКОТ: Престани да мрчиш. Држиме стратешка позиција. Ова е стратешка позиција и затоа Министерството нè постави.

ВОЈНИКОТ: Министерството. Кое Министерство човеку, која стратешка позиција? Ти уште ли веруваш во тие гомнарии?

ПОРУЧНИКОТ: Еве сега точно ќе ти кажам! (вади од џебот парче хартија, чита) „Се повикува тој и тој задолжително да се јави…“ и најдолу стои: Министерство за подобро општество.. Ете кое Министерство! Мене ми е доверена задача да ја држам оваа точка по секоја цена и јас сум должен да го правам тоа. Тоа се вика посветеност, тоа се вика лојалност, ти надуена празна тикво! Сега разбра?!

ВОЈНИКОТ: (се доближува до него, му се внесува в лице) Надуена празна тиква? Ти мене ме нарекуваш надуена празна тиква? Бидејќи гнијам во оваа дупка заради твојата посветеност и лојалност? Заради тоа ли? Сите сте исти пичка ви материн, сите! Оди лево, не прашувај зошто, оди десно не прашувај зошто! Таква ли лојалност вам ви треба?Министерство за подобро општество… Да ти го ебам јас тебе таквото Министерство… А можеби нам ни треба Министерство за нормално општество пред тоа, а? Точно. Нам ни треба Министерство за нормално општество! И од кого тоа се браниме ние? И со кого тоа всушност војуваме ние… (покажува кон другата страна) Со вакви како нив? Кој има таму…кои се тие? А можеби и тие истото се прашуваат! Ќе каже ли некој зошто нè собраа и зошто нè оставија овде? (испукува неколку рафали во тој правец) Ајде пукајте пичка ви материн! Пукајте! Да се пресметаме и да завршиме еднаш со оваа будалаштина!

(се слуша пукање и од спротивната страна, двајцата брзо се засолнуваат зад ровот)..

По којзнае кој пат камион пропадна на плоштадот во Скопје (Фото)

Камион со товар утрово, по којзнае кој пат, пропадна на скопскиот плоштад во близина на фонтаната „Воин на коњ“.

Се работи за возило на приватна компанија кое со предните тркала пропаднало во плочникот во делот каде што се наоѓа партерната фонтана.

Јавноста веќе не се сеќава по кој пат камион пропаѓа на плоштадот. Последниот случај беше летово кога камион пропадна на местото на партерната фонтана.

Прилепската подружница на АД Македонска пошта има нов директор

АД Пошта Македонија-подружница ЦРПС Прилеп од вчера има нов директор.

На местото на досегашниот директор Доклески Зоран, именувана е Саша Лепиткова, долгогодишна вработена во прилепската подружница.

ФОТО/Фејсбук

Доклески функцијата директор на поштата во Прилеп ја извршуваше во изминатите неколку години, а сега функцијата ќе ја препушти на неговата помлада колешка Лепиткова.

Фантазија: Ова е новото ФИЌО (ФОТО)

Италијанската патека Монца ја прославува 100-годишнината на фирмата за заштита на автомобилски брендови – „Стелантис херитиџ“, со специјална комеморација на „фиќото“ којшто постави голем број рекорди на ова легендарно место и ја популаризираше марката „Абарт“.

„Абарт класиче 500 рекорд Монца ’58“ е специјален автомобил заснован на „Фиат 500“ од 1970 година, но приспособен за да изгледа како првиот модел модифициран од „Абарт“, којшто собори шест рекорди за брзина и издржливост во февруари 1958., на старата конфигурација на патеката. Новиот автомобил е обоен во зелено, има предна решетка и лого на „Абарт“, карбонска шасија позајмена од спортскиот „Алфа Ромео 4Ц“, фарови и цврста покривна плоча којашто го заменува платнениот покрив. Сепак, репликата е доста убедлива, внатре со волан од дрво, посовремена контролната табла, а поставено е само едно спортско седиште.

Позади има двоцилиндричен мотор со работна зафатнина зголемена на 595 кубика, што развива повеќе од 18 коњски сили и брзина над 98 км/ч, а е блиску до 26 КС и 118 км/ч постигнати од рекордерот од 1958 година.

Новиот автомобил е изложен на саемот „Автокласика“ во Милано, Италија. „Абарт“ ќе произведе вкупно шест примероци.

Машала: Арачиново потрошило за 474% повеќе стpyja од лани

Трендот на намалување на потрошувачката на струја од страна на државните институции продолжува и во октомври. Согласно податоците на Електродистрибуција за заштедата на електрична енергија произлегува дека административните згради на Претседателот на државата, Собранието, Владата, министерствата, АД ЕСМ, АД МЕПСО имаат остварено намалена потрошувачка на електрична енергија во просек од 29 отсто, што е повеќе споредено со вкупната заштеда од 20 отсто остварена во септември, информира министерот за економија Крешник Бектеши.

-Сите институции во октомври имаат најмалку за 15 отсто намалена потрошувачка на електрична енергија што е согласно препораките и задолженијата кои ги донесе Владата. При тоа најмала заштеда има кај Министерството за здравство од 18 отсто, а најголема заштеда има зградата на Министерство за образование до 58 отсто. Заштедата на електрична енергија на Владата изнесува 32 отсто, кај Собранието заштедата во октомври е 22, кај Кабинетот на претседателот на државата 24, кај административната зграда на ЕСМ заштедата е 25, а кај МЕПСО 22 отсто, рече Бектеши на денешната прес-конференција во Владата.

Ако се земат во предвид податоците вклучително и на сите државни претпријатија, агенции и управи, нагласи, тогаш вкупната заштеда на електрична енергија изнесува 24 отсто.

-Согласно податоците потрошувачката на електрична енергија само на министерствата сумирана заедно со сите единици кои се во склоп на надлежностите под одредено министерство е намалена за 33 отсто. Министерството за образование има постигнато најмала заштеда на електрична енергија од 24 отсто, а најголема заштеда има постигнато Министерството за животна средина од 94 отсто. Заштедата на електрична енергија кај Министерство за информатичко општество изнесува 50 отсто, кај Министерство за локална самоуправа 58, во Министерство за транспорт и врски и Министерство за финансии заштедата изнесува 44 отсто, кај Министерството за труд и социјална политика 40, Министерството за економија заштедило 30 отсто електрична енергија, исто толкава е заштедата на Министерството за внатрешни работи, прецизира Бектеши.

Во анализата на потрошувачката на електрична енергија за октомври 2021 година споредено со истиот месец во 2022 година, како што кажа, се опфатени вкупно 19 јавни претпријатија во државна сопственост со сите подрачни единици, каде вкупната заштеда изнесува 17 отсто.

Согласно податоците содржани во табеларниот приказ произлегува дека 15 субјекти оствариле заштеди од минимум 15 отсто во октомври 2022 година споредено со истиот месец во 2021 година, рече Бектеши.

Податоците за заштеда на електрична енергија кај општините кои имаа препорака да штедат, пак додаде, покажуваат дека од 81 општина, 65 општини постигнале заштеда од најмалку 15 отсто, од кои 12 општини постигнале заштеда поголема од 50 отсто.

Вкупно 16 општини не постигнале заштеда од 15 отсто, од кои само три имаат поголема потрошувачка во октомври 2022, споредено со октомври 2021 година, а останатите 13 општини имаат намалена потрошувачка, но не постигнале заштеда од 15 отсто, посочи Бектеши, објавувајќи дека додека Студеничани и Лозово потрошиле за 11, односно 12 отсто повеќе струја од ланскиот октомври, Општина Арачиново потрошила за 474% повеќе.

Овие податоци за заштеда на електрична енергија, порача, покажуваат дека доколку сме сите рационални и не трошиме беспотребно електрична енергија може да се направат големи заштеди. Упати апел до сите компании и до граѓаните рационално да се користи електричната енергија.

-Со рационално трошење на струјата ќе се овозможи намалување на сметките за струја и за граѓаните и за компаниите кои ќе станат поконкурентни. Ние како Влада ќе продолжиме да работиме и да носиме мерки се со цел оваа енергетска криза која ја зафати цела Европа да има најмали негативни ефекти за граѓаните, а со заеднички напори и штедење да има и најмали негативни ефекти за целата држава, потенцира Бектеши.

Од вечерва ново намалување на цените на гopивата

Мазутот од ноќеска на полноќ поевтинува за 1,478 денари за килограм, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,66 отсто.

Новата малопродажна цена на Мазутот М-1 НС ќе изнесува 43,046 денари за килограм. ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се продава за 88,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 90,5, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 90, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 85,5 денари за литар.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,64 отсто, кај дизелот за 1,75, кај екстра лесното за 1,745 и кај мазутот за 4,114 отсто. Курсот на денарот, пак, во однос на доларот е понизок за 0,112 отсто.

Падна првиот снег во Македонија: Еве каде денеска се формираше снежна обвивка (ФОТО)

Во Македонија од вчера веќе дојде значително постудено време кое низ нашата држава донесе дожд, но и снег.

Во текот на целата ноќ снег паѓаше на неколку повисоки места во Македонија, а во овие моменти според камерите на „SkiMacedonia“ може да се забележи дека паѓа снег на Попова Шапка и на повисоките места во Маврово.

Снег има и на Галичица,а според метеоролозите нови врнежи се најавени и за во текот на ноќта, но и утре.

Од УХМР најавуваат и засилен, а во источните делови и долж Повардарието повремено силен ветер од југоисточен правец (70 км/час). Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, пообилни во западните делови (над 20 л/м2 за 12 часа).

На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.

Бектеши: Стpyjaта пак ќе пocкапи, ама нема да биде многу

Не се предвидува од 1 јануари идната година да има значително зголемување на цената на електричната енергија, особено не за домаќинствата и за малите потрошувачи, информира денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

– Се прават калкулациите за цената на електричната енергија од 1 јануари. Убеден сум дека ќе има намалување за малите потрошувачи и можам да кажам дека тоа е веќе одлучено. Во делот на домаќинствата ќе провериме со блок тарифите во кој од блок тарифите има поголема потреба да се интервенира од страна на Владата – дали тоа ќе биде втората блок тарифа или третата. За четвртата блок тарифа уште од сега можам да кажам дека ќе бидам за дополнително да се зголеми цената со цел тие што имаат најголема потреба од пониски цени да бидат покриени од тие што нерационално трошат, а со тоа и можат да го сносат тој товар, рече Бектеши во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Потенцира дека веќе се дизајнирани сите мерки што ќе почнат да се спроведуваат од 1 јануари идната година, кои, како што кажа, главно се насочени кон дополнителна поддршка кон граѓаните и кон компаниите кои се на регулиран пазар како мали потрошувачи.

Фатен кpaдец кој оперирал во Домот за култура во Битола

Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода Б.В.(23) од Битола поради сторено кривично дело тешка кражба на 19.10.2022 во Центарот за култура Битола.

Б.В. го признал делото и по документирање на настанот ќе следува кривична пријава – информираат од СВР Битола.