дома блог страница 1347

“BLACK FRIDAY”: Како се движи “онлајн” продажбата во светот

Првата забележана употреба на терминот „црн петок“ не била применета за “шопинг” по “Денот на благодарноста”, туку e поврзана со финансиската криза – поконкретно, падот на американскиот пазар на злато на 24 септември 1869 година. Двајца познати немилосрдни финансиери од Волстрит, Џеј Гулд и Џим Фиск, работеле заедно за да купат колку што можат од златото, надевајќи се дека ќе ја зголемат цената до небо и ќе го продадат за неверојатен профит.

На тој петок заговорот конечно беше разоткриен. Да се доведе пазарод до “слободен пад” и да се банкротираат сите, од богаташите на Вол Стрит до фармерите.

Да, тоа е историјата на “Black Friday”, а денес целта е сосема поразлична.

Како и да е, сега можете да имате целосна слика како се движи продажбата во светот од секунда во секунда. По се изгледа дека Американците воопшто не губат време.

Следете ја онлајн продажбата во светот на следниот ЛИНК.

Јовчески: За една година реализиравме над 60% од ветеното и покрај наследените долгови од 5 милиони евра

Реализирани околу 60 проценти од програмата и покрај тешката наследена финансиска состојба е одличен резултат во првата година од мандатот на градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.

Во неговото обраќање за регионалната средба и трибина на општините од Пелагонискиот плански регион, Јовчески се осврна на дел од проблемите со кои се соочил како градоначалник на општината.

-Наследивме долг од 300 милиони денари и оваа состојба мораше да биде почетната точка на мојот мандат. Изминатава година веднаш започнавме да се справуваме со предизвиците и ветувањата кои ги дадовме пред изборите на граѓаните, а годинава успеавме да исполниме голем број од нив, кажа градоначалникот Јовчески.

Јовчески даде и краток осврт за најголемите проекти кои ги реализира општината во првата година општина Прилеп.

-Завршени се градежните работи на градинката во населба Точила, а остануваат уште некои активности на министерството за труд и социјална политика околу внатрешното доопремување. Градинката е со капацитет за најмалку 250 деца, а за најмладите го реализиравме и ветувањето за доделување по 6000 денари за секое новородено дете во нашата општина. Во завршна фаза е изградбата на крак на плоштадот Методија Андонов Ченто, кој е со површина од околу 3.500 метри квадратни, кој е изграден со целосна инфраструктура и урбана опрема, додаде Јовчески.

Како еден од најголемите капитални проекти на општина Прилеп во идната 2023 година, градоначалникот Јовчески го издвои проектот за уредување на еден од влезовите во Прилеп, од страната на Крушево. Станува збор за ново булеварско решени во должина од повеќе од 2 километри, каде општината ја има завршено целата потребна документација, а следна фаза е спроведување на тендерските постапки и почеток на градежни работи, која градоначалникот Јовчески најави дека може да започнат до крајот на годинава.

Регионалната средба беше организирана од страна на Комисијата за локална, Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт, Комисијата за енергетика и Комисијата за финансии при ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија и ЕУ задоволни од квалитетот на преговарачкиот тим, процесот зема замав

Вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач, Бојан Маричиќ истакна дека е задоволен од подготвеноста на македонскиот преговарачки тим. Оценката следува по завршувањето на првиот билатерален скрининг за поглавјето 24 „Право, слобода и безбедност“. Маричиќ воедно додаде дека македонскиот преговарачки тим во Брисел го објаснил нивото на усогласеност со законодавството на ЕУ и негова имплементација.

Претходно и премиерот Димитар Ковачевски рече дека е започнато ново поглавје на европскиот пат, додавајќи дека тимот е посветен за скрининг-процесот да се заврши во зададениот рок.

„Македонскиот тим е подготвен, има експертиза, има знаење и ќе го заврши скринингот во планираниот рок од 14 месеци. И ние, и ЕУ, ги исполнуваме нашите ветувања. Останува следниот чекор, уставните измени, кои ќе се најдат пред македонското Собрание и нашите 120 пратеници“, рече Ковачевски.

Сепак, покрај пофалните зборови од домашните власти за тимовите кои преговараат за членство во Брисел, претставници на меѓународната заедница го споделуваат мислењето, изразувајќи задоволство од квалитетот на преговарачите.

Откако започна скрининг процесот во земјава пристигна и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која кажа дека Европската унија не е целосна без Македонија.

-Веднаш започна скринингот на правото на ЕУ. Сега земјата е цврсто на вистинскиот пат и преговарачкиот процес зема замав. И многу добра работа се прави, рече Фон дер Лајен.

Амбасадорката на Шведска во Ларсон Јаин, чија земја е наредниот претседавач со Унијата, на последниот состанок со премиерот Димитар Ковачевски изрази честитки за отпочнатите преговори на Република Македонија со ЕУ и посочи дека земјата има подготвени тимови кои го водат скрининг процесот.

Неодамна, француската државна секретарка за Европа, Лоранс Бун од Скопје истакна дека Македонија напредува доста во поглед на усогласувањето со европското законодавство, истакнувајќи ја и важноста од усвојувањето на уставните измени како следен чекор и дел од европскиот договор.

Според неа, Франција е тука за време на преговорите и е подготвена да ѝ помогне на Македонија за да ја постигне својата цел за полноправно членство во Унијата.

Од друга страна, европратеничката и лидерка на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите во ЕП, Ираче Гарсија Перез, при посетата на земјава, исто така ја потенцира европската иднина на земјава која ги започна преговорите и скринингот.

-Сега е најдобро време заеднички да се работи. Тука сум да пратам јасна политичка порака од нашето политичко семјество, втората најголема политичка група во Европскиот парламент со над 150 пратеници, но и со осум комесари во Европската комисија. Тука сум да ја поддржам оваа нова динамика во процесот на пристапните преговори, порача Перез.

На иста линија е и генералниот секретар на Организацијата за економска соработка и развој, Матијас Корман. Тој го поздрави почетокот на пристапните преговори на Република Македонија со Европската Унија и оцени дека пристапните преговори овозможуваат брзи и квалитетни реформи.

Инаку, Владата ја креираше преговарачката структура на петти септември годинава, а е поддржана и од експерти, државни службеници кои со години работат на ова поле, а се надградува и со експерти и стручни лица надвор од институциите, но и надвор од државата кои имаат искуство со водење преговори и пристапување на други држави во ЕУ. -Нашата заложба и намера е да обезбедиме квалитетна и ефикасна структура која ќе може да се носи со сите предизвици, соопштија од Владата, од каде повторија дека целта е полноправно членство во Унијата во 2030 година.

Утре сите во сала: Прилепчани целат на нова победа!

Eкипата на Мега Баскет утре со почеток од 19:00ч. во спортската сала на ООУ “Добре Јованоски” во Прилеп, ја дочекува екипата на Тетекс.

Прилепчани во досегашниот дел од првенството во Третата кошаркарска лига имаат 5 од 5 победи и се најсериозен кандидат за пласман во повисок ранг на натпреварување.

Од клубот ги повикуваат сите љубители на кошарката да ги поддржат младите кошаркари, со цел да стигнат до уште една победа.

Во Прилеп започнаа подготовките за традиционалниот турнир во мал фудбал “Св. Никола”: 32 екипи, 2 недели фудбалска забава, 5 натпревари на ден

Општина Прилеп како покровител заедно со новоформираниот иницијативен одбор, ги започна подготовките за организација на традиционалниот турнир во мал фудбал “Св. Никола 2022”.

Турнирот ќе се одржи по пауза од 3 години, а натпреварите ќе се одиграат од 10 до 25 декември во спортската сала на основното училиште “Добре Јованоски”.

На турнирот учество ќе земат 32 екипи поделени во 8 групи, а сите детали околу средствата за котизација, наградните фондови и жребот ќе бидат познати во текот на идната недела.

Турнирот оваа година ќе понуди богата спортска програма со 5 натпревари во еден ден, а во викендите предвидени се и натпревари за најмалите, како и ревијални натпревари.

-Како покровител на турнирот “Св. Николa”, заедно со иницијативниот одбор ќе се погрижиме турнирот да се одржи во одлична спортска атмосфера и организација. Фудбалските вљубеници од нашиот град треба да знаат дека како општина повеќе пати се обидовме да го обезбедиме спортскиот храм – Универзалната сала, каде турнирот традиционално се одржуваше со години, но за жал не наидовме на разбирање од централните власти – велат од општина Прилеп.

Силва распали по Пикси: “Покажа непочитување! Следен пат подобро да не анализираат”

На медиумската конференција на српската селекција, новинарите го прашаа Стојковиќ за составот на Бразил и најавата дека ќе играат со четворица напаѓачи.

„Со четворица напаѓачи? Тогаш сме готови. Но кој ќе игра во одбрана?“ се насмеа Пикси.

Оваа изјава на Пикси предизвика и рекација од таборот на Бразил или поконкретно, столбот на тимот, Тијаго Силва.

“Ја видовме изјавата на нивниот тренер. Тој покажа непочитување. Ако подобро го анализираше нашиот тим, ќе видеше дека ретко примаме голови, без разлика на формацијата во која играме. Живееме во такво време што се брзо ви доаѓа. , особено на социјалните мрежи. Немаа ни шанса да постигнат гол на овој натпревар, нека не анализираат подобро следниот пат и нека разговараат со поголема почит“, изјави Силва.

Групата “Врховисти” го најави отварањето на новиот бугарски културно-информативен центар во Скопје

Денеска во Скопје со церемонија која ќе започне во 13.00 часот ќе се отвори бугарски културно-информативен центар, во самиот центар на градот.

Отварањето претходно го најави група наречена “Врховисти” која на Тик Ток сподели промотивно видео.

Група граѓани вчера најавија протест пред бугарскиот центар со почеток во 12 часот.

Koсовскиот премиер го гаѓаа со цреши, обезбедувањето го бранеше со чадор (Видео)

ПОДДРЖУВАЧИТЕ НА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКАТА ПАРТИЈА ГО ГАЃАА СО ЦРЕШИ ПРЕМИЕРОТ НА КОСОВО АЛБИН КУРТИ ПРЕД ЗГРАДАТА НА ВЛАДАТА КАДЕ ШТО ТРЕБАШЕ ДА ГО ПРЕТСТАВИ БУЏЕТОТ ЗА 2023 ГОДИНА.

Активистите на СДП фрлаа цреши кон Курти, кој потоа влезе во зградата преку таен влез, придружуван од обезбедувањето. Според медиумите, причина е албанскиот договор со Србија за регистарските таблички.

СДП тврди дека Курти користел датуми и рокови за да ја промовира сликата на отпорот.

– Ги користи разговорите со граѓаните како платформа за бегство од главната тема. Курти е заинтересиран вчерашната тема што поскоро да се заборави, бидејќи зад прифаќањето на некоја ситна тема, како што се табличките, се криеше едно големо прашање, прифаќањето на Заедницата на српски општини. Тие рокови требаше да ја потхранат сликата за отпорот кој не успеа. Премиерот го голташе секој нивен збор. Исто како во басната за цреши. Граѓаните на државата неселективно ја јадат штетата. Господине премиер, црешите се само за вас – тврдат од СДП.

Гулабоски им одговори на СДСМ: За cтpyja со вас плаќаме цели 5 милиони, штpajк во претпријатието нема, работиме на усогласување на платите (Видео)

СДСМ веќе потрошија два преса каде водени од нискополитички цели, Ве доведуваат до заблуда. Но, фактите, бројките и конкретните датуми се тие кои ја разоткриваат вистината. Факт е дека од 11-ти месец 2021г. ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп плаќа сметки за електрична енергија повисоки од 5.000.000ден., кога претходно сметките не надминувале повеќе од 1.000.000ден – истакна на денешната прес конференција директорот на ЈКП Водовод и канализација Прилеп, Игор Гулабоски.

Прес конференцијата во целост ја пренесуваме во продолжение:

Ние како јавно претпријатие заедно со другите јавни претпријатија 6 месеци зборувавме и молевме пред Владата на РМ да се изнајде начин како да се надмине оваа енергетска криза која директно не погоди нас, јавните претпријатија. Затоа што централната власт немаше слух и не сакаше да не прими и да разговараме, бевме приморани на локално ниво да го решаваме проблемот се со цел да не дозволиме јавното претпријатие „Водовод и канализација“Прилеп да биде доведено во ситуација да не може да ја извршува својата основна дејност, а тоа е водоснабдувањето. Така доведени во безизлезна ситуација , после направени бројни анализи и консултации, цената на водата беше покачена за 20% или попрецизно просечно семејство ако претходно месечно плаќало 576ден. сега плаќа 694ден.

Но, она што е најбитно, што беше и јасно, и прецизно кажано од претседателот на ВМРО ДПМНЕ г-н Христијан Мицкоски при една посета на Прилеп, во присуство на претседателот на Совет Дејан Проданоски и градоначалникот Борче Јовчески беше тоа дека, доколку Владата на РМ се одважи и најде начин јавните претпријатија каде оснивач се јавува општината да влезат во категоријата на мерки кои ќе користат субвенционирана електрична енергија исто како и државните јавни претпријатија кои претходно беа опфатени со владините одлуки, уште на прва наредна или итна седница на Совет ќе биде донесена одлука со која ќе биде вратена цената на водата во Прилеп.

Откако јас како директор во два наврати јавно алармирав за состојбата на финансиската состојба на претпријатието поради енормно високите фактури за електрична енергија, Ковачески се одважи да ги стави на разгледување и јавните претпријатија кои вршат водоснабдување, после зголемувањето цената на водата, па дури потоа донесоа одлука за субвенционирање на истите за потрошената електрична енергија по цена од 95 евра по МW/h.

Господа од СДСМ, до овој момент ЈКП„Водовод и канализација“ Прилеп сеуште нема потпишано договор со ЕСМ по насоките од Владата за да можеме да преминеме на следниот чекор за намалување на цената на водата како што беше и најавено од страна на претседателот Христијан Мицкоски, градоначлникот и претседателот на Совет.

Зошто Владата не е способна да си ги спроведе своите одлуки во брз од, иако од страна на ЈКП„Водовод и канализација“Прилеп бараните потребни документи се пратени на ЕСМ Продажба уште на 09.11.2022г. треба прашањата да ги упатите на вашите партиски претпоставени функционери кои катастрофално се справуваат со енергетската криза.а очигледно вашите информатори не се доволно информирани или пак можеби и ве лажат. Така да, бидете трпеливи, следете не и ќе се уверите во моментот кога ќе биде вратена цената на водата , откако Владата претходно ќе си ги спроведи сите процедури кои си ги донесе.

Ова само потврдува дека сме биле во право кога баравме да интервенира централната власт во справувањето со енергетската криза на локално ниво, додека вие критикувавте, критикувате и денес ослепени од вашата безидејност како да се нападни управувањето на јавното претпријатие само затоа што не е кадар на СДСМ. Барате оставки од мене како директор и од градоначалникот Борче Јовчески а ние сме тие кои ги преземаме сите чекори со цел да нема што поголеми последици врз претпријатието од оваа состојба која ја затекнавме.

На денешниот прес искажавте уште една заблуда господа од СДСМ. Во Водовод и канализација Прилеп до овој момент нема штајк за кој вие зборувате. Едноставно има разговори и консултации помеѓу синдикатот на јавното претпријатие и мене како директор, со цел да се изнајде законско и издржано решение за усогласување на платите на вработените кое беше предизвикано од законот за минимална плата. Државата за некого е мајка а за некого маќеа, па ние треба да ги решавме проблемите кои тие ги предизвикуваат.

Вечерва во “Заспиј ако можеш” на “Алфа” гостува Антонио Милошоски – жешки теми за актуелни прашања

Вечерва во емисијата “Заспиј ако можеш” на “Алфа ТВ” гостува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

-Вечерва во 22.30мин гостувам во “Заспиј ако можеш”. Тема се Онишченко, премиерот Ковачевски и улогата на директорот на АНБ, напиша Милошоски на Фејсбук.