дома блог страница 1346

Maслото “Брилијант” поевтини за 40 денари

Маслото за јадење е поевтино, а цената на репроматеријалите мирува, констатираше денеска извршниот директор на „Витаминка“, Сашо Наумоски при денешната посета на премиерот Димитар Ковачевски на фабриката „Брилијант“ во Штип, која е дел од групацијата на „Витаминка“.

„Цената е падната за скоро 40 денари и ние се трудиме и понатака цената да ја намалиме и да ја донесеме, ако е можно да дојде до цените од пред три години што беа. Цената најмногу зависи на нашиот производ од суровината“, истакна Наумоски кој додаде дека нема да ги користат владините поволности за поевтина струја за прехрамбената индустрија од 1 декември, бидејќи имаат инсталирано фотонапонски централи.

Ковачевски пак порача дека во период на тешка економска криза домашните капацитети за производство на основни прехранбени производи, меѓу кои и маслото за јадење, се ставени во полн капацитет, а мерките кои што беа донесени од Владата имаат за цел да се избегнат ценовните шокови и да се заштитат граѓаните.

Согласно податоците, вкупно 518 субјекти, од кои 235 производствени капацитети на основни прехранбени производи се пријавија за снабдување со електрична енергија со пониски цени преку „ЕСМ Продажба“ и тие ќе бидат снабдувани со струја по цена од 85 евра за мегават час, која треба да влијае на намалување на цените на основните прехранбени производи. На 1 декември ќе се видат и првичните резултати на пазарот од мерката за поевтина струја и според сите параметри се оекува намалување на цената на производите за најмалку 10 отсто.

Во пpecpeт на меѓусебниот дyел на Светското, Англичаните и Велшаните се преслушаа со бокcoви и столици (Видео)

Фудбалерите на Англија и Велс се наоѓаат во групата Б на Светското првенство (СП) во фудбал, а пред нивниот дуел во третото коло се случи тепачка меѓу навивачите на двете репрезентации.

На социјалните мрежи се појави снимка, која наводно е направена во Тенерифе, каде што се степале фанови на Англија и Велс, а притоа се користеа столчиња и шишиња, но летаа и боксови на сите страни.

Шпанските медиуми претходно објавија дека околу 2.500 навивачи од Островот го посетиле Тенерифе, откако не успеале да заминат за Катар.

Николоски: “Ќе освоиме најмалку 61 пратеник за да не трпиме уцени од никого”

Се надевам дека ќе добиеме поддршка од народот за да не трпиме никакви уцени и за да не зависиме од нечии лични или партиски интереси. Во однос на тоа дали ќе поканиме партнер во владата или не, тоа е сосема друго прашање кое можеме да го разговараме по завршување на изборите, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ

По следните избори ВМРО-ДПМНЕ ќе формира влада затоа што самостојно ќе освои над 61 пратеник и нема да трпи уцени од никого, вели потпретседателот на партијата, Александар Николоски, во „360 степени“ на ТВ Алсат, прашан дали партијата може да остане без партнер кај партиите на Албанците дури и да победи.

Тој рече дека во моментот бројките се такви што партијата е сѐ поблиску до самостојно освојување мнозинство во Собранието.

„Се надевам дека ќе добиеме поддршка од народот за да не трпиме никакви уцени и за да не зависиме од нечии лични или партиски интереси. Во однос на тоа дали ќе поканиме партнер во владата или не, тоа е сосема друго прашање кое можеме да го разговараме по завршување на изборите“, рече Николоски.

Aкциска на полициjaта во Битола: Пpoнашле малолетници во угостителски објекти после 12 часот

На 25/26.11.2022 година, во времето од 23.00 часот до 03.00 часот,од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција и од униформираната полиција при СВР Битола, по претходно изготвен план, спроведена e акциска контрола во шест угостителски објекти во Битола.

При контролата, во четири угостителски објекти затекнати се седум малолетници подоцна од 24 часот. Малолетниците се предадени на родителите, а по документирање на случаите ќе бида поднесени соодветни поднесоци – информираат од СВР Битола.

Македонија конечно во првите 10 земји во светот – ама во поскапување на храната

Поради владата на СДС и ДУИ, Македонија се соочува со економска катастрофа и драстично осиромашување на народот. Тоа го покажува и новиот извештај на Светска Банка според кој Македонија е во првите десет земји во светот кои имаат највисока реална инфлација во храна. Оваа стапка се пресметува како инфлација на цените на храната минус вкупната инфлација и резултатите се поразителни. Од Европските земји пред нас е само Унгарија, а со Турција ја делиме позицијата. Други европски земји нема, туку сите останати се од Африка, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека катастрофални параметри измерил и Државниот завод за статистика во октомври, според кој цените за храна во октомври се повисоки за 32,4%.

– Но ако се земе предвид поскапувањето на основните намирници за над 50%, тогаш осиромашувањето на народот е далеку поголемо. Народот ќе трпи за леб, а на Ковачевски око не му трепнува. Владата на Ковачевски не направи ништо ова да го спречи. Напротив тие времето го трошат на тендери и лично богатење додека народот се соочува со рекордни стапки на инфлација кои се едни од највисоките во Европа и светот. Цените беснеат, долгот забрзано расте, енергетската криза станува се поголема, а Македонија со Ковачевски како по правило секогаш има најлоши параметри во споредба со другите земји. Оваа неспосбна и криминална власт мора да замине. Народот премногу скапо ја плаќа нивната неодговорност, се додава во партиското соопштение.

Уaпceни тројца кpaдци, меѓу нив еден од Прилеп – Укpaле тpaктop од двор

Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола во соработка со Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен, ОВР Прилеп и ПО Ропотово на 24 и 25.11.2022 лишија од слобода три лица Е.С.(38)од Битола, И.Н.(48)од Прилеп и А.А.(46)од с.Лажани, општина Долнени, поради основи на сомнение дека на 27.04.2022 во с.Подмочани, ресенско, во дворно место украле трактор ИМТ, сопственост на лице од Ресен.

Тракторот е пронајден и ќе биде вратен на сопственикот, а против приведените ќе биде поднесена кривична пријава.

Денеска облачно и ветровито, од утре постудено и снег!

Утрото студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот умерено до значително облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.

Во Скопје претежно облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Од недела под влијание на студена воздушна маса времето ќе биде претежно облачно со опаѓање на температурата на воздухот. Ќе има повремени врнежи, кои заради заладувањето во недела попладне и во текот на ноќта кон понеделник ќе бидат пообилни и ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места. На планините и на повисоките места ќе се формира снежна покривка, особено во западните делови.

Битола: Уaпceни тројца млади за поседување дpoга, a стечаен управник на фабрика за канабиc организирал производство и покрај одземена лиценца

Од полицискиот билтен на МВР

-На 24.11.2022 на ул.„Широк сокак“ во Битола, полициски службеници од Полициска станица Битола ги лишиле од слобода М.М(24), Д.Т.(24) и В.Т.(24), сите од Битола, затоа што кај нив била пронајдена и одземена прашкаста материја.

По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – велат од СВР Битола.

——————————————————————————————————

-СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Т.(74), Л.Н.(42), Ж.Н.П.(54) и Г.Т.(54), сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет, наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Од почетокот на јануари до средината на август, В.Т. како стечаен управник на правен субјект организирал и обезбедил услови на Л.Н., Ж.Н.П. и на Г.Т., кои биле вработени, да работат нелегално.

Тие, иако знаеле дека поради констатитрани неправилности од Министерството за здравство му била одземена лиценцата за одгледување на растението канабис за медицински цели и отворената стечајна постапка за правниот субјект, продолжиле со производство во фабриката – информираат од СВР Битола.

Oва се xepoите кои денеска во Македонија ја извршија првата тpaнcплатациja на цpн дpoб (ФОТО)

На Клиниката за дигестивна хирурија, денес беше направена првата трансплантација на црн дроб од починат донор- прва во историјата на македонскотo здравство.

Шеесет годишен пациент со хронична болест на црниот дроб доби здрав орган од пациентка во мозочна смрт чие семејство вчера се согласи да ги донира органите.

Покрај црн дроб, се вршат и трансплантации на бубрези кај двајца пациенти со бубрежна болест.

– Би сакал од мое лично име и од името на целиот персонал вклучен во трансплантациите да се заблагодарам на семејството на донорот и на нивната одлука да спасат не еден, туку три животи. Ни покажаа уште еднаш дека живот може да се подари. Благодарност и до сите медицински тимови вклучени во трансплантацијата кои изминтите 24 часа работеа и продолжуваат да работат со пациентите.Особена благодарност до професор Зоран Караџов и неговиот тим, како и тимот на Клиниката за гастроентерохепатологија, кои денес испишаа нов лист не само во делот на дигестивната хирургија туку и во целокупното здравство, истакна министерот за здравство, д-р Беким Сали.

Македонски новинap yбеди бyгapcки лидep на пapтија дека е Maкедонец (ВИДЕО)

Новинарот се вика Матеја Петровски, работи во Алфа ТВ како репортер и често пати се наоѓа во невозможно услови како онаа кога Заев го нарече Боки 13 ,,педер” а Героски суетен новинар.

Денеска Матеја го начека лидерот на бугарската проруска националистичка и антимакедонска партија ,,Преродба”, Костадин Костадинов, кој беше во Скопје каде што продолжи со навредите кон Македонците кои според него се Бугари.

На крајот Матеја го убеди Костадин дека е Македонец.

Видеото на овој линк: