Вечерва во 19:00 часот, во хотел „Кристал палас“- Прилеп, ќе се одржи Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
По завршување на Централниот комитет, во 20:00 часот, ќе биде дадена изјава за медиуми – стои во соопштнието на партијата.
„Вечерва сите ќе навиваат за Србија, во Црна Гора, на Косово, но и браќата Македонци!
Ова го порача српскиот претседател Александар Вучиќ во пресрет на настапот на српската репрезентација во вечерашниот натпревар против Бразил на Мундијалот во Катар.
Бразил е еден од главните фаворити за светскиот трон, а во Србија со нетрпение и еуфорија се очекува натпреварот вечерва во 20 часот.
Вучиќ рече дека се слушнал со селекторот Стојковиќ и му посакал среќа.
„Па како биде, нека биде. Од првата до последната минута ќе бидеме со нив без разлика дали ќе победиме или ќе изгубиме. Им блгагодарам на се, веруваме во нив. Се разделија од семејствата за да се борат за својата држава“, изјави Вучиќ на денешната прес-конференција за медиумите
Регулаторната комисија ги објави новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ, а притоа Дизелот ќе се намали за два денари и ќе чини 88 денари за литар.
Ова е првпат дизелот да падне под границата од 90 денари за литар, откако претходно најевтин беше на 31 мај и чинел 87 денари за литар.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.11.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 86,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 88,50 ден/лит.
Општина Прилеп ги информира граѓаните дека и покрај неколкуте испратени официјални писмени барања до Јавното претпријатие – Државни Патишта, во чија надлежност спаѓа јавното осветлување на влезот од Битола, се уште немаат добиено одговор, а клучката за влезот во градот со месеци е во мрак.
Само пред два дена кај истата клучка се случи cooбpaќajна нecpeќа во која повpeдени беа 6 лица.
-Сакаме да ве известиме дека Општина Прилеп (комуналното одделение) со неколку официјални писмени барања како и многу телефонски јавувања се обрати до Јавното претпријатие – Државни Патишта во чија надлежност спаѓа јавното осветлување на влезот од Битола. За жал со месеци немаме добиено никаков одговор дека овој проблем, кој што претставува закана за безбедното одвивање на сообрајќајот би можел да биде решен.Како Локална самоуправа понудивме доколку можи да ни биди дадена надлежност од ЈП Државни патишта и со сопствени ресурси како што го одржуваме јавното градско осветлување во општина Прилеп, ќе го решиме овој проблем за кој што имаме реакции од безброј наши сограѓани и учесници во сообрајќајот – стои во соопштението од општина Прилеп.
Jaпонските навивачи се вистински херои на Светското првенство во Катар. Не само што направија сензација и ја победија Германија, туку потегот на нивните навивачи кои го чистат ѓубрето после секој натпревар, е нешто за кое зборува целиот свет.
Медиумите и дел од навивачите на останатите репрезентации ги прашале: “Зошто го правите ова? „Бидејќи имаме голема почит за тоа каде сме, никогаш не оставаме валкано“.
Секоја чест!
Карпата Слонот се наоѓа на десната страна од патот кој води од населбата Варош, Прилеп до Маркови Кули веднаш по последните куќи од населбата, од каде има прекрасен поглед кон градот.
Карпата во форма на слон според едни, а во форма на штрк според други е висока 7 метри, а широка од 2,5 до 4,5 метри.
За Слонот се претпоставува дека бил своевиден свет објект уште во праисторијата и антиката, гробовите вкопани околу карпата, кој заедно со непрепознатливата фреска насликана во вдлабнувањето на западната страна укажува на духовниот и материјалниот живот поврзан со карпата и во средниот век по доаѓањето на христијанството.
За карпата се поврзани многу легенди, според едната Ханибал ги донел слоновите во Прилеп на поклонение на камениот природен монумент како слон по освојувањата на Рим.
Според друга луѓе што имале направено лоши дела доаѓале до слонот, во камарите секогаш полни со вода на миење раце и лице за да се исчистат, а според трета Слонот бил собиралиште на Богомилите…
Повеќе интересни стории погледнете на Водич низ Македонија
Велика Британија е соочена со нов проблем со снабдувањето со храна, бидејќи има недостиг од јајца.
Според британските медиуми, поради птичјиот грип и зголемените трошоци за производство дошло до недостиг на јајца.
Супермаркетите веќе се принудени да ја рационализираат продажбата, па ланецот супермаркети „Теско“ во моментов дозволува продажба до три пакувања јајца по клиент.
Слични одлуки веќе донесоа и синџирите „Асда“ и „Лидл“.
Синџирот пабови „JD Wetherspoons“ објави дека во некои гранки од менито се избришани матени јајца.
Имаме проблеми да ја обезбедиме потребната понуда за покривање на побарувачката во сите пабови“, соопштија од компанијата, пренесува Танјуг.
На почетокот на октомври, Здружението на производители на јајца (BFREPA) беше принудено да заколи повеќе од 750.000 кокошки за да го спречи ширењето на групата птици.
Според Министерството за екологија, потврдени се повеќе од 200 случаи на птичји грип, што е најголем бран во Велика Британија.
Минатата година во Велика Британија беа произведени 11,3 милијарди јајца, а 1,4 милијарди требаше да се увезат за да се покрие целосната побарувачка.
Неодамна во италијанските медиуми се појави информација дека Бразилците го снимале тренингот на Србија со дрон, но српскиот селектор Драган Стојковиќ – Пикси не е премногу потресен од тоа.
Србија и Бразил на Светското првенство во Катар ќе се соочат во четврток од 20.00 часот, а еве го одговорот на Пикси на ваквите информации.
– Не верувам во тие информации. Кои сме ние за да нè гледаат? Тие се фудбалска велесила, ние сме во понизок ранг, новинарите сакаат малку да измислуваат, мислам дека тоа е дезинформација. Но, дури и да испрателе дрон, не знам што би виделе, ништо посебно – изјави Пикси.
Стојковиќ истакна дека го знае тимот со кој ќе го напаѓа Бразил, но не сакаше да го открие тоа, бидејќи тоа би било непрофесионално.
Жална слика од прилепската Стара чаршија и централното градско подрачје. Никаде жива душа, а часот кога се направени фотографиите е 21:00.
Нема дожд, температурите се се’ уште над нулата, а чаршиските сокаци зјаат празни…
Дали Прилеп се празни како град, или економската криза си го зема данокот, па поголем дел од граѓаните и младите веќе немаат можност секоја вечер да излезат и да испијат барем едно кафе?
На 22.11.2022 на ул.„Браќа Миладиновци“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од cлобода С.Е.(39) и З.Н.(45), двајцата од Прилеп, затоа што при преглед на патничко возило „опел корса“ со прилепски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.
По документирање на случајот пpoтив нив ќе следува соодветен поднесок – информираат од СВР Битола.