дома блог страница 1345

Навивам за тој што ќе победи – Хит видео од Светското во Катар

Полска победи со 2:0 против Саудиска Арабија, а победата на Пољаците ја засени овој навивач на трибините чие видео стана вирално преку ноќ на социјалните мрежи.

Погледнете:

Победа прими шест голови – 3+ прво, 3+ второ

По тринеделна пауза, фудбалерите на Победа денеска се вратија на првенствените обврски во Првата фудбалска лига, а во Прилеп гостуваше актуелниот шампион Шкупи.

Иако на првиот натпревар во Скопје, црвено-белите стигнаа до бод, денеска во Прилеп победашите доживеаа вистински дебакл.

Шкупи предводен од прилепчанецот Гоце Седлоски ја понижи Победа со 0:6 (0:3 на полувремето).

Гостите од Скопје стигнаа до висока предност уште во првото полувреме со головите на Хамиди, Трапановски и Јамајканецот Цепхас. Во вториот дел уште три гола во мрежата на прилепчани. Повторно Алжирецот Хамиди прв се запиша во листата на стрелци, па следеа погодоци на Бразилецот Куевен и Костариканецот Фреди Алварез.

Лошо за Победа е и тоа што Скопје кој се наоѓа на последното место на табелата триумфираше над Академија Пандев со 2:1, па сега им се доближи на прилепчани на само 2 бода.

Во наредното коло црвено-белите го пречекуваат Скопје, натпревар кој мора да се победи за да се остане на местата од табелата кои водат во плеј-аут разигрувањето на крајот од сезоната.

После одиграни 14 натпревари, Победа има само три триумфи, два нерешени резултати и дури девет порази, а гол разликата е 11:25.

Ограбена бензиска пyмпа на патот Прилеп-Битола

На 27.11.2022 во 04.14 часот било пријавено дека на патот Прилеп-Битола во бензинска пумпа едно лице со закана од вработениот одзело пари.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од СВР Битола.

Утре ќе се разбудиме со снег – Ова се деталите од УХМР

Слаб снег наместа ќе провејува утре во утринските часови, но во текот на денот, како и во вторник ќе има преодно стабилизирање на времето. Нов влажен бран со локални врнежи од дожд, а на планините на запад од снег, се очекува во среда и четврток.

Утринските температури ќе се движат од минус 5 до 3 степени, а дневните од 1 до 10 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб северен ветер. Утринската температура ќе достигне до 2 степени, а дневната до 7 степени.

Денеска се празнува Св. Апостол Филип, еден од дванаесетте господови апостоли

Родум од Кесарија Палестинска. Беше женет и во бракот му се родија четири ќерки, сите четири со дар на пророкување и сите четири заветувани девици Христови. Кога Светите апостоли избираа ѓакони, тогаш беше избран и Филип, покрај Стефан и останатите.

Тој со голема љубов и внимание им служеше на сиромашните и на вдовиците. Кога настана гонењето на христијаните во Ерусалим, Св. апостол Филип се засолни во Самарија и таму го проповедаше Евангелието и Го сведочеше Бога со многубројни чуда и изгонувања на демони, со исцеленија на болни итн.

Кога ги виде чудата на апостолот, се крсти и прочуениот волх Симон. Св. Филип го крсти и евнухот на царицата Кандакија.

Потоа ангел Божји во истиот миг невидливо го пренесе во Азот, кадешто оттогаш поучуваше и проповедаше и мнозина ги обраќаше кон Христа. Беше поставен за епископ во Тралија. Се упокои мирно во длабока старост.

Две 18-годишни момчиња излетаа со автомобил на патот Битола-Пелистер

На 26.11.2022 во 14.10 часот било пријавено дека на патот Битола-Пелистер пред с.Магарево патничко моторно возило “опел вектра“ со битолски регистарски ознаки, управувано од В.Е.(18) од Битола, излетало надвор од патот.

Во нecpeќата со тешки телecни повpeди се здобил сопатникот Ф.Р.(18) од Битола, конcтатиpaни во Клиничката болница во Битола.

Извршен бил yвид од увидна екипа од СВР Битола – информираат од СВР Битола.

Прилепчани стигнаа до шест од шест! Продолжение и 177 поени, а Мега Баскет повторно победи

Екипата на Мега Баскет од Прилеп стигна и до шестата победа во Третата кошаркарска лига, откако вечерва со 93:84 во спортската сала во ООУ “Добре Јованоски” ги победи гостите од Тетекс.

Прилепчани сега имаат шест од шест, а вечерашната победа ја постигнаа по продолжение, откако натпреварот заврши нерешено.

Младата кошаркарска екипа од Прилеп уште еднаш докажа дека е најсериозен претендент за пласман во повисок ранг на натпреварување.

Табелата во Третата Б лига сега изгледа вака:

За сметките за cтpyja да не ви зависат само од евтина тарифа – Изберете ја дограмата на “Еуро Глас” Прилеп, докажан квалитет кој чека на вас (Фото)

Грејната сезона започна, а сметките за струја оваа зима ќе бидат изгор, особено ако дограмата ви е дотраена, а вие се’ уште се двоумите на кого да му ја дадете вашата доверба.

Токму потрошувачката за затоплување на домовите најмногу зависи од квалитетната дограма. Често се случува луѓето да вложат големи средства за обновување на градежната столарија во домовите, а притоа да не бидат задоволни од тоа што го добиле.

За да не бидете измамени, препуштете се на професионалци кои си ја знаат работата и повеќе од една деценија пружаат исклучиво квалитет.

Еуро Глас Трејд е компанија од Прилеп која успешно работи и произведува висококвалитетна градежна столарија. За нивните производи и услуга ќе слушнете само пофални зборови не само во Прилеп, туку и пошироко во целиот регион.

Компанијата се занимава со производство на термопан стакло за градежна столарија, како и производство на ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци од брендовите ALUPLAST и PROFILINK. Во својата дејност од Еуро Глас ги следат и спроведуваат сите светски достигнувања, особено кога станува збор за подобрување на енергетската ефикасност.

Во Еуро Глас располагаат со современа технологија за изработка на ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци, а во сегментот на застаклувањето произведуваат термопан стакла со два и три слоја стакло, исполнети со аргон, а доколку тоа го бараат клиентите и со четирисезонска заштита.

Се работи за компанија која има за цел да ги задоволи барањата на клиентите и за нив клиентот е секогаш во прво, токму затоа толку долго успешно работат и функционираат на пазарот.

За сите прозорци и врати кои ги произведуваат, од Еуро Глас обезбедуваат бесплатна и максимално стручна монтажа и гарантираат за нивната долготрајност. Сите производи ги задоволуваат најсторогите стандарди за цврстина, издржливост, функционалност и најважно енергетска ефикасност.

Побарајте ги на 078 363 775 и закажете состанок.

Се гланца споменикот на Александар Македонски во центарот на Прилеп (ФОТО)

Деновиве се гланца споменикот на Александар Македонски на плоштадот “Александрија” во Прилеп.

Споменикот на Александар Македонски во Прилеп е поставен во 2006 година. Прилеп беше првиот град во земјава каде беше поставен споменик на големиот македонски војсководец Александар Македонски.

Во таа 2006-та година, честа да го откријат споменикот ја имаа донаторот Ѓорѓија -Џорџ Атанасоски и тогашниот градоначалник на Прилеп, Марјан Ристески. На свеченото откривање на споменикот беше присутен и Никола Груевски, тогашен премиер на Владата на Република Македонија со своите соработници, како и голем број други видни личности од општествено-политичкиот, научниот и културниот живот на Македонија.

Во чест на подигнувањето на споменикот градоначалникот Марјан Ристески, меѓу другото рече: „Градот под Марковите кули, од овој момент е и градот на Александар Македонски. За овој великан, изминативе години, како историска личност, човек и војсководец се напишани многу текстови, снимени се многу филмови, се дебатирало безброј пати, но само донаторот Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски и Прилеп направија нешто што ќе биде незаборавно грандиозен споменик на Александар Македонски.

Со склучувањето на Преспанскиот договор помеѓу Македонија и Грција, ние се обврзавме и дека Александар е „историска фигура од античката Хеленска историја и цивилизација и дел од светското културно-историско наследство“.

Властите во два наврати го тестираа трпението на прилепчани поставувајќи табли на кои пишуваше:

“Во чест на Александар Велики, историска фигура која припаѓа на античката хеленска историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство”, но истите кратко издржаа.

Шампионот утре доаѓа на градски во Прилеп

По принудната двонеделна пауза поради репрезентативната и слободното коло по откажувањето на Ренова, се влегува во завршницата на есенската полусезона, до чиј крај остануваат уште 3 кола.

Црвено-белите во недела од 13 часот на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ ќе бидат домаќини на шампионот Шкупи. Првиот меѓусебен меч одигран во Скопје во рамките на 5-тото коло заврши без победник 1-1, и тој е еден од двата нерешени исходи на победашите.

Избраниците на Седлоски по серијата киксеви од стартот на сезоната ја подобрија формата, и со 6 победи и 2 нерешени во последните 8 кола, се вратија во борбата за 1-то место и одбрана на титулата. Несомнено Шкупи има поквалитетен ростер и поголем фонд на играчи, но црвено-белите и на Чаир покажаа дека можат да се носат со фаворитот.

За избраниците на Бабунски само максимален ангажман и залагање во 90-те минути, слично како на мечевите кога беа остварени победите над фаворизираните Брегалница и Струга, е рецептот за поволен исход во утрешниот меч. На располагање се сите играчи освен Паноски, комплетно се рехабилитира младиот репрезентативец Рамани, па може да се речи дека Победа во најдобар состав ќе му се спротистави на Шкупи.

Ова е првиот од двата домашни врзани дуели, последни во 2022 кога е во прашање фудбал на Градскиот стадион „Гоце Делчев“. Можеби позначајниот, оној во директната пресметка во борбата за опстанок од следното 17 коло против директниот конкурент Скопје, е следната недела на 4 декември во Прилеп.