дома блог страница 1344

Ни пристигна зимата: Снежна бајка на ски центарот Нижеполе (Фото галерија)

По најавите за снежни врнежи на повисоките и на некои пониски места, ски центрите во Македонија веќе ја добиваат снежната покривка.

-Полека но сигурно, првиот годинашен снег ни доаѓа. Да ни биде среќна и бериќетна и оваа ски сезона ,и нека трае барем колку минатата, објавија од ски центарот Нижеполе на Фејсбук.

Моментот за кој живее цела Битола: Со дерби натпреварот Пелистер-Вардар ќе се отвори новата трибина на стадионот “Петар Милошевски” (Фото)

Со „вечното македонско дерби“ помеѓу ривалите, фудбалскиот клуб „Пелистер“ од Битола и ФК „Вардар“ од Скопје, в сабота од 13.00 часот, општина Битола, ќе ја пушти во употреба реконструираната северна трибина на стадионот „Петар Милошевски“. Откако деновиве беа изведени завршните градежни работи за поставување на столчињата, трибината со капацитет за 4800 гледачи е подготвена за прием на навивачката публика.

Иницијативата која започна во 2014 по желба на битолчани, конечно станува реален проект, чии бенефити ќе може да ги користи Битола и нејзините вљубенци во спортот, а пред се фудбалските фанови.

Трибината се полни низ седум сектори кои се поврзани помеѓу себе со внатрешен ходник. Oрганизирана е во 19 – 21 ред со 4618 места за посетители, 146 места за почесни гости, кабини за новинари (12), кабини за коментатори (2) со 8 места. Просторот под трибина е распределен на три нивоа, додека четвртото ниво е над самите трибини, односно претставува дел од трибинскиот простор, бидејќи се наоѓа во негово продолжение. Типот и организацијата на просториите е во согласност со пропозициите на УЕФА и програмските барања на инвеститорот – Општина Битола, а со цел правилно функционирање на фудбалскиот стадион.

Општина Битола е единствената општина во државата, која реализира ваков капитален проект од сопствени средства, од кој активностите согласно склучените договори се целосно реализирани.

Во следниот период, локалната самоуправа ќе продолжи со инвестиции за доуредување на внатрешниот и околниот простор, како и внесување на комплетна функционалност на објектот, согласно меѓународните стандарди, но и во корелација со обврската за одржливост на објектот.

Се возело и над 70км/ч од дозволеното: МВР пиша 953 казни во еден ден за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (27.11.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 953 возачи.

Од нив 64 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 500 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 453 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта – информираат од МВР.

Денеска нова одлука за цените на нафтените деривати

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе одлучува за новите цени на нафтените деривати.

Согласно последната одлука на РКЕ, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство поевтинија за два денари.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намали за 1,263 ден/кг, а цените на бензините останаа непроменети.

Ова се актуелните цени на горивата:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 88,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 88,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 83,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,783 (денари/килограм)

Од денеска почнуваат Божиќните пости

За православните христијански верници кои се водат според јулијанскиот календар денеска почнува шестнеделниот божикен пост.

Постот ќе трае 40 дена, односно до Божик, 7 јануари, денот на раѓањето на Исус Христос. Бидејќи датумот на Божик не се менува, постот секоја година почнува на 28 ноември, а завршува на Бадник, 6 јануари.

Христијанскиот пост е воведен по примерот на Исус Христос, кој 40 дена поминал во пустина во пост и молитва. Постот претставува духовна и телесна подготовка на човекот за влез во тајната на претстојниот празник.

Божикниот пост е втор по должина на траење, веднаш по велигденскиот. Во однос на „строгоста“ за употреба на храна, божикниот пост е „поблаг“, бидејќи дозволува користење вино, масло за јадење и риба.

Целта на постот е да се „исчистат“ духот и телото, што се постигнува не само со воздржување од мрсна храна, туку и од лоши мисли, зборови и дела. За време на божикниот пост, посни се и сите славски трпези.

Со Канонот на Православната црква се предвидени еднодневни и повеќедневни пости.

Еднодневните пости се во среда и петок, Водокрст на 18 јануари, Отсекувањето на главата на св. Јован Крстител на 11 септември и Крстовден на 27 септември.

Повеќедневни пости се велигденските, петровденските, богородичните и божикните пости.

Божикниот пост, како и останатите повеќедневни постови, датира од првите векови на христијанството и се споменува во делата на светите отци од 4 и 5 век.

Првобитно постот траел седум дена, а одлуката христијаните пред празникот – Раѓањето Христово да постат 40 дена е донесена на Соборот во Цариград во 1166 година.

Во Кичево како да не живеат Македонци: Градоначалникот постави стотици албански знамиња – буквално на секое можно место (Фото)

За одбележувањето на Денот на албанското знаме, градоначалникот на Кичево од ДУИ, Фатмир Дехари, си го украсил целиот град со албански знамиња. Буквално не постои место каде не се вее албанското знаме.

На ова со соопштение и фотографии реагираа од ОК ВМРО-ДПМНЕ Кичево од каде велат:

“Гледаме денес како градоначалникот Дехари го реализира тоа што го најави пред некој ден. Гледаме како го накитил нашиот град со стотици знамиња на туѓа држава по повод празникот на знамето на таа држава.

Господине Дехари ние немаме ништо против тие знамиња и разбираме дека во недостиг на конкретни мерки, стратегија и идеи изминативе 20 год. централна власт и 9 год. локална власт, секогаш вие и вашата партија го користите овај квази патриотизам и национализам за да ја прикриете вашата неспособност и катастрофалното владеење поради кое буквално во нашиот град се случува егзодус.

Господине Дехари овие знамиња не ги хранат и не им овозможуваат подобар живот на младите еманципирани и образовани Албанци кој изминативе години масовно го напуштаат градот.

Господине Дехари овие знамиња нема да го променат страшниот, жалосен и поразителен факт што оваа година на цела територија на општина Кичево се запишаа само 290 првачиња од кои: ? 150 на Македонски наставен јазик и само ? 120 на Албански наставен јазик

Господине Дехари овие знамиња нема да ги спречат младите да си одат од убедливо најзагадениот и најмрачниот град во државава.

Господине Дехари овие знамиња нема да го променат фактот дека живееме во држава во која владее криминал, целосно заробени и нефункционални институции, непотизам и вработување врз роднинска и партиска основа а не врз основа на квалитет и мерит систем.

Господине Дехари овие знамиња сигурно нема да го осветлат магистралниот пат на кој поради тоталниот мрак изминатиов период се имаат случено десетина сообраќајни несреќи.

Господине Дехари овие знамиња нема да ги заштитат граѓаните на Кичево од илјадниците кучиња скитници кој што секојдневно ги напаѓаат.

И на крај господине Дехари сакаме да ви порачаме дека патриотизам во 21 век е решавање на сите овие елементарни работи и овозможување на основни услови за живот и функционирање со кој ќе се спречи егзодусот на младите од Кичево.

П.С. Ако мислите дека не сме во право ве охрабруваме да продолжите вака и следната година не 110 слободно да поставите десетици илјади знамиња па можеби кога некој од нашите сограѓани што веќе избегале од родниот крај ќе ги види на сликите што ќе ги објавите ќе се реши и да се врати во ова наше жално Кичево”.

Вакво нешто ретко се гледа: Macoвна тепачка помеѓу фудбалерите на Зенит и Спартак Москва (Видео)

Додека Светското првенство во Катар е во фокусот на светската фудбалска јавност, во Русија која е под суспензија да учествува на првенствата се играа натпрвари од Купот, а дербито го одиграа Зенит и Спартак Москва.

Натпреварот заврши 0:0, но пред изведувањето на пеналите се случи масовна тепачка помеѓу фудбалерите од двете екипи.

Настана голема гужва, а на теренот дотрчаа и резервните фудбалери. Вакво нешто ретко се гледа на терените низ Европа:

Скопјани им организираат концерт за 25 години постоење на најпознатите прилепски блузери

Eден од најстарите домашни блуз бендови Crossroad Blues Band од Прилеп, на 7. декември со концерт во скопскиот клуб “Маракана”, ќе одбележи 25 години постоење.

Прилепскиот бенд досега има издадено три албуми, а во изминатите година дена настапува во подновен состав, заедно со бек вокалите Викторија Георгиоска и Александра Трајческа.

Бендот го сочинуваат уште фронтменот и гитарист Давид Нешкоски, Бранко Нешкоски гитара, Љупчо Шилоски бас гитара и Зоран Насески тапани.

На концертот кој е во организација на Cotton Blues Festival, ќе настапат и пријателите на прилепските блузери Сашо Гигов-Гиш, Гуру Харе и Петар Ренџов, а влезот ќе биде слободен.

Ковачевски јадеше грав, колбаси и зелка со студенти (Видео)

„Студентите се иднината на оваа држава! Тие секогаш ќе имаат право да го искажат своето мислење, да бидат дел од процесот и да учествуваат во носењето на одлуките кои ги засегаат нив.

Ние сме тука да ги слушнеме нивните ставови, да разговараме со нив и да носиме заеднички политики за подобрување на нивниот стандард!“, напиша премиерот Ковачевски на ФБ.

Кога бакарот е во прашање не се плашат ниту од cтpyeн yдap: Ограбен објект на МЕПСО во битолско Новаци

На 26.11.2022 во 08.57 часот во СВР-Битола било пpиjaвено дека во објект на МЕПСО лоциран во с.Новаци, била извpшена тешка кpaжба при што бил одземена поголема количина кабел.

Извршен бил yвид од yвидна екипа од СВР-Битола. Се работи на расчистување на случајот – информираат од СВР Битола.