дома блог страница 1343

Втората делница од експресниот пат кон Прилеп е скоро завршена – Ковачевски вели дека тече голем инвестициски циклус во патишта

Премиерот Димитар Ковачевски оцени дека со голема динамика се гради експресниот пат кон Прилеп, кој е од голема важност за граѓаните на Пелагонискиот регион, но и за целата држава. Според него, втората делница од овој експресен пат, е половина завршена и досега сите рокови се запазени.

Тунелот Фариш, кој беше еден од најтешките делови на оваа траса е со две цевки, од кои едната е целосно пробиена, а на другата цевка градежните работи течат со предвиденото темпо. Македонија денес е во голем инвестициски циклус, целта на Владата е патната инфраструктура во државата да ја подигне на значително повисоко ниво, бидејќи инвестирајќи во патишта, автопати, делници, експресни патишта, инвестираме во развој на економијата во Македонија, изјави Ковачевски.

Тој потенцира дека повеќе граѓаните нема да чекаат со децении и затоа власта ги дефинирала најзначајните инфраструктурни проекти, за кои, како што рече Ковачевски, ќе инсистира да се завршат во дадениот рок.

Затоа уште сега во декември, ќе ја пуштиме во употреба делницата Фариш – Прилеп, на превојот Плетвар, каде на почетокот на овој месец бев заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП Државни патишта Ејуп Рустеми. Зададените рокови тогаш се исполнуваат, тие имаат уште околу десетина дена, јас верувам дека ќе имаме готов, отворен и функционален пат во зададениот рок, истакна Ковачевски.

Денеска е Св. апостол и евангелист Матеј: Честит именден Матеј, Мате, Матеја…

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 ноември.

Денеска е Св. апостол и Евангелист Матеј.

Свети Матеј претходно беше цариник, т.е. собирач на порез. Кога Христос го повика, тој веднаш одговори на повикот, сосема преобразувајќи ги страсните желби во бестрасни и љубовни.

Светото предание раскажува дека еднаш кога Исус минувал покрај местото каде што се собирал данокот го забележал и цариникот Ливиј кого го повикал со зборовире: „Идеј по мене“. Овој веднаш тргнал по Исус, ја напуштил својата дотогашна професија, а за спомен на тоа го зел името Матеј, што значи цариник. Потоа приредил вечера на која заедно со Исус поканил и повеќе свои пријатели. На вечерата присуствувале и повеќемина фарисеи кои го нападнале Исус затоа што се дружел со грешници. На тоа Исус одговорил: „Здравите немаат нужда од лекар, а болните…“ (Матеј 9-12)

Така Матеј станал еден од 12-те Христови апостоли, а осум години по неговото воскресение на барање на апостолите тој го напишал Евенгелието што се карактеризира со лесен и разбирлив стил на изнесување податоци за животот на Исус Христос.

Откако врз апостолите слезе Светиот Дух, тие се распрснаа по светот да го проповедаат Евангелието. На Матеј му се падна да проповеда во Партија, Мидија и Етиопија. Најпосле, пострада маченички за Христа, во Етиопија.

Евангелието по Матеј е најсеопфатно, зашто започнува со настани уште пред раѓањето на Исус и завршува со неговите зборови упатени кон неговите ученици пред да му се врати на Бога Отецот Негов: „Одете и научете ги сите народи, крштевајќи ги… и учејќи ги да пазат се што сум ви заповедал“.(Матеј, 28/19-20) Матеј често го цитира Стариот завет кога некое сведоштво дополнува некои настани.

Пациентите во Прилеп од денес спокојни: Разрешен најголемиот проблем во здравството?

Познатиот новинар од Прилеп, Зоран Милошески на својот ФБ профил известува за нови дворски игри во ОО СДСМ Прилеп.

-Новоименуваната директорка на прилепската болница „Борка Талески“, Кети Смилеска, поранешна пратеничка на СДСМ, денеска го разреши началникот на одделот Невропсихијатрија, д-р Сашо Пирганоски, поранешен градоначалник на општина Прилеп од редовите на СДСМ и нејзин противкандидат за директорското место во болницата. Сега, откако е решен единствениот и, воедно, најголемиот проблем, работите во прилепската болница ќе тргнат на подобро. СДСМ се обединува. Заедно сме посилни – пишува Милошески.

Ѕвездата на ПСЖ ги украде симпатиите на целиот свет: Победата над Белгија ја прослави на емотивен начин со неговата мајка (Фото)

Репрезентацијата на Мароко вчера приреди сензација на Светското првенство во Катар победувајќи ја со 2:0 фаворизираната Белгија.

Со овој триумф Мароко има 4 бода во пресрет на одлучувачкото трето коло и е на чекор да оствари пласман во осминафиналето.

Фудбалерот на ПСЖ, Ашраф Хакими беше одличен на теренот за Мароканците, а после натпреварот направи потег за кој денеска пишуваат сите светски медиуми.

Хакими по победата дотрча до неговата мајка на трибините и на емотивен начин го прослави големиот триумф.

Бразил ја врати Србија во игра: Ова е математиката на популарните “орли” сега

Уште пред натпреварот помеѓу Бразил и Швајцарија беше јасно дека Србија во секој случај ќе остане во игра за осминафиналето, но дека во секој случај ќе мора да погледне во туѓ двор.

Она што сите го знаеме е дека само победа против исклучително дисциплинирана селекција на Швајцарија одговара, но единственото прашање беше со каква разлика треба тоа да го стори тоа Србија.

Со оглед на вечерашниот резултат Бразил – Швајцарија (1:0), ситуацијата е најдобра можна за Србија по ремито со Камерун.

Значи, потребна е само победа против Швајцарија, резултатот е небитен, освен ако Камерунците не го изненадат Бразил и не слават победа. Но, и тогаш има опција Србија да биде во осминафинале.

Во кој случај во следната рунда нема пласман без да се победи Швајцарија?

Бидејќи во моментов Србија има помала гол-разлика од Камерун (-2, Камерун има -1), Камерун треба да победи со иста разлика како Србија или повеќе за да напредува. Така, ако во последното коло биде 1:0 за Србија и Камерун, понатаму ќе одат Камерун и Бразил. Во случај да биде 2:0 за Србија и 1:0 за Камерун, двете селекции би имале по 4 бода, но Србија би одела понатаму поради поголемиот број постигнати голови.

Има и конкретен случај кога ждрепката би стапила на сила.

Доколку Србија победи со 2:0, а Камерун со 2:1, тогаш овие селекции ќе имаа по 4 бода, гол разликата 5:5, имаше нерешено во меѓусебниот дуел, па ќе се решаваше со фер-плеј ( жолти и црвени картони), а доколку има и таму нерешено, ќе се изврши ждрепка! Во однос на фер-плејот, Камерунците моментално се подобри, тие имаат 3 жолти,Србија има 5 …

Но, овие математики нема да важат доколку Србија не победи против Швајцарија.

Нови акцизи: Ќе стигнат ли цигарите и до 500 денари за кутија?

Европската Унија одлучи да ѝ зададе нов даночен удар на тутунската индустрија преку предлог за зголемување на најниската можна акциза, пренесува ПРЕСС24.

Потегот на ЕУ значително ќе ја зголеми вкупната цена на цигарите во источноевропските земји членки, каде што некои цигари сè уште може да се купат за помалку од 3 евра.
Администрацијата на ЕУ предвидува зголемување на минималната можна акциза за цигарите од 1,8 на дури 3,6 евра за кутија од 20 парчиња.

Со оглед на тоа што минималната акциза за кутија цигари ќе биде 3,6 евра, тоа значи дека ќе поскапи целиот асортиман на марки тутун, што ќе биде придонес на Европската комисија за инфлацијата и подобрување на општата здравствена слика, пишува „Јутарњи лист“.

Новите решенија на ЕУ предвидуваат иновации во даночењето на разните тутунски производи, како што се испарувачите или загреаниот тутун.

Поради зголемената популарност кај помладата популација, даночењето на овие производи ќе биде поблиску до даночењето на цигарите.

Посилните тутунски производи за испарување ќе имаат минимална акциза од 40 отсто, а послабите до 20 отсто.

Загреаните тутунски производи ќе добијат акциза од 55 отсто – за продадени 1.000 единици ќе плаќаат 91 евро.

Се очекува зголемувањето на акцизите за тутунските производи да ги зголеми приходите на земјите членки на ЕУ за 9,3 милијарди евра.

Оние што го поддржуваат овој потег не кријат дека целта им е цената на тутунските производи барем да биде во чекор со инфлацијата, а најголеми поскапувања се очекуваат во Бугарија, Словачка, Полска и Унгарија.

Идејата на администрацијата на ЕУ е до 2040 година да има генерација без тутун, а пред тоа целта е до 2025 година да се намали уделот на корисници на тутунски производи од 25 на 20 проценти. Во крајна линија, односно во 2040 година, уделот на корисници на тутунски производи треба да биде под 5 проценти, пренесе „Денес.рс“.

Ковачевски: Имаме највисоки откупни цени за тутунот во последните десет години, дури 33% повеќе во споредба со лани

Од откупниот пункт во Tутунскиот комбинат во Прилеп, премиерот Димитар Ковачевски го означи почетокот на откупoт на тутунот од реколтата за 2022 година.

-Денешниот ден го започнав со средба со луѓето кои се најважни за оваа наша традиционална земјоделска гранка – тутунопроизводителите. Имав можност да разговарам со дел од тутунарите од прилепскиот регион за годинешната реколта тутун, за откупната цена, за владините мерки, но и за нивните предлози за понатамошен развој производството на тутун. Според официјалните податоци од Државниот инспекторат за земјоделство, со задоволство можам да кажам, дека оваа година откупот на тутун започнува со неколку позитивни податоци: повисока откупна цена, повеќе склучени договори, поголемо планирано количество за откуп, подобар квалитет на тутунот, кажа Ковачевски.

Како што додаде премиерот, годинава откупот на тутунот стартува со 33% повисока цена споредено со лани.
-Откупната цена за килограм тутун е 260 денари, за разлика од лани кога била 200,44 денари за килограм. Ова се историски највисоки откупни цени за тутунот во последните 10 години! Ќе кажам еден податок што ја потврдува мојата констатација – од 2014 година до сега откупната цена на тутунот е зголемена за 115,7%. Пораст има и кај бројот на склучени договори. За реколта 2022 година склучени се 29.653 договори што е за 7% повеќе од лани кога биле склучени 27.712 договори. Оваа година се очекува да се откупи околу 21.000 тони тутун што е за над 10 % повеќе од лани кога се откупиле 18.662 тутун. Имаме тутун со подобар квалитет во однос на минатата година, кажа Ковачевски.

Според него овие стартни податоци ветуваат успешен откуп на тутунот, што крајно би значело бенефит и за државата и за тутунопроизводителите да продолжат да вложуваат во производството.

-Ваквите бројки се доказ мерките кои што оваа Влада ги презема за тутунопроизводството, даваат позитивни резултати. Тутунот е наша традиционална но и извозно ориентирана гранка која носи годишен девизен прилив од над 120 милиони евра. Околу 20.000 семејства егзистираат од оваа гранка, и затоа секоја преземена мерка е во интерес на тутунопроизводителите, да имаат стабилно и одржливо производство. За првпат оваа Влада донесе нов модел за зголемени субвенции за тутунот според кој субвенцијата за прва класа е 80 денари за килограм, 70 денари за втора класа, и 60 денари за трета класа и дополнителните класи. Со тоа ги мотивиравме тутунарите да произведат повеќе и поквалитетен тутун, за да остварат повисока субвенција, заклучи Ковачевски при посетата на Прилеп.

Точете по полноќ: РКЕ одлучи – намалување на цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,48 % во однос на одлуката од 24.11.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,027 ден/кг и сега ќе изнесува 41,810 ден/кг.

Од 29.11.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 86,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 86,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 82,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,810 (денари/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 29.11.2022 година.

Прво место и пехар за прилепчанецот Кире Зајкоски на силниот турнир во американски билјард кој се одржа во Струмица (Фото)

На 26 и 27. ноември во Струмица се одржа Опен турнир во билјард дисциплина деветка на кој учество зедоја натпреварувачи од цела Македонија.

Од Прилеп на турнирот учествуваа: Кире Најдоски, Александар Крстески, Никола Димески, Коста Катов и Кире Зајкоски, а Зајкоски го освои првото место и се закити со златен медал.

Со овој најнов успех нашиот Кире уште еднаш ја докажа врвната форма и мајсторија.

Зајкоски го прави Прилеп горд каде и да настапува во регионот, и на секој турнир котира високо.

Честитки за најновиот успех на Зајкоски, а Прилеп уште еднаш докажа дека располага со врвни играчи во овој спорт.

Укpaден е автомобил “Застава 101” во населбата Варош во Прилеп – Сопствениците молат граѓаните да ги информираат (ФОТО)

Во саботата вечерта украден е автомобил марка “Застава 101” во населбата Варош во Прилеп – стои во објава која се шири на социјалните мрежи.

Сопствениците на автомобилот ги замолуваат граѓаните доколку имаат некоја информација да се јават на телефонскиот број: 077/ 674-764.