дома блог страница 1339

Комплетирани осминафиналните парови: Еве кои репрезентации во кој термин ќе играат

Со завршното коло во групите Г и Х комплетирани се осумте осминафинални парови на Светското првенство во Катар.

Распоред на одигрување на натпреварите од осминафиналето:

Сабота, 3 декември: 16.00 Холандија – САД (Калифа Интернешнл) / 20.00 Аргентина – Австралија (Ахмад бин Али)

недела, 4. декември: 16.00 Франција – Полска (Ал Тумама) / 20.00 Англија – Сенегал (Ал Бајт)

понеделник, 5. декември: 16.00 Јапонија – Хрватска (Ал Џануб) / 20.00 Бразил – Јужна Кореја (974)

вторник, 6. декември: 16.00 Мароко – Шпанија (Едјукејшн Сити) / 20.00 Португалија – Швајцарија (Лусаил).

Четвртфиналето е на програмата на 9 и 10 декември, по што следуваат полифиуналните дуели, на 13 и 14 декември.

Натпреварот за третото место ќе се игра 17 декември од 17 часот на стадионот „Калифа Интернешнл, додека финалето е на 18 декември во Лусаил од 16 часот.

Најдобрата изведба на “Учи ме мајко, карај ме” после Сариевски, а ја пее Македонец од леринско село (Видео)

Симос Динес, Македонец музичар од Грција кој живее во село во близина на Лерин ја пее „Учи ме, мајко, карај ме”.

Ќе ве воодушеви! УЖИВАЈТЕ:

Одбележан Меѓународниот ден на лицата со попреченост во Прилеп

Прилеп го одбележа 3-ти Декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост. При тоа градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески ја посети паралелката за деца со попреченост во ООУ „Климент Охридски“ и им подари печатач во боја со цел да им послужи во воспитно образовниот процес.

„Како градоначалник бев информиран дека за вашето секојдневно одвивање на воспитно образовниот процес и програма според која што учите, ви недостасува еден печатач во боја, кој што како Општина со задоволство го набавивме и еве денес ја искористивме приликата да ви го предадеме за користење. Ви посакувам на сите да имате успешна работа и за добро да го користите. Како човек, лекар и градоначалник сметам дека не е доволно само еден ден да се посветува внимание на овие деца, затоа и во иднина Локалната самоуправа заедно со училиштето Климент Охридски и раководството ќе се потруди дополнително да ги подобри условите за работа и се она што претставува напредок во процесот на учење и инклузија на децата со попреченост во општествената заедница“ – рече Јовчески.

Меѓународниот ден на лицата со попреченост беше одбележан и во Дневниот Центар за деца со посебни потреби „Ѕуница“ кои заедно со децата од Дневниот Центар за деца со церебрална парализа – Прилеп, приредија пригодна програма пред присутните гости.

Во рамките на одбележувањето на 3-ти Декември, во понеделник со свои активности ќе го одбележи и Центарот за лица со интелектуална попреченост „Порака“ – Прилеп, чија основна цел е севкупна општествена грижа и третман на лица со интелектуална попреченост на територијата на општина Прилеп и остварување и заштита на нивните општествени, социјални и економски права

Битола: Уaпceни тројца млади битолчани фатени со дpoга, двајца други заработија кpивична за сторена paзбojничка кpaжба

Извадоци од полицискиот билтен со дневни настани на МВР

-На 02.12.2022 на ул.„Партизанска“ во Битола, полициски службеници од Полициската станица Битола ги лишиле од слобода Б.Б.(21), А.Б.(28) и Љ.Н.(19), сите од Битола, затоа што кај нив била пронајдена и одземена ќеса со прашкаста материја. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

-СВР Битола до Основното јавно обвинителство во Битола, поднесе кривична пријава против С.В.(42) и М.Р.(33), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба“ по член 238 од Кривичниот законик. На 16.11.2022 во круг на фирма во Битола, пријавените со закана кон вработените одзеле повеќе предмети.

Сопствениците на “Теракота” Прилеп: Советниците оваа година нема да бидат поканети на градската слава Св. Никола

Компанија Инженеринг Теракота изразува револтот од односот органите на Локалната самоуправа на чело со Советот на град Прилеп. Претставниците на Советот на Општина Прилеп нема да бидат поканети на градската слава Свети Никола, на која годинава сопствениците Горданчо Бошкоски и Коста Тошески ќе бидат домаќини на манифестацијата.

Изјавата од менаџментот дадена на денешната прес конференција ја пренесуваме во целост:

,,Игнорантскиот однос којшто го трпи нашата компанија веќе подолг период со неиздавање на одобренија за градба за уредно изработена градежно техничка документација од наша страна, злоупотребата на институцијата Јавни набавки којашто исто така ја трпи нашата компанија веќе подолг временски период, кулминираше во текот на вчерашниот ден со повлекување на точките од дневен ред на вчерашната седница на Совет на локалната самоуправа од за нас неразбирливи и непознати причини.

Точките од дневниот ред на вчерашната седница со коишто требаше да им се стави крај на повеќегодишните проблеми кои се случуваат во одделението за просторно и урбанистичко планирање и покрај тоа што има одобрување од страна на сите релевантни комисии биле повлечени без никакво образложение од страна на претседавачот на Советот и тоа 5 минути пред почеток на седницата на Советот. До овој момент немаме добиено соодветни објаснувања зошто е тоа направено. Со оваа постапка директна штета и понатаму ќе има нашиот град.

Од тие причини нашата компанија како општествено одговорна компанија која постои 28 години добиената покана од страна на градоначалникот на Општина Прилеп да бидеме домаќини на градската слава Св.Никола во Прилеп, ја прифаќа како почит кон граѓаните на нашиот град но револтот ќе го изразиме со тоа што претставниците на Советот на Општина Прилеп нема да бидат поканети на оваа традиционална манифестација – рече Горданчо Бошкоски од Инженеринг Теракота.

Добра вест за Србите: Швајцарија ќе настапи без најдобриот поединец

Како што пренесува швајцарски „Блик“, репрезентацијата на Швајцарија ќе биде сериозно ослабена во решавачкиот натпревар против Србија на Мундијалот.

Голманот Јан Зомер, според многумина најдобриот поединец на Швајцарија, не успеа да се опорави пред натпреварот против „Орлите“, а меѓу стативите треба да го замени Грегор Кобел.

Зомер е еден од најдобрите голмани во Европа. Поради настинка тој не беше присутен на последниот тренинг пред натпреварот, а „Блик“ има информации дека нема да биде на голот против Србија.

Тој е во неговата животна форма, па неговото отсуство ќе биде голем удар за Швајцарците, а и одлична вест за српските напаѓачи.

Одбиен амандманот на опозицијата: Граѓаните ќе плаќаат 13 отсто поскапа струја

Собраниската Комисија за финансирање и буџет во рамките на денешната амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2023 година не го усвои амандманот поднесен од опозициската ВМРО-ДПМНЕ со кој се бараше да се одложи зголемувањето на данокот на додадена вредност (ДДВ) за електрична енергија од 5 на 10 отсто што е планирано да стапи на сила од 1 јануари идната година. За амандманското решение се изјаснија пет пратеници, а против гласаа осум, пренесува Курир.

Во образложението за потребата од носење на амандманот, пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека со него се предвидува намалување на буџетските приходи за 700 милиони денари со цел да се спречи поскапување на електричната енергија за граѓаните во услови на економска криза. Како што истакна Стојановски, граѓаните само по основ на ДДВ во 2023 година ќе плаќаат за 13 отсто поскапа струја. Покачувањето ќе биде 5 отсто од 1 јануари, а од јуни за уште дополнителни 8 отсто.

Заменик-министерот за финансии Филип Николоски рече дека амандманот не е прифатлив за Владата и додаде дека електричната енергија и по 1 јануари ќе има повластена ставка на ДДВ, но не од 5, туку од 10 отсто наместо 18 отсто колку што е вообичаената ставка.

По завршувањето на расправата и неизгласувањето на амандманот претседателот на Комисијата Стојановски даде редовна пауза од еден час по што треба да продолжи амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2023 година.

Во рамките на амандманската расправа за Предлог-буџетот Комисијата треба да разгледа вкупно 263 амандмани од кои 199 се поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Во Предлог-буџетот за следната година растот е проектиран на 2,9 отсто, а инфлацијата на 7,1 отсто. Вкупните приходи се планирани на ниво од 282 милијарди денари и се повисоки за 14,8 проценти во однос на 2022 година, а расходите на ниво од 324,8 милијарди денари или се за 12,6 проценти повисоки во однос на 2022 година. Буџетскиот дефицит е на ниво од 4,6 проценти од планираниот БДП. За капитални расходи, пак, се планирани 48,9 милијарди денари или за околу 52,3 отсто повеќе во однос на планот за 2022 година.

Ами сега што ќе јадеме? Министерот Бесими најави дека ќе поскапи месото од кит, ајкула и делфин (Видео)

Министерот за финансии Фатмир Бесими бранејќи ги новите даночни реформи најави дека повисок данок од пет на десет проценти ќе се плаќа само за луксузни производи.

-Повисок данок од 5 на 10% ќе се се плаќа само кај луксузните производи. Стапката кај основните прехранбени ќе остане непроменета.Луксузните производи како морски производи ајкула, делфин и кит ќе се плаќа повисок данок-објасни министерот за „Сител“.

51-годишна жена излетала со автомобил од патот Битола-грчка граница: Со тешки повpeди донесена во битолската болница

На 01.12.2022 во 13.08 часот во СВР Битола било пpиjaвено дека на патот Битола-Државна граница со Република Грција, М.Г.(51) од Република Грција, yпpaвyвajќи патничко возило „нисан алмера“ со грчки регистарски ознаки, изгyбила контpoла, излетала од коловозот и yдpила во заштитна ограда.

Во нecpeќата, М.Г. се здобила со тешки телecни повpeди, конcтатиpaни во Клиничка болница Битола.

Увид извршила увидната екипа на СВР Битола.

(Фото) Ова го има само кај нас – Им ги yкpaле вратите од влезот на зградата

Сме пишувале за многу различни кражби, но до сега, никогаш не сме пишувале за кражба во која крадците крадат влезни врати. Е такво нешто се случило во Струмица – oбјави порталот “Прес24”

„ Утрово беа украдени влезните врати на улицата „Ѓорѓи Василев“ бр.38. Се случувало и порано да бидат украдени и други предмети од зградата, но ваков случај првпат гледаме“ – пишуваат станарите на оваа зграда кои се зачудени исто како и ние.