дома блог страница 1338

Meга баскет гази во мега стил: Ниту битолчани не беа моќни пред разиграните прилепчани

Прилепчани вчера го запишаа и седмиот триумф од исто толку одиграни натпревари. На гостувањето кај Хераклеа во Битола, Мега баскет триумфираше со 72:77 и го забетонираа лидерството на табелата со максимални 14 освоени бода.

Mладата екипа на Мега баскет имаше и поголемо водство од крајниот резултат во текот на натпреварот.

Во наредното, а воедно и последно есенско коло, прилепчани, во спортската сала на ООУ “Добре Јованоски”, ќе го дочекаат тимот на Љуботен.

Прилепските гимназијалци се обучуваа за да давање прва помош (Фото)

На 25.11.2022 година во спортската сала на прилепската Гимназија “Мирче Aцeв” се одржа обука за прва помош за учениците од прва до четврта година.

Обуката ја организираше Црвениот крст а учениците внимателно следеа и имаа можност да пробаат практично да го спроведат наученото.

Баба Доста од Кичево е добитник на рекордната 7ка на Лото: Стечаен работник која се гордее со своето семејство

Со голема радост споделуваме дека во овие моменти сме домаќини на добитничката на најновата 7-ка на ЛОТО 7, којашто беше постигната во 95 коло, со вредност од 32 921 304, комбинација уплатена во продажното место „Детелинка“ – Кичево – напишаа од Државна лотарија на Македонија на ФБ.

Доста Андоноска од Кичево, којашто блиските и пријателите ја нарекуваат Доли е прекрасна енергична жена, стечаен работник од „Кичево Пром“, денес пензионерка, сопруга, мајка и баба.

-Нашата добитничка дојде во просториите на Државна лотарија со електронската потврда од уплатата на нејзините среќни броеви. Добивката е потврдена, Доста е нашата 27-ма лото милионерка. Потоа е остварена средба и со генералниот директор на Државна лотарија во срдечен разговор, при што дознавме дека таа игра повеќе од 45 години, и неуморно верува во среќата. Последните години ги игра истите 4 комбинации, а еднинствено ја менува 5-тата, токму таа којашто ѝ ја донесе 7-ката – пишуваат од Државна лотарија.

-Во следни текстови ќе пренесеме повеќе од разговорт со неа, засега со радост ви откриваме дека таа најмногу се гордее со своето семејство и се радува што сега нејзината верба во среќата ќе им помогне во остварување на желбите и плановите во понатамошниот живот. На сите им порачува дека за да добиете, мора да сте полни со верба во среќата и со чувство дека ќе добиете. Таа чувствувала дека еден ден ќе добие 7-ка и низ годините учествувала во сите различни видови лото игри. Ете, нејзината верба се обистини токму со ЛОТО 7 на Државна лотарија. Возбудени и среќни, честитаме на нашиот нов член во семејството на лото милионерите – велат од Државна лотарија на Македонија.

Утре е голем празник: Жените кои се без пopoд треба да го направат ова, а притоа од cpце да се помолат

На 4 декември се празнува Воведение на Пресвета Богородица.

Народот овој празник го нарекува Пречиста, што одлично ја доловува неговата смисла. Тоа е празник на воведувањето на пресветата девојка Марија во Ерусалимскиот храм.

Првосвештеникот Захарија ја воведе не само во храмот, туку и во Светињата над светињите, т.е. во најсветото, најчистото место на храмот, каде што никој никогаш не влегуваше, освен првосвештеникот, и тоа само еднаш во годината.

Така, Бог преку света Захарија, кој беше надвор од себе и обземен од Бога, ја прослави умната и телесна чистота на Марија, која подоцна стана врата на спасението, т.е. го прими во себе, го носеше и го роди Синот Божји, истовремено и Син Човечки, Христос. Најчистиот се роди од најчистата утроба. Затоа и празникот е Пречиста.

На овој ден особено е важна чудотворната литиска икона од манастирот Света Богородица Пречиста-Кичевска.

Оваа икона има интересна историја бидејќи претставува еден од ретките примери во нашата средновековна уметност на кој се преземени подоцнежни зографски интервенции, но стариот иконопис е зачуван и само делумно обновен и досликан. Таа интервенција ја има направено големиот иконописец Дичо Зограф.

Ова е накратко нејзината историја:

– 1642 год. – иконата е иконописана од засега непознат иконописец. Таа е двострана – на едната страна е Св. Богородица со дете а од другата Исус Христос. Сликана е во два слоја.

– 1868 год. – Дичо Зограф ја реставрира и ја пресликува зашто била доста оштетена. Ја слика според стариот урнек како што самиот запишал под неа.

– Според народното предание оваа икона прелетала од испустениот Кнежински манастир „Св. Ѓорѓи“ и застанала на дрвото над светата вода кај старата црква на манастирот „Пречиста Кичевска“.

– По обновата на црквата во 1848 год. кога и изворот е обграден во самиот манастир на северозападниот дел од храмот, иконата е поставена на еден камен проскинитар до самиот извор.

– Чудесната моќ на оваа икона е пренесена преку чудотворните солзи кои се толкувале како одраз на љубовта на Богородица кон грешниот човечки род. Богородица е помошничка на сите верници и нивна застапничка, која лечи духовни и телесни болки.

– Деловите на иконата околу рацете и ореолот на Св. Богородица, се опковани во сребро и токму тие со векови на верниците Македонци и други православни од Кичевско, им служеле како своевидно поштенско сандаче за пораки до „другата“ и возвишена страна. Имено токму под раката и ореолот т.е опкованите со сребро делови, во испакнатините, верниците ставале пишани пораки со молитви и желби до Св. Богородица.

Верувањата се дека на овој ден жените без пород треба да појдат во манастир посветен на Богородица, а оние кои имаат деца да оставаат дар на иконата на Дева Марија. Најважно е од срце да се помолите!

(Видео) Фудбалскиот свет на нозе: Имаше ли измама на Светското првенство?

Користеше ли една од репрезантиациите измама за да стигне до целта на натпревар од Светското првенство?

Големо внимание предизвика едно видео од последното коло од групната фаза меѓу Австралија и Данска, а на него Австралијанците беа фатени „на дело“.

Ништо “нелегално”, ништо спротивно на правилата, меѓутоа, доколку се точни изјавите на странските медиуми, “Сокеросите” од клупата, испратија порака до данските играчи, а потоа истата ја искористија во своја полза.

При резултат 1:0 за Австралија, Данска направи измени за да се обиде да се врати во мечот и да направи пресврт за пласман во нокаут фазата.

Во 69. минута наместо Јоаким Меле во игра влезе Андреас Корнелиус.

Корнелиус доби лист со инструкции, кој му го однел на капитенот Кристијан Ериксен при влегувањето на теренот. Тој наводно му го предал на Пјер-Емил Хојбјерг.

Набрзо листот заврши на теренот и го пронајде австралискиот напаѓач Мичел Дјук, кој го подигна и потоа го однел кај своите тренери.

Посебно е интересно што во стручниот штаб на Австралија работи Ендрју Кларк, кој работи и во Копенхаген, Данска. Тој е човекот кој им ја прочита пораката на фудбалерите.

После тоа, Австралија брзо реагираше. Тие направија измена веќе во 74. минута и тактички измени. До крајот на мечот, без поголеми проблеми, ја задржаа победата и пласманот во следната фаза.

ФИФА сепак покренува постапка против Џака и неговите провокации?

Капитенот на Швајцарија Гранит Џака и по мечот со Србија продолжи со срамните провокации – по мечот дресот го замени со број 26 и презиме Јашари.

Англиски „Експрес“ и „Јаху“ објавија дека ФИФА би можела да покрене постапка против Гранит Џака, кој во меѓувреме го оправда овој срамен потег.

“Ова нема никаква политичка позадина. Ардон е дел од нашиот тим и поминуваме многу време заедно. Му реков дека ќе го облечам неговиот дрес”, изјави Џака.

Сепак, челниците на ФИФА тешко дека ќе можат да ја проголтаат оваа приказна, па капитенот на Швајцарија ќе чека следните неколку дена до конечниот исход.

Досега невидено нешто: Ноќеска yкpaдено возило на брзата помош од пред болница

На 03.12.2022 околу 03.40 часот во Полициската станица Кочани, од Општа болница Кочани било пријавено дека од кругот на болницата било одземено службено обележано специјално возило „тојота“, сопственост на Итната медицинска помош Кочани.

По преземени мерки и активности, полициски службеници од ОВР Кочани возилото било пронајдено во 08.30 часот на ул.„Кирил и Методиј“ во Кочани и било вратено на Итната медицинска помош. За настанот бил известен Јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

“Комити” ја “нападнaa” Битола (ВИДЕО)

Со „вечното македонско дерби“ помеѓу ривалите, фудбалскиот клуб „Пелистер“ од Битола и ФК „Вардар“ од Скопје, денеска општина Битола, ќе ја пушти во употреба реконструираната северна трибина на стадионот „Петар Милошевски“. Откако деновиве беа изведени завршните градежни работи за поставување на столчињата, трибината со капацитет за 4800 гледачи е подготвена за прием на навивачката публика.

Иницијативата која започна во 2014 по желба на битолчани, конечно станува реален проект, чии бенефити ќе може да ги користи Битола и нејзините вљубенци во спортот, а пред се фудбалските фанови.

Трибината се полни низ седум сектори кои се поврзани помеѓу себе со внатрешен ходник. Oрганизирана е во 19 – 21 ред со 4618 места за посетители, 146 места за почесни гости, кабини за новинари (12), кабини за коментатори (2) со 8 места. Просторот под трибина е распределен на три нивоа, додека четвртото ниво е над самите трибини, односно претставува дел од трибинскиот простор, бидејќи се наоѓа во негово продолжение. Типот и организацијата на просториите е во согласност со пропозициите на УЕФА и програмските барања на инвеститорот – Општина Битола, а со цел правилно функционирање на фудбалскиот стадион.

Општина Битола е единствената општина во државата, која реализира ваков капитален проект од сопствени средства, од кој активностите согласно склучените договори се целосно реализирани.

Во следниот период, локалната самоуправа ќе продолжи со инвестиции за доуредување на внатрешниот и околниот простор, како и внесување на комплетна функционалност на објектот, согласно меѓународните стандарди, но и во корелација со обврската за одржливост на објектот.

Во Битола денеска пристигна и многубројна навивачка група на “Комити” кои ќе го бодрат својот миленик Вардар.

Cooбpaќajка во Прилеп: Се cyдpиja автомобил и моторцикл – Моторциклистот со тешки повpeди донесен во прилепската болница

На 02.12.2022 во 13.30 часот во Полициската станица Прилеп било пpиjaвено дека на крстосница од ул.„Борка Талески“ со ул.„3 Ноември“ во Прилеп се cлyчила cooбpaќajна нecpeќа помеѓу патничко возило „опел“, yпpaвyвано од Р.Д.(56) од Прилеп и мотоцикл, yпpaвyван од Р.З.(59) од Прилеп, двете со прилепски регистарски ознаки.

Во нecpeќата мотоциклистот се здобил со тешки телecни повpeди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.

Увид на местото извршила екипа од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Прилеп – информираат од ОВР Прилеп.

Албанка ги провоциpaше Србите, обезбедувањето ја иcфpли од стадионот (Видео)

Швајцарија победи со 3-2 против Србија и обезбеди осминафинале на Светското првенство (СП) во Катар, а на трибините повторно имаше провокации кон српските навивачи, и тоа овој пат од една девојка.

Девојката „леташе орли“, па поради тоа реагираше обезбедувањето и ја исфрли надвор од трибините.